Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Law amending the Law on agriculture and rural development

Made 2013-01-25 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.
Language
Macedonian
Kind
Act
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development
Keywords
agricultural development, financial agricultural measures, legal proceedings/administrative proceedings, offences/penalties, rural development

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 1 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Сл. Весник на Р. Македонија, бр.15 од 25.01.2013 година Член 1 Во Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 49/10, 53/11 и 126/12), во членот 2 по точката 32 се додаваат две нови точки 33 и 34, кои гласат: „33. Капитална поврзаност е директно или индиректно поседување, контролирање или држење на 5% или повеќе акции или емитувани удели со право на глас, од страна на еден субјект во друг; 34. Семејна поврзаност е поврзаност на лица кои се сметаат за членови на исто семејство и се во следново сродство: маж и жена; родител и дете; брат и сестра (било целосно или полукрвно сродство); баба или дедо и внуци; чичко, вујко, тетин, стрина, вујна или тетка и внук или внука; родители на сопружниците и зет или снаа; девер, шура или баџанак и јатрва, снаа, золва или шура;“. Точките 33 и 34 стануваат точки 35 и 36. Член 2 Во членот 14 став (1) по зборот „корисници“ се додаваат зборовите: „и земјоделските задруги регистрирани согласно со Законот на земјоделски задруги“. Член 3 Членот 15 се менува и гласи: „(1) Министерството води единствен регистар на земјоделски стопанства (во натамошниот текст: ЕРЗС). (2) Во ЕРЗС задолжително се запишуваат земјоделски стопанства кои: 1) бараат остварување на правото за користење на средства од мерките согласно со овој закон и 2) се запишани во регистрите формирани согласно со законите од областа на земјоделството, сточарството, рибарството и аквакултурата, ветеринарството, безбедноста на храна и здравје и заштита на растенијата. (3) Основа за водење на ЕРЗС и неговото поврзување со други регистри е единствениот идентификациски број на земјоделското стопанство (во натамошниот текст: ИДБР). (4) ИДБР се одредува при упис на земјоделското стопанство во ЕРЗС при што на едно земјоделско стопанство му се доделува еден ИДБР. (5) Употребата на ИДБР е задолжителна во сите регистри формирани согласно со закон. (6) Носителот на семејно земјоделско стопанство и членовите на семејното земјоделско стопанство се семејно поврзани и може да се запишат само во едно семејно земјоделско стопанство во регистарот од ставот (1) на овој член. (7) Носител на семејно земјоделско стопанство е член на семејното земјоделско стопанство кој е овластен од другите членови на семејното земјоделско стопанство. (8) Местото на живеење на носителот и членовите на семејно земјоделско стопанство задолжително е на иста адреса на живеење. (9) Во случај кога адресата на живеење е и седиште на правно лице носител на земјоделско стопанство се запишува едно земјоделско стопанство во регистарот од ставот (1) на овој член. (10) Едно правно лице може да е запишано како носител на едно земјоделско стопанство. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 2 (11) Доколку едно правно лице носител на земјоделско стопанство учествува во сопственичка структура на друго правно лице носител на земјоделско стопанство, односно постои капитална поврзаност меѓу правни лица носители на земјоделски стопанства, во ЕРЗС се запишуваат како едно земјоделското стопанство. (12) Носителот на земјоделското стопанство е обврзан секоја промена на податоците во ЕРЗС да ја пријави во Министерството во рок од 15 дена од настанатата промена. (13) Барање за промена на податоците во единствениот регистар на земјоделски стопанства може да поднесе и друг овластен член на семејното земјоделско стопанство од редот на наследници на земјоделскиот имот на семејното земјоделско стопанство во случај на смрт на носителот на семејното земјоделско стопанство. (14) Барање за промена на податоците во единствениот регистар на земјоделски стопанства за земјоделско стопанство чии носител е правно лице може да поднесе овластеното лице на правното лице - носител на земјоделското стопанство или овластен застапник на правното лице - носител на земјоделското стопанство. (15) По исклучок од ставовите (12), (13) и (14) на овој член, промена на податоци во ЕРЗС може да се врши врз основа на податоци од инспекциски надзор на Државниот инспекторат за земјоделство, извршена контрола од Агенцијата врз основа на примени барања за користење на средства согласно со овој закон, извршена контрола од Агенцијата за храна и ветеринарство и врз основа на податоците од Интегриран систем за