Law amending the Law on animal by-products
Made 2014-09-24 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Закон за изменување и дополнување на законот за нуспроизводи од животинско потекло.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Act
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Livestock, Food and nutrition
- Keywords
- animal by-products, standards, food safety and quality, HACCP
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 1 од 8 20141444487 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 24 септември 2014 година. Бр. 07- 3604/1 Претседател 24 септември 2014 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО Член 1 Во Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија“ брoj 113/2007) членот 1 се менува и гласи: „(1) Со овој закон се уредуваат категоризацијата, собирањето, идентификација, транспортот, отстранувањето, преработката, употребата и складирањето на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати од аспект на здравствената заштита на животните, безбедност на храната и безбедност на храната за животни. (2) Одредбите на овој закон се применуваат од почетната точка на нуспроизводите и нивните деривати односно веднаш штом нуспроизводите и нивните деривати бидат генерирани од страна на операторот. (3) На нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати, покрај одредбите од овој закон се применуваат и одредбите од другите закони од областа на ветеринарното здравство, безбедност на храната, храната за животни и заштитата на животната средина, доколку со овој закон поинаку не е уредено. “. Член 2 Членот 3 се менува и гласи: „Примена Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 2 од 8 (1) Одредбите од овој закон се применуваат на: а) нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати; б) производи кои со одлука на операторот се исклучуваат од исхраната на луѓето и се користат за друга намена, и тоа: производи од животинско потекло кои можат да бидат наменети за исхрана на луѓето и сировини за производство на производи од животинско потекло. (2) Одредбите од овој закон не се применуваат на одредени нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати кои поради своите особини и ризикот по здравјето на животните, јавното здравје и заштитата на животната средина не претставуваат ризик и се надвор од целта на уредување на овој закон.”. Член 3 Во членот 4 став (2) по точката 74 се додаваат три нови точки 75, 76 и 77, кои гласат: „75. “Надлежен орган на трета земја“ е орган на трета земја кој е надлежен за спроведување на усогласеност со барањата од законодавството за нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати или тело на кое тие надлежности се доделени; 76. “Корисник на нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати“ е физичко или правно лице кое користи нуспроизводи од животинско потекло или нивни деривати за посебна исхрана на животни, за истражување или други посебни намени; 77. “Дериват“ е производ добиен со еден или повеќе третмани, трансформации или чекори од обработка на нуспроизводите од животинско потекло. “ Точките 75 и 76 стануваат точки 78 и 79. Член 4 Во членот 5 зборовите: „Управата за ветеринарство во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборовите „Агенција за храна и ветеринарство“. Член 5 По членот 5 се додаваат два нови члена 5-а и 5-б, кои гласат: „ Член 5-а Супсидијарна примена на законот (1) Во постапката за издавање на решенија ќе се применува Законот за општа управна постапка доколку со овој закон поинаку не е уредено. (2) Во постапката за вршење на инспекциски надзор ќе се применува Законот за инспекциски надзор, Законот за безбедност на храната и Законот за ветеринарно здравство доколку со овој закон поинаку не е уредено. (3) Во постапките во врска со одобрување на објектите и/или активностите, едукација и работата на прекршочна комисија се применуваат одредбите од Законот за безбедност на храната. Член 5-б Заради одржување или унапредување на нивото на заштита на здравјето на луѓето и животните во Република Македонија, директорот на Агенцијата може да донесе мерки за здравствена заштита на луѓето и животните, да пропише дополнителни услови, да Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 3 од 8 објави листи или да даде одобрение врз основа на критериумите и стандардите кои се применуваат во Европската унија, а кои се донесени врз основа на процена на можните ризици по здравјето на луѓето и животните и согласно со научни докази, по спроведената постапка од страна на Европската комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храната и ветеринарната политика.