Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on consumer protection

Made 2015-06-12 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Закон за заштита на потрошувачите .
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition
Keywords
consumer protection, internal trade, legal proceedings/administrative proceedings

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. База на закони www.pravdiko.mk 1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.97 од 12.06.2015 година) Член 1 Во Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на Република Македонија број 38/2004, 77/2007, 103/2008, 24/11 и 164/13), членот 4 се менува и гласи: „Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење: „потрошувач” е секое физичко лице кое, во договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот и договори на далечина, дејствува за целите кои не спаѓаат во рамките на својата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност; „трговец“ е секое физичко или правно лице кое, независно од тоа дали е во приватна или јавна сопственост, дејствува во рамките на својата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност, вклучувајќи и секое друго лице кое дејствува во негово име или за негова сметка; "дистрибутер" е физичко или правно лице што непосредно или посредно преку други дистрибутери испорачува производи; "производител" е лице кое изготвува готови производи или составни делови за добивање на основни производи или лице кое преку фирмата и својата ознака на производот се претставува како производител. За производител се смета и увозникот на производот; "производ" е која било стока или предмет без оглед на степенот на нивната обработка, наменети за понуда на потрошувачите; "услуга" е која било дејност која е наменета за понуда на потрошувачите; "продажни услови" се условите кои се однесуваат на начинот на плаќање на цената за продажба на производот или давањето на услугата во готово, на рати, со картичка, со попусти за одредени картички, одложно или на друг начин; „пазарно однесување кон потрошувачите од страна на деловните субјекти“ (во натамошниот текст: пазарно однесување) е секое дејство, пропуст, начин на однесување или застапување, пазарна комуникација, вклучувајќи рекламирање и маркетинг, од страна на трговец, директно поврзани со промоција, продажба или снабдување на производи и услуги за потрошувачите; База на закони www.pravdiko.mk 2 | С т р а н и ц а „значително нарушување на пазарното однесување на потрошувачите“ е користење на пазарно однесување со цел значително да се оневозможи способноста на потрошувачот да донесе одлука така што претходно бил информиран, предизвикувајќи на тој начин потрошувачот да донесе одлука за правење промет којашто не би ја донел во друг случај; „кодекс на однесување“ e договор или збир на прописи кои не се наложени со закон, регулатива или административна одредба, а го дефинираат однесувањето на трговците кои прифаќаат да го почитуваат кодексот во врска со еден или повеќе конкретни пазарни однесувања или деловни сектори; „имател на кодексот на однесување“ е секој субјект, вклучувајќи трговци или група на трговци, надлежни за формулирање и ревидирање на кодексот на однесување и/или следење на почитувањето на кодексот од страна на оние кои прифатиле да го почитуваат; „професионално однесување“ e стандард за специјална вештина и грижа за коишто е разумно да се очекуваат од трговецот во однесувањето со потрошувачите, сразмерни со чесното пазарно однесување и/или општото начело за добра волја во дејноста на трговецот; „покана за купување“ e пазарна комуникација која ги наведува карактеристиките на производот и услугата и цената на начин соодветен на употребеното средство за пазарна комуникација и на тој начин му овозможува на потрошувачот да го направи купувањето; „прекумерно влијание“ e искористување на позиција на надмоќ во поглед на потрошувачот, така што, се применува притисок, дури и без употреба на или закана за физичка присила, на начин што значително ја ограничува способноста на потрошувачот да донесе одлука, бидејќи претходно бил информиран; „одлука за правење промет“ e секоја одлука донесена од страна на потрошувачот дали, како и под какви услови да го купи производот и услугата, да ги плати целосно или делумно, да ги задржи или се ослободи од производот и услугата или да реализира договорна обврска во врска со производот и услугата, без разлика дали потрошувачот ќе одлучи да дејствува или ќе се воздржи од дејствување; „законски уредена професија“ e професионална активност или група на професионални активности, при што пристапот или спроведувањето на истите или еден од начините на нивно спроведување е условено, директно или индиректно, од поседување на конкретни професионални квалификации, согласно со закони, регулативи или административни одредби; „надлежен инспекторат“ се Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Агенцијата за храна и ветеринарство; База на закони www.pravdiko.mk 3 | С т р а н и ц а „тела овластени за покренување на постапки” се тела и организации кои се основани со прописите со кои се уредува основањето на дејноста на тие тела, а кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите, како што се здруженија за заштита на потрошувачите, коморските здруженија и други специфични тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите; „стока“ е секое стварно материјално добро со исклучок на стоките кои се предмет на присилна продажба или поинаку продавани според други начини од страна на судските органи, a во која се вклучени вода, гас и електрична енергија, кога се нудат за продажба во ограничен обем или количина; „стоки произведени според спецификациите на потрошувачот“ се сите стоки кои не се готови стоки врз основа на индивидуален избор или одлука на потрошувачот; „договор за продажба“ е секој договор врз основа на кој трговецот пренесува или се обврзува да пренесе сопственост на стоки на потрошувачот или потрошувачот плаќа или се обврзува да ја плати цената, вклучувајќи ги договорите чиј предмет се и стоки и услуги; „договор за услуги“ е секој договор освен договор за продажба врз основа на кој трговецот обезбедува или се обврзува да обезбеди услуга на потрошувачот и потрошувачот плаќа или се обврзува да ја плати цената; „договор на далечина“ е секој договор склучен меѓу трговецот и потрошувачот во рамките на организирана шема за продажба или давање услуги на далечина без физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот, преку исклучителна употреба на еден или повеќе средства за комуникација на далечина до склучувањето на договорот, вклучувајќи го и моментот на склучување на договорот; „договор склучен надвор од деловните простории“ е секој договор меѓу трговецот и потрошувачот: а) склучен во истовремено физичко присуство на трговецот и потрошувачот, на место кое не е деловна просторија на трговецот; б) за кој е дадена понуда од страна на потрошувачот, под истите услови наведени во точка а) од оваа алинеја; в) склучен во деловните простории на трговецот или преку кое било средство за комуникација на далечина веднаш штом потрошувачот лично и индивидуално ќе стапи на местото кое не е едно од деловните простории на трговецот, во физичко и истовремено присуство на трговецот и потрошувачот или г) склучен во текот на екскурзија организирана од страна на трговецот и со цел или ефект на промоција и продажба на стоки или услуги на потрошувачот; „деловни простории се“: а) кои било недвижни простории кои се користат за продажба на мало, каде што трговецот врши своја дејност на континуирана основа или База на закони www.pravdiko.mk 4 | С т р а н и ц а б) кои било подвижни простории кои се користат за продажба на мало каде што трговецот врши своја дејност на вообичаена основа; „траен носач“ е секој инструмент кој му овозможува на потрошувачот или на трговецот да ги зачува информациите кои што му се лично упатени на начин да му бидат достапни во иднина за соодветен временски период за целите за кои тие се наменети и што овозможува непроменета репродукција на зачуваните информации; „дигитална содржина“ се податоци произведени и испорачани во дигитален формат; „финансиска услуга“ е секоја услуга од банкарска, кредитна, осигурителна, лична пензиска, инвестициска или платежна природа; „јавна аукција“ е метод за продажба кога стоки или услуги се нудат од страна на трговецот на потрошувачите кои учествуваат или им е дадена можноста лично да учествуваат на аукцијата, преку постапка на транспарентно, конкурентно наддавање водена од страна на аукциска куќа и каде успешниот понудувач е должен да ги купи стоките или услугите; „гаранција“ е секоја обврска на трговецот или производителот („гарантот“), преземена во однос на потрошувачот, во прилог на законските обврски кои се однесуваат на гаранцијата за сообразност, да ја надомести платената цена, замени, поправи, или сервисира на кој било начин стоката, кога таа не одговара на спецификациите, или на кое било друго барање кое не се однесува на сообразноста, наведени во декларацијата за гаранција или во соодветната реклама достапна во моментот или пред склучувањето на договорот и „дополнителен договор“ е договор преку кој потрошувачот стекнува стоки или услуги поврзани со договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории и во кој тие стоки или услуги се обезбедени од страна на трговецот или од трето лице врз основа на договор меѓу третото лице и трговецот. Член 2 Во Делот III-а Глава 2 во членот „3-в” зборовите: „3-в” се заменуваат со зборовите: „31-в”. Член 3 Во Делот V насловот на Глава 2 се менуваат и гласат: „СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ НA ТРГОВЕЦОТ И ДОГОВОРИ НА ДАЛЕЧИНА” Член 4 База на закони www.pravdiko.mk 5 | С т р а н и ц а Насловот пред членот 84 и членот 84 се менуваат и гласат: „Општи одредби при договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот и договорите склучени на далечина Член 84 (1) Одредбите на овој член се применуваат на секој договор склучен меѓу трговецот и потрошувачот, меѓу другото, ова се применува и на договорите за испорака на вода, гас, електрична енергија или централно греење, исто така, од страна на јавни даватели на услуги, до степенот во кој овие основни производи се испорачани врз основа на договор. (2) Одредбите на овој член не се применуваат на договорите: а) за социјалните услуги, вклучувајќи ги социјалните станови, грижата за деца и поддршката на семејствата и лицата кои имаат трајна или привремена потреба, вклучувајќи ја и долгорочната грижа; б) за здравствена заштита; в) за активности на коцкањето кои вклучуваат удел со парична вредност во игрите на среќа, вклучувајќи лотарии, коцкање во казина и обложувања; г) за финансиски услуги; д) за создавање, стекнување или пренос на недвижен имот или права на недвижен имот; ѓ) за изградба на нови згради, значителна пренамена на постојните згради и за изнајмување на сместување за станбени цели; е) за договорите за пакет аранжмани, пакет туристички аранжмани и пакет туристички тури, согласно со Законот за туристичка дејност; ж) за потрошувачки договори за временски ограничено право за користење на одредена недвижност - time sharing. з) за набавка на храна, пијалаци или други стоки наменети за тековна потрошувачка во семејството и често и редовно физички испорачани од страна на трговецот во домаќинството, живеалиштето или работното место на потрошувачот; и) за транспортни