Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on consumer protection

Made 2011-02-25 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за изменување и дополнување на Закон за заштита на потрошувачите .
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Food and nutrition
Keywords
consumer protection, inspection, internal trade, offences/penalties, food safety and quality

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. База на закони www.pravdiko.mk 1 | С т р а н и ц а ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ (Објавено во Сл. Весник на РМ, бр.24 од 25.02.2011 година) Член 1 Во Законот за заштита на потрошувачите (“Службен весник на Република Македонија“ број 38/2004, 77/2007 и 103/2008), во членот 2 по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи: “Во постапката за инспекциски надзор ќе се применуваат одредбите на Законот за инспекциски надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 4 став 1 алинејата 1 се менува и гласи: „трговец„ е секое физичко или правно лице кое во пазарното однесување согласно со овој закон дејствува за цели поврзани со неговото занимање, дејност, занает или професија и секое лице кое дејствува во име или за сметка на трговецот,“. По алинејата 7 се додаваат 11 нови алинеи 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17 и 18, кои гласат: „пазарно однесување кон потрошувачите од страна на деловните субјекти“ (во натамошниот текст: пазарно однесување) е секое дејство, пропуст, начин на однесување или застапување, пазарна комуникација, вклучувајќи рекламирање и маркетинг, од страна на трговец, директно поврзани со промоција, продажба или снабдување на производи и услуги за потрошувачите, „значително нарушување на пазарното однесување на потрошувачите“ е користење на пазарно однесување со цел значително да се оневозможи способноста на потрошувачот да донесе одлука така што претходно бил информиран, предизвикувајќи на тој начин потрошувачот да донесе одлука за правење промет којашто не би ја донел во друг случај, „кодекс на однесување“ e договор или збир на прописи кои не се наложени со закон, регулатива или административна одредба, а го дефинираат однесувањето на трговците кои прифаќаат да го почитуваат кодексот во врска со еден или повеќе конкретни пазарни однесувања или деловни сектори, „имател на кодексот на однесување“ е секој субјект, вклучувајќи трговци или група на трговци, надлежни за формулирање и ревидирање на кодексот на однесување и/или следење на почитувањето на кодексот од страна на оние кои прифатиле да го почитуваат, „професионално однесување“ e стандард за специјална вештина и грижа за коишто е разумно да се очекуваат од трговецот во однесувањето со потрошувачите, сразмерни со чесното пазарно однесување и/или општото начело за добра волја во дејноста на трговецот, „покана за купување“ e пазарна комуникација која ги наведува карактеристиките на производот и услугата и цената на начин соодветен на употребеното средство за пазарна База на закони www.pravdiko.mk 2 | С т р а н и ц а комуникација и на тој начин му овозможува на потрошувачот да го направи купувањето, „прекумерно влијание“ e искористување на позиција на надмоќ во поглед на потрошувачот така што се применува притисок, дури и без употреба на или закана за физичка присила, на начин што значително ја ограничува способноста на потрошувачот да донесе одлука бидејќи претходно бил информиран, „одлука за правење промет“ e секоја одлука донесена од страна на потрошувачот дали, како и под какви услови да го купи производот и услугата, да ги плати целосно или делумно, да ги задржи или се ослободи од производот и услугата или да реализира договорна обврска во врска со производот и услугата, без разлика дали потрошувачот ќе одлучи да дејствува или ќе се воздржи од дејствување, „законски уредена професија“ e професионална активност или група на професионални активности, при што пристапот или спроведувањето на истите или еден од начините на нивно спроведување е условено, директно или индиректно, од поседување на конкретни професионални квалификации, согласно со закони, регулативи или административни одредби, „надлежен инспекторат“ се Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Агенцијата за храна и ветеринарство и „тела овластени за покренување на постапки” се тела и организации кои се основани со прописите со кои се уредува основањето на дејноста на тие тела, а кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите, како што се здруженија за заштита на потрошувачите, коморските здруженија и други специфични тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите.“ Член 3 По членот 31 се додава нов ДEЛ III-a и седум нови члена 31-a, 31-б, 31-в, 31-г, 31-д, 31-ѓ и 31-е и нов ДЕЛ III-б и 11 нови члена 31-е, 31-ж, 31-з, 31-ѕ, 31-и, 31-ј, 31-к, 31-л, 31-љ, 31-м, 31-н и 31-њ, кои гласат: „ДЕЛ III-a Глава I НЕЧЕСНО ПАЗАРНО ОДНЕСУВАЊЕ Забрана за нечесно пазарно однесување Член 31-а Се забранува нечесно пазарно однесување. Пазарно однесување се смета за нечесно доколку: а) е спротивно на барањата за професионално однесување и База на закони www.pravdiko.mk 3 | С т р а н и ц а б) значително го нарушува или постои веројатност дека значително ќе го наруши економското однесување на просечниот потрошувач во поглед на производот и услугата до кого стигнува или е наменет производот и услугата, или пак до просечниот потрошувач од групата кога пазарното однесување е насочено кон конкретна група на потрошувачи. Пазарното однесување за коешто е веројатно дека значително ќе го наруши економското однесување само на