“. Член 6 По членот 6 се додава нов член 6-а, кој гласи: „Член 6-а (1) Дериватите на нуспроизводи од животинско потекло кои согласно законодавство од одредена област се преработени како козметички производи, активни медицински инпланти, медицински помагала, медицински помагала за инвитро дијагностика, ветеринарно медицински препарати и медицински производи, се сметаат дека ја достигнале крајната точка во производниот процес и за нив не се применуваат одредбите од овој закон. Овие производи понатаму може да се ставаат во промет без ограничувања утврдени во овој закон и не се предмет на официјални контроли во согласност со овој закон. (2) Крајната точка во производствениот процес на дериватите на нуспроизводи од животинско потекло по која тие нема да бидат предмет на овој закон може да се измени за: 1) производи, како што се козметички производи, активни медицински инпланти, медицински помагала и медицински помагала за инвитро дијагностика, доколку претставуваат ризик за здравјето на животните и 2) производи, како што се ветеринарно медицински препарати и медицински производи, доколку претставуваат ризик за здравјето на луѓето или за здравјето на животните. (3) Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ја објавува Листата на деривати на нуспроизводи од животинско потекло од ставовите (1) и (2) на овој член. (4) Во случај кога нуспроизводите од животинско потекло и други деривати на нуспроизводи од животинско потекло претставуваат ризик по здравјето на луѓето и животните, Агенцијата за храна и ветеринарство презема мерки согласно членот 38 од Законот за безбедност на храната. (5) Нештетното отстранување на нуспроизводите од животинско потекло се врши со горење, согорување и преработка во преработувачки објекти со соодветни методи за преработка. (6) По исклучок од ставот (5) на овој член до воспоставување на функционален систем за нештетно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло, отстранувањето на нуспроизводите од животинско потекло може да се врши на начин кој не влијае негативно врз животната средина и здравјето на луѓето со закопување во депонии кои се управувани од страна на јавни комунални претпријатија или од правни лица кои имаат овластување за вршење на дејност депонирање на отпад.“. Член 7 Членот 7 се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 4 од 8 „Стратегија за управување со нуспроизводи од животинско потекло (1) Владата на Република Македонија донесува Стратегија за интегриран систем на управување со нуспроизводи и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло за период од пет години. (2) Стратегијата за интегриран систем на управување со нуспроизводи и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло содржи определби во однос на: а) вид, количество и потекло на нуспроизводите од животинско потекло кои треба да се преработат или отстранат; б) општи технички услови и посебни услови за одделни нуспроизводи и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло; в) поволни места за депонии и инсталации за согорување; г) развивање на технологии кои ќе ја намалат потрошувачката на природните ресурси и технички развој на производи дизајнирани со цел да не придонесуваат или придонесуваат во многу мала мера во зголемувањето на степенот на штетност и ризикот од загадување преку начинот на кој се произведени, употребени или отстранети; д) развој на најподобни техники за финално отстранување на опасни материјали содржани во нуспроизводи и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло кои се наменети за повторно оспособување; ѓ) оспособување на нуспроизводи и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло преку рециклирање, повторна употреба или нивна употреба преку друг процес со кој се добива секундарен суров материјал; е) употреба на нуспроизводи и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло како извор на енергија и ж) мерки со кои се обезбедува нуспроизводите и дериватите на нуспроизводи од животинско потекло да не: претставуваат ризик за водата, воздухот, почвата, растенијата и животните, предизвикаaт непријатности преку бучава или смрдеа и предизвикуваат несакани дејствија кон околината и местата од посебен интерес. (3) За спроведување на мерките од ставот (2) точки г), д), ѓ) и е) на овој член, средства се обезбедуваат од Програмата за ветеринарно јавно здравство согласно со Законот за ветеринарно здравство. (4) За спроведување на мерките од ставот (2) точка ж) на овој член средствата се на товар на операторот.“. Член 8 (1) Во членот 9 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи: „(2) Дериватите на нуспроизводи од животинско потекло се категоризираат согласно категоријата на нуспроизводи од животинско потекло од која потекнуваат.“. (2) По ставот (2) кој станува став (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Директорот на Агенцијата објавува листата на нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати од ставот (2) на овој член.“. Член 9 Членот 14 се менува и гласи: Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 5 од 8 „(1) Нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати можат да се собираат, складираат, преработуваат и нештетно отстрануваат од правни лица кои имаат одобрение или регистрација за соодветната активност издадени од Агенцијата. (2) Операторите со нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати мора да исполнуваат минимални услови во поглед на објектот, инфраструктурата, опремата, начинот на работа и внатрешните системи на контрола за соодветна активност согласно овој закон и прописите донесени врз овој закон. (3) Агенцијата води регистар на објектите и/или активностите, со исклучок на генераторите на нуспроизводи од животинско потекло во примарното производство на храна и кај операторите со храна кои се регистрирани и/или одобрени во согласност со Законот за безбедност на храната, за: 1) преработка на нуспроизводи од животинско потекло кои не ја достигнале крајната точка во производниот процес; 2) превоз; 3) специфични корисници и 4) оператори со храна кои се регистрирани и/или одобрени во согласност со Законот за безбедност на храната и ставаат во промет деривати на нуспроизводи кои не се наменети за исхрана на луѓето. (4) Агенцијата издава одобрение за операторите и објектите за нуспроизводи од животинско потекло, за: 1) преработка на нуспроизводи од животинско потекло со стандардните методи на обработка или со алтернативни методи на обработка; 2) инсталации за горење или согорување со исклучок на инсталациите кои се одобрени во согласност со законодавството од областа на заштита на животната средина; 3) согорување на деривати на нуспроизводи од животинско потекло како гориво; 4) производство на храна за домашни миленици; 5) производство на органско ѓубриво и подобрувачи на почвата; 6) трансформација на нуспроизводи во биогас и компост; 7) ракување и складирање на нуспроизводи од животинско потекло по нивното собирање и 8) складирање на деривати од нуспроизводи од животинско потекло кои се наменети за нештетно отстранување, гориво во процесот на согорување, храна за животни, органски ѓубрива и подобрувачи на почвата. (5) Операторите со нуспроизводи од животинско потекло од ставот (3) на овој член треба да поднесат барање за одобрување или регистрација до Агенцијата. (6) Операторите треба да обезбедат дека објектите и/или активностите под нивна контрола се одобрени или регистрирани од страна на Агенцијата во случај кога тие активности се уредени со овој закон. (7) Директорот на Агенцијата ја пропишува листата на објекти и/или активности кои треба да бидат одобрени односно регистрирани согласно ставот (3) на овој член. (8) Трошоците на постапката во врска со одобрувањето и регистрацијата на објектите и/или активностите се на товар на операторот со нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати. (9) Висината на трошоците за постапката на одобрување и регистрација од ставот (7) на овој член ги пропишува Владата на Република Македонија, врз основ на реалните трошоци потребни за нивно одобрување односно регистрација. Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 6 од 8 (10) Доколку се утврдат сериозни недостатоци, Агенцијата донесува решение за започнување постапка за бришење на регистрацијата или повлекување на одобренијата за работа на објектите или погоните. (11) Агенцијата води Регистер на издадени одобренија и Регистар на оператори со нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати. (12) Директорот на Агенцијата ги пропишува посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, начинот и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат операторите и објектите со нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати како и начинот на вршење на официјалните контроли на нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати, формата и содржината и начинот на водење на регистарот; формата, содржината и начинот на поднесување на барањето од ставот (2) на овој член; начинот на регистрација и одобрување на оператори, објекти и погони за нуспроизводи од животинско потекло; формата и содржината на одобрението; и условите за започнување на постапка за бришење на регистрацијата и повлекување на одобренијата за работа на операторите и објектите. (13) Директорот на Агенцијата ги пропишува посебните услови кои треба да ги исполнуваат преработените животински протеини и други преработени производи кои може да се користат како материјал за исхрана на животните во однос на стандардите за преработка, суровините, складирањето, увозот и хигиенските услови, како и условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и технички објекти и посебните технички услови за храната за домашни миленици и кучешки грицкалици во однос на суровините, стандардите за преработка и увозот. (14) Агенцијата води и редовно ажурира Листа на регистрирани и одобрени објекти во согласност со овој закон која ја објавува на својата веб страна.