Skip to content
Nelum
Laws of North Macedonia

Decree on the type of activity, the maximum amount in activities, users, subjects participating in the procedure, detailed criteria and the manner of awarding technical assistance in agriculture and rural development

Made 2013-01-03 · Text as of 2026-10-01

Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.

About this law

Original title
Уредба за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Language
Macedonian
Kind
Regulation
Country
North Macedonia
Subjects
Agricultural and rural development
Keywords
agricultural development, agricultural extension, subsidy/incentive, rural employment, youth, rural development, labour

Where to read it

    No source link is recorded for this law.

Text

The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.

  1. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 101 став (7) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011 и 126/2012), Владата на Република Македонија, на седницата оддржана на 3.01.2013 година, донесе УРЕДБА ЗА ВИДОТ НА АКТИВНОСТИ, МАКСИМАЛНИОТ ИЗНОС ПО АКТИВНОСТИ, КОРИСНИЦИТЕ, СУБЈЕКТИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО ПОСТАПКАТА, ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Член 1 Со оваа уредба се уредуваат видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој. Член 2 Видот на активности, максималниот износ на поддршка по активности и корисниците и субјектите кои учествуваат во постапката за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој се утврдуваат во зависност од намената на активности за техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој од член 101 став (1) од Законот за земјоделство и рурален развој се уредени во членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11. Член 3 Техничката поддршка за организирање и спроведување на програми за обука кои не се поддржуваат преку мерките за рурален развој се доделува за подготвување на програми за обука на земјоделски производители и/или трошоци за организирање и спроведување на обуките вклучително и патни и дневни трошоци на учесниците. Максималниот износ на поддршка не може да надмине 200.000 денари за спроведена обука во Република Македонија односно 350.000 денари за спроведена обука надвор од Република Македонија. Корисници на обуката се носители на земјоделски стопанства запишани во Еинствениот регистар на земјоделски стопанства (во понатамошен текст: ЕРЗС) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошен текст: Министерството). Субјекти кои може да учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се здруженија на земјоделски производители регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, јавни научни установи и самостојни научни работници согласно Законот за научно истражувачка дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование, Законот за средното образование, Законот за стручното образование и обука и Законот за образование на возрасните, земјоделските задруги регистрирани согласно Законот за земјоделските задруги. Член 4 Техничката поддршка за организирање и спроведување на манифестации и саеми се доделува за трошоци за закуп на простор за изложување на земјоделски производи (примарни и преработени), трошоци за изнајмување на штандови и уредување и опремување на изложбениот дел (штанд, бина, аудио и видео опрема ) и/или трошоци за промотивен материјал (покани, постери, летоци, банери, брошури, публикации, каталог, зборник, медиумска промоција) за манифестацијата/саемот и за учесниците (трошоци за изложбен производ) кои изложуваат земјоделски производи (примарни и преработени). Техничката поддршка за организирање и спроведување на манифестации и саеми се доделува за следниве манифестации/саеми: национално учество и изложување на земјоделски производи (примарни и преработени) вон Република Македонија; локални манифестации во Република Македонија и еднодневни манифестации за промоција на земјоделски производи вон Република Македонија. Максималниот износ на поддршка не може да надмине 4.000.000 денари за национално учество и изложување на земјоделски производи (примарни и преработени) на манифестација/саем вон Република Македонија или национална манифестација/саем. Максималниот износ на поддршка не може да надмине 120.000 денари за локални манифестации во Република Македонија, по манифестација и по корисник. Спроведувањето на активностите од ставот 2 на овој член се реализира на следниот начин: за учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи вон Република Македонија, утврдени согласно програмата за финансиска подршка во руралниот развој, Министерството во соработка со социјалните и економските партнери упишани во евиденцијата во Министерството, ги спроведува активностите преку поднесување на пријава за учество до организаторот на манифестацијата/саемот. за локалните манифестации од став 4 на овој член кои се одржуваат во Република Македонија, поддршката се реализира врз основа на поднесено барање пропратено со предлог проект за манифестацијата со план на активности, временска рамка за реализација и финансиски план на трошоците, доказ за континуирано одржување на манифестацијата во последните три години, со исклучок на манифестациите кои се организираат за прв или втор пат до Министерството по објавен јавен повик за користење на техничка поддршка, од страна на организаторот на манифестацијата и за еднодневните манифестации за промоција на земјоделски производи вон Република Македонија, се поднесува барање до Министерството за користење на техничка поддршка од страна на организаторот од став 9 на овој член. Организатор на национално учество и изложување на земјоделски производи (примарни и преработени) вон Република Македонија е правно лице (домашно или странско) овластено за организирање на манифестациите/саемите. Организатор на локални манифестации во Република Македонија се единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопанските комори основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Законот за задруги или Законот за земјоделски задруги за вршење на земјоделска дејност и/или за трговија со земјоделски производи и/или јавни претпријатија регистрирани и за вршење на дејност организирање на саеми и саемски манифестации. Организатор на еднодневни манифестации за промоција на земјоделски производи вон Република Македонија се социјалните и економски партнери упишани во евиденцијата во Министерството, единиците на локалната самоуправа и/или јавни претпријатија регистрирани и за вршење на дејност организирање на саеми и саемски манифестации. Член 5 Техничката поддршка за учество на саемски манифестации и саеми на земјоделски производители и преработувачи се доделува за патни и дневни трошоци на учесниците за учество на саемски манифестации и саеми како изложувачи и/или трошоци за транспорт на опремата и производите на учесниците за учество на саемски манифестации и саеми како изложувачи. Максималниот износ на поддршка не може да надмине 50.000 денари по учесник - изложувач на саемска манифестација и саеми на земјоделски производители и преработувачи за самостојно учество односно 150.000 денари по учесник - изложувач на саемска манифестација и саеми на земјоделски производители и преработувачи за групно учество. Корисници се учесници/изложувачи на саемската манифестација односно земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС при Министерството и/или преработувачи на земјоделски производи регистрирани согласно Законот за безбедност на храна. Субјекти кои може да учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС при Министерството, преработувачи на земјоделски производи регистрирани согласно Законот за безбедност на храна, здруженија на земјоделски производители и/или здруженија на преработувачи на земјоделски производи регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопанските комори основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Законот за задругите за вршење на земјоделска дејност и/или за трговија со земјоделски производи и/или јавни претпријатија регистрирани и за вршење на дејност организирање на саеми и саемски манифестации. Член 6 Техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи се доделува за: трошоци за амбалажа на преработени земјоделски производи (вино, преработки од зеленчук; финансиска помош по единица производ за извезен земјоделски производ во амбалажа (ориз); трошоци за транспорт на земјоделски производ - винско грозје од место регистрирано за откуп на земјоделски производ - винско грозје место до преработувачки капацитет за производство на вино; трошоци за воспоставување и работа на унифицирани и специјализирани продажни места, (продавници или вински штанд) за продажба на земјоделски производи (вино) со потекло од Република Македонија и тоа: во Скопје две продавници, а во Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево по една продавница. трошоци за воведување на заштитени ознаки за квалитет на земјоделски и преработени производи; трошоци за изработка на маркетинг платформа за препознатливост на земјоделски производи и преработени земјоделски производи; трошоци за воспоставување и работа на унифицирани и специјализирани продавници за продажба на органска храна во Скопје; и – трошоци за учество на меѓународни и регионални натпревари за вино на кои е освоена специјализирана награда, златен и сребрен медал. Максималниот износ на поддршка за техничката поддршка од став 1 алинеја 1 на овој член не може да надмине 20% од вкупната вредност на направени трошоци за амбалажа на извезено флаширано вино која задолжително се состои од стаклена флаша, тапа од плута, ПВЦ капсула, предна и задна етикета, но не повеќе од 6 денари по извезена флаша вино со потекло од Република Македонија, односно за амбалажа на извезен преработен зеленчук со потекло од Република Македонија која задолжително се состои од стаклена тегла, капак за тегла, предна и задна етикета, но не повеќе од 2 денари по килограм извезен преработен зеленчук и/или 