Decree amending and supplementing the Decree on limit values for levels and types of pollutants in ambient air and alert thresholds, deadlines for reaching limit values, tolerance margins for limit value, target values and long-term goals
Made 2017-12-12 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Air and atmosphere
- Keywords
- air quality/air pollution, emissions, monitoring, policy/planning, pollution control, protection of environment, public health
Where to read it
No source link is recorded for this law.
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
14 декември 2017 Бр. 183 - Стр. 3 3542. Указ бр. 37 4 декември 2017 година Врз основа на член 18, став 1, точка 11 од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македо нија“ бр. 42/2001, 73/2002, 78/2002, 5/2003, 58/2006, 110/2008, 51/2011, 151/2011 и 215/2015), член 74 и член 75 од Законот за служба во Армијата на Република Ма кедонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015 и 193/2015) СЕ ПОСТАВУВА полковник МЕТОДИ Симеон ХАЏИ-ЈАНЕВ ЗА АЃУТАНТ НА ВРХОВНИОТ КОМАНДАНТ НА ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМИЈАТА НА РЕ ПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ФЧ:полковник,по формација бригаден генерал, личен ВЕС: 31179 до сега: одбранбено аташе на Република Македони ја во Вашингтон, Соединети Американски Држави. Овој Указ да се изврши веднаш. Бр. 08-1244/1 Претседател 4 декември 2017 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. 3543. Указ бр. 38 4 декември 2017 година Врз основа на член 18, став 1, точка 11 од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македо нија“ бр. 42/2001, 73/2002, 78/2002, 5/2003, 58/2006, 110/2008, 51/2011, 151/2011 и 215/2015), член 74 и член 75 од Законот за служба во Армијата на Република Ма кедонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015 и 193/2015) СЕ УНАПРЕДУВА ВО ЧИН БРИГАДЕН ГЕНЕРАЛ полковник МЕТОДИ Симеон ХАЏИ-ЈАНЕВ ФЧ: полковник, по формација полковник-бригаден генерал, личен ВЕС: 31179 Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили на Република Македонија, во Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Овој Указ да се изврши веднаш. Бр. 08-1245/1 Претседател 4 декември 2017 година на Република Македонија, Скопје д-р Ѓорге Иванов, с.р. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 3544. Врз основа на член 10 став (1) од Законот за квали тетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Ре публика Македонија“ бр.67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 163/13, 10/15 и 146/15) и член 36 став (2) од За конот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/20, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15 и 142/16), Владата на Република Маке донија, на седницата, одржана на 12.12.2017 година, донесе У Р Е Д Б А ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕД БАТА ЗА ГРАНИЧНИ ВРЕДНОСТИ ЗА НИВОА И ВИДОВИ НА ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИИ ВО АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ И ПРАГОВИ НА АЛАРМИРАЊЕ, РОКОВИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ, МАРГИНИ НА ТО ЛЕРАНЦИЈА ЗА ГРАНИЧНА ВРЕДНОСТ, ЦЕЛНИ ВРЕДНОСТИ И ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ Член 1 Во Уредбата за гранични вредности за нивоа и ви дови на загадувачки супстанции во амбиентниот воз дух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни це ли („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05 и 4/13) во член 2 во ставот (1) по точката 6 се до дава нова точка 7 која гласи: „7. Стабилна временска состојба e состојба на ат мосферата која се создава при подолготрајно присус тво на поле на висок воздушен притисок (антициклон) над подрачје, особено во зимскиот дел од годината, ко ја се карактеризира со многу слаби хоризонтални и ве рикални струења што предизвикува појава на темпера турна инверзија по котлините, состојба при која студе ниот воздух се задржува и мирува во приземниот слој на атмосферата.“ Точките 7, 8, 9, 10 и 11 стануваат точки 8, 9, 10, 11 и 12. Член 2 Во насловот на точката 3 пред членот 8 зборовите: „рокови за постигнување на граничните вредности и маргини на толеранција.“ се заменуваат со зборовите: „прагови на алармирање и прагови за информирање, рокови за постигнување на граничните вредности и прагови на алармирање и маргини на толеранција.