администрација и контрола. (16) Министерството издава решение за запишување и решение за бришење од ЕРЗС. (17) За промена на податоците во ЕРЗС Министерството издава ново решение за запишување во ЕРЗС. (18) Содржината и формата на решението за запишување во ЕРЗС и решението за бришење од ЕРЗС ги пропишува министерот. (19) Министерот ги пропишува видот на податоците, постапката и начинот за запишување и доделување на ИДБР и за промена на податоци и бришење, содржината и формата на обрасците и потребната придружна документација за запишување, промена на податоци и бришење и начин и рок за ракување, употреба, објавување и чување на податоците од ЕРЗС. (20) Податоците од ЕРЗС се објавуваат во збирна форма, особено по земјоделски култури, по големина на земјоделски стопанства, по општини и на ниво на Република Македонија. (21) Право на увид во податоците од ЕРЗС има носителот на семејното земјоделско стопанство или друг овластен член на семејното земјоделско стопанство или овластено лице на правното лице - носител на земјоделското стопанство или овластен застапник на правното лице - носител на земјоделското стопанство во секое време по претходно поднесено барање до Министерството или со електронски пристап на овие лица по претходно добиен кориснички пристап од Министерството.“ Член 4 По членот 15 се додаваат нов наслов и нов член 15-а, кои гласат: „Категории на земјоделски стопанства Член 15-а Земјоделските стопанства кои најмалку 50% од вкупниот годишен нето приход го остваруваат од вршење на земјоделска дејност се категоризираат во четири категории, и тоа: превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 3 прва категорија - семејни земјоделски стопанства со остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до износот на годишниот нето износ на минималната плата за претходната година, согласно со податоците од Министерството за труд и социјална политика, втора категорија - семејни земјоделски стопанства со остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност од износот на годишниот нето износ на минималната плата за претходната година, согласно со податоците од Министерството за труд и социјална политика до годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, трета категорија - семејни земјоделски стопанства и земјоделски стопанства со остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност од годишниот износ на минимална основица за пресметка и плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување до остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност до 2.000.000 денари и четврта категорија - земјоделски стопанства со остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска дејност над 2.000.000 денари.“ Член 5 Во членот 30 ставот (5) се менува и гласи: „Семејното земјоделско стопанство на регистриран откупувач запишан во регистарот од членот 33 од овој закон е должно продажбата да ја врши врз основа на писмен договор склучен согласно со членот 32 од овој закон.“ Член 6 Во членот 31 став (6) алинеја 4 зборовите: „располагаат со“ се заменуваат со зборовите: „имаат во сопственост“. Член 7 Во членот 74 став (3) по алинејата 2 се додава нова алинеја 3, која гласи: „- други активности согласно со овој закон или согласно со Законот на земјоделски задруги,“. Во ставот (4) по алинејата 1 се додава нова алинеја 2, која гласи: „- земјоделска задруга регистрирана согласно со Законот за земјоделски задруги,“. Ставот (5) се менува и гласи: „Видот на поддршката од ставот (3) на овој член, видот на корисниците од ставот (4) на овој член, висината на поддршката и поблиските услови за користење на помошта во насока на остварување на целите од ставот (2) на овој член и видот на механизмот на поддршка од членот 92 од овој закон се уредува со програмите од членот 7 од овој закон и/или со Законот за земјоделски задруги.“ Ставовите (6) и (7) се бришат. Во ставот (8) кој станува став (6) зборовите: „ставот (6)“ се заменуваат со зборовите: „ставот (3)“. Ставовите (9) кој станува став (7) се менува и гласи: „(7) Поддршката од ставот (3) на овој член се доделува врз основа на одобрен деловен план на организационата форма изготвен за плански период од најмалку пет години.“ Ставот (10) кој станува став (8) се менува и гласи: „(8) Во деловниот план треба да се содржани особено следниве активности: инвестициони активности за унапредување на физичкиот потенцијал на организационата форма од ставот (4) на овој член и/или на земјоделските стопанства - основачи/членови за земјоделско производство и/или за инвестиции во складирање, доработка и маркетинг и превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 4 информативни и промотивни активности за земјоделските производи кои ги произведува.