4 денари по килограм извезен преработен зеленчук за количините кои се над извезените количини во споредба со претходната календарска година. Максималниот износ за техничката поддршка од став 1 алинеја 2 на овој член не може да надмине 2 денари по килограм извезен ориз во пакување (освен во вреќи). Максималниот износ за техничката поддршка од став 1 алинеја 3 на овој член изнесува: до 0,45 ден/кгр винско грозје за одалеченост до 30 км; до 0,75 ден/кгр винско грозје за оддалеченост од 31 км до 80 км; до 1,25 ден/кгр винско грозје за оддалеченост од 81 км до 110 км; и до 1,50 ден/кгр винско грозје за оддалеченост над 111 км. Максималниот износ за техничката поддршка од став (1) алинеја 4 на овој член изнесува: 50% од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 1.500.000 денари, 100% од направените трошоците за изработка на вински штанд, но не повеќе од 600.000 денари, надомест на трошоци за закупнина во висина од 50% од износот на годишната закупнината, но не повеќе од 30.000 денари месечно, надомест на трошоци за најмногу две лица вработени за продажба на вино во продавницата за македонски вина и надомест на трошоци за најмногу едно лице ангажирани за продажба на вино во вински штанд за македонски вина. Максималниот износ за техничката поддршка од став 1 алинеја 5 на овој член изнесува 80% од вредноста на предлогот за воведување на заштитени ознаки за квалитет на земјоделски и преработени производи, но не повеќе од 300.000 денари. Максималниот износ за техничка поддршка од став 1 алинеја 8 на овој член изнесува: 184.500 МКД за освоена специјализирана награда на меѓународен натпревар; 92.250 МКД за освоена специјализирана награда на регионален натпревар; 61.500 МКД за освоен златен медал на меѓународен натпревар; 30.750 МКД за освоен златен медал на регионален натпревар, и 30.750 МКД за освоен сребрен медал на меѓународен натпревар. Корисници и субјекти на техничката поддршка од став 1 алинеја 1 на овој член кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се правни лица кои имаат регистриран преработувачки капацитет за производство на вино во Регистарот на производители на вино согласно Законот за вино, правни лица кои се регистрирани во Регистарот на оператори со храна и објектите од неживотинско потекло согласно Законот за безбедност на храна;Корисници и субјекти на техничката поддршка од став 1 алинеја 2 на овој член кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се правни лица кои се регистрирани за вршење на откуп на ориз согласно Законот за земјоделство и рурален развој; Корисници и субјекти на техничката поддршка од став алинеите 3 и 8 на овој член кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се правни лица кои имаат регистриран преработувачки капацитет за производство на вино во Регистарот на производители на вино согласно Законот за вино. Корисници и субјекти на техничката поддршка од став (1) алинеја 5 на овој член кои учествуваат во постапката од член 12 од оваа уредба се јавни научни установи од областа на земјоделството согласно Законот за научно истражувачка дејност и образовни институции согласно Законот за високо образование, консултантски фирми, земјоделски задруги, здруженија на производители на земјоделски и прехранбени производи и единиците на локалната самоуправа. Максималниот износ за техничка поддршка од став 1 алинеја 6 на овој член изнесува 1.850.000,00 денари. Максималниот износ за техничката поддршка од став 1 алинеја 7 на овој член изнесува: 50% од направените трошоци за опремување на продавницата со исклучок на инвестициите за помошни и санитарни простории, но не повеќе од 600.000 денари; надомест на трошоци за закупнина вовисина од 50% од износот на годишната закупнината, но не повеќе од 30.000,00 денари месечно и надомест на трошоци за најмногу две лица вработени за продажба во органската продавницa во висина од 100% од просечната месечна бруто плата во дејноста. Финансиската подршка од став 1 алинеи 4 и 7 на овој член се однесува за период од три години од склучувањето на договорот за користење на поддршката со Агенцијата. Член 7 Техничката поддршка за изработка и публикување на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија се доделува за трошоци за изработка на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија, трошоци за подготовка за печатење и печатење на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија и/или трошоци за промоција на едукативни, информативни, научни, пропагандни и стручни материјали, публикации и списанија. Максималниот износ на поддршка не може да надмине 1.200.000,00 денари по публикуван материјал, публикација или списание и по корисник. Корисници и субјекти кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се здруженија на земјоделски производители регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, јавни научни установи и самостојни научни работници согласно Законот за научно истражувачка дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование, Законот за средното