Decree on the implementation of land rehabilitation measures
Made 2010-07-13 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Уредба за спроведување на мерката асанација на теренот.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Land and soil, Water, General
- Keywords
- public health, disinfection/disinfestation, hygiene/sanitary procedures, hazards, soil rehabilitation, water supply
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
<!-- page 1 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година 20101011912 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 50 став 3 од Законот за заштита и спасување ( “Службен Весник на Република Македонија“ бр. 36/04, 49/04 и 86/08), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 13.07.2010 година, донесе УРЕДБА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКАТА АСАНАЦИЈА НА ТЕРЕНОТ 1. ОПШТА ОДРЕДБА Член 1 Со оваа уредба се уредува спроведувањето на мерката асанација на теренот која се остварува во рамките на системот за заштита и спасување. Планирањето и подготвувањето на активностите за спроведување на асанација на теренот се врши од страна на органите на државната управа, органите на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи, служби и трговски друштва (во натамошниот текст: задолжени субјекти), Член 2 Асанација на теренот опфаќа пронаоѓање, собирање, идентификација, транспорт и погребување на загинати и умрени лица, собирање, транспорт и закоп на загинати животни, собирање и уништување на сите видови отпадни и други опасни материи што го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, дезинфекција, дезинсекција и дератизација на теренот и објектите и аснација на објектите за водоснабдување. П. ПЛАНИРАЊЕ И ПОДГОТВУВАЊЕ НА АСАНАЦИЈА НА ТЕРЕНОТ Член 3 Асанацијата на теренот опфаќа планирање и подготвување на активности за спроведување на асанација на теренот. а) Планирање на активности за спроведување на асанација на теренот 1 од 7
<!-- page 2 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година Член 5 Потребната организација за спроведување на асанацијата на теренот се утврдува согласно плановите за заштита и спасување. При утврдувањето на потребната организација посебно се определуваат задачите, улогите, функциите и надлежностите на задолжените субјекти кои. ќе учествуваат во спроведувањето на асанацијата на теренот, местата за собирање на загинатите и умрените лица, тријажните пунктови, идентификација, патиштата и начините на извршување на транспорт, начинот и местата на погребување, начин и постапка за собирање, транснорт и закопување на загинати и умрени животни, собирање, депонирање и уништување на сите видови штетни отпадоци и други опасни материи и асанација на објектите за водоснабдување. Член 6 Активностите и постапките учесниците во организираното спроведување на заштитата и спасувањето од поплави ги преземаат. согласно стандардните оперативни процедури донесени од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. 6) Подготвување на активности за спроведување на асанација на теренот Член 7 Подготвувањето на активностите за спроведување на асанацијата на теренот опфаќа организациски и оперативни мерки и постапки со кои се обезбедуваат потребни предуслови за спроведување на планираните активности за спроведување на асанацијата на теренот. За реализација на активностите од став 1 на овој член, задолжените субјекти кои ја спроведуваат асанацијата на теренот во рамките на развојното и оперативно планирање посебно предвидуваат: - пополнување на силите за заштита и спасување; - едукација, обука и вежби; - обезбедување на материјални ресурси за потребите на асанацијата на теренот; - проверка и сервисирање на обезбедените материјални ресурси и - склучување на потребни договори за извршување на одредени задачи и активности. 2 од 7