услуги на патниците; ј) склучени преку продажни автомати или автоматизирани трговски објекти и к) склучени со телекомуникациски оператори преку јавни говорници за нивна употреба или склучени за употреба на само една врска преку телефон, интернет или факс, утврден од страна на потрошувачот. (3) Одредбитe од ставовите (1) и (2) на овој член се применуваат на договорите склучени надвор од деловните простории на трговецот врз основа на кои надоместокот кој потрошувачот треба да го плати не е повисок од 50 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија утврден на денот на исплатата.” Член 5 База на закони www.pravdiko.mk 6 | С т р а н и ц а По членот 84 се додава нова Глава 3, која гласи: “Глава 3 ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА ДОГОВОРИТЕ КОИ НЕ СЕ ДОГОВОРИ НА ДАЛЕЧИНА ИЛИ ДОГОВОРИ СКЛУЧЕНИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ” Член 6 Насловот пред членот 85 и членот 85 се менуваат и гласат: „Обврски за информирање за договори кои не се договори на далечина или договори склучени надвор од деловните простории Член 85 (1) Пред потрошувачот да се обврзе со договор кој не е договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории или каква било соодветна понуда, трговецот му ги обезбедува на потрошувачот следниве информации на јасен и разбирлив начин, доколку тие не се очигледни: а) главните карактеристики на стоките или услугите, до степен соодветен за траен носач и за стоките или услугите; б) идентитетот на трговецот, како што се неговото трговско име, седиште и телефонскиот број; в) вкупната цена на стоките или услугите вклучувајќи ги даноците или доколку природата на стоките или услугите е таква што е невозможно разумно и однапред да се пресмета цената, начинот на пресметка на цената и доколку е применливо, сите дополнителни трошоци за транспорт, испорака или поштенски трошоци, кога тие трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат имајќи во предвид фактот дека овие дополнителни трошоци можат да се платат; г) доколку е применливо, начините на плаќање, испорака и извршување, датумот до кој трговецот се обврзува да ги испорача стоките или обезбеди услугата и постапка која трговецот ја применува за решавање на жалбите; д) освен потсетувањето за постоењето на законска гаранција за сообразност на стоките, постоењето и условите за постпродажна услуга и трговските гаранции, доколку е применливо; ѓ) времетраењето на договорот, доколку е применливо, или доколку договорот е на неопределено време или е договор кој автоматски се продолжува, условите за раскинување на договорот; е) доколку е применливо, функционалноста на дигиталната содржина, вклучувајќи ги мерките кои се применуваат за техничка заштита и ж) секоја релевантна интероперабилност на дигиталната содржина со хардвер и софтвер, со која трговецот е запознаен или со која разумно би било да се очекува дека е запознаен, доколку е применливо. База на закони www.pravdiko.mk 7 | С т р а н и ц а (2) Одредбата на ставот (1) на овој член се применува, исто така, на договорите за испорака на вода, гас и електрична енергија, кога не се нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, централно греење или дигитална содржина која не се испорачува на материјален траен носач.” Член 7 По членот 85 се додава нова Глава 4, која гласи: „Глава 4 ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧОТ И ПРАВОТО НА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ДОГОВОРИТЕ НА ДАЛЕЧИНА И ДОГОВОРИТЕ СКЛУЧЕНИ НАДВОР ОД ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ„ Член 8 Насловот пред членот 86 и членот 86 се менуваат и гласат: “Обврски за информирање за договорите на далечина и договор склучен надвор од деловните простории Член 86 (1) Пред потрошувачот да се обврзе со договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории или каква било соодветна понуда, трговецот му ги обезбедува на потрошувачот следниве информации на јасен и разбирлив начин: а) главните карактеристики на стоките или услугите, до степен соодветен на траен носачот за стоките или услугите; б) идентитетот на трговецот, како што е неговото трговско име; в) седиште на трговецот и неговиот телефонски број, факс и електронска адреса, каде е можно, за да му се овозможи на потрошувачот брзо да стапи во контакт со трговецот и ефикасно да комуницира со него и доколку е применливо, седиште и идентитетот на трговецот во чие име дејствува; г) доколку е различна од седиштето наведено во согласност со точката (в) од овој став, географската адреса на седиштето на трговецот, каде што потрошувачот може да упати евентуални жалби и доколку е применливо, онаа на трговецот во чие име дејствува; д) вкупната цена на стоките или услугите вклучувајќи ги даноците или доколку природата на стоките или услугите е таква што е невозможно разумно и однапред да се пресмета цената, начинот на пресметка на цената и доколку е применливо, сите дополнителни трошоци за транспорт, испорака или поштенски трошоци и сите други трошоци или кога тие трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат, фактот дека овие дополнителни трошоци можат да се платат. Во случај на договор на неопределено време или договор кој содржи претплата, вкупната цена ги вклучува вкупните трошоци за периодот на исплата. Кога тие договори се наплаќаат по фиксна стапка, вкупната цена која База на закони www.pravdiko.mk 8 | С т р а н и ц а е еднаква, исто така, на вкупните месечни трошоци. Доколку вкупните трошоци не може разумно и однапред да се пресметаат, треба да се обезбеди начин за пресметка на цената; ѓ) трошокот за користење на средството за комуникација на далечина за склучување на договорот кога таквиот трошок се пресметува врз друга основа различна