јасно дефинирана група на потрошувачи,, кои се особено ранливи на однесувањето или на засегнатиот производ и услуга поради нивната ментална или физичка несигурност, возраст или лековерност на начин предвидлив од трговецот се проценува од перспектива на просечниот потрошувач на таа група, кое не е во спротивност со вообичаеното и законско рекламирање при што се даваат претерани изјави или изјави што не треба буквално да се толкуваат. Пазарното однесување се смета за особено нечесно, доколку: а) е лажно согласно утврденото во членовите 31-б и 31в од овој закон или б) е агресивно согласно утврденото во членовите 31-г и 31-д од овој закон. Глава II ИЗМАMНИЧКО ПАЗАРНО ОДНЕСУВАЊЕ Измамнички активности Член 31-б Пазарно однесување се смета за измамничко доколку содржи лажни информации и поради тоа е невистинито или на каков било начин, вклучувајќи го општиот впечаток кој го остава, го измамува или пак е веројатно дека ќе го измами потрошувачот, дури и кога информацијата фактички е точна, во врска со еден или повеќе од случаите наведени во точките а), б), в), г), д) и ѓ) од овој став, а во секој случај предизвикува или е веројатно дека ќе предизвика просечниот потрошувачот да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во друг случај. а) постоењето или природата на производот и услугата; б) главните карактеристики на производот и услугата, како што се достапноста, корисноста, ризиците, извршувањето, составот, дополнителната опрема, услуга по продажбата и постапување по жалбите, методот и датумот на производство или обезбедување, испорачување, соодветност на намената, користење, количина, спецификација, географско или стопанско потекло или очекуваните резултати од неговата употреба, или пак резултатите од спроведените тестови или проверки; в) обемот на обврските на трговецот, мотивите за пазарното однесување и природата на продажниот процес, сите изјави или симболи во врска со директното или индиректното спонзорство или одобрување на трговецот или на производот и услугата; г) цената или начинот на кој се пресметува цената или постоење на одредени погодности во поглед на цената; База на закони www.pravdiko.mk 4 | С т р а н и ц а д) потребата за сервис, делови, замена или поправка; ѓ) положбата, особините или правата на трговецот или неговиот застапник, како што се нивниот идентитет или имот, квалификации, статусот, одобрувањата кои им се дадени, сопственоста на права за индустриска, стопанска или интелектуална сопственост, награди или пофалници кои им се доделени и е) правата на потрошувачите, вклучувајќи го правото за замена или враќање на парите и за одредени аспекти на продажбата на потрошувачки стоки и гаранции, или ризиците е уредено со овој закон. Пазарно однесување се смета дека е измамничко и доколку, во својата фактичка состојба, имајќи ги предвид сите околности и специфичност на случајот, го наведува или веројатно може да го наведе просечниот потрошувач да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во друг случај, а се однесува на: а) каков било маркетинг на производ и услуга, вклучувајќи споредбено рекламирање, што доведува до забуна со други производи и услуги, трговски марки, трговски називи или други својства по кои се разликуваат конкурентите и б) неисполнување на обврските од кодексот на однесување од страна на трговецот, што тој ги прифатил да ги почитува, кога: обврската не е факултативна, туку е цврста и може да се провери и трговецот во своето пазарно однесување покаже дека е обврзан со кодексот на однесување. Измамнички пропусти Член 3-в Пазарно однесување се смета за измамничко доколку, во својата фактичка состојба, имајќи ги предвид сите околности, специфичности и ограничувања на средствата за комуникација, трговецот пропушти да даде значајна информација која на просечниот потрошувач му е неопходна во дадениот случај, за да донесе соодветна одлука за правење промет, па тоа го наведе или веројатно може да го наведе просечниот потрошувач да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во други случаи. За измамнички пропуст се смета и кога, имајќи ги предвид случаите од ставот 1 на овој член трговецот значајните информации ги крие или дава нејасни, делумни, двосмислени или ненавремени информации или пропушти да ја идентификува трговската намера за даденото пазарно однесување, доколку тоа не е очигледно од случајот, како и кога во кој било случај, ова наведува или е веројатно дека ќе го наведе просечниот потрошувач да донесе одлука за правење промет што не би ја донел во други случаи. Кога се користи некое средство за комуникација при реализирање на пазарно однесување која наметнува ограничувања во просторот и времето, тие ограничувања и сите мерки преземени од трговецот за да ги направи информациите достапни за потрошувачите преку кои било други средства, ќе се земаат предвид кога се одлучува дали има испуштена информација. База на закони www.pravdiko.mk 5 | С т р а н и ц а Во случај на упатување на понуда за купување, под услов тоа од околностите на случајот да не е очигледно, информациите кои се сметаат од суштествено значење се: а) главните карактеристики на производот и услугата, во обем соодветен на средството за комуникација и производот и услугата; б) полна адреса и идентитетот на трговецот, како што е неговото трговско име и таму каде што постои полна адреса и идентитет на трговецот во чие име постапува; в) цената со вклучен данок или кога природата на производот и услугата е таква што цената не може да се пресмета однапред, начинот на кој се пресметува цената, како и, кога тоа е неопходно, сите дополнителни