“. Член 10 Членот 21 се менува и гласи: „Внатрешни контроли во објектите (1) Операторите се должни да воведат, применуваат и одржуваат системи на сопствени внатрешни контроли заради обезбедување и потврдување на исполнувањето и спроведувањето на одредбите на овој закон. (2) Операторите кои вршат активности на преработка на нуспроизводи од животинско потекло; трансформација на нуспроизводите во биогас и компост; ракување и складирање на повеќе од една категорија на нуспроизводи или нивните деривати во ист објект или погон и производство на храна за домашни миленици се должни да воспостават, спроведат и одржуваат перманентни процедури развиени во согласност со принципите на системот на анализа на ризици и критични контролни точки (во натамошниот текст: HACCP). (3) Директорот на Агенцијата ги пропишува упатствата за процедурите за вршење на сопствените внатрешни контроли и упатствата за процедурите за примена на HACCP системите, фреквенцијата на контролите, начинот на земање мостри и методите за лабораториско испитување како и начинот на вршење на официјалните контроли и ја објавува деталната листа на оператори и активности од ставот (2) на овој член.“. Член 11 Во членот 22 став (2) зборовите „врши Управата за ветеринарство преку“ се заменуваат со зборот „вршат“. Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 7 од 8 Член 12 Членот 23 се менува и гласи: „(1) Директорот на Агенцијата изготвува предлог на Годишна програма за работа на инспекциската служба и истата ја доставува до Инспекцискиот совет, најдоцна до 31 октомври во тековната година за следната година. (2) Директорот ја донесува Годишната програма за работа на инспекциската служба во рок од седум дена од денот на приемот на мислењето дадено од страна на Инспекцискиот совет, односно најдоцна до 10 декември во тековната година доколку Инспекцискиот совет не ја разгледа и не достави мислење до 30 ноември во тековната година. (3) Врз основа на донесената Годишна програма за работа на инспекциската служба директорот подготвува квартални планови за работа за секој инспектор кои збирно ги доставува на разгледување до Инспекцискиот совет најдоцна две недели пред почетокот на нареден календарски квартал и тоа до 15 декември за првиот квартал од следната година, до 15 март за вториот, до 15 јуни за третиот, односно до 15 септември за четвртиот квартал во тековната година. (4) Во кварталните планови за работа за секој инспектор директорот задолжително го внесува бројот на планирани надзори во следните три месеци, како и степенот на сложеност на секој од надзорите. (5) Врз основа на кварталните планови за секој инспектор директорот подготвува месечен план за работа, кој план содржи и распоред на надзори по датуми и по субјекти на надзор. (6) Директорот најдоцна две недели од почетокот на тековниот календарски квартал за претходниот до Инспекцискиот совет збирно доставува квартални извештаи за работата на секој инспектор и тоа до 15 јануари за четвртиот квартал од претходната година, до 15 април за првиот квартал, до 15 јули за вториот, односно до 15 октомври за третиот квартал во тековната година. (7) Директорот најдоцна до 1 март во тековната година, до Инспекцискиот совет доставува Годишен извештај за работата на инспекциската служба за претходната година.“. Член 13 Во членот 24 ставот (4) се менува и гласи: „Против решението на инспекторот од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во рок од осум дена од денот на приемот на решението.“. Член 14 Во членот 25 ставот (3) се менува и гласи: „Против решението на инспекторот од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во рок од осум дена од денот на приемот на решението.“. Член 15 Во членот 31 зборовите „води и прекршочна санкција изрекува органот на државна управа надлежен за работите од областа на ветеринарството, на начин утврден Службен весник на РМ, бр. 144 од 30.09.2014 година 8 од 8 согласно Законот за ветеринарно здравство” се заменуваат со зборовите „се води и прекршочна санкција се изрекува согласно Законот за безбедност на храната.”. Член 16 (1) Во текстот на законот зборовите “министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство“ се заменуваат со зборовите „директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство“ и зборовите „Управата за ветеринарство“ се заменуваат со зборовите „Агенцијата за храна и ветеринарство“. (2) Во текстот на законот по зборовите „нуспроизводи од животинско потекло“ се додаваат зборовите „и нивните деривати“. Член 17 Влегување во сила Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.