Spatial plan of the region of protection zones of the Rasce spring
صدر في 2002-12-24 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Просторен план на регионот на заштитните зони на изворот Рашче.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- policy
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Water
- الكلمات المفتاحية
- policy/planning, protected area, sustainable use, water abstraction, water resources management
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Врз основа на член 22 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (�Службен весник на Република Македонија� број 4/96, 28/97, 18/99 и 53/2001), Собрание то на Република Македонија, на седницата одржана на 24 декември 2002 година, донесе ПРОСТОРЕН ПЛАН НА РЕГИОНОТ НА ЗАШТИТНИТЕ ЗОНИ НА ИЗВОРОТ РАШЧЕ ВОВЕД ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПЛАНОТ Основна цел на изработувањето на Просторниот план е создавањето на базичен доку мент со помош на кој ќе се насочува процесот на интегралниот развој на просторот на Пр вата и Втората поширока заштитна зона на изворот Рашче до 2020 година по пат на опти мално користење на просторните и природните погодности, локалните услови и можно сти, а во согласност со заштитата на квалитетот, стабилноста и режимот на изворот Раш че. Со овој план се лоцираат мерките за заштита дефинирани со Одлуката, преку плански те решенија за разместеноста на дејностите и стопанските капацитети, развојот на насел бите, инфраструктурните системи, намената и користењето на земјиштето и одржливото користење на природните ресурси. Значењето на овој план особено се истакнува заради неговата улога да создаде услови за заштита на изворот Рашче, кој претставува главен из вор за водоснабдување на населението во Скопскиот регион (545.000 жители). Планот има задача да обезбеди директно учество на локалното население и стопанските субјекти во имплементацијата на мерките и режимите на заштита, за да се сочува квалите тот, стабилноста и штедроста на изворот Рашче. ЦЕЛИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ При усвојувањето на целите, респектирани се достигнатото ниво на стопанскиот развој, погодностите, ограничувањата на природните и создадените услови, потенцијалите за раз вој и заштита на животната средина и изворот Рашче. Согласно со овие начела, општ ин терес на идниот развој на регионот на заштитните зони на изворот Рашче претставува реа лизацијата на следниве цели и задачи: вклучување на месното население во активностите за заштита на изворот Рашче преку со образување на планските решенија со потребите на локалните заедници; запирање на тенденциите на прекумерна и стихијна пренамена на плодните површини во непродуктивни цели; рекултивирање и враќање на дел од деградираното земјиште во продуктивна намена по пат на рекултивација; искористување на компаративните вредности на Долен Полог за повисок степен на финализација на производите и ориентација кон извоз; користење на најновите сознанија на науката и практиката во однос на усогласување на агротехничките мерки со зачувувањето на квалитетот на подземните води; промени во структурата на користењето на земјоделското земјиште, за сметка на зго лемувањето на површините под трајни насади; воспоставување на стандарди за заштита на подземните води во земјоделството; заштита на пасиштата и усогласување на мелиоративните мерки со барањата за зачу вувањето на квалитетот на подземните води; дефинирање на оптимален режим на наводнување; 1 зголемување на површините под шуми, особено на Жеден и Радушкиот масив; пошумување на терени под интензивна ерозија; одржување на шумската вегетација за зајакнување на еколошките коридори; примена на современи техничко-технолошки постапки при екстракција на рудата; одржливо користење на речен камен заради одржување на хидролошкиот и хидрау личкиот режим на површинските и подземните води; долгорочно решавање на обезбеденост со вода на населбите во Првата и Втората за штитна зона на изворот; планско истражување на подземните води; одредување на заштитни зони за постојните изворишта за водоснабдување и наводну вање; спречување на одделни парцијални решенија наспроти постигнување на комплексни позитивни водостопански решенија и ориентација кон регионални системи; реконструкција и модернизација на системите за водоснабдување; формирање катастар на загадувачи на водите; рационално користење на водата за технолошки потреби; користење на подземни води со нарушен квалитет за наводнување; ефикасно спречување на појавите на порои и ерозија; инсталирање на енергетски објекти за зголемување на вкупните економски перфор манси на енергетскиот систем; подобрување на квалитетот и сигурноста на постојната електропреносна мрежа; задоволување на индивидуалните потреби од енергија со користење на биогас; постепена замена на �чисти� технологии во индустријата; мониторинг на прометот на хазардни материи; зачувување на квалитетот на горните текови на водотеците; подобрување на квалитетот на водите на реката Вардар; заштита на водните живеалишта; рамномерна, планска и одржлива сеча на Жеден и подножјето на Шара; минимизирање на количествата отпад; создавање на систем за собирање, транспорт и депонирање на отпадот од овој регион; одделување на опасниот отпад (токсичен, канцероген, инфективен и слично) и негово времено складирање (или спалување, во зависност од карактерот на отпадот) на санитар ната депонија �Дрисла�; ревитализација на постојните капацитети што не се во експлоатација со намена што не е во колизија со заштитата на подземните води; отворање на индустриски зони за користење од страна на населението кое живее во населбите во заштитните зони под специјални услови; намалување на прирастот на населението кое има широка репродукција; управување со демографскиот развој согласно на режимите на заштита во зоните, пре ку соодветна просторно-функционална организација на системот на населбите; развојот на населбите во категоријата на општински центри да биде плански стимули ран преку интерполација на елементи на урбан стандард; ограничување на територијалниот развој на населбите во подножјето на Шара во на сока на високо продуктивното земјиште