“ Член 3 Во членот 8 се додава нов став (2) кој гласи: „Прагот за алармирање и прагот за информирање за суспендирани честички со големина од 10 микрометри (PM10) се дадени во Прилог 1, поглавје Ц точка 4 на оваа уредба“. Член 4 Во Прилогот 1 на оваа уредба, во поглавјето Ц, по точката 3 се додава нова точка 4 која гласи: Стр. 4 - Бр. 183 14 декември 2017 „4. Праг за алармирање и праг за информирање за суспендирани честички со големина од десет микро метри (PM10). Праг за алармирање и праг за информирање се сме таат за надминати доколку: среднодневната концентрацијата на PM10 е над прагот во текот на два последователни денови и е до биена прогноза за стабилна временска состојба во на редниот период и праговите се измерени на најмалку две монито ринг станици во градот Скопје, односно на 50 % од бројот на поставените станици во населеното место, доколку во населеното место е поставена повеќе од ед на мониторинг станица“. Член 5 Оваа уредба влегува во сила со денот на објавува њето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 44-8216/1 Заменик на претседателот 12 декември 2017 година на Владата на Република Скопје Македонија, Оливер Спасовски, с.р. 3545. Врз основа на член 16, точка 4 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македо нија“ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16 и 106/16), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 12.12.2017 година, донесе О Д Л У К А ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА 1. Република Македонија испраќа хуманитарна по мош на Република Албанија, која се состои од: 1000 ќебиња, 1000 шаторски крила, 500 вреќи за спиење и 100 чифта гумени чизми. 2. Хуманитарната помош од точка 1 од оваа одлука се обезбедува од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. 3. Транспортот на хуманитарната помош од точка 1 од оваа одлука ќе го организира Дирекцијата за зашти та и спасување. 4. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавува њето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 44-8153/1 Заменик на претседателот 12 декември 2017 година на Владата на Република Скопје Македонија, Оливер Спасовски, с.р. 3546. Врз основа на член 15, став (21) од Законот за минерал ни суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16 и 189/16), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 12.12.2017 година, донесе О Д Л У К А ЗА ОДБИВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАПОЧ НУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДЕТАЛНИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА 1. Со оваа одлука се одбива иницијативата за започну вање на постапка за доделување на концесија за детални ге олошки истражувања на минерална суровина – песок и ча кал на локалитетот „Желевица“ с.Тработивиште, општина Делчево поднесена од Друштвото за производство, тргови ја и услуги ЛУ-АН МИНЕРАЛИ ДООЕЛ с.Киселица – Делчево бр.24-4594/1 од 1.8.2016 година, бидејќи од Ми нистерството за животна средина и просторно планирање Управа за животна средина - Сектор води е добиено нега тивно мислење бр.11-3643/4 од 15.9.2017 година, со об разложение дека предметниот локалитет се наоѓа во грани ците на крајбрежниот појас на река Желевица, како и од оп штина Делчево е добиено негативно мислење бр.12-856/2 од 26.7.2017 година, со образложение дека локалитетот се наоѓа во нерегулиран водотек на река Желевица, преку кој поминува пат за кој е изработена техничка документација кон објекти од јавен интерес – гробишта и туристички ло калитет „Свети води“, а исто така локалитетот граничи со канал за наводнување на земјоделско земјиште. 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 44-7090/1 Заменик на претседателот 12 декември 2017 година на Владата на Република Скопје Македонија, Оливер Спасовски, с.р. 3547. Врз основа на член 44, став (2) од Законот за корис тење и располагање со стварите во државна сопстве ност и со стварите во општинска сопственост („Служ бен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15, 153/15 и 190/16), Владата на Република Македонија на седницата одржана на 12.12.2017 година, донесе О Д Л У К А ЗА ПРЕСТАНОК И ЗА ДАВАЊЕ НА ТРАЈНО КО РИСТЕЊЕ НА ДВИЖНИ СТВАРИ НА ЗДРУЖЕНИЕ ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ДРАЧЕВО ФИЛИП ЧАКАРОВ СКОПЈЕ Член 1 Со оваа одлука на досегашниот корисник Центарот за управување со кризи му престанува користењето на движните ствари и тоа: