Decree on the methodology for distribution of funds realized as income from the fee for production of energy from fossil fuels
Made 2008-01-02 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Уредба за методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Energy, Environment
- Keywords
- energy conservation/energy production, environmental fees/charges, liability/compensation, fees/royalties, financing, oil, taxes
- Categories
- energy
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
„Службен весник на РМ“ бр. 12 од 23.01.2008 година 20080120141 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 185-а, став 8 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05 и 24/07), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 2.01.2008 година, донесе УРЕДБА ЗА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА ОСТВАРЕНИ КАКО ПРИХОД ОД НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕНЕРГИЈА ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА Член 1 Со оваа уредба се пропишува Методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива. Член 2 Средствата остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива ќе ги распределува Владата на Република Македонија најдоцна 30 дена по објавување на Буџетот на Република Македонија преку буџетот на Министерството за финансии како наменски дотации согласно членовите 5 и 6 од оваа уредба, на предлог на министерот за локална самоуправа. Член 3 Методологијата за распределба на средствата остварени како приход од надоместок за производство на енергија од фосилни горива се заснова на начелата на едноставност и транспарентност. Член 4 Распределба на средствата од член 1 на оваа уредба се врши согласно следните критериуми: - Подрачјето на општината каде обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност; - Бројот на жители на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност; - Бројот на жители на соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност; - Подрачје на соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност. Член 5 Средствата остварени по основ на надоместокот се распределуваат на општините на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност и на соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност во воздушен радиус од 10 км од местоположбата на инсталацијата и тоа преку фиксен и варијабилен дел.
1 од 2 „Службен весник на РМ“ бр. 12 од 23.01.2008 година Член 6 Под кластер се подразбираат сите општини кои ќе бидат корисници на средствата од еден обврзник за плаќање на надоместок за производство на енергија од фосилни горива и тоа: општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност и соседните општини на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност. Фиксен дел од средствата во висина од 15% се алоцира на општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност, а варијабилниот дел од средствата во висина од 85% се алоцираат пропорционално во зависност од подрачјето и бројот на жители на сите општини вклучително и општината на чие што подрачје обврзникот за плаќање на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива ја остварува својата дејност. Алгебарската презентација на методологијата за секој кластер посебно е следната: Вкупно = 0,007 џ произведени књх Година Пресметката се повторува за сите кластери од општини за секој од обврзниците кои плаќаат надоместок за производство на енергија од фосилни горива. Член 7 Во пресметката на распределбата на вкупно пресметаните приходи се земаат предвид бројот на жители и површината на општините во соодветниот кластер. Распределбата на варијабилниот дел за секоја општина се врши на следниот начин: Број на жители ------------------------- Површинаи ------------------------- Општинаи = 0.85 * ------------------------- н Број на жители Σ ------------------------- и=1 Површинаи И – е соодветната општина во кластерот, а н – бројот на општини во кластерот. Член 8 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 19-8336/1 Претседател на Владата 2 јануари 2008 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р.
2 од 2