во Долен Полог; ефикасно просторно поврзување на населените места во регионални рамки преку ефи касен сообраќаен и комуникациски систем; дефинирање на можните правци на ширење на населбите во зависност од природните услови и повредливоста на подземните води; промовирање на дел од населбите што имаат погодности за развој како �Еколошки� села; 2 активирање на локалните заедници и самоиницијативните здруженија на граѓаните низ институционални и вониституционални аранжмани, со цел да се промовира заштитата на водите; зголемување на искористеноста на постојните општествени објекти за потребите на јавните функции; натамошен развој на мрежата на институции за воспитување и образование на децата од предучилишна и училишна возраст; зајакнување и проширување на постојните институции од социјалната сфера; перманентна контрола во сообраќајот, заради висока безбедност како индиректен фа ктор во заштита на водите; довршување на делницата Дворце-Јегуновце, од регионалниот пат со примена на мер ки за заштита на водите; максимално користење на постојните траси при преведувањето на патиштата во пови сок ранг; подобрување на квалитетот на локалната патна мрежа; изградба на шумски патишта заради унапредување на шумите и заштита од пожари; обезбедување на заштита на природните предели и амбиенти во одржувањето на кул турно-историските споменици; поврзување на вегетациските коридори со блиските шумски и мочуришни зони за за чувување на миграционите видови; ревитализација на водните живеалишта по текот на реката Вардар; вградување на споменичните целини и единечни споменици со соодветен третман, ва лоризација и режими на заштита во просторно планската документација на населените ме ста; евиденција на подрачјата, просторите и коридорите зафатени со постојни воени обје кти, комплекси и инфраструктура и нивните заштитни зони и дефинирање на политиката на заштита на населението и материјалните добра преку про цена на загрозеноста од воени удари и дефинирање на зоните за евакуација. ПЛАН ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА, УРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРОСТОРОТ НА ЗАШ ТИТНИТЕ ЗОНИ НА ИЗВОРОТ РАШЧЕ - 2020 ГОДИНА Проекција на населението При изготвување на оваа проекција се тргна од претпоставката дека вкупниот број на населението ќе бележи натамошен пораст на бројот на жители, подобрување на општосто панското ниво и други услови на општествениот и личниот стандард, подигнување на кул турно-образовното ниво на населението и друго. Се предвидува дека во 2020 година вкупното население во заштитните зони ќе изнесува 61.850 жители во 11.890 домаќинства. Табела 10. Проекција на населението - 2020 година Населено место Број на жители КОНДОВО Г. Свиларе 780 Рашче 2.000 Радуша 1.600 Дворце 280 САРАЈ Бојане 2.700 3 Копаница 750 ЈЕГУНОВЦЕ Сиричино 400 Шемшево 1.800 Жилче 550 Прељубиште 400 Туденце 400 Копанце 750 Јанчиште 550 Раотинце 500 Подбреѓе 160 Јегуновце 750 Ратае 380 ТЕАРЦЕ Одри 1.500 Доброште 3.000 Глоѓи 1.400 Теарце 3.900 Слатино 4.500 Лешок 450 Непроштено 1.200 Нераште 4.000 Пршовце 2.500 ВРАТНИЦА Јажинце 950 Рогачево 450 Старо Село 300 Вратница 650 Беловиште 450 Орашје 1.300 ЖЕЛИНО Палатица 2.500 Требош 3.000 Желино 4.500 Церово 500 Озормиште 1.600 ЏЕПЧИШТЕ Порој 2.70 Џепчиште 4.500 Во рамките на структурните промени на населението се оценува дека ќе дојде до зголе мување на учеството на постарото население. Се очекува населението на возраст од 0 до 19 години да го намали учеството во вкупното население од 40% на 30%. Повисоко учес тво се очекува кај населението во старосните групи од 20 до 59 години (од 48% на 57%). Работоспособниот контингент ќе учествува со 62% во вкупното население, додека активи тетот би се зголемил на 25%, во однос на 19,6% во 1994 година. Почитувајќи ги досегашните движење кај основните културолошки белези на населени ето, можат да се очекуваат поинтензивни промени во однос на поголем опфат на децата во 4 основни училишта, односно степен на опфатеност во граници на можното опфаќање. Исто така, се наметнува и потребата за пошироко опфаќање на идните генерации во средните училишта, со соодветно планско насочување од аспект на потребите на стопанството. Развој на стопанството Развојот во наредниот период, особено во првите години, во основа ќе се потпира на ре витализацијата и преструктуирањето на постојните производствени капацитети. Високата технолошка депресијација и ниското ниво на користење на изградените капацитети ќе се надминува со нивна трансформација, што ќе придонесе за поголемо и поефикасно зголему вање на производството и на услугите. Во таа насока се и можностите за ангажирање на об јектите на некогашните општествени земјоделски задруги и задружни домови кои сега се за творени, руинирани и неактивни. Транзицијата во еколошки одржливата економија ќе вклу чи промена на линеарните во циркуларни текови на ресурси, така што ресурсите ќе се кори стат континуирано - отпадоците ќе се рециклираат и ќе претставуваат суровина во некој друг производствен процес, за да се редуцира количеството на отпадоците и за да се заште дат природните ресурси. Во регионот на Првата и Втората заштитна зона на изворот Рашче сопственичката стру ктура на стопанството е детерминирана од секторот на приватните земјоделски домаќинс тва, секторот на малото приватно стопанство, додека секторот на крупното стопанство (Комбинатот �Југохром� и рудникот �Радуша�) е во процес на приватизација. Усогласувањето на процесот на модернизација, окрупнување, специјализација и комер цијализација на земјоделските домаќинства, ќе отвори можности за вработување во неа грарните дејности. Со соодветни мерки на аграрната политика, без нарушување на основ ните принципи на правичност, треба да се стимулира издвојувањето на селските дома ќинства способни за прилагодување на промените на пазарот и во вкупното социоеконом ско окружување. Малото стопанство во рамките на населените места ќе се развива на локациите дефини рани со постојната планска документација за населбите, за населбите во општината Јегу новце и две населби од општина Вратница, а лоцирањето на овие објекти ќе биде регули рано преку изработка на нова урбанистичка