<!-- page 3 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година Член 8 Со подготвувањето на активностите за спроведување на асанацијата на теренот од страна на задолжените субјекти се спроведуваат планираните активности од член 7 став 2 од оваа уредба. Ш. СПРОВЕДУВАЊЕ НА АСАНАЦИЈА НА ТЕРЕНОТ Член 9 Во спроведувањето на асанацијата на теренот од страна на задолжените субјекти и силите за заштита и спасување се исполнуваат задачите и должностите кои им се утврдени во плановите за заштита и спасување според пронишаните стандардни оперативни процедури. Во спроведувањето на асанацијата на теренот задолжените субјекти учествуваат во извршувањето на одредени специфични активности и тоа: - силите за заштита и спасување - во пронаоѓање, собирање, идентификација, транспорт и погребување на загинати и умрени лица; пронаоѓање, собирање, транснорт и закоп на загинати и умрени животни; собирање, складирање и уништување на штетни отпадоци и други опасни материи; спроведување на санитарно-хигиенски мерки и асанација на објекти за водоснабдување; - јавните и приватните здравствени установи - во спроведување на санитарно-хигиенски мерки при собирање, транспорт и погребување на загинати и умрени лица и животни и дезинфекција, дезинсекција и дератизација на теренот и објектите; : - јавните комунални претпријатија и служби - во собирање, транспорт и погреб на загинати и умрени лица и животни; во асанација на објекти за водоснабдување и обезбедување на вода за пиење; во собирање и уништување на сите видови на штетни отпадоци и други опасни материи што го загрозуваат животот и здравјето на луѓето и - ветеринарните установи и служби во собирање, транспорт и закопување на загинати и умрени животни. Член 10 При спроведувањето на асанацијата на теренот задолжените субјекти и силите за заштита и спасување постапуваат според нормите и стандардите за постапките и начинот на спроведување на асанацијата на теренот. Член! Спроведувањето на асанацијата на теренот опфаќа активности во функција на превенција и оперативни функции. 3 од 7
<!-- page 4 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година а) Активности во функција на превенција Член 12 Во функција на превенција од страна на задолжените субјекти за спроведување на асанацијата на теренот се воспоставува потребната организација од членот 5 од оваа уредба и тоа во рамките на просторното и урбанистичко планирање, утврдуваат локации за закоп на загинати луѓе; закоп на лешеви од загинати и умрени животни и за депонирање и уништување на сите видови штетни отпадоци и други опасни материи, асанација на објекти за водоснабдување. Во рамките на активностите од став 1 на овој член задолжените сибјекти го обезбедуваат пропишаниот потребен минимум персонални и материјални ресурси за функционирање на воспоставената организација, спроведуваат едукација, обука и вежби со задолжениот персонал и силите за заштита и спасување, ги одржуваат и сервисираат материјалните средства наменети за асанацијата на теренот и ги склучуваат потребните договори утврдени со прописите за заштита и спасување. 6) Оперативни функции Член 13 Од страна на задолжените субјекти за спроведување на асанацијата на теренот во рамките на оперативните функции се спроведуваат активности и мерки во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и за отстранување на последиците. 0-1) Активности и мерки во случај на непосредна опасност Член 14 Кога надлежен орган ќе утврди и извести за постоење на можност за настанување на непосредна опасност, надлежните и одговорните лица во задолжените субјекти ја зголемуваат готовноста за спроведување на асанацијата на теренот. Во рамките на активностите на став 1 на овој член, Дирекцијата за заштита и спасување ги активира надлежните и одговорни лица за спроведување на асанацијата на теренот во задолжените субјекти и ги задолжува да преземат организациски, стручни, безбедносни и други мерки заради зголемување на подготвеноста за извршување на задачите во спроведувањето на асанацијата на теренот. 4 од 7
<!-- page 5 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година 6-2) Активности и мерки за време траење на опасноста Член 15 Пронаоѓање на загинати и умрени лица се врши во просторот, местата и објектите во кои се спасуваат настраданите луѓе. Член 16 Собирање на загинати и умрени лица се врши на определени собирни места утврдени со планот за заштита и спасување и тоа по утврдувањето на смртта. Доколку во моментот не постојат можности за пренесување на загинатите и умрени лица до собирните места, тие се собираат на пригодни места непосредно до местото каде се пронајдени, односно каде дејствуваат силите за заштита и спасување. Собирните места можат да бидат во затворен простор или отворен засолнет простор. Загинатите и умрените се покриваат со платно, се поставуваат во одреден ред и се утврдува