Decision on the establishment of the public company for forest management
Made 1997-12-15 · Text as of 2026-10-01
Public law and official guidance, published as research. Not legal, tax or financial advice.
About this law
- Original title
- Одлука за основање јавно претпријатие за стопанисување co шуми.
- Language
- Macedonian
- Kind
- Regulation
- Organisation
- European Union
- Country
- North Macedonia
- Subjects
- Forestry, Wild species and ecosystems
- Keywords
- forest management/forest conservation, fire management, forest service, forestry protection measures, grazing, institution, pests/diseases, public forest, governance, hazards, hunting/capture, protection forest
Where to read it
Text
The law's own text, section by section, as held. Each section has its own link.
Врз основа на член 17 од Законот за шумите ( Службен весник на РМ" бр. 47 /97) и член 46, став 3 од Законот за Владата на Република Македонија ( Службен весник на СРМ" бр. 38/90 и Службен весник на РМ" бр. 63/94), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 15.12.1997 година, донесе ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО ШУМИ Член 1 Се основа Јавно претпријатие за стопанисување со шумите за стопанска намена во државна сопственост (во натамошен текст: Јавно претпријатие за стопанисување со шуми). Член 2 Јавното претпријатие за стопанисување со шуми работи под фирма Јавно претпријатие за стопанисување со шуми Македонски шуми" - Скопје. Скратен назив на фирмата гласи: ЈП Македонски шуми". Седиштето на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми е во Скопје. Член 3 Основна дејност на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми е: одгледување на шуми (одржување, нега, обнова, мелиорација, и реконструкција на шуми и шикари, пошумување во шума, на голини и на ерозивни земјишта); користење на шуми (сеча на дрвја, производство на шумски сортименти, собирање и производство на други шумски производи и тоа шумски плодови, лековити растенија или нивни делови, печурки, ли шаи, мов, семе, смола, камен и ел., ставање во промет на дрво и други шумски производи, како и користење на шумите за туризам, лов и рекреација); заштита на шуми (од противправно присвојување и користење, пожари, растителни болести и штетници, напасување на добиток, желадење, противправно собирање на други шумски производи и други оштетувања). Покрај дејностите од став 1 на овој член Јавното претпријатие за стопанисување со шуми врши и: ловство и ловен туризам; организирање и вршење дотур на шумски сортименти; организирање и вршење транспорт на шумски сортименти; примарна преработка на дрво; преработка на други шумски производи; ознака за сеча на шуми во државна и во приватна сопственост; издавање на пропратна документација за пренесување и превезување на дрво; изработка на проекти, програми и друга документација врзана за дејноста на јавното претпријатие освен изработка на ловна-стопански основи и планови за стопанисување со шуми; изградба, реконструкција и одржување на шумски сообраќајници; производство и доработка на шумско семе; производство на шумски саден материјал; извоз на дрво и други шумски производи и преработки од дрво и од други шумски производи; набавка на механизација, опрема, репроматеријали и резервни делови за сопствени потреби од увоз или од домашно производство. Јавното претпријатие за стопанисување со шуми врши и одгледување и заштита на шуми за посебна намена. Член 4 Средства за основање на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми се средствата од постојните претпријатија што стопанисуваат со шуми и тоа: Малешево" - Берово; Равна Река" Пехчево; Голак"-Делчево; Осогово" - Крива Паланка; Кратово" Кратово; Осогово" Кочани;Серта"- Штип;Плачковица"- Радовиш;Плачковица"- Виница;Беласица" Струмица; Саланџак" - Валандово; Кожув" - Гевгелија; Демир Капија" - Демир Капија; Бор" Кавадарци Црн Бор" - Прилеп; Бабуна" -Велес; Шумарство и пасишта" - Свети Николе; Кајмакчалан" - Битола; Бигла" - Демир Хисар, Липа"-Крушево; Преспа дрво" Ресен; Галичица" - Охрид; Јабланица". Струга; Стогово" -Дебар; Лопушник" Кичево; Сандански" - Македонски Брод; Шар" Гостивар; Лешница" - Тетово; Караџица" Скопје и Куманово" - Куманово. Член 5 Јавното претпријатие за стопанисување со шуми за превземените обврски во правниот промет со трети лица одговара со целиот свој имот. Член 6 Организацијата на јавното претпријатие за стопанисување со шуми ќе се уреди со Статут. Член 7 Органи на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми се: Управниот одбор, Одборот за контрола на материјално финансиското работење и Директорот. Надлежностите, бројот, составот, организацијата и работата на органите на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми како и други работи од значење за неговиот делокруг се уредуваат со Статутот. Член 8 Статутот на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми Управниот одбор го донесува во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука. Член 9 За вршител на должноста директор на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми се именува Тодоров Симеон досегашен директор на ПОС Осогово" - Кочани. Вршителот на должноста директор ќе ги врши работите за запишување на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми во трговскиот регистар како и други активности потребни за отпочнување со работа на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми. Член 10 Работниците, правата и обврските од претпријатијата што стопанисуваат со шумите од член 4 на оваа одлука, како и на деловите за стопанисување со шуми во ВРО Брегалница" - Кочани, ВРО Тиквешка Поле" - Кавадарци, ВРО Крива Река" - Крива Паланка, ВРО Пелагонија" - Битола и АД Црвени Брегови" -Неготино ги презема Јавното претпријатие за стопанисување со шуми согласно неговиот акт за систематизација. Член 11 Со денот на влегување во сила на оваа одлука може да се издвојат следните делови од постојните претпријатија за стопанисување со шуми, што вршат дејности кои не се од јавен интерес: 1. Печуркарата, компостарата и сушарата во состав на претпријатието за стопанисување со шуми Осогово" - Крива Паланка; 2. Ски-лифтовите во состав на претпријатието за стопанисување со шуми Осогово" - Кочани; 3. Рибникот во состав на претпријатието за стопанисување со шуми Лопушник" - Кичево; 4. Рибникот во состав на претпријатието за стопанисување со шуми Малешево" - Берово; 5. Опремата од рудникот за сијанит во состав на претпријатието за стопанисување со шуми Преспа дрво" - Ресен; 6. Фабриката за иверици во состав на претпријатието за стопанисување со шуми Бор" Кавадарци. Член 12 При издвојување на деловите од постојните претпријатија за стопанисување со шуми наведени во член 11 од оваа одлука, ќе се изврши поделба на капиталот (средствата и обврските) врз основа на искажаните податоци во билансот на состојбата на постојното претпријатие што стопанисува со шуми на ден 30.09.1997 година и тоа: капиталот (номиниран и неноминиран); средствата {постојни средства, обртни средства и средства од заедничка потрошувачка); обврските (долгорочни, краткорочни, пасиви). Капиталот ќе го дели комисија според користењето, средствата и обврските од деловите на постојните претпријатија што стопанисуваат со шуми наведени во член 11 од оваа одлука, согласно технолошкиот процес на работа. Член 13 Поделбата на вработените ќе се изврши врз основа на припадноста на технолошкиот процес на работа. Вработените кои извршуваат работи од заеднички интерес ќе се распоредат согласно актот за систематизација. Член 14 Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија". Бр 23 3028/1 15 декември 1997 година Скопје Претседател на Владата на Република Македонија, Бранко Црвенковски, с.р .