од основната стапка; е) начините на плаќање, испорака и извршување, датумот до кој трговецот се обврзува да ги испорача стоките или обезбеди услуга и доколку е применливо, постапка која трговецот ја применува за решавање на жалбите; ж) во случај кога постои право на повлекување, условите, роковите и постапките за остварување на тоа право се во согласност со образецот за повлекување; з) доколку е применливо, информацијата дека потрошувачот треба да го сноси трошокот за враќање на стоките во случај на повлекување и во случај на договори на далечина ако стоките по своја природа не можат нормално да бидат вратени по пошта; ѕ) дека, доколку потрошувачот го остварува правото на повлекување по поднесувањето на барање во согласност со членовите 87 или 88 од овој закон тој е одговорен да му плати на потрошувачот разумни трошоци, во согласност со членот 94 став (3) од овој закон; и) ако не е предвидено право на повлекување во согласност со членот 96 од овој закон, информацијата дека потрошувачот нема да има корист од правото на повлекување или доколку е применливо, околностите под кои потрошувачот го губи правото на повлекување; ј) потсетник дека постои законска гаранција за сообразност на стоките; к) доколку е применливо, постоењето и условите за постпродажна помош на потрошувачот, постпродажни услуги и трговски гаранции и л) постоење на релевантни кодекси на однесување.” Член 9 Насловот пред членот 87 и членот 87 се менуваат и гласат: “Формални барања за договорите склучени надвор од деловните простории Член 87 (1) Во однос на договорите склучени надвор од деловните простории трговецот му обезбедува на потрошувачот информации наведени во членот 86 став (1) од овој закон, на хартија или доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач. Овие информации треба да бидат читливи и презентирани со едноставни и разбирливи зборови. (2) Трговецот му обезбедува на потрошувачот копија на потпишаниот договор или потврда на договорот на хартија или доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач вклучувајќи ја, доколку е применливо потврдата на претходно изречената согласност и прифаќањето на потрошувачот во согласност со членот 96 точка к) од овој закон. База на закони www.pravdiko.mk 9 | С т р а н и ц а (3) Доколку потрошувачот сака вршењето на услугата или испораката на вода, гас или електрична енергија, кои не се нудат во продажба во ограничен обем или во одредена количина, или централно греење да започне во текот на рокот за повлекување превиден во членот 89 став (1) од овој закон, трговецот бара потрошувачот да поднесе јасно барање на траен носач. (4) За договорите склучени надвор од деловните простории во кои потрошувачот јасно ги побарал услугите од трговецот со цел извршување на работите за поправка или одржување и врз основа на кои трговецот и потрошувачот договорните обврски ги извршуваат веднаш, а износот на товарот на потрошувачот не надминува 200 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија утврден на денот на исплатата. а) трговецот му обезбедува на потрошувачот информации како што е наведено во член 86 став (1) точки б) и в) од овој закон и информации во однос на цената или начинот на пресметување на цената, заедно со процена на вкупната цена, на хартија или доколку потрошувачот се согласува, на друг траен носач. Трговецот обезбедува информации како што е наведено во членот 86 став (1) точки а), ж) и и) од овој закон, но може да избере да не ги доставува на хартија или на друг траен носач, доколку потрошувачот јасно се согласува со тоа и б) потврдата на договорот обезбедена во согласност со ставот (2) на овој член содржи информации како што е наведено во членот 86 став (1) од овој закон.” Член 10 Насловот пред членот 88 и членот 88 се менуваат и гласат: “Формални барања за договорите на далечина Член 88 (1) Во однос на договорите на далечина трговецот обезбедува или става на располагање на потрошувачот информации наведени во членот 86 став (1) од овој закон, на начин соодветен на средството за комуникација на далечина на јасен и разбирлив јазик до степен во кој овие информации се доставени на траен носач на податоци, тие треба да бидат читливи. (2) Доколку договор на далечина кој што треба да биде склучен со електронски средства му ја наметнува на потрошувачот обврската да плати, трговецот јасно и очигледно му ги соопштува информациите како што е наведено во членот 86 став (1) точки а) и д) од овој закон, непосредно пред потрошувачот да ја направи својата нарачка. (3) Трговецот гарантира дека, во моментот кога ја прави нарачката, потрошувачот јасно признава дека нарачката ја наметнува обврската за плаќање. Доколку праќањето на нарачката подразбира активирање на копче или слична функција, копчето или сличната База на закони www.pravdiko.mk 10 | С т р а н и ц а функција треба да бидат лесно читливи означени само со зборовите: „нарачка со обврска за плаќање“ или соодветна недвосмислена формулација која покажува дека праќањето на нарачката ја наметнува обврската за плаќање на трговецот. (4) Доколку трговецот не ги почитува одредбите од ставот (3) на овој член, потрошувачот не е обврзан со договорот или нарачката. (5) На веб страниците за тргување треба да се прикажат на јасен и читлив начин, најдоцна до почетокот на процесот на нарачување, дали се применуваат ограничувања во однос на испораката и кои средства за плаќање се прифатени. (6) Доколку договорот е склучен преку средство за комуникација на далечина кое овозможува ограничен простор или време за прикажување на информациите, трговецот ги обезбедува, на тој траен носач и пред склучувањето на договорот, барем преддоговорните информации во поглед на главните карактеристики на стоките или