документација што треба да се реализира во период од најмногу пет години. Во случај да постои интерес за изградба на стопански об јекти во рамките на овие населби во периодот до усвојувањето на урбанистичките плано ви, нивното лоцирање ќе биде регулирано во согласност со Законот за просторното и ур банистичкото планирање, преку реализација на ГУП за стопански комплекс. Поголемите стопански субјекти - ХЕК �Југохром� и рудникот и сепарацијата �Радуша� ќе се ревитализираат преку пренамена на деловите од постојните инсталации што веќе не се во функција, во согласност со стандардите за заштита на подземните води и постигну вање на економски ефекти. Во случај да се јават стратешки инвеститори заинтересирани за реализација на стопан ски капацитети, кои, според природата на производството, можат негативно да влијаат на подземните води на подрачјето, условите за градба што се издаваат од надлежните служ би, неопходно е да поминат низ низа филтри во државните служби и невладини организа ции, со цел да се обезбедат строги стандарди за заштита на животната средина и постојана контрола на нивната ефикасност. Со концептот на овој план се предвидува развој на стопанските активности преку кон центрација на капацитетите во дефинирани локалитети, наместо нивно дисперзирање низ просторот. Оваа определба се базира на изразитата хидрогеолошка чувствителност на ре гионот на заштитните зони и потребата од заштитата на обработливото земјиште, како не обновлив ресурс. Во реализацијата на овој концепт доминантна улога ќе има локалната са моуправа, која преку соодветен систем на монетарно-кредитна и фискална политика ќе овозможи овие локалитети да функционираат како производни зони. Имајќи ја предвид просторната дисперзија на населбите, гравитационите влијанија и комуникациона поврзаност, се предвидуваат две стопански зони, и тоа: за населбите Рашче, Радуша, Дворце, Бојане и Копаница, се дефинира локација на сто панска зона надвор од Првата заштитна зона (многу загрозениот ходник на Жеденскиот масив), во атарот на населбата Љубин (општина Сарај), на општествено земјиште. Зоните за стопанство предвидени со постојната урбанистичка документација за овие населени ме 5 ста ќе бидат резервирани за реализација на мали погони, чии што технолошки процеси не ма да создаваат отпадни води. Во тој контекст, за ревитализација на рудникот Радуша, за ради специфичната положба на локалитетот во однос на изворот (ориентацијата на отпад ните води кон реципиентот на реката Вардар, која на овој потег понира директно во жеденската акумулација) ќе се реализираат исклучиво овој вид на објекти. за населбите Требош, Жилче, Ратае, Сиричино, Шемшево, Озормиште, Прељубиште, Копанце, Јанчиште, Подбреѓе и Јегуновце, се предвидува организација на стопанска зона во кругот на ХЕК �Југохром�, како и на локацијата на депонијата. За таа цел треба да се изработи физибилити студија за ревитализација на капацитетот, со која ќе се утврдат по тенцијалите на постојната локација (изградената супра и инфраструктура, наспроти плано вите за развој на комбинатот), ќе се дефинираат сопственичките односи во релација со не говата идна приватизација и ќе се определат комплементарните гранки со кои ќе бидат по стигнати оптимални економски и еколошки ефекти. Реализацијата на стопански капаците ти на локацијата на депонијата ќе биде овозможено со рекултивација на деградираното земјиште, која претставува обврска на локалната самоуправа и државата. Од профитот од функционирањето на новите индустриски капацитети ќе се извршат вложувања во санира њето на влијанијата на емисијата на хромот од депонијата (заштита на потокот Музга, за фаќање на дренажните води и нивен транспорт до пречистителната станица на локацијата на Југохром). за другите населби во заштитните зони (населбите на потегот Џепчиште-Вратница), не постојат услови за лоцирање на концентрирана стопанска зона. Од тие причини капаци тетите ќе бидат градени во рамките на предвидените стопански зони предвидени со по стојната урбанистичко-планска документација. Во планскиот период една од приоритетните задачи ќе биде формирање на централен мониторинг за овие состојби, заради преземање на оптимални мерки за санирање на проб лемите со загадувањето на подземните води во регионот. Основен критериум за видот на производството ќе биде квалитетот и структурата на користените горива и видот на предложената технологија. Во однос на развојот и преструктуирањето на економијата на овој простор, може да се посочи како определба и поттикнувањето и искористувањето на секоја можност за прифа ќање на нови, пропулзивни индустриски гранки, засновани на новите научно-технички до стигнувања. Користење и заштита на земјоделското земјиште Основната определба на Планот е зголемувањето на површините под наводнување, зго лемувањето на површините под трајни насади, како и пренамена на дел од деградираните површини во земјоделско земјиште по пат на рекултивација. Трансформацијата на идното користење на земјоделското земјиште и промените во однос на сегашната состојба се ог леда во следново: намалување на обработливата површина за 0,5% од постојната; обновување на површините под овошни насади; зголемување на површините под индустриски култури; зголемување на површините под градинарски култури; намалување на површините под житни култури и намалување на површините под угари. За намалување на опасноста од загадување на водите со азот се предвидува ограничува ње на употребата на азотни ѓубрива до 200 кг/ха N (врз основа на искуствата од Италија и Австрија). Исто така, се ограничува одгледувањето на повеќе од 3,5 условни грла на 1 ха производна површина по стопанство, односно застапување на повеќе од 75% пченка на се идбената површина. Се забранува примена на органски ѓубрива во периодот од 15 октом ври до 25 март, на голи површини, односно од 15 ноември до 25 март на зелени површини. Не се дозволува чување на домашни животни без доволно простор за сигурно складирање на арското ѓубре. Покрај воведувањето на нова законска или подзаконска регулатива, потребно е да се воведе систем за оптимизација на ѓубрењето и наводнувањето и да се работи на едукација на земјоделските производители. Едукацијата на земјоделците за примена на низата мерки во областа на земјоделството е неопходно да биде предмет на целосно изграден систем што ќе функционира на нивото на локалната самоуправа. 