образование, Законот за стручното образование и обука и Законот за образование на возрасните и физички и правни лица кои ја издале книгата/стручни материјали/публикацијата како издавач, автор или група на автори. Член 8 Техничката поддршка за спроведување на истражувања, изработка на анализи, предлог проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и руралниот развој се доделува за трошоци за стручни услуги за спроведување на истражувања, изработка на анализи, предлог-проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и руралниот развој и услуги за прибирање на податоци (анкети, истражување на јавно мислење итн.) за изработка на анализи, предлог-проекти, студии и стратешки документи од областа на земјоделството и руралниот развој. Максималниот износ на поддршка изнесува 100% од вредноста на трошоците кои ги спроведува Министерството согласно средствата обезбедени во годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Субјекти кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се јавни научни установи согласно Законот за научно истражувачка дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование и Законот за средното образование од областа на земјоделството и други правни лица кои имаат најмалку три години работно искуство во областа и физички лица кои имаат стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен, со магистерски труд во таа област. Член 9 Техничката поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери се доделува за трошоци за основни средства (повеќегодишни насади, живи животни и пчели, објекти и опрема) за воспоставување на демонстративни примери од областа на примарното земјоделското производство за примена на нови сорти/раси, за апликација на научно-истражувачки достигнувања од областа на растителното и сточарското производство и/или за примена на технолошки процеси за користење на обновлива енергија, заштеда на потрошувачката и производство на енергија при примарно земјоделско производство и трошоци за промоција на демонстративните примери (стручни услуги за следење на резултатите, публикување на постигнатите резултати, организирање на презентации и обуки на демонстративниот пример). Максималниот износ на поддршка изнесува 100% од вредноста на трошоците за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери, но не повеќе од 3.000.000 денари по демонстративен пример и по корисник. Корисници и субјекти кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се јавни научни установи и самостојни научни работници согласно Законот за научно истражувачка дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование, Законот за средното образование, Законот за стручното образование и обука и Законот за образование на возрасните, земјоделски здруженија регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за земјоделските задруги. Член 10 Техничката поддршка за воспоставување и спроведување на истражувања се доделува за трошоци за спроведување на истражувања, трошоци за инвестициии во основни средства и опрема за спроведување на иновативни практики во примарното земјоделското производство и трошоци за апликација на научно-истражувачки достигнувања од областа на растителното и сточарското производство. Истражувањата може да бидат пилот истражувања во времетраење до шест месеци, краткорочни истражувања во времетраење од 12 месеции долгорочни истражувања во времетраење не повеќе од 36 месеци. Максималниот износ на поддршка за спроведување на истражувања изнесува 100% од вкупната вредност на трошоците, но не повеќе од 1.200.000 денари по корисник. Максималниот износ на поддршка за инвестициии во основни средства и опрема за спроведување на иновативни практики во примарното земјоделското производство и трошоци за апликација на научно-истражувачки достигнувања од областа на растителното и сточарското производство не може да надмине 80% од вкупната вредност на трошоците, но не повеќе од 1.200.000 денари по корисник. Корисници и субјекти кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС, јавни научни установи и самостојни научни работници согласно Законот за научно истражувачка дејност, образовна институција или установа која ги исполнува условите согласно Законот за високото образование, Законот за средното образование, Законот за стручното образование и обука и Законот за образование на возрасните, земјоделски здруженија регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и земјоделски задруги регистрирани согласно Законот за земјоделските задруги. Член 11 Техничката поддршка за други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се доделува за: трошоци за воспоставување и одржување на регистри и бази на податоци кои се дел од интегрираниот систем на административна контрола кој го води Министерството; трошоци за воспоставување и одржување на регистри и бази на податоци според мерките за финансиска поддршка утврдени во годишните програми, кои ги води Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; трошоци за спроведување на