услугите, идентитетот на трговецот, вкупната цена, правото на повлекување, времетраењето на договорот и во случај на договори на неопределено време, условите за раскинување на договорот, во согласност со членот 86 став (1) точки а), б), д) и ж) од овој закон. Другите информации наведени во членот 88 став (1) точка а) од овој закон, треба да се обезбедени од страна на трговецот на соодветен начин во согласност со ставот (1) на овој член. (7) Без да е во спротивност со ставот (6) на овој член, доколку трговецот му телефонира на потрошувачот со цел да се склучи договор на далечина, на почетокот на разговорот со потрошувачот тој треба да го открие својот идентитет и, доколку е применливо, идентитетот на лицето во чие име телефонира, како и трговската цел на повикот. (8) Кога договор на далечина треба да се склучи преку телефон, трговецот треба да ја потврди понудата на потрошувачот, кој е обврзан само по потпишувањето на понудата или по испраќање на своја писмена согласност. Потврдата треба да биде на траен носач. (9) Трговецот му обезбедува на потрошувачот потврда за договорот склучен на траен носач, во разумен рок по склучувањето на договорот на далечина и најдоцна во моментот на испорака на стоките или пред да започне извршувањето на услугата, која ги вклучува: а) сите информации наведени во членот 86 став (1) од овој закон, освен ако трговецот веќе ја доставил информацијата на потрошувачот на траен носач пред склучувањето на договорот на далечина и б) доколку е применливо, потврдата за претходно изречена согласност и прифаќањето на потрошувачот во согласност со членот 96 точка к) од овој закон. (10) Доколку потрошувачот сака вршењето на услугата или испораката на вода, гас или електрична енергија, кои не се нудат во продажба во ограничен обем или во одредена количина, или централно греење да започне во текот на рокот за повлекување превиден База на закони www.pravdiko.mk 11 | С т р а н и ц а во членот 89 став (1) од овој закон, трговецот бара потрошувачот да поднесе јасно барање. (11) Одредбите на ставовите (1), (2), (3), (4), (5), (6), (7), (8), (9) и (10) на овој член не се применуваат на договорите склучени по електронски пат и праќањето на нарачки по електронски пат.” Член 11 Насловот пред членот 89 и членот 89 се менуваат и гласат: “Право на повлекување Член 89 (1) Освен кај исклучоците на правото на повлекување од договорите од членот 96 од овој закон, потрошувачот располага со период од 14 дена за повлекување од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории без да даде каква било причина и без да сноси трошоци различни од оние предвидени во членот 93 став (2) и во членот 94 од овој закон. (2) Повлекувањето од договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории на трговецот, потрошувачот го спроведува со пополнување на Образец. (3) Формата и содржината на Образецот за повлекување од ставот (2) на овој член, ја пропишува министерот за економија. (4) Без оглед на роковите утврдени во член 90 од овој закон роковите за информирање кои произлегуваат од обврската за информирање во однос на правотоза повлекување од ставот (1) на овој член истекува по 14 дена во случај: а) на договори за услуги, од денот на склучувањето на договорот; б) на договори за продажба, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува стоката или: во случај на повеќе порачани стоки од страна на потрошувачот преку една нарачка, а му се испорачуваат одделно, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува последната стока; во случај на испорака на стока составена од повеќе пратки или парчиња, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува последната пратка или парче; во случај на договори за редовна испорака на стоки во текот на одреден временски период, од денот на кој потрошувачот или трето лице, освен превозникот, а наведено од страна на потрошувачот, физички ја стекнува првата стока и в) на договори за испорака на вода, гас и електрична енергија, кога не се нудат за База на закони www.pravdiko.mk 12 | С т р а н и ц а продажба во ограничен обем или одреден квалитет, централно греење или дигитална содржина која не се испорачува на материјален траен носач, од денот на склучувањето на договорот.” Член 12 Насловот пред членот 90 и членот 90 се менуваат и гласат: “Изоставување на обврската за информирање во однос на правото за повлекување Член 90 (1) Доколку во случај на непочитување на одредбата на членот 86 став (1) точка ж) од овој закон, трговецот не му ги обезбедува на потрошувачот информациите во однос на правото на повлекување, рокот за повлекување истекува 12 месеци по завршувањето на почетниот рок за повлекување, како што е утврдено во согласност со членот 89 став (1) од овој закон. (2) Доколку трговецот му ги обезбедува на потрошувачот информациите како што е наведено во ставот (1) на овој член во рок од 12 месеци од датумот наведен во член 89 став (1) од овој закон, рокот за повлекување истекува 14 дена по денот на кој потрошувачот ги добива информациите.” Член 13 Насловот пред членот 91 и членот 91 се менуваат и гласат: “Остварување на правото на повлекување Член 91 (1) Пред истекот на рокот за повлекување, потрошувачот го информира трговецот за својата одлука за остварување на правото за повлекување од договорот. За таа цел потрошувачот може: а) да го користи како примерок образецот за повлекување од членот 89 од овој закон или б) да поднесе каква било друга недвосмислена изјава за својата одлука да се повлече од договорот. (2) Потрошувачот го остварува своето право на повлекување во рамките на рокот за повлекување од членот 89 став (1) од овој закон и во членот 90 од овој закон, доколку комуникацијата во однос на остварувањето на правото на повлекување е