6 Се забранува употребата на пестициди кои имаат подолг период на распаѓање од 30 дена, за целиот простор во Првата и Втората заштитна зона на изворот. На таков начин се спречу ва продорот на пестицидите во подземните води, преку нивно придвижување со процедните води. Оптимизацијата на ѓубрењето ќе се врши согласно со потребите на растенијата (во ко личество и сезонски), така што ќе се инсистира на употреба на �slaw releise� ѓубрива за за грозените подрачја во рамките на заштитните зони. За овие подрачја се забранува есенското ѓубрење заради зголемените можности за продирање на загадувачките материи во почвени от супстрат. Оптимизацијата на користењето на заштитните средства ќе се врши согласно со кли матските услови, кои ќе се следат од специјално поставени метеоролошки станици, заради информирање на земјоделците при соодветни услови што погодуваат на појавата на одре дени штетници. Ефективноста во наводнувањето ќе се постигне со примена на принципот на усогласу вање на капацитетот на почвата за прием на вода и потребите на растенијата. Тоа ќе се вр ши по пат на: примена на системите за наводнување капка по капка и спринклери; рециркулација на вишокот на вода од наводнувањето; користењето на подземните води со нарушен квалитет за наводнување (учество на ни тратите застапени во водата да не биде повеќе од 30мг/л) и водите од системите за одводнување ќе се зафаќаат заради нивна повторна употреба за наводнување на земјоделските површини. Унапредувањето на техниките на обработката на почвата со цел за заштита на подзем ните води се однесува на примената на �no tillage� принципот (орање без превртување), при што длабокото орање се избегнува или целосно напушта. За загрозените подрачја на просторот на заштитните зони е неопходно да се изготви Програма за постепена пренамена на дел од едногодишните во повеќегодишни насади на затревенити површини, како и да се дефинира воведувањето на полесмената и плодосме ната за едногодишните култури. Користење на шумското земјиште Стопанското користење на шумите во Првата и Втората заштитна зона е второстепена цел, поради нивниот карактер и видов состав (деградирани, нискостеблени и шикари, претежно дабови и габерови шуми). За управувањето со шумите во регионот (шумско-стопански едини ци Жеден-Матка и Жеден-Орашје), треба да се изготват нови шумско-стопански основи со кои ќе се изврши ревизија на решенијата за стопанисување. Предвидените одгледувачки мер ки (ресурекција, односно обновување на шумите преку гола сеча и пошумување со садници од црн бор), ќе се заменат со овозможување на оптимални услови за природна сукцесија на автохтоната шумска вегетација, која е максимално аклиматизирана на ова подрачје. Економ ски ефекти ќе се постигнуваат само од шумските култури, застапени на источните падини на Жеден и Љуботенскиот серпентински масив. Со таа цел треба да се интензивира процесот на одгледувачки мерки, со цел да се подобри и забрза развојот на овие шуми. Од нискостебле стите насади ќе се добива ситно техничко дрво, при што максимално да се намали отпадокот од сечата. Тој треба да се смета за економска категорија, со цел да се намали сечата на тех ничко дрво. Секоја сеча ќе биде во границите на одржливост, односно сечивиот етат да биде понизок од годишниот прираст. Исто така, биолошкиот диверзитет не смее да се загрози (да се запази видовиот биланс во шумските заедници на даб и бел габер, даб и црн габер, даб и бел габер, со значително присуство на зеленика). Начинот на користење на шумите од страна на локалното население треба да биде предмет на постојана контрола. Источните падини на Жеден кои се обраснати со деградирани шуми и шикари ситуира ни претежно во доловите и покрај времените водотеци, треба да се пошумат. Интензивно и перманентно ќе се врши пошумување на површините околу акумулациите и водозафати те (особено водозафатите во Полошката котлина), пренаменетото земјоделско земјиште со слаба продуктивност, површините изложени на поплавување, деградираните површини за рекултивација и еродираните површини, како и да се врши обновување на ветрозаштитни те појаси во земјоделските површини. Во категоријата на шуми со посебна намена ќе преминат постојните површини под мочу ришна и крајводна вегетација покрај реката Вардар, чија основна функција ќе биде спречува њето на транспортот на загадувачките материи од земјоделските површини и од сообраќајна 7 та инфраструктура, пошумените површини на источните падини на Жеден, околу водозафа тите за населените места и на просторите изложени на поплавување. До 2020 година ќе се пошумат вкупно 200 ха и тоа во шума 160 ха и вон шума 40 ха. Пошумувањето на голините ќе се врши со годишен интензитет од 10 ха, од кои во шума 8 ха и вон шума 2 ха. Со проекцијата за пошумување се предлагаат застапеност на лисјарски видови. Пошумувањето на Жеден е една од приоритетните задачи, со оглед дека во летото 2000 година релативно големи површини под шума беа опожарени. Капацитетите за примарно производство, кои во регионот се претставени со четири пи лани ќе се дополнат со подигање на погони за производство на брикети од отпадоци што се создаваат при сеча на шумите. Во овие погони брикетите ќе се произведуваат и од нус производите од земјоделството. На Жеден се забрануваат агромелиоративни мерки кај пасиштата, додека на Љуботен скиот радушки масив во општината Вратница пасиштата е можно да бидат соодветно ме лиорирани. До крајот на 2020 година ќе се изврши инвентаризацијата и типизацијата на пасиштата, ќе биде утврдена нивната сопственост, тревната продукција и потребата од изведување на мелиоративни мерки, за кои ќе се користат новопредвидените мали хидроакумулации. Експлоатација на минерални суровини Врз основа на досегашните геолошки истражувања се оценува дека приоритет во истражу вањето и искористувањето на минералните ресурси ќе имаат: варовниците на Радушкиот сер пентински масив и ониксот во подножјето на Шара (Лешок-Теарце), травертините во поши рокото окружување на селата Горно