теренски контроли вклучително и набавка на возила и опрема за контрола на лице место; трошоци за информирање на корисниците за мерките за финансиска поддршка во годишните програми за земјоделството и руралниот развој кои ги спроведува Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; трошоци за информирање на корисниците за мерките за финансиска поддршка утврдени во годишните програми за земјоделството и руралниот развој кои ги спроведува Министерството; инвестициони вложувања за воспоставување на лабаратории за проверка на квалитетот на млекото во Штип и Тетово; трошоци за воспоставување на бази на податоци преку шумарски информативен систем; трошоци за изработка на геодетските елаборати за излагање на недвижности кои што во катастарското излагање останале со незапишани права; инвестициони вложувања за набавка на опрема за аналитички и дијагностички методи за утврдување на загадувачи во примарни земјоделски производи и храна; и агрометеоролошки мониторинг станици вклучително и софтверски алатки за обработка и анализирање на добиените податоци; и инвестициони вложувања за санација на метеоролошки станици како и хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски систем. Максимален износ за техничката поддршка од став 1 на овој член изнесува 100% од вредноста на трошоците согласно средствата обезбедени во годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Максимален износ за техничката поддршка од став 1 алинеја 4 на овој член е до 25,000,000 денари по лабараторија. Субјекти кои учествуваат во постапката од член 12 на оваа уредба се јавни научни установи од областа на земјоделството согласно Законот за научно истражувачка дејност и образовни институциии согласно Законот за високото образование. Субјект које корисник на техничката поддршка од став 1 алинеја 9 на овој член е Државната фитосанитарна лабораторија, а за техничката поддршка од став 1 алинеја 10 на овој член е Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството. Субјект кој е корисник на техничката поддршка од став 1 алинеја 11 на овој член е Управата за хидрометеоролошки работи. Член 12 Средствата за поддршката од член 3, „член 4 став 2 алинеја 2“ член 5 , член 6 став 1 алинеи алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 7, член 7, член 9, член 10 и член 11 став 1 алинеја 6 на оваа уредба ќе се реализираат со јавен повик. Средствата за поддршката од член 4 на оваа уредба ќе се реализираат со договор помеѓу Министерството и организаторот на манифестацијата/саемот. Средствата за поддршката од член 6 став 1 алинеја 6, член 8 и член 11 став 1 алинеи 1, 5, 7, 8, 9 и 10 на оваа уредба ќе се реализираат од Министерството по пат на јавна набавка. Средствата за поддршката од член 8 на оваа уредба ќе се реализираат од Министерството по пат на јавен повик. Средствата за поддршка од членот 6 став 1 алинеја 8 на оваа уредба ќе се реализира со договор помеѓу Министерството и корисникот на средствата, врз основа на поднесено барање до Министерството за користење на техничка поддршка и доставен: доказ за освоена награда на меѓународен и/или регионален натпревар за вино и финансиски документ за купени најмалку 2000 лепенки за шише од наградата од член 6 став 1 алинеја 8 од оваа уредба или финансиски документ за купување на правата за користење и изработка на најмалку 2000 етикети за шише со податоци за наградата од член 6 став 1 алинеја 8 од оваа уредба и договор помеѓу Министерството и корисникот на техничката поддршка. Средствата од член 11 став 1 алинеи 2, 3 и 4 на оваа уредба ќе ги реализира Агенцијата по пат на јавна набавка. Јавниот повик за реализација на средствата за поддршката од членовите 3, „4 став 2 алинеја 2, 5, 7, 9, 10 и 11 став 1 алинеја 6 на оваа уредба го објавува Министерството. Јавниот повик за поддршката од член 6 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 7 го објавува Агенцијата. Средствата за поддршката од член 11 став 1 алинеја 11 на оваа уредба ќе се реализираат од Управата за хидрометеоролошки работи по пат на јавна набавка. Член 13 Поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој со јавен повик Субјектите од членовите 3, 4, став 2 алинеја 2, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 на оваа уредба за учество во постапката од член 12 став 1 на оваа уредба доставуваат предлог за користење на помош за намените од членовите 3, 5, 7, 9, 10 и 11 став 1 алинеја 6. Предлогот од став 1 на овој член особено содржи: 1. Податоци за предлагачот; 2. Назив и резиме на предлогот; 3. Опис на предлогот (опис на постоечки состојби, поставени цели, очекувани резултати); 4. План на активности со временска рамка за реализација на предлогот по активности и методологија за нивна реализација; 5. Финансиски план на трошоците, временска рамка за нивно настанување и извори на финансирање; како и банкарска сметка на која треба да се исплати поддршката; и одговорно лице за настанот; 6. Влијание на предлогот во смисла на понатамошна одржливост на активностите, целна група односно опис на директни и индиректни корисници на резултатите од активноста, понатамошна примена на резултатите и очекувани ефекти за корисниците и 7. За предлозите за техничка поддршка за воведување на заштитени ознаки за квалитет на земјоделски и преработени производи се доставува и број на производители, количина на производот, дефинирано географско подрачје (за заштитени ознаки за потекло и географска ознака), резултат од истражување на пазарот, придобивки на регионот од заштитата на производот и промотивни активности. Кон предлогот од став 2 на овој член особено се приложуваат и следните документи: 1. Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија; 2. Препораки или други докази за претходна имплементација на сродни предлози; 3. За апликантите правни лица: потврда за евиденција во ЕРЗС (ако се занимаваат со примарно земјоделско производство), доказ од Централен регистар на Република Македонија дека не е поведена стечајна и ликвидациона постапка и доказ од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки и 4. За здруженија и стопански комори: годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот усвоена согласно статутарните акти. Министерството со јавниот повик објавува детално упатство за изработка на предлогот од став 2 на овој член и листа на потребна придружна документација. По исклучок од став 1 на овој член, субјектите од членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 на оваа уредба за учество во постапката од член 12 став 1 на оваа уредба доставуваат барање за користење на поддршката од член 6 став 1 алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 7 до Агенцијата. Кон барањето од став 5 на овој член покрај тековна состојба на подносителот на барањето од Централен регистар на Република Македонија особено се приложуваат и следните документи: 1. За поддршката од член 6 став 1 алинеја 1 на оваа уредба се доставуваат: решение за упис во Регистарот на производители на вино и/или Регистарот на оператори со храна и објектите од неживотинско потекло; финансиски документ за направени трошоци за амбалажа на флаширано и извезено вино со потекло од Република Македонија или за извезена преработка на зеленчук во стаклена амбалажа со потекло од Република Македонија и царински документ и/или извозна фактура за реализиран извоз на вино или преработен зеленчук со потекло од Република Македонија. 2. За поддршката од член 6 став 1 алинеја 2 на оваа уредба се доставуваат: решение за упис во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и царински документ и/или извозна фактура за реализиран извоз на ориз во пакување со потекло од Република Македонија издадени во тековната година. 3. За поддршката од член 6 став 1 алинеја 3 на оваа уредба се доставуваат: решение за упис во Регистарот на производители на вино; доказ за регистрирани откупни места за винско грозје издаден од Министерството на производители на вино и/или откупувачи на винско грозје и финансиски документ за откупено винско грозје од регистрирано откупно место доколку откупот е извршен од трети лица во име и за сметка на регистриран капацитет за производство на вино и/или испратница за откупено винско грозје од регистрирано откупно место до регистриран капацитет за производство на вино. 4. За поддршката од член 6 став 1 алинеја 4 на оваа уредба се доставуваат: доказ за располагање со деловен простор, не помал од 30 м² и не поголем од 100 м², во сопственост или под закуп во времетраење од најмалку три години; доказ за регистрирана дејност во Централниот регистар на Република Македонија; техничка документација и спецификација на трошоци за уредување и опремување на продажно место; доказ за категоризација на хотел; во рок од еден месец по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да се достави доказ за вработени најмалку две лица за продавницата за македонски вина, односно најмалку едно лице вработено за вински штанд кои имаат завршено најмалку средно образование; во рок од еден месец по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да се достави доказ дека вработените лица за продавницата за македонски вина или за вински штанд имаат одлично познавање на англиски јазик со поседување на сертификат за АПТИС (APTIS), ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), или друг меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, најмалку на нивото А2 согласно Европската јазична рамка на Советот на Европа (CEFR), или ТОЕФЕЛ ПБТ (TOEFLPBT) најмалку 390 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL CBT) најмалку 90 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 30 бода; доказ од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки. во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, внатрешното уредување на деловниот простор да биде во согласност со Основниот проект за ентериерно уредување на специјализирани продавници за продажба на македонско вино, кој е прилог на јавниот повик, како и сите вработени кои се ангажирани во продажбата на вината да носат униформи