испратена од страна на потрошувачот пред истекот на рокот за повлекување. База на закони www.pravdiko.mk 13 | С т р а н и ц а (3) Трговецот, освен начините за информирање од ставот (1) на овој член, може да му понуди на потрошувачот опција да го пополни и по електронски пат испрати примерокот од образец за повлекување, или каква било друга недвосмислена изјава за веб страницатана трговецот. Во тие случаи трговецот веднаш го известува потрошувачот за потврдата за прием на повлекувањето на траен носач. (4) Товарот на докажување во однос на остварувањето на правото на повлекување во согласност со ставовите (1), (2) и (3) на овој член е на потрошувачот.” Член 14 Насловот пред членот 92 и членот 92 се менуваат и гласат: “Ефекти од повлекувањето Член 92 Остварувањето на правото на повлекување става крај на обврските на страните да го извршат договорот на далечина или договорот склучен надвор од деловните простории или да склучат договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории во случаите кога една понуда е направена од страна на потрошувачот.” Член 15 Насловот пред членот 93 и членот 93 се менуваат и гласат: “Обврски на трговецот во случај на повлекување Член 93 (1) Трговецот ги надоместува сите плаќања примени од страна на потрошувачот, евентуално вклучувајќи ги трошоците за испорака, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот во согласност со членот 91 од овој закон. (2) Трговецот го врши враќањето на парите од ставот (1) на овој член, користејќи го истото средство за плаќање кое го користи потрошувачот за првична трансакција, освен ако потрошувачот јасно договорил поинаку и под услов да не сноси никаков трошок како резултат на враќањето на парите. (3) Без оглед на одредбите од ставот (1) на овој член, трговецот не е должен да ги надомести дополнителните трошоци, кога потрошувачот јасно се определил за еден вид испорака освен најевтината стандардна испорака понудена од страна на трговецот. База на закони www.pravdiko.mk 14 | С т р а н и ц а (4) Освен ако трговецот понудил сам да ги повлече стоките, во однос на договорите за продажба, трговецот може да се воздржи од враќањето на парите додека не ги прими стоките или додека потрошувачот не достави доказ дека ги вратил стоките.” Член 16 Насловот пред членот 94 и членот 94 се менуваат и гласат: “Обврски на потрошувачот во случај на повлекување Член 94 (1) Освен ако трговецот понудил сам да ги повлече стоките, потрошувачот ги враќа стоките или му ги предава на трговецот или на трето лице овластено од страна на трговецот да ги прими стоките, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот на кој го известил трговецот за својата одлука за повлекување од договорот во согласност со членот 91 од овој закон. Крајниот рок е исполнет, доколку потрошувачот ги врати стоките пред истекот на рокот од 14 дена. (2) Потрошувачот сноси само директен трошок за враќање на стоките, освен ако трговецот се согласил сам да го сноси или не го известил потрошувачот дека тој трошок е на товар на потрошувачот. (3) Во случај на договори склучени надвор од деловните простории каде што стоките се испорачани до домот на потрошувачот во моментот на склучување на договорот, трговецот ги враќа стоките на свој трошок, доколку стоките по своја природа, не може нормално да се вратат по пошта. (4) Потрошувачот е одговорен само за намалувањето на вредноста на стоките како резултат од управување со стоките различно од она што е потребно за утврдување на природата, карактеристиките и функционалноста на стоките. Потрошувачот не е во никој случај одговорен за намалувањето на вредноста на стоките доколку трговецот не го известил потрошувачот за неговото право на повлекување во согласност со членот 86 став (1) точка ж) од овој закон. (5) Кога потрошувачот го остварува своето право на повлекување по доставувањето на барање во согласност со членот 87 став (3) или членот 88 став (8) од овој закон, потрошувачот му плаќа на трговецот износ пропорционален на она што е обезбедено до моментот кога потрошувачот го информира трговецот за остварувањето на правото на повлекување, во однос на сите заеми предвидени со договорот. Пропорционалниот износ што потрошувачот треба да го плати на трговецот се пресметува врз основа на вкупната цена утврдена во договорот. Доколку таа вкупна цена е преголема, пропорционалниот износ се пресметува врз основа на пазарната вредност на она што е предвидено. База на закони www.pravdiko.mk 15 | С т р а н и ц а (6) Потрошувачот не сноси трошоци за: а) извршување услуги или испорака на вода, гас или електрична енергија, кога несе нудат за продажба во ограничен обем или одреден квалитет, или централно греење во целост или делумно, во текот на рокот за повлекување, кога: трговецот не обезбедува информации во согласност со членот 86 став (1) точкиж) и ѕ) од овој закон или потрошувачот не побарал јасно извршувањето да започне во текот на рокот за повлекување во согласност со членот 87 став (3) и членот 88 став (8) од овој закон или б) обезбедувањето, во целост или делумно, на дигиталната содржина која не се испорачува на материјален траен носач кога: потрошувачот не дал своја претходна јасна согласност околу почетокот на извршувањето пред крајот на рокот од 14 дена како што е наведено во членот 89 од овој закон; потрошувачот не признава дека тој го изгубил правот на повлекување кога ја изразил својата согласност или трговецот не доставил потврда во согласност со членот 87 став (2) од овој закон или член 88 став (7) од овој закон. (7) Освен како што е предвидено во членот 92 став (2) од овој закон и во одредбите од ставовите (1), (2), (3), (4), (5) и (6) на овој член, остварувањето на правото на повлекување не наметнува никаква