трошоци за превоз, испорака или поштенски трошоци или, кога овие трошоци не можат да бидат пресметани однапред, таквите дополнителни трошоци мора да се платат. г) договорите за плаќање, испорака, изведба и начинот на решавање на жалбите, доколку отстапуваат од барањата за професионално однесување и д) за производите и услугите и прометот кои подразбираат право на повлекување или откажување и постоење на тоа право. Глава III Агресивно пазарно однесување Член 31-г Пазарно однесување се смета за агресивно доколку, во својата фактичка состојба, имајќи ги предвид сите околности и специфични случаи, со вознемирување, притисок, вклучувајќи и физичка сила, или прекумерно влијание, значително ја намалува или е веројатно дека значително ќе ја намали слободата на избор или однесувањето на потрошувачите во врска со производот и услугата и на тој начин го наведува или е веројатно дека ќе го наведе да направи промет, што во други околности не би го направил. Употреба на вознемирување, притисок и прекумерно влијание Член 31-д При одредување дали некое пазарно однесување употребува вознемирување, притисок, вклучувајќи физичка сила, или прекумерно влијание, се зема предвид следново: а) време на одвивање, локацијата, природата или траењето; б) употребата на заканување, навредливи изрази или однесување; в) користење на ситуација од страна на трговецот во смисла на несреќен случај или околности со таква тежина кога е намалена моќта на расудување на потрошувачот, а трговецот е свесен за тоа, а заради влијание на неговата одлуката во врска со производот и услугата; г) сите сериозни или несразмерни пречки надвор од договорот наложени од страна на трговецот кога потрошувачот сака да ги спроведе правата од договорот, вклучувајќи право База на закони www.pravdiko.mk 6 | С т р а н и ц а да го раскине договорот, замена на производот и услугата или барање на друг трговец и д) какви било закани за преземање на правни работи кои по закон не можат да бидат преземени. Нечесно однесување Член 31-ѓ Пазарно однесување е нечесно во сите околности, доколку истото е измамничко или агресивно: Измамничко пазарно однесување е доколку: трговецот тврди дека е потписник на кодекс на однесување кога тоа не е точно, се прикаже ознака за доверба, ознака за квалитет или еквивалентно на тоа без да го добие неопходното овластување, се тврди дека кодексот на однесување има препорака од јавноста или од друг орган кога тоа не е точно, се тврди дека трговец (вклучувајќи го неговото пазарно однесување) или производ и услуга биле одобрени, препорачани или овластени од јавноста или приватен орган кога тој/тоа не е точно или да го тврди тоа без да биде во согласност со условите за одобрување, поддржување или овластување, се прави покана за купување на производи и услуги со утврдена цена без да се открие постоењето на каква било разумна основа што трговецот може да ја има, дека нема да биде во можност да ги обезбедува или да договори друг трговец да ги обезбедува, тие производи и услуги или еквивалентни производи и услуги по таа цена за временски период и количини што се разумни, имајќи го предвид производот и услугата обемот на рекламирањето на производот и услугата и понудената цена (рекламирање со мамка), се прави покана за купување на производи и услуги со утврдена цена и тогаш: а) да се одбие да им се покаже рекламираниот производ или услуга на потрошувачите или б) да се одбие примање на нарачки или испорака во разумен временски период или в) да се покаже дефектна мостра од трговецот со намера да се промовира друг производ или услуга (мамка и замена), лажно да се тврди дека производ и услуга ќе бидат достапни само во мошне ограничен временски период или дека ќе биде достапен под одредени услови во мошне ограничен временски период, со цел да се изнуди брза одлука и да се оневозможат потрошувачите да добијат можност или време да направат избор како што претходно биле информирани, се преземе обезбедување на постпродажни услуги за потрошувачи со кои трговецот комуницирал пред да се направи прометот на јазик што не е службен јазик на земја каде што трговецот е лоциран и потоа да ја обезбедува таа услуга достапна само на друг јазик без јасно да му се открие ова на потрошувачот пред потрошувачот да се обврзе на правењето промет, се тврди или на друг начин се создава впечаток дека производот и услугата може законски да се продаде, а тоа не е точно, База на закони www.pravdiko.mk 7 | С т р а н и ц а се презентира дека на потрошувачите им се дадени правата согласно со закон како истакната карактеристика на понудата на трговецот, се употребува уредничка содржина во медиумите за да се промовира производ и услуга кога трговецот платил за промоција без тоа да го наведе јасно во содржината или со слики или звук што јасно можат да бидат идентификувани од потрошувачот (уредничка реклама), неточно се тврди за природата и обемот на ризикот за личната безбедност на потрошувачот или неговото семејство, доколку потрошувачот не го купи производот и услугата; се промовира производ и услуга сличен на производ и услуга направени од конкретен производител на таков начин што намерно се измамува потрошувачот да верува дека производот и услугата е направен од истиот производител, кога тоа не е точно; се основа, или промовира пирамидална промотивна шема кога потрошувач ја разгледува можноста да добие надоместок што примарно потекнува од воведување на други потрошувачи во шемата наместо од продажба или користење на производите и услугите, се тврди дека трговецот планира да престане со работа или да се пресели, кога тоа не е точно, се тврди дека одделни производи и услуги се во состојба да го олеснат добивањето во игри на среќа, лажно се тврди дека производ и услуга може да излечи болести, нарушени функции или деформации, проследување на неточни информации за пазарните услови од материјално значење или за можноста да се најде производ и услуга со намера да се наведе потрошувачот да го набави производот и услуга во услови што се помалку поволни од вообичаените пазарни услови, се тврди во пазарното однесување дека се нуди наградна игра или промотивна награда без да се доделат опишаните награди или разумен еквивалент, се опише производ и услуга како „гратис“, „бесплатен“, „без надоместок“ или слично кога потрошувачот треба да плати каков било надоместок, освен трошокот што не може да се избегне за да одговори на пазарното однесување и да се подигне или плати испораката на производот и услугата, се вклучи во маркетиншкиот материјал фактура или сличен документ со којшто се бара плаќање, што му дава впечаток на потрошувачот дека тој веќе го нарачал пласираниот производ и услуга, кога тоа не е точно, лажно се тврди или создаде впечаток дека трговецот не дејствува заради цели поврзани со неговото занимање, дејност, занает или професија, или лажно се претставува себеси како потрошувач и се создаде лажен впечаток дека постпродажната услуга во врска со производ е достапна во земјата, различна од таа каде што се продава производот. Агресивно пазарно однесување е, доколку: се создаде впечаток дека потрошувачот не може да ги напушти просториите додека не се направи договор, База на закони www.pravdiko.mk 8 | С т р а н и ц а се прават лични посети во домот на потрошувачот игнорирајќи го барањето на потрошувачот да го напушти или да не се враќа, освен во околности и во мера оправдана, според националното право, за да се изврши договорна обврска, се прават постојани и несакани понуди по телефон, факс, електронска пошта или преку далечински медиуми освен во околности и во мера оправдана согласно со закон, за да се изврши договорна обврска, се бара од потрошувач кој сака да поднесе жалба по осигурителна полиса да обезбеди документи што не може да се сметаат за релевантни во разумна мера за тоа дали жалбата е валидна, или пак систематски да не одговора на постојана кореспонденција, со цел да го разубеди потрошувачот од спроведување на неговите договорни права, се вклучи во реклама за директно принудување на деца да купат рекламирани производи и услуги или да ги убедат нивните родители или други возрасни лица да ги купат рекламираните производи и услуги за нив, се бара итно или одложено плаќање за или враќање или безбедно чување на производи и услуги обезбедени од страна на трговецот, но не на барање на потрошувачот, се информира експлицитно потрошувачот дека доколку не го купи производот и или услугата, работата или живеачката на трговецот ќе бидат загрозени и се создаде лажен впечаток дека потрошувачот веќе освоил, ќе освои или со одредена постапка ќе освои, награда или друга еквивалентна корист, кога: не постои награда или друга еквивалентна корист, или е предмет на плаќање или задолжување од страна на потрошувачот, преземајќи каква било активност во врска со барањето да се добие награда или друга еквивалентна корист. Глава IV Кодекс на однесување Член 31-е Министерството за економија е должно да ги поттикне трговците иматели на кодекс на однесување да го контролираат нечесното работење на оние трговци кои пристапиле кон кодексот, со тоа што контролата на применување на кодексот на однесување може да биде само доуредување, а не заменување на постапката за забраната на нечесно работење утврдено со овој закон. Министерство за економија е должно да ги поттикне трговците иматели на кодекс на однесување да ги информираат потрошувачите за неговото постоење и неговата содржина. ДЕЛ III-б Колективна заштита на потрошувачите Член 31- ж База на закони www.pravdiko.mk 9 | С т р а н и ц а Секое овластено тело може да му предложи на надлежниот инспекторат да покрене постапка пред надлежен суд за престанување на постапување спротивно со одредбите од членовите од 53 до 117 на овој закон. Постапката од ставот 1 на овој член може да се покрене против трговец поединец или група на трговци од иста стопанска дејност кои постапуваат спротивно на одредбите од овој закон и Законот за облигациони односи, коморските и другите здруженија на трговци кои постапиле спротивно, или против оние кои ги пропишале правилата за постапување на трговците кои се однесуваат на нечесно пазарно однесување согласно со одредбите на ДЕЛ III-а членови 31-а, 31-б, 31-в, 31-г, 31-д, 31-ѓ и 31-е од овој закон. Против операторите на средствата за далечинска комуникација кои не постапуваат во согласност со овој и друг закон, овластено тело може да му предложи на надлежниот инспекторат да ја покрене постапката од ставот 1 на овој член. Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не ја ограничуваат можноста надлежниот инспекторат самоиницијативно да покрене постапки против субјектите од ставовите 2 и 3 на овој член кои постапуваат спротивно на овој закон. Тела овластени за покренување на постапки Член 31-з Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за економија, со акт ги определува овластените тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите. Актот од ставот 1 на овој член ќе се достави за внесување во листата на овластените тела на Европската комисија. Доколку постапувањето на одредени трговци или група на трговци со седиште во Република Македонија, е во спротивност со одредбите на овој закон и други прописи кои се наведни во членот 31-ж на овој закон и влијае или може да влијае врз положбата на потрошувачите во некоја држава членка на Европската унија, покренување на постапката од членот 31-ж на овој закон може да предложи здружение за заштита на потрошувачите од таа држава или некое друго независно тело кое според прописите на таа држава е основано заради заштита на заедничките интереси на потрошувачите. Во случаите од ставот 3 на овој член своето овластување да предложи покренување на постапка од членот 31-ж на овој закон, овластените тела за покренување на постапки ќе докажат со листа на овластени тела кои имаат заеднички интерес за заштита на потрошувачите составена од Комисијата на Европската унија, а во која е наведен и тој субјект. База на закони www.pravdiko.mk 10 | С т р а н и ц а Листата од ставот 4 на овој член овластеното тело ќе ја достави истовремено со предлогот за покренување на постапката од членот 31-ж до надлежниот инспекторат во форма на копија од службениот лист на Европската заедница во кој е објавен, со оверен превод на македонски јазик. Докажување Член 31-s Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, трговецот, односно операторот на средства за далечинска комуникација е должен да докаже дека на потрошувачот му доставил претходно известување, односно потврда во писмена форма за претходно известување, односно дека се придржувал на роковите за исполнување на договорот, или договорот склучен по пат на средствата за далечинска комуникација. Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, трговецот односно давателот на услуги е должен да докаже дека ги исполнил своите обврски од претходно известување кон потрошувачот и дека потрошувачот се согласил да склучи договор, односно се согласил давателот на услуги да ги даде договорените услуги пред истекот на рокот за еднострано раскинување на договорот. Во постапката покрената согласно со ставовите 1 и 2 на овој член, докажувањето на доказите е обврска на трговецот, односно операторот на средства за далечинска комуникација. Докази кои не се земаат предвид Член 31-и Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, при одлучувањето дали пазарното однесување е нечесно, нема да се зема предвид дали со таа пракса некому му е причинета штета, односно дали е веројатно дека на некого ќе му биде причинета штета, како и дали субјектот против кого се води постапката е виновен за нечесно пазарно однесување. Докази на потврдување на фактите Член 31-ј Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон е покрената поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, надлежниот инспекторат, доколку е тоа База на закони www.pravdiko.mk 11 | С т р а н и ц а можно, поради околностите на случајот, земајќи ги предвид оправданите интереси на трговецот односно давателот на услуги, може да побара од трговецот, односно давателот на услуги против кого се води постапката, во рок од седум дена да ги достави доказите со кои се потврдува вистинитоста на фактите наведени во рамките на пазарното однесување. Доколку доказите од ставот 1 на овој член не бидат доставени до надлежниот инспекторат, се смета дека доставените докази се непотполни или недоволни, односно невистинити. Решение Член 31-к Доколку надлежниот инспекторат, во спроведувањето на инспекцискиот надзор утврди дека трговецот односно давателот на услуги против кого се води постапката постапил спротивно на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон и одредбите наведени во членот 31-ж од овој закон, со решение ќе нареди трговецот односно давателот на услуги да престане со такво постапување, односно да ги отстрани утврдените неправилности во утврдениот рок во кој неправилностите мора да бидат отстранети. Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон се води поради повредата на одредбите од членовите 53 до 117 на овој закон, трговецот, односно давателот на услуги против кој се води постапката сé уште не започнал со одредено пазарно однесување, а започнувањето на тоа пазарно однесување е извесно, доколку надлежниот инспекторат утврди дека тоа пазарно однесување е нечесно во смисла на одредбите од членовите 31 ж, 31-з, 31-s, 31-и и 31-ј на овој закон, со решение ќе му забрани на трговецот, односно на давателот на услуги против кого се води постапката да го користи тоа пазарно однесување. Објавување на решение Член 31-л Доколку надлежниот инспекторат со решение нареди престанување на постапките кои се спротивни на одредбите на овој закон или други прописи наведени во членот 31-ж од овој закон или доколку забрани такво постапување, ќе му нареди на трговецот односно давателот на услуги против кого се води постапката, на свој трошок јавно да го објави тоа решение во најмалку два дневни весници, односно исправката на неточните известувања. Жалба Член 31-љ База на закони www.pravdiko.mk 12 | С т р а н и ц а Против решението од членот 31-к на овој закон трговецот, односно давателот на услуги против кој се води постапката може во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението да поднесе жалба до надлежниот инспекторат. Жалбата против решението од членот 31-к на овој закон не го одлага неговото извршување. По жалбата изјавена против решението на инспекторот одлучува посебна комисија формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат. Привремени мерки Член 31-м Надлежниот инспекторат е овластен со решение привремено, до донесувањето на конечна одлука да нареди прекинување на одредени постапки за кои постои оправдано сомнение дека се спротивни на одредбите на овој закон и други прописи наведени во членот 