според дизајнот кој е пропишан во Основниот проект за ентериерно уредување; во рок од шест месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да се достави доказ за посетена обука и едукација за познавање на производoт, основни познавања за винските сорти, особено на автохтоните, карактеристиките на виното и македонското поднебје, вински реони и послужување на вино. во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека имаат склучено договор со најмалку 15 винарии; во рок од три месеци по започнување со работа, да достават доказ дека изложените производи се со процент на алкохол не помал од 11%; во рок три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека на местата предвидени за видливо изложување на виното на полица или дисплеи, секоја винарница може да изложи по најмногу седум различни артикли/етикети од нивната понуда; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека не смеат да наплаќаат било каков надоместок за отстапување на деловниот простор за промотивни активности, ниту можат да ги отстапуваат своите вработени за спроведување на промотивни активности во име и за сметка на винарниците; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека за време на промотивните активности, им се дозволува на винарниците да донесат свои овластени претставници (хостеси, комерцијалисти, сомелиери и слично), да истакнуваат и делат свој рекламен материјал, при што нивните претставници треба да бидат јасно означени со посебна легитимација или посебно означена униформа со видливи ознаки, логоа или трговски знаци; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека им дозволуваат на винарниците во текот на промотивните настани, да можат да понудат вино бесплатно или по повластени цени, да поделат подароци на консументите и слично, дека им дозволуваат на винарниците да можат да изложат промотивни материјали: лифлети, флаери, shelftalker, wobbler (картонче со порака за полица), како и висечки постери со димензии не поголеми од Б2, освен за време на промоција на една или група на винарници; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека им дозволуваат на винарниците да вршат промотивна дисконтна продажба на виното по промотивни цени со ограничено времетраење, но не повеќе од седум дена во тек на секои два месеци и во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека им дозволуваат на винарниците за промотивни цели, бесплатно послужување и дегустација на виното. 5. За поддршката од член 6 став 1 алинеја 5 на оваа уредба се доставуваат: потврда за евиденција во Единствениот регистар на земјоделски стопанства; доказ од Централниот регистар на Република Македонија дека не е поведена стечајна или ликвидациона постапка; доказ од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки; годишна програма за работа со вклучени активности од предлогот усвоена согласно статутарните акти (за здруженија и стопански комори) и доказ за поврзаност на производот со географското подрачје (за географска ознака и ознака за потекло). 6. За поддршката од член 6 став 1 алинеја 7 на оваа уредба се доставуваат: доказ за располагање со деловен простор, не помал од 30м² и не поголем од 80м², во сопственост или под закуп во времетраење од најмалку три години; доказ за регистрирана дејност во Централниот регистар на Република Македонија; техничка документација и спецификација на трошоци за уредување и опремување на продажно место; во рок од еден месец по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да се достави доказ за вработени најмалку две лица за продавницата кои имаат завршено најмалку средно образование; по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да се достави доказ дека вработените лица во продавницата имаа активно познавање на англиски јазик; доказ од Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, внатрешното уредување на деловниот простор да биде во согласност со проектот за ентериерно уредување на специјализирани продавници за продажба на органска храна, кој е прилог на јавниот повик, како и сите вработени кои се ангажирани во продажбата да носат униформи; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека имаат склучено договор со најмалку десет сертифицирани органски производители од Република Македонија; во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека вкупниот асортиман на органски производи го сочинуваат 100% органски производи од македонско потекло и во рок од три месеци по истекот на рокот за реализација на инвестицијата утврден во договорот склучен со Агенцијата, да достават доказ дека не смеат да наплаќаат било каков надоместок за отстапување на дел од деловниот простор за промотивни активности. Член 14 Постапката за избор на корисници по јавен повик Постапката за избор на корисници по јавен повик ја спроведува комисија формирана од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство која составува записник за отворање на поднесени предлози, за евалуирање на предлозите и за избрани корисници со висина на одобрената поддршка за