“ Ставовите (11), (12) и (13) стануваат ставови (9), (10) и (11). Член 8 Во членот 90 став (1) по зборовите: „производствени капацитети“ се додаваат зборовите: „видот на дејноста и постигнати финансиски резултати“. Во ставот (2) броевите „70, 71, 72, 73, 81, 86 и 87“ се заменуваат со броевите „70, 71, 72, 73, 74, 81, 86 и 87“. Член 9 Членот 106 се менува и гласи: „(1) Помош за воведување на повисоки стандарди на квалитет на земјоделски производи се доделува за воведување и одржување на следниве повисоки стандарди на квалитет на земјоделски производи: органско производство, заштита на земјоделски и прехранбени производи со географски или традиционален назив и стандарди за безбедност во примарно земјоделско производство. (2) Помошта од ставот (1) на овој член може да се додели во вид на: дополнителна финансиска помош до 1 денар по единица земјоделски производ употребен како суровина за производи со повисок квалитет согласно со закон, финансиска помош за надоместокот на трошоци за воведување или за примена на ознаки за квалитетот во максимален износ до 300.000 денари или 5% од вредноста на продадените земјоделски производи со повисоки стандарди на квалитет, но не повеќе од 300.000 денари, финансиска помош за трошоците за регистрација на заштитени ознаки со географски или традиционален назив, финансиска помош за контрола и сертификација на органско производство и/или заштитени ознаки со географски или традиционален назив, финансиска помош за изработка на елаборат или спецификација за регистрација на заштитени ознаки со географски или традиционален назив, до дополнителна помош до 20% на директните плаќања за спроведени стандарди за безбедност и финансиска помош за трошоците за лабораториски анализи и сертификација при воведување и одржување на стандарди за безбедност во примарното земјоделско производство. (3) Корисниците и висината на поддршката се утврдуваат со програмите од членот 7 од овој закон.“ Член 10 Во членот 112 зборовите: „задруга формирана“ се заменува со зборовите: „правно лице со дејност од областа на земјоделството формирано“. Член 11 Во членот 114 став (1) во воведната реченица зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Алинејата 1 се менува и гласи: „- да е регистрирано како правно лице со дејност од областа на земјоделството согласно со Законот за трговските друштва или Законот за задругите или Законот за земјоделски задруги,“. Во ставот (2) зборот „Задругата“ се заменува со зборовите: „Правното лице“. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 5 Член 12 Во членот 121 став (1) алинеја 2 зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Член 13 Во членот 122 став (1) зборот „задруга“ се заменува со зборовите: „правно лице“. Во ставот (2) во воведната реченица зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Алинејата 1 се менува и гласи: „- да е регистрирана како правно лице со дејност од областа на земјоделството согласно со Законот за трговските друштва или Законот за задругите или Законот за земјоделски задруги,“. Во ставот (3) зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Член 14 Во членот 124 став (3) алинеја 1 зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Член 15 Во членот 128 став (1) алинеја 2 зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Член 16 Во членот 135 став (1) зборот „Задругата“ се заменува со зборовите: „Правното лице“. Во ставот (2) алинеја 5 зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Член 17 Во членот 145 став (1) алинеја 1 зборовите: „по површина“ се бришат. Алинејата 2 се брише. Во ставот (5) бројот „146“ се заменува со бројот „147“. Член 18 Во членот 150 став (1) по зборот „поддршка“ се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат. Член 19 Во членот 158 во воведната реченица зборот „задругата“ се заменува со зборовите: „правното лице“. Член 20 Во членот 166 по алинејата 2 се додава нова алинеја 3, која гласи: „- вршат продажба без склучен писмен договор (член 30 став (5)),“. Член 21 Поблиските прописи утврдени во овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. До денот на влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат постојните прописи. превземено од ww ww ww .. pp rr aa vv oo .. oo rr gg .. mm kk 6 Член 22 Започнатите постапки пред влегувањето на сила на овој закон ќе продолжат согласно со Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ број 49/10, 53/11 и 126/12). Член 23 Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за земјоделство и рурален развој. Член 24 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“, а одредбите од членот 3 ставови (9), (10), (11), (16), (17) и (18) од овој закон ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2014 година.

Law amending the Law on agriculture and rural development · Nelum