Свиларе и Кучково. Хромните лежишта, поради досегашниот обем и интензитет на експлоатација главно се исцрпени и според сегашните сознанија нема економска оправданост за искористување на постојните лежишта. Со изнаоѓање на современа техничко-технолошка постапка можно е искористување на јаловината депонирана во Радуша. Еколошкиот аспект на можната на редна преработка на јаловината неопходно е да биде до крај прилагоден на чувствителната локација на рудникот Радуша. Алтернативно решавање на проблемот со хромната јалови на претставува рекултивацијата на одлагалиштето. Експлоатацијата на варовниците, травертинот и ониксот на поширокиот простор на Втората зона треба да се одвива врз основа на претходно подготвени стручни елаборати за обемот, начинот и интензитетот на експлоатација, во кои ќе бидат содржани прецизни мерки за депонирањето, на цврстиот отпад, дренажата на атмосферските води, оптимали зирано користење на транспортни средства, складирање на опасни и штетни материи и превентивни мерки за заштита од хаварии. За експлоатацијата на доломитот што ја врши ХЕК �Југохром� за потребите на својот технолошки процес на постојниот каменолом на западните падини на жеденскиот карст, можни се два начина на решавање на евидентниот проблем: запирање на експлоатацијата на постојниот ревир и отворање на нов рудник за експлоатација на доломити во непосредната близина на селото Чајле-Гостиварско. Што се однесува до експлоатацијата на травертини во регионот на селото Горно Свила ре, неопходно е истото да се врши според претходно извршени детални рударско-геоло шки истраги. Треба најенергично да се спречат геолошко-рударските истражувања за експлоатација на минералните суровини на целиот Жеденски масив, со оглед на чувствителноста на кар стот. Развој и опременост на населбите Основната цел во развојот на селските населби ќе биде достигната со доближување, па и изедначување, на условите на живеење и зголемување на конкурентноста на руралните во споредба со градските населби. На тој начин ќе биде овозможена најширока слобода во избирање на начинот и местото на живеење на населението, како еден од основните демо кратски принципи. Развојот на населените места и во наредниот период ќе се одвива во рамките на концептот на процесот на децентрализирана урбанизација кој, како и досега, ќе претставува доминантен и најкомплексен општествен процес. Појдовна основа во дефинирањето на системот на населбите, посебно системот на цен трални населби, ќе претставува системот на населби (центри) дефиниран во предлогот на просторниот план на државата. Просторот на заштитната зона и населените места про 8 сторно се диференцирани на два сегмента, а функционално и гравитациски ориентирани кон два важни урбани центра-источниот простор со четири населби гравитира кон градот Скопје-републички центар, а западниот простор со 30 населени места гравитациски е ори ентиран кон градот Тетово-центар на мезорегион. Гравитациска ориентација кон посочените центри детерминирана е во комбинација на два фактора: задоволување на соодветно ниво на потреби и максимално растојание од ме стото на живеење до местото каде што се задоволува конкретната потреба. Грвитациското влијание на центрите од повисоко ниво: Скопје и Тетово, се однесува на задоволување на потребите од највисоко ниво, односно на т.н. специјални и најголем дел од периодичните потреби. Табела 11. Планиран систем на централни населби во опфат на планот Ниво на централитет Функција Населени места Ниво на урбанизира ност Фунционална содржи на Примарно ниво Општински центар Теарце Јегуновце Џепчиште Вратница Желино Сарај * Кондово* *населби лоци рани надвор од зона на зашти та �Рашче� Урбанизирана населба-амби ентална уреде на и опремена на ниво на ур бана населба административни служби на локална са моуправа и админи страција; просвета-основно образование здравствена заштита здр. амбуланта; социјална заштита предуч. образование култура-кино са ла,библиотека, клубо ви: специјални функции мониторинг �Рашче� комплекс функции на локална самоуправа; Секундарно ни во Други населби 30 населби во заштитна зона �Рашче� Рурална насел ба основна содржина на функции во домен на: локална самоуправа; образование; култура (здравство) Во наредниот период развојот на населените места ќе се одвива со примена (и вградување во планската докумантација) на општи и посебни мерки и насоки за развој. Посебните мерки и насоки за просторен развој на населбите предвидуваат: формирање на систем на населени места составен од два нивоа: општински центри (I ниво) и други населби (II ниво) при што во категоријата општин ски центри (I) влегуваат населбите: Теарце, Јегуновце, Џепчиште и Вратница (во границите на подрачјето на заштита) и Кондово, Сарај и Желино (надвор од границите на подрачјето на заштита), а во населби од II ниво сите други населби; Приоритет во постапката на ревидирање на планската документација ќе имаат населби те непосредно лоцирани во подрачја на загрозени и многу загрозени "аквифери"; Јегунов це, Нераште, Раотинце, Подбреѓе, Копанце, Туденце, Шемшево, Жилче, Сиричино, Озор миште, Палатица и Требош и населбата Рашче лоцирана во непосредна близина на изво рот Рашче; Приоритет во комуналното уредување и екипирање ќе имаат населбите лоцирани во по драчје на загрозени и многу загрозени "аквифери"; Јегуновце, Нераште, Раотинце, Под бреѓе, Копанце, Туденце, Шемшево, Жилче, Сиричино, Озормиште, Палатица и Требош и населбите Рашче, Радуша, Дворци, Бојане и Копаница, лоцирани во непосредна близина на изворот Рашче. 9 Водостопанска инфраструктура Co усвоената норма од 300 л на ден на жител ќе бидат покриени потребите од вода за населението, лесната индустрија, потребите на комуналните претпријатија, потребите за напојување на добитокот и заливање на бавчи. За жителите на целиот простор (61.350) потребно е вкупно Qsr/god = 1.268.010 м3/год. вода. Водоснабдувањето на населбите ќе се решава со каптирање на локални извори и из градба на мрежа со соодветни објекти (резервоари, пумпни станици). За населбите Јегу новце, Раотинце, Копанце и Туденце водоснабдувањето ќе се решава од постојниот водо зафат, но со реконструкција на мрежата. Населбите во подножјето на Шара новите потре би од вода ќе ги задоволуваат со реконструкција на постојните и со изградба на нови водо зафати од извори, или површински води на Шарскиот масив. Населбите во централниот дел на полето, чиишто проблеми со водоснабдувањето се најизразени, ќе се ориентираат кон заеднички системи, користејќи ги потенцијалите на подземните води во околината на Сиричино и на локалитетот Студена Вода. Co цел да се елиминира загадувањето на површинските води, потребна е изградба на канализациони мрежи во населените места во чии состав ќе треба да се изградат и уреди за пречистување на отпадните води. Пречистителните станици за третман на отпадните води треба да го опфатат биолошкиот третман со степен на пречистување поголем од 90%. Во општина Теарце постојат услови за заеднички канализационен систем за селата Не проштено, Лешок и Слатино од каде отпадните води после третман ќе се испуштат во ре ката Луди Поток. Од селата Теарце, Пршовце, Глоѓи и Доброште отпадните води после третман во заедничка пречистителна станица се испуштаат во реката Бистрица. Исто така, заеднички канализационен систем се предвидува и за селата Одри и Нераште со испушта ње на водите во реципиентот - реката Беловишка. Во општина Вратница за селата Вратница и Беловиште се предвидува канализационен систем со заеднички третман на отпадните води и нивно испуштање во Вратничка Река. Исто така, се разгледува можноста и за заеднички третман на отпадните води од селата Ја жинце и Рогачево. Во општина Желино има можности за заеднички канализационен систем за селата Па латица, Требош и Озормиште. Во општина Јегуновце ќе се согледаат можностите и за заедничка канализациона мрежа за селата Јегуновце, Подбреѓе, Јанчиште, Раотинце, Копанце и Туденце. Индустриските капацитети кои испуштаат води загадени од технолошкиот процес мора да извршат пречистување на водите во кругот на фабриката пред да ги испуштат во кана лизационата мрежа на населеното место или во најблискиот реципиент. Системот "Сиричино" со површина од 420 ха се наоѓа на просторот меѓу селото Рао тинце и селото Сиричино. Се предвидува површинско наводнување со црпење на вода од реката Вардар со пумпна станица во близина на селото Туденце. Системот за наводнување "Куново - Равен - Вратница" ги опфаќа површините од село то Равен до селото Вратница со вкупна површина од 14.158 ха. Во овој систем спаѓаат и обработливите површини од реката Бистрица до селото Вратница (над постојниот систем "Радиовце - Бистрица") со околу 1.500 ха кои се дел од II заштитна зона на изворот Рашче. За заштита од ерозија ќе се изврши уредување на реката Порој. За заштитата од поплавите на реката Вардар во Долен Полог ќе се извршат регулации на коритото и други технички и биолошки мерки. Енергетска инфраструктура Поради зголемување на животниот стандард на населението, во планскиот период, по трошувачката на електрична енергија по домаќинство се очекува да се зголеми. Од реги стрираната просечна специфична годишна потрошувачка по жител за регионот, од 569 kWh/ж во 1997 година се прогнозира да се зголеми на 1200 kWh пo жител во 2020 година што претставува зголемување за 2,1 пати. Според тоа, за планскиот период до 2020 година вкупната потрошувачка на електрична енергија по домаќинство се прогнозира да изнесува 6.150 kWh годишно. Потрошувачката на огревно дрво ќе се задржи на сегашното ниво од 10 до 12 м3дрва по домаќинство. 10 Од другите енергенти се предвидува значително зголемување на учеството на течните горива (без мазут) во вкупната потрошувачка на енергија во регионот и тоа главно во соо браќајот. Врз основа на досегашните истражувања постојат добри можности за производство на енергија од биогас кој може да се продуцира од малите фарми (со над 20 грла) во селата разместени во полето на Долен Полог. Исто така, можно е користењето на отпадниот електропечкин гас во ХЕК �Југохром� чија топлинска енергија изнесува 9630 кЈ/Nm3. Степенот на полезното дејство на овој енергетски систем е 24 до 28% со што се овозможува производство на околу 130.000 MWh годишно. Главни елементи на системот за транспорт на електрична енергија се далноводите и трафостаниците од 110 и 35 кV. Co оглед на тоа што во регионот до 2020 година не се предвидува драстично зголемува ње на потрошувачката на електрична енергија, постојниот систем за пренос на електрична енергија (110 и 35 кV) нема да се менува и доградува. Промени се потребни во состојбата на среднонапонската мрежа (10 кV) Покрај дисло кација на дел од трасите на далноводите кои ќе се најдат на трасите на регионалните и ма гистралните патишта, ќе се ревитализира мрежата со напон од 20 кV со што ќе се зголеми квалитетот и доверливоста на целокупниот електроенергетски систем. За задоволување на потрошувачката на електрична енергија, постоечката трафостаница лоцирана во Јегуновце 110/35/10 KV и трафостаницата во Радуша 35/10 KV не ги задово луваат потребите. Во Радуша ќе се постави нова трафостаница од 110/35/10 KV. Постојни от систем на мали столбни трафостаници ќе биде заменет со современи капацитети со по голема моќност, што е зависно и специфично за секој локалитет. За оваа цел да се кори стат податоци од ДУП за населените места во регионот. Во делот од нисконапонската мрежа, исто така потребно е да се изврши целосна рекон струкција на столбните места и воздушните проводници. Населените места каде што нема инсталирано улично осветлување во идниот период при реконструкција на нисконапон ската мрежа да бидат опфатени со инсталациите за јавно осветлување. Сообраќајна инфраструктура Основна артерија на магистралната сообраќајна мрежа на просторот на Првата и Втора та заштитна зона и натаму ќе претставува патот М-4, односно делницата на автопатот Скопје - Тетово. Поради географската положба на регионот и можноста за трансрегионално поврзување, постојниот регионален патен правец Тетово - Јажинце во планскиот период ќе се прекате горизира во магистрален со меѓународно значење. Трасата на идниот магистрален патен правец ќе се води тангентно на градежните опфати на населените места. Во состав на про ектната документација за магистралниот пат, согласно со Законот за заштита и унапреду вање на животната