нивниот идентитет. Член 17 Идентификација на загинати и умрени лица, односно на нивни делови се врши со: одредување на полот, утврдување на возраста, опишување на телото и предметите, покажување на телото и предметите, фотографирање, антроцометрија и дактилоскоција. Во случаи кога преку идентификација не може да се утврди идентитетот, загинатото или умреното лице се прогласува за непознато. По потреба и според можностите на лешевите се вршат и судско- медицинска експертиза и се утврдуваат причините за смртта. Член 18 Загинатите и умрените лица од собирните места до местата на погребување, се транспортираат по точно определени правци. Член 19 Погребување на загинати и умрени лица се врши на местата кои се одредени за таа намена, најчесто во заедничка, а може и во поединечна гробница. Податоци за погребаните лица се запишуваат на надгробните споменици и во книгата на умрените. Покрај закопувањето во земја, погребувањето може да се врши и со спалување. 5 од 7
<!-- page 6 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година Член 20 Начинот и постапките за собирање, транспорт и закопување на загинати и умрени животни зависат од причините на смртта. Кога загинатите и умрени животни не се инфицирани, истите се собираат на одредени места заради преработка и користење на одредени цели, а останатите делови се транспортираат и закопуваат во за таа цел подготвени јами. Кога смртта на животните е последица на инфекција, тие се собираат и транспортираат на определени места каде се спалуваат или закопуваат. Членџ 21 Собирањето и уништувањето на сите видови штетни отпадоци и други опасни материи што го загрозуваат животот и здравјето на луѓето се врши на начин и постапка уредени со прописите во кои се регулирани санитарно- хигиенските мерки и норми. Член 22 Дезинфекција се спроведува на местата каде се пронајдени загинати и умрени лица и животни, местата каде истите се собирани и при нивно закоцување, површините каде се излила канализација по улиците и во објектите и разрушените и напуштени објекти. | На дезинфекција подлежат и објектите или површините каде се чува храна за голем број луѓе, местата кои се предвидуваат за импровизирани складови и објектите предвидени за прифат на население. На објектите и површините на кои се врши дезинфекција по правило се врши и дезинсекција и дератизација. Член 23 Асанација на објекти за водоснабдување и тоа: каптажи, водоводни и канализациони мрежи и обезбедување на вода за пиење се обезбедува со механичка поправка на зидовите на каптажите, бунарите и цистерните и механичко чистење и дезинфекција на нивната околина, како и поправка на водоводната мрежа. Обезбедување на вода за пиење се врши по пат на пречистување и дезинфекција преку вриење, хлорирање и филтрирање или со дотур на исправна вода за пиење додека траат асанационите мерки 6 од 7
<!-- page 7 --> Службен весник на РМ, бр. 101 од 27.07.2010 година 6-3) Активности и мерки во отстранување на последиците Член 24 Бо отстранувањето на цоследиците, службите и силите за зашчита и спасување на задолжените субјекти кои учествуваат во спроведување на асанацијата на теренот, може да се ангажираат и употребуваат во спроведување на здравствени и хигиено-епидемиолошки мерки. Член 25 Раководниот персонал во задолжените субјекти и командниот персонал на силите за заштита и спасување врз основа на водената евиденција за спроведување на активностите за асанација на теренот најдоцна четири часа цо завршувањето на активностите го анализираат своето учество во спроведувањето на асанацијата. Извештајот за извршената анализа и евиденцијата за употребата на службите и силите за заштита и спасување во случај на непосредна опасност, за време на траење на опасноста и во отстранување на последиците од страна на раководниот персонал во задолжените субјекти се доставува до Дирекцијата за заштита и спасување најдоцна два дена по завршувањето на активностите: К. ПРЕОДНА И ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 26 Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за спроведување на асанација на теренот (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/2005). Член 27 Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 51-3015/1 Заменик на претседателот 13 јули 2010 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Владимир Пешевски, с.р. 7 од 7