одговорност за потрошувачот.” Член 17 Насловот пред членот 95 и членот 95 се менуваат и гласат: “Ефекти од остварувањето на правото на повлекување на дополнителните договори Член 95 Во однос на кредитните договори за потрошувачите, доколку потрошувачот го оствари своето право на повлекување од еден договор на далечина или договор склучен надвор од деловните простории во согласност со членовите 89, 90, 91, 92 и 93 од овој закон, сите дополнителни договори автоматски се прекинуваат, без трошоци за потрошувачот, освен оние кои се предвидени со членот 93 став (2) и членот 94 од овој закон.” Член 18 Насловот пред членот 96 и членот 96 се менуваат и гласат: “Исклучоци во однос на правото на повлекување Член 96 База на закони www.pravdiko.mk 16 | С т р а н и ц а (1) Правото на повлекување како што е наведено во членовите 89, 90, 91, 92, 93, 94 и 95 од овој закон за договорите на далечина и договорите склучени надвор од деловните простории, не се применува во однос на овие исклучоци: а) договорите за услуги по целосното извршување на услугата доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на потрошувачот и со прифаќање на фактот дека ќе го изгуби правото на повлекување по целосното извршување на договорот од страна на трговецот; б) набавката на стоки или услуги чија цена зависи од флуктуациите на финансискиот пазар кои што трговецот не е во состојба да ги контролира и кои можат да се појават во текот на рокот за повлекување; в) набавката на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот; г) набавка на лесно расипливи стоки или со краток рок на траење; д) набавка на оригинално затворени стоки кои не се погодни за да бидат вратени поради хигиенски причини или заштитата на здравјето и се отворени по испораката; ѓ) набавка на стоки кои по испораката се по своја природа, нераскинливо измешани со другите стоки; е) набавката на алкохолни пијалаци, чија цена е договорена во моментот на склучување на договорот за продажба, а чија испорака може да се случи по 30 дена и чија вистинска вредност зависи од флуктуациите на пазарот кои не може да се контролираат од страна на трговецот; ж) договорите во кои потрошувачот јасно побарал посета од страна на трговецот за целите на извршување на итни поправки или одржување. Доколку во случај на таква посета, трговецот обезбедува услуги во прилог на оние посебно побарани од страна на потрошувачот или стоки освен деловите за размена потребни за извршување на одржувањето или поправките, треба да се примени правото на повлекување на овие дополнителни услуги или стоки; з) набавка на оригинално затворени аудио и видео снимки или компјутерски софтвер кои се отворени по испораката; ѕ) набавка на весници, месечни списанија или магазини со исклучок на претплатнички договори за набавка на такви публикации; и) договори склучени на јавно наддавање; ј) обезбедување на сместување за цели кои не се од станбена природа, транспортот на стоки, услуги за изнајмување автомобили, угостителски услуги или услуги во врска со активностите во слободно време кога договорот предвидува одреден датум или рок за извршување и к) испораката на дигитална содржина која не се испорачува преку материјален траен носач, доколку извршувањето е започнато со јасна согласност на потрошувачот и со негово прифаќање на фактот дека го губи правото на повлекување.” Член 19 По членот 96 од овој закон се додава нова Глава 5, која гласи: База на закони www.pravdiko.mk 17 | С т р а н и ц а “Глава 5 ДРУГИ ПРАВА НА ПОТРОШУВАЧОТ” Член 20 Насловот пред членот 97 и членот 97 се менуваат и гласат: “Делокруг Член 97 (1) Одредбите на членовите 98 и 99 од овој закон се применуваат на договори за продажба. (2) Одредбите на членовите 98 и 99 од овој закон не се применуваат за договори за снабдување со вода, гас или електрична енергија, кога тие не се нудат за продажба, спакувани во ограничен обем или одредена сума, за централно греење или за дигитални содржини што не се испорачува на траен носач. (3) Одредбите на членовите 99, 101 и 102 од овој закон се применуваат за договори за продажба и договори за услуги, и за договори за снабдување со вода, гас, електрична енергија, за централното греење или за дигитални содржини.“ Член 21 Насловот пред членот 98 и членот 98 се менуваат и гласат: “Испорака Член 98 (1) Освен ако страните не се договориле поинаку во однос на времето на испорака, трговецот ја испорачува стоката со пренесување на сопственост или контрола на стоките на потрошувачот без непотребно одлагање, но не подоцна од 30 дена од склучувањето на договорот. (2) Кога трговецот не ја исполнува обврската да ги достави стоките во рокот договорен со потрошувачот, или во рамките на рокот од ставот (1) на овој член, потрошувачот може да бара од него испораката да биде извршена во рок од 15 дена, во согласност со околностите. Ако трговецот не ги испорача стоките во рок од 15 дена, потрошувачот има право да го раскине договорот. (3) Одредбите на ставот (1) на овој член не се применуваат на договори за продажба, при што, трговецот одбива да ги испорача стоките или кога понудата во рамките на База на закони www.pravdiko.mk 18 | С т р а н и ц а договорениот рок на испорака е од суштинско значење, имајќи ги предвид сите околности при склучувањето на договорот, или кога потрошувачот го известил трговецот пред склучувањето на договорот, дека е од суштинско значење испораката да биде направена на одреден датум или најдоцна до одреден датум. Во тие случаи, ако трговецот не ги испорача стоките во договорениот со потрошувачот рок или во рамките на рокот од ставот (1) на овој член, потрошувачот има право веднаш да го раскине договорот. (4) При раскинување на договорот трговецот е должен да ги врати без непотребно одлагање сите износи платени согласно со договорот. (5) Во прилог на раскинувањето на договорот во согласност со став (2) од овој член потрошувачот може да искористи други средства за заштита, предвидени во Законот за облигациони односи.” Член 22 Насловот пред членот 99 и членот 99 се менуваат и гласат: “Такси за користење на средства за плаќање Член 99 Трговците не може да им наметнат на потрошувачите во однос на користењето на одредени инструменти за плаќање, такси кои ги надминуваат оние кои ги сносува трговецот за користење на таквите инструменти.” Член 23 Насловот пред членот 100 и членот 100 се менуваат и гласат: “Пренос на ризикот Член 100 Во договорите во кои трговецот ги испраќа стоките до потрошувачот, ризикот од губење или оштетување на стоките преминува на потрошувачот кога тој, или трето лице од него назначено и кое не е превозник, стекнува физичко поседување на стоките. Сепак, ризикот се пренесува на потрошувачот во моментот на испорака до превозникот, доколку потрошувачот му наложил на превозникот транспорт на стоки и избраниот превозник не е предложен од страна на трговецот, без да се нарушат правата на потрошувачот во однос на превозникот.” Член 24 База на закони www.pravdiko.mk 19 | С т р а н и ц а Насловот пред членот 101 и членот 101 се менуваат и гласат: “Телефонска комуникација Член 101 (1) Кога трговецот користи телефонска линија со цел да биде контактиран од страна на потрошувачот по телефон во однос на склучениот договор, потрошувачот не е обврзан да плати повеќе од основната стапка кога контактира со трговецот. (2) Одредбата од ставот (1) на овој член не влијае на правото на операторите на телекомуникациските услуги да утврдат цена за телефонските услуги.” Член 25 Насловот пред членот 102 и членот 102 се менуваат и гласат: “Дополнителни плаќања Член 102 Пред потрошувачот да биде обврзан со договорот или понудата, трговецот треба да бара јасна согласност на потрошувачот за какво било дополнително плаќање во прилог на надоместокот усогласен за главната договорна обврска на трговецот. Доколку трговецот не добие јасна согласност на потрошувачот, туку дошол до таков заклучок со користење на стандардните опции кои потрошувачот треба да ги одбие за да се избегне дополнителното плаќање, потрошувачот има право на надоместок на тоа плаќање.” Член 26 Насловот пред членот 103 и членот 103 се менуваат и гласат: “Примена Член 103 (1) Телата овластени за покренување на постапки може да му предложат на надлежниот инспекторат да покрене постапка пред надлежните судови за престанување на постапување спротивно на одредбите од членовите 84, 85, 86, 87, 88, 89, 90, 91, 92, 93, 94, 95, 96, 97, 98, 99, 100, 101 и 102 од овој закон. (2) Постапката од ставот (1) на овој член може да се покрене против трговеците кои постапиле спротивно на одредбите од овој закон кои се однесуваат на договорите кои не База на закони www.pravdiko.mk 20 | С т р а н и ц а се договори на далечина, за договорите на далечина и договори склучени надвор од деловните простории на трговецот. (3) Одредбите на ставовите (1) и (2) на овој член не ја ограничуваат можноста надлежниот инспекторат да покрене постапка против субјектите кои постапуваат спротивно на овој закон.” Член 27 Членовите 104, 105, 106 и 107 се бришат. Член 28 Во членот 123 ставот 3 се брише. Ставовите 4, 5 и 6 стануваат ставови 3, 4 и 5. Член 29 Во членот 125 по ставот 4 се додава нов став (5), кој гласи: „(5) Мандатот на членовите на Советот е четири години.” Член 30 Во членот 136 точката 27) се менува и гласи: „на потрошувачот не му ги даде информациите од членот 85 од овој закон за договорите кои не се договори на далечина или договори склучени надвор од деловните простории; Точката 28) се менува и гласи: „на потрошувачот не му ги даде информациите од членот 86 од овој закон за договорите на далечина и договори склучени надвор од деловните простории.” Точката 29) се менува и гласи: „на потрошувачот не му ги даде информациите на хартија или на друг траен насач на јасен и разбирлив јазик за потрошувачот (член 87 од овој закон).” Точката 30) се менува и гласи: „пред потрошувачот да склучи договор на далечина со обврска да ја плати нарачката трговецот не му ги дал податоците од членот 86 од овој закон непосредно пред потрошувачот да ја направи својата нарачка.” Точката 31) се менува и гласи: „на потрошувачот не му го даде известувањето од членот 88 од овој закон на хартија или База на закони www.pravdiko.mk 21 | С т р а н и ц а во согласност со потрошувачот на друг траен медиум и доколку известувањето не е напишано на едноставен и разбирлив јазик за потрошувачот.” Точката 32) се менува и гласи: „на потрошувачот не му го даде правото на повлекување од договорот на далечина или договорот склучен надвор од деловните простории на трговецот во рок од 14 дена (член 89 од овој закон).” Точката 33) се менува и гласи: „на потрошувачот не му ја даде можноста да го пополни и по електронски пат испрати образецот за повлекување (член 91 од овој закон).” По точката 33) се додава нова точка 34), која гласи: „34) на потрошувачот не му ги врати парите, вклучувајќи ги и трошоците за испорака во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот (член 93 од овој закон).” Точките 34), 35), 36), 37), 38) и 39) стануваат точи 35, 36, 37, 38, 39 и 40. Во точката 40 која станува точка 41) по зборовите: „31-г“ сврзникот „и“ се заменува со запирка, а по зборовите: „31-д” се додаваат зборовите: „и 31-ѓ”. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 31 Прописот утврден со овој закон ќе го донесе во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 32 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”

Law amending the Law on consumer protection · Nelum