намените од членовите 3, 5, 6 став 1 алинеи 4, 5 и 7 членовите 7, 9, 10 и 11 став 1 алинеја 6 на оваа уредба. Изборот на предлозите по намените од членовите 3, 5, 6 став 1 алинеја 5 и членовите 7 и 9 на оваа уредба, ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови: Критериум Бод Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството 30 Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството 15 Здружување на корисниците на поддршка, јавно-приватно партнерство или други форми на партнерство со поголем број на корисници 15 Оддржливост по реализација на поддршката 35 Претходно искуство во реализација на активностите од значење за целната група на крајни корисници на поддршка 15 Сопствено или учество од други извори на финансирање 10 Изборот на предлозите по намената од член 6 став (1) алинеја 4 ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови: за продавници: критериуми бод Местоположба за градот Скопје 1 Стара Скопска чаршија 40 2 Централно градско подрачје 30 3 Други места од посебно културно значење за градот Скопје 10 Местоположба за градовите Охрид, Берово, Кавадарци, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево 1 Централно градско подрачје 40 2 Останати локации 20 Вредност на инвестиција 1 Инвестиции над 3.000.001 ден. 30 2 Инвестиции од 2.000.001 ден. до 3.000.000 ден. 20 3 Инвестиции од 1.000.000 ден. до 2.000.000 10 Висина на закупнина 1 Сопствен деловен простор 30 2 Деловен простор под закуп 20 Изборот на предлозите по намената од член 6 став 1 алинеја 7 на оваа уредба ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови: Критериуми бод Местоположба во градот Скопје 1 Централно градско подрачје 40 2 Надвор од централно градско подрачје 30 Вредност на инвестицијата 1 Инвестиции над 3.000.001 ден. 30 2 Инвестиции од 2.000.001 ден до 3.000.000 ден 20 3 Инвестиции од 1.000.000 ден до 2.000.000 ден. 10 Висина на закупнина 1 Сопствен деловен простор 30 2 Деловен простор под закуп 20 Изборот на предлозите по намената од член 10 на оваа уредба ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови: Изборот на предлозите за намените од член 11 став 1 алинеја 6 на оваа уредба ќе се изврши врз основа на евалуација на исполнување на следните критериуми со бодови: Критериум Бод Реални и применливи резултати со брзи ефекти насочени кон остварување на дефинираните стратешки цели за развој на земјоделството 40 Директно и индиректно влијание на поголем број субјекти во областа на земјоделството 25 Оддржливост по реализација на поддршката 35 Како прифатливи се предлозите кои после изборот од страна на комисијата од став 1 на овој член ќе освојат повеќе од 50 бода. Висината на одобрената поддршката ќе биде дефинирана со договори потпишани од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со избраните корисници врз основа на записник за избрани корисници на комисијата од став 1 на овој член. Висината на одобрената поддршка за предлозите по намената од член 6 став 1 алинеја 4 ќе биде дефинирана со договори во времетраење од најмалку три години, потпишани од страна на Агенцијата. Член 15 Исплатата на поддршката по корисници за намените од членовите 3, 5 и 7 на оваа уредба може да се врши двократно и тоа: авансно 50% од одобрениот износ и 50% по завршување на активноста со достава на финансиски извештај. Исплатата на поддршката по корисници за намената од член 10 на оваа уредба се врши на следниот начин: за пилот истражувања 100% од одобрена сума по потпишувањето на договорот; за краткорочни истражувања 50% од одобрена сума по потпишувањето на договорот и 50% по поднесување и прифаќање на периодичен извештај и за долгорочни истражувања: 35% од одобрена финансиска поддршка по потпишувањето на договорот, 45% од одобрена финансиска поддршка по поднесување и прифаќање на прв годишен извештај и 20% од одобрена финансиска поддршкапо поднесување и прифаќање на втор годишен извештај. Исплатата на поддршката по корисници за намената од членот 11 став 1 алинеја 6 на оваа уредба се врши авансно 70% од одобрениот износ и 30% по завршување на манифестацијата и доставен финансиски извештај. Исплатата на поддршката по корисници за намените од член 6 на оваа уредба се врши во износ од 100% од одобрената сума, но не повеќе од максималниот износ. Исплатата на средствата за поддршката од член 4 на оваа уредба кои се реализираат со договор помеѓу Министерството и организаторот на манифестацијата/саемот се врши во износ од 100% од износот на трошоците но не повеќе од максимален износ и во согласност со одобрените средства во програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Член 16 Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 41-10015/1-12 Претседател на Владата 3 јануари 2013 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски , с.р.

Decree on the type of activity, the maximum amount in activities, users, subjects participating in the procedure, detailed criteria and the manner of awarding technical assistance in agriculture and rural development · Nelum