средина и овој план, задолжителна е изработка на Еколошки елаборат. Регионалната патна мрежа ја сочинуваат правците Р-407 (Желино-Јегуновце) и Р-403 (Кондово, Радуша, Јегуновце, Теарце). Се предвидува доизградба на делницата Јегуновце Дворце, на регионалниот пат Р-403. Изведбата на сите технички мерки предвидени со Еколошкиот елаборат изработен во состав на проектната документација на Главниот проект за автопатот Скопје - Тетово е за должителна во планскиот период. Целиот патен сообраќај во Првата и Втората заштитна зона на изворот Рашче до 2020 година ќе биде предмет на активен мониторинг, заради превенција на инциденти и несре ќи, како можност за нанесување на огромни штети на подземниот ходник во регионот. Локалната патна мрежа, која се надоврзува на регионалните и магистралните патишта, во голема мера се одликува со половни технички карактеристики, односно коловозите се асфалтирани. Во наредниот период се предвидува системот на регионалните патишта да ја врши функцијата на локалниот сообраќај, меѓутоа се предвидува и осовременување и до изградба на локалните патни правци кои не се асфалтирани. Ќе се асфалтираат локалните врски меѓу селата од десната страна на реката Вардар (Желино-Туденце-Копанце-Раотин це), меѓу селата Палатица-Озормиште и Палатица-Требош-Жилче, како и патниот правец Дворце-Старо Село. Исто така, дел од полските патишта кои служат за поврзување со аграрните површини ќе бидат преведени во макадамски патишта со осовременети колово зи. 11 Животна средина За решавање на проблемите со животната средина неопходно е да се изврши санација на постојните загадувачи, како и да се дефинираат услови и насоки за превентивна зашти та. Во планскиот период заштитата на воздухот ќе се решава со примена на системи за пречи стување на отпадните гасови од одделните извори. Тоа се однесува на ХЕК "Југохром", како и на поединечните извори од стопанските субјекти на подрачјето, што емитираат гасови со кон центрации на штетни материи над МДК. За нивна идентификација неопходно е организирано функционирање на мониторинг и редовна контрола од страна на надлежни инспекциски служби. Мерките што ќе се применуваат за спречување на штетните влијанија од сообраќајот, задолжително ќе вклучуваат примена на заштитни појаси од соодветни материјали (дрвенести растенија, бариери од природни и вештачки материјали и слично). Заштитата на водите е предмет на систем од мерки, кои се интегрално разработени при дефинирањето на режимот за користење на земјиштето. Исто така, во делот на имплемента цијата на Планот, дефинирани се и наредните активности за решавање на одделни проблеми со заштитата на водите и животната средина воопшто. Во Првата фаза (до 2005 год.) треба да бидат рекултивирани депониите во Теарце, Џеп чиште и Пршовце, заради ризичниот карактер на отпадот. Санирањето и квалитетот на во дите на Вратничка Река кој е значително нарушен од депонирање на цврстиот отпад во речното корито ќе се врши во Првата фаза. Исто така, проблемот со санирањето и рекул тивацијата на индустриската депонија на ХЕК "Југохром" треба да биде решавано во Пр вата фаза. Рекултивацијата на депонијата за јаловина на рудникот "Радуша" ќе се врши во Втората фаза (2005-2020 година), што се однесува и на другите "диви" депонии на подрач јето. Просторот на Првата и Втората заштитна зона на изворот Рашче ќе се решава од аспект на управувањето со цврстиот отпад преку заокружен систем кој ќе се потпира на постојни те јавни комунални претпријатија во Тетово, Теарце и Јегуновце. За целосно покривање на просторот со соодветни служби за собирање, транспорт и депонирање на отпадот ќе треба да се формираат и комунални претпријатија во општинските центри Вратница и Желино, како и во населбата Рашче. Јавните комунални претпријатија ќе организираат претоварни станици на повеќе локации, до кои со локален транспорт ќе се одвезува отпадот еднаш или двапати од секоја населба, во зависност од количествата на отпадите и расположливи те ревозни средства. п Заштита од воени разурнувања, природни и технолошки катастрофи Положбата на изворот Рашче, од аспект на неговата загрозеност за изведување акции за онеспособување на самиот извор, го прави овој витален ресурс за Скопје и државата ран лива цел и објект од стратешки интерес за непријателски дејства. Можни продори на организирани групи со непријателски цели се реални од правецот на Дервенската клисура (Радуша, Дворце и Долно Орашје), од отворениот простор кон селата Рашче, Копаница, Горно Свиларе и подалечното Кондово, a најмалку се веројатни од стрмните и непристапни отсеци на Жеден, од западен правец, над самиот извор. Најзагрозени се просторите во рамнинскиот дел на Полог, комуникацијата Скопје Групчин-Тетово и долината на Вардар (Дервенска клисура), Долен Полог е директно за грозен од воени дејствија, како и Радушкото планинско подрачје. Единствен простор во анализираниот регион, кој поради сообраќајната недостапност, претставува индиректно загрозен од воени дејствија е планината Жеден. Заради хидрогеолошката чувствителност на целиот Жеденски масив и Дервенската клисура, која беше потврдена со последиците од бегалските кампови во Бојане и Радуша (бактериолошка неисправност на повеќе анализи за квалитетот на водата од Каптажа 2 и хлоринаторската станица во Кондово, во март 2000 година, една година по косовската криза), исклучуваат секакво концентрирање на лу ѓе и средства во Првата заштитна зона на изворот Рашче. Најпогодни терени во анализи раниот простор погодни за згрижување на население и материјални средства во услови на воени дејствија, претставува масивот на Шар Планина и тоа појасот на дабовите и букови те шуми на контактот со зоната на пасиштата каде е овозможена сообраќајна комуникаци ја и поврзување со шумски патишта, а истовремено се лоцирани и голем број на бачила. За намалување на сеизмичкиот ризик потребна е примена на соодветни економски мер ки за заштита на создадените вредности на локалитетот на самиот извор, како и на окол ниот простор, кој може да причини загрозеност на материјалните вредности на објектите на каптажите, водовите, како и да се одрази на природните услови релевантни за одржува 12 ње на издашноста и