Law amending the Law on animal food safety
Made 2011-12-27 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за дополнување на законот за безбедност на храна за животни.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock
- Keywords
- animal feed/feedstuffs, animal health, residues, inspection, internal trade, international trade, institution, governance
- Categories
- *
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година 1 од 4 20120010005 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 27 декември 2011 година. Бр. 07- 5402/1 Претседател 27 декември 2011 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ Член 1 Во Законот за безбедност на храната за животни („Службен весник на Република Македонија“ број 145/10 и 53/11), во членот 4 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор се применува Законот за инспекциски надзор и Законот за безбедност на храна, доколку со овој закон поинаку не е уредено.“ Член 2 Во членот 9 став (1) зборовите: „го информира Министерството за земјоделство, шумарсво и водостопанство и“ се заменуваат со зборовите: „ја информира“. Член 3 Членот 17 се менува и гласи: “Надлежен орган Надлежен орган за спроведување на управните и стручните работи утврдени со овој закон е Агенцијата за храна и ветеринарство (во натамошниот текст: Агенцијата).” Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година 2 од 4 Член 4 Во членот 18 став (1) зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на директорот на Управата за ветеринарство” се заменуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата”. Член 5 Во членот 25 став (7) зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на Управата за ветеринарство” се заменуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата”. Член 6 Во членот 26 ставовите (4), (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21), (22) и (23) се бришат. Ставот (24) станува став (4). Член 7 Во членот 27 ставот (3) се менува и гласи: „Пред да го издаде одобрението од ставот (2) на овој член, Агенцијата врши аудит на самото место.“ Ставот (4) се брише. По ставот (5) кој станува став (4) се додаваат 18 нови става (5), (6), (7), (8), (9), (10), (11), (12), (13), (14), (15), (16), (17), (18), (19), (20), (21) и (22), кои гласат: „(5) Агенцијата во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за одобрување од ставот (2) на овој член донесува решение со кое одлучува по барањето за одобрување на операторите со храна за животни и објектите под нивна контрола. (6) Доколку Агенцијата не донесе решение за одобрување, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот (5) на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на директорот на Агенцијата, за донесување на решение по поднесеното барање. Доколку директорот на Агенцијата нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Агенцијата. (7) Формата и содржината на барањето од ставот (6) на овој член ги пропишува директорот на Агенцијата. (8) Кон барањето за издавање решение за одобрување од ставот (6) на овој член подносителот на барањето доставува и копија од барањето од ставот (2) на овој член. (9) Директорот на Агенцијата е должен во рок од пет работни дена од денот на приемот на барањето од ставот (6) на овој член да донесе решение со кое барањето за издавање на решение за одобрување е уважено или одбиено. (10) Доколку директорот на Агенцијата не донесе решение во рокот од ставот (9) на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. (11) Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето од ставот (10) на овој член да изврши надзор во Агенцијата дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. (12) Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува директорот на Агенцијата во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година 3 од 4 (13) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (12) на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој директорот на Агенцијата ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (14) Доколку директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство не одлучи и во дополнителниот рок од ставот (13) на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (15) Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот (10) на овој член, подносителот на барањето во рок од пет дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат. (16) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа приговорот од ставот (15) на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на барањето од ставот (10) и/или не поднесе пријава согласно со ставот (13) на овој член, Директорот на државниот управен инспекторат ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната инспекција и за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Агенцијата дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (17) Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот (16) на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки. (18) Во случајот од ставот (17) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш. (19) Во случаите од ставот (18) на овој член директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето. (20) Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот (16) на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител, во рок од осум работни дена. (21) Доколку директорот на Агенцијата не одлучи во рокот од ставот (14) на овој член, подносителот на барањето може да поведе управен спор пред надлежниот суд. (22) Постапката пред Управниот суд е итна.“ Ставовите (6) и (7) стануваат ставови (23) и (24). Ставот (8) кој станува став (25) се менува и гласи: „(25) Операторот со храна за животни против решението на Агенцијата со кое се одбива неговото барање за одобрување може да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.“ Ставот (9) се брише. Ставот (10) станува став (26). Службен весник на РМ, бр. 1 од 3.1.2012 година 4 од 4 Член 8 Во членот 63 став (1) зборовите: “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на предлог на директорот на Управата за ветеринарство” се заменуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата”. Во ставот (2) зборот „министерот“ се заменува со зборовите: „директорот на Агенцијата“. Член 9 Во членот 66 став (1) зборовите: „Министерството за змјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборот „Агенцијата“. Член 10 Во членот 67 став (1) зборовите: „министерот надлежен за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборовите: „директорот на Агенцијата“. Член 11 Во членот 94 ставот (4) се брише. Ставот (5) станува став (4). Член 12 Во членот 105 став (3) по зборовите: „став (2)“ се додаваат зборовите: „и (3)“. Член 13 Во целиот текст на законот зборовите: „министерот за земјоделство. шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата“. Член 14 Во целиот текст на законот зборовите: „директорот на Управата за ветеринарство“ се заменуваат со зборовите: “директорот на Агенцијата“. Член 15 Во целиот текст на законот зборовите: „Управата за ветеринарство“ се заменуваат со зборот “Агенцијата“. Член 16 Подзаконскиот акт од членот 7 од овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 17 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.