31-ж на овој закон. Жалбата против решението од ставот 1 на овој член не го одлага неговото извршување. Против решението од членот 31-к на овој закон трговецот, односно давателот на услуги против кој се води постапка може да изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението. Жалбата против решението од членот 31-к на овој закон не го одлага неговото извршување. По жалбата изјавена против решението на инспекторот одлучува посебна комисија формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат. Постапка пред суд Член 31-н Покренување или водење на постапки покренати врз основа на членот 31-ж од овој закон не го спречува лицето на кое, постапувањето на трговците кое е спротивно на овој закон и другите прописи кои се наведени во членот 31-ж од овој закон, му предизвикало штета, да покрене постапка пред надлежниот суд за надомест на штета против трговецот, односно давателот на услуги кој со недозволени постапки ја причинил штетата, пред надлежниот суд да ја покрене постапката за поништување или утврдување ништовност на договорот кој е склучен под влијание на недозволено постапување, односно пред надлежниот суд да покрене која било друга постапка со која ќе се бара остварување на правата кои му припаѓаат врз основа на правилата содржани во овој или друг закон. База на закони www.pravdiko.mk 13 | С т р а н и ц а Контрола на нечесно пазарно однесување Член 31-њ Доколку постапката од членот 31-ж на овој закон се покренува поради повреда на одредбите од членовите од 53 до 117 на овој закон, покренување на тие постапки не ја исклучува можноста за контрола на нечесно пазарно однесување од страна на имателите на кодексот на однесување, ниту ја исклучува можноста телата овластени за покренување постапки наведени во членот 31-з на овој закон, да покренат пред имателот на кодексот на однесување соодветна постапка против оние трговци кои постапиле спротивно на правилата за пазарно однесување. Член 4 Во ДЕЛ IV Главата 2 се брише. Член 5 Членот 131 се менува и гласи: „Државните инспектори или овластени лица за вршење на непос реден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена ако утврдат дека: 1) не му ја даде наградата на потрошувачот веднаш или најдоцна во рок од осум дена од купувањето на производот и давањето на услугата, доколку истата ја ветил дека ќе ја добие со купувањето на производот или со давањето на услугата (член 7 став 1); 2) организира наградна игра и не му ја даде ветената награда на потрошувачот во рок од осум дена од завршувањето на наградната игра (член 7 став 2); 3) на потрошувачот не му издаде фискална сметка, односно јасно видлива и читливо напишано сметкопотврда или фактура (член 20 став 1); 4) не издаде гаранција за квалитетот, односно за исправното функционирање на производот, документ за начинот на употреба на производот не обезбеди сервис за одржување и поправка и снабдување со резервни делови во гарантниот рок и најмалку за пет години од денот на производството на производот, но не помалку од две години од денот на истекот на гаранцијата на производот и рок во кој давателот на гаранцијата е должен да постапи по барањето на корисникот на гаранцијата и да ги отстрани дефектите и недостатоците на производот кои не ги исполнуваат спецификациите наведени во гаранцијата или неисправниот производ, по три извршени сервисирања да го замени со ист таков нов и исправен производ или да му го врати на потрошувачот платениот износ на купениот производ (член 22 ставови 1 и 3 алинеја 5); 5) пушти во продажба производи кои немаат декларации или ако декларацијата не ги содржи сите податоци пропишани во членот 23 ставови 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон; 6) не го удоволи барањето на потрошувачот поднесено во смисла на членот 43 на овој закон и База на закони www.pravdiko.mk 14 | С т р а н и ц а 7) не постапи по барањето на потрошувачот во случаите од членовите 45 став 2, 46 став 2, 48 ставови 1 и 2 и 50 на овој закон. Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана на вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец - физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец - правно лице. Против решението од ставот 2 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена до Комисијата формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат. Жалбата изјавена против решението од ставот 2 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 6 Членот 133 се брише. Член 7 Членот 134 се менува и гласи: „Државните инспектори или овластени лица за вршење на непосреден надзор се должни да му укажат на трговецот да ги отстрани утврдените недостатоци во рок од пет работни дена, ако утврдат дека: 1) потрошувачот не биде известен за влијанието на одредени производи врз животната средина и здравјето на луѓето согласно со прописите и стандардите, како и за мерките за заштита преку упатство дадено со производот истакнато на амбалажата на производот или на друг соодветен начин (член 5 став 1 алинеја 2); 2) нуди бесплатно вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки (член 17 став 2); 3) пушти во промет производи, односно дава услуги што не ги исполнуваат условите од членовите 32 и 33 на овој закон и 4) во рамките на своето редовно работење не дава информации за ризиците на производот во текот на нормален и разумно предвидлив период на употреба каде што таквите ризици не се очигледни и не преземе мерки на претпазливост од тие ризици и не соработува при спроведувањето на дејствијата преземени за избегнување на таквите ризици (член 35 став 1).Доколку трговецот не постапи по укажувањето од ставот 1 на овој член државните инспектори или овластените лица за вршење на непосреден надзор ќе донесат решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од седум работни дена за трговец - физичко лице, или во траење од 15 работни дена за трговец правно лице. Во случаите од ставот 1 на овој член инспекторот привремено ќе ги одземе производите. База на закони www.pravdiko.mk 15 | С т р а н и ц а За одземените производи од ставот 1 на овој член инспекторот ќе издаде потврда за привремено одземените производи. Против решението од ставот 2 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена до Комисијата формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат. Жалбата изјавена против решението од ставот 2 на овој член не го одлага неговото извршување. Член 8 Членот 135 се менува и гласи: „Прекршочни органи за водење на прекршочна постапка согласно со овој закон се Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Агенција за храна и ветеринарство кои одлучуваат за прекршоците од овој закон во рамките на своите овластувања предвидени со закон. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 1, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19 и 21 и членот 138 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот пазарен инспекторат. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 3, 5, 10, 11, 13, 14, 15 и 16 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Државниот инспекторат за земјоделство. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 10, 13, 14 и 15 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 14 и 15 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Државниот инспекторат за животна средина. За прекршоците утврдени во членот 137 став 1 точки 2, 10, 13, 14 и 16 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 9 Членот 135-а се менува и гласи: „Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот инспектор или овластеното лице за вршење на непосреден надзор утврди дека е сторена неправилност од членот 138 на овој закон државниот инспектор или овластеното лице за вршење на непосреден База на закони www.pravdiko.mk 16 | С т р а н и ц а надзор е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот кој раководи со органот на управата надлежен за вршење на работите од соодветната област. Едукацијата ја организира и спроведува надлежниот инспекторат, кој го извршил инспекцискиот надзор во рок не подолг од 15 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата не е спроведена. Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукацијата се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност. Доколку надлежниот инспекторат или овластеното лице за вршење на непосреден надзор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор. Доколку надлежниот инспекторат или овластеното лице за вршење на непосреден надзор при спроведувањето на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член,поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред прекршочна комисија формирана согласно со Законот за Државниот пазарен инспекторат. Надлежниот инспекторат, кој го извршил инспекцискиот надзор и кој ја организирал и спровел едукацијата, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од соодветната област. Член 10 Надлежниот инспекторат, подготвува квартален извештај за својата работа и истиот го објавува на веб страницата на инспекторатот. База на закони www.pravdiko.mk 17 | С т р а н и ц а Член 11 Членoвите 135-б, 135-в и 135-г се бришат. Член 12 Во членот 136 износите “од 3.500 до 5.000 евра“ се заменуваат со износите “од “2.000 до 4.000 евра”. Во членот 136 став 1 по точката 39 се додава нова точка 40, која гласи: “40) преземе активности на нечесно, измамничко и агресивно пазарно однесување (членови 31-а, 31-б, 31-в, 31-г и 31-д).” По ставот 4 се додаваaт два нови става 5 и 6, кои гласат: „Глоба во износ од 400 до 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. За прекршоците утврдени во овој член државниот инспектор или овластеното лица за вршење на непосреден надзор е должен да му предложи на сторителот на прекршокот постапка за порамнување пред да поднесе барање за прекршочна постапка пред надлежниот суд.” Член 13 Членот 137 се менува и гласи: „Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, ако: 1) пред склучувањето на договорот за продажба не постапи во смисла на одредбите од членот 5 став 1 алинеја 1 на овој закон; 2) потрошувачот не биде известен за влијанието на одредени производи врз животната средина и здравјето на луѓето согласно со прописите и стандардите, како и за мерките за заштита преку упатство дадено со производот истакнато на амбалажата на производот или на друг соодветен начин (член 5 став 1 алинеја 2); 3) посебните продажни услови за одделни производи и услуги не ги истакне јасно и на видно место на продажните места (член 6 став 2); 4) на одделни групи на потрошувачи им одобрува посебни продажни услови (младенци, инвалиди, пензионери, студенти и слично) и тие услови не бидат јасно и на видно место истакнати во продажниот простор (член 6 став 4); 5) за извршените услуги за поправка и одржување на производите чијашто вредност е поголема од 5.000 денари, не му достави на потрошувачот пресметка и работен налог со опис на работите, употребениот материјал или делови за поправка и одржување (член 6 став 7); 6) без претходно добиена писмена согласност од потрошувачот го прошири работниот налог со зголемување на цената за повеќе од 5% (член 6 став 8); База на закони www.pravdiko.mk 18 | С т р а н и ц а 7) продажната цена не е крајна цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, во која не е вклучен данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки (член 8 став 2); 8) постапи спротивно на одредбата од членот 8 став 8 на овој закон; 9) не се придржува на истакнатите продажни цени и условите за продажба (член 8 став 9); 10) производот го продава во амбалажа што е штетна за здравјето на луѓето, не е приспособена на формата и количината на производот и го доведува во заблуда потрошувачот по однос на количината и големината на производот (член 10 став 2); 11) за производите во рефусна состојба не се истакне декларација јасно видливо и читливо на амбалажата во која производот се става за продажба или на продажното место (член 11 став 3); 12) нуди бесплатно или заедно со некој друг производ вештачки млека и друга храна наменета за доенчиња до шест месечна возраст, шишиња и цуцли и цуцли лажалки (член 17 став 2); 13) пушти во продажба производи кои немаат декларации или ако декларацијата не ги содржи сите податоци пропишани во членот 23 ставови 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон; 14) пушти во промет производи, односно дава услуги што не ги исполнуваат условите од членовите 32 и 33 на овој закон; 15) не го замени купениот прехранбен производ со недостаток со производ со соодветен квалитет или на потрошувачот не му го врати платениот износ доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува (член 44); 16) не го извести писмено потрошувачот за неговото право еднострано да го раскине договорот со изјава во моментот на склучување на договорот (член 107 став 1) и 17) не се произнесе во рок од 30 дена од денот на поднесениот приговор (член 118 став 4). Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 400 евра ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член. За прекршоците утврдени во овој член државниот инспектор или овластеното лица за вршење на непосреден надзор е должен да му предложи на сторителот на прекршокот постапка за порамнување пред да поднесе барање за прекршочна постапка пред Прекршочната комисија формирана согласно со законот за Државниот пазарен инспекторат.” Член 14 Членот 138 се менува и гласи: „Глоба во износ од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на самото место на правното лице, ако: База на закони www.pravdiko.mk 19 | С т р а н и ц а 1) јасно и на видно место во продажниот простор не ги истакне своите продажни услови (член 6 став 1); 2) на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин не ја истакне продажната цена на производите или услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава (член 8 став 1); 3) цената на производот, односно услугата не е означена во денари, освен ако со друг закон поинаку не е уредено (член 8 став 1 точка 3); 4) при продажбата на производите во рефусна состојба не ја истакне само цената за единица мерка на продажното место на производот (член 8 став 5); 5) при истакнување на податоци за нето тежина за претходно спакувани производи не истакне цена за нето единица мерка (член 8 став 7); 6) продава производи кои имаат недостаток или грешка, а физички не ги одвоил од другите производи и јасно, видливо и читливо не обележал на производот и на продажното место не истакнал натпис дека се работи за продажба на производи со недостаток или грешка (член 9); 7) производот го продава во несоодветна амбалажа (член 10 став 1); 8) јасно и на видно место не ја истакне цената на посебната хартија за завиткување и дополнителните украси, како и цената на тие производи и услугата за завиткување (член 10 став 3); 9) врши продажба на производите во рефусна состојба кои не се претходно спакувани, не ги мери во присуство на потрошувачот (член 11 став 1); 10) продажбата на производите во рефусна состојба не ги спакува во соодветна амбалажа (член 11 став 2); 11) означувањата што упатуваат на распродажба, односно намалување на цените не се вршат во смисла на одредбите од членот 12 ставови 1 и 2 на овој закон; 12) физички не ги одвои производите за распродажба од производите кои не се на распродажба и јасно и на видно место не истакне натпис дека се работи за распродажба (член 13 став 1); 13) при распродажба на производите со грешка не истакне натпис со кој ќе се запознае потрошувачот во што се состои грешката на производот (член 12 став 2) и 14) производите кои не се на распродажба поради изменување на рокот на употреба не ги одвои на посебен со јасно и на видно место истакнато известување за причината за намалување на цените и крајниот рок на употреба на производот (член 14). Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на самото место и на одговорното лице во правното лице за дејствијата од ставот 1 на овој член. Глоба во износ од 400 евра во денарска противредност ќе му се изрече на физичкото лице за прекршоците од ставот 1 на овој член.” Член 15 Членовите 139, 140 и 141 се бришат. База на закони www.pravdiko.mk 20 | С т р а н и ц а ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 16 Членовите од 31-ж, 31-з, 31-ѕ, 31-и, 31-ј, 31-к, 31-л, 31-љ, 31-м, 31-н, 31-њ и 31-е на овој закон влегуваат во сила во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 17 Актот од членот 31-з на овој закон ќе се донесе во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Актите од членот 9 на овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 18 Одредбите од членовите 31-м и 31-н на овој закон ќе се применуваат со започнување на примената на Законот за инспекциски надзор. Член 19 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”

Law amending the Law on consumer protection · Nelum