квалитетот на изворот. За подрачјето на изворот, каде што покрај се измичкиот хазард постои опасноста од колатерални хазарди, неопходно е да се изврши де тална реонизација на просторот, со цел да се применат заштитни мерки. Во случај на долготрајна суша, која може да се одрази на издашноста на изворот, како и на проблеми со водоснабдувањето на поширокиот простор на заштитните зони, потребно е да се изработи план за рационализација на користењето на водата, како и да се предви дат алтернативни извори за водоснабдување. Оформувањето на системот за евиденција и анализа на технолошки акциденти на по широкиот простор ревелевантен за квалитетот на водите на изворот компатибилен со си стемот МАРС (актуелен во земјите на Европската унија), исто така ќе биде еден од прио ритетите за имплементација на овој план. Наведените мерки и насоки за заштита од воени разурнувања, природни и технолошки катастрофи, ќе бидат детално разработувани во наредните активности, што ќе произлезат од овој план. Биланси на намената и користењето на земјиштето Битните трансформации во користењето на земјиштето ќе се остварат во категоријата на продуктивното земјиште. Согледувајќи ги вредностите и потенцијалите на просторот како и интересот за заштита на квалитетот на водите на изворот Рашче, доминантните трансформации се очекува да настанат во зголемувањето на шумските површини за сме тка на пасиштата и тоа во двете заштитни зони и интензивирање на земјоделството во До лен Полог. Односот на продуктивното и непродуктивното земјиште незначително ќе се измени во полза на продуктивното земјиште кое во 2020 година ќе ја има следната структура. Табела 12. Биланс на продуктивно/непродуктивно земјиште I зона II зона Површина 14.296 ха 100,00% 15.647 ха 100,00% Непродук тивна 881 ха 6,20% 2.218 ха 14.10% Продуктивна 13.415 ха 93,80% 13.429 ха 85,90% Во билансите на непродуктивното земјиште извесно зголемување ќе забележат повр шините под населените места и тие во Првата зона ќе изнесуваат 623 ха, а во Втората зона 2.205 ха. Табела 13. Структура на продуктивните површини I зона II зона Продуктивно 13.415 ха 100,00% 13.429 ха 100,00% Шуми 10.100 ха 75,30% 3.301 ха 24,60% Пасишта 2.040 ха 15,20% 2.161 ха 16,10% Обработливо 1.275 ха 9,50% 7.967 ха 59,30% Најголеми трансформации во планскиот период ќе настанат кај шумите и шумското земјиште кое од сегашните 6.250 ха во Првата зона ќе се зголемат на 10.100 ха, односно од 2.501 ха на 3.301 ха во Втората заштитна зона. Овие површини ќе се зголемуваат за сметка на пасиштата, кои како нископродуктивни се простираат на повеќе од пополовина од по вршините на планината Жеден. 13 Ширењето на површините под шуми ќе се одвива од левата страна на реката Вардар кон границата со Социјалистичка Република Југославија, односно радушкиот реон. Во ре онот на Долни Полог шумите ќе имаат заштитна улога долж реките, а истовремено ќе претставуваат еколошки коридори меѓу Жеденскиот и Шарскиот масив. Обработливото земјиште ќе забележи намалување, особено во првата зона, каде што нископродуктивните површини над селата Рашче, Копаница и Бојане, кои поради морфо логијата на теренот и физичко-механичките својства на почвата, не се погодни за примена на современи агротехнички мерки. Квалитативни промени во намената на обработливото земјиште ќе настане во Долен Полог, каде што целокупните површини во полето ќе се на оѓаат под системи за наводнување, а во структурата на обработливите површини ќе доми нираат трајните насади, градинарските култури и вештачките ливади. Во структурата на другото непродуктивно земјиште не се очекуваат поголеми промени (површини под водотеци, патишта), освен кај површините под камењари кои се очекува да бидат обраснати со грмушеста вегетација од низок обраст. Р ежим за користење на земјиштето и ресурсите Врз база на сегашниот степен на истраженост, а со цел за да се изврши превентивна за штита на водите во регионот, дефиниран е режимот на користење на земјиштето. На просторот на прецизираните граници на заштитните зони дефинирани со Одлуката, изработени се мерки диференцирани во четири степени, за претходно издвоените четири зони во рамките на Првата и Втората заштита зона, и тоа: На целиот простор на Првата заштитна зона се утврдува прв степен на заштита (кар стен подник многу загрозени терени). На просторот на Втората зона за спроведување на режимот на заштита, каде што се за стапени загрозени терени (збиен подник), утврдени се три диференцирани степени на за штита, согласно со трите поткласи одделени со хидрогеолошката реонизација на теренот (практично незаштитен, делумно заштитен и заштитен збиен подник). Табела 14. Хидрогеолошка загрозеност и степени на заштита Зона на заштита/тип на подник Хидрогеолошка загрозеност Степен на заштита Прва заштитна зона-Карстен подник Многу загрозени подници Прв степен на заштита Практично незаштитен подник Втор степен на заштита Делумно заштитен подник Трет степен на заштита Втора заштитна зона-Збиен подник Заштитен подник Четврти степен на заштита На територијата на Третата заштитна зона (со Одлуката дефинирана како зона на хиги енско-епидемиолошко следење), не се воведуваат режими на заштита, освен што се дефи нира мониторинг, односно се одредуваат локациите за наредни истражувања. Прв степен на заштита ќе се спроведува во подрачјето на Првата заштитна зона, чии што граници се дефинирани со графичкиот прилог, за што ќе се применуваат следниве мерки: Во доменот на населбите треба да се преземаат следниве мерки: Изработка на УДНМ за населбите Рашче, Бојане, Копаница, Радуша, Орашје, Раотин це, Сиричино, Туденце, Копанце, согласно со насоките од овој план; Вградување во УДНМ на одредбите за реализација: длабочината на земјениот ископ за темелење да биде ограничена, согласно со претходно извршени геолошки истражувања на конкретната локација, извршување на технички прием на темелите од страна на над лежна инспекциска служба; Рекултивација на локацијата на бегалскиот камп во селото Бојане; 14 Изработка на еколошки елаборати за постојни индустриски погони; Се забранува изградба на бензиски пумпи во Првата заштитна зона на изворот. Во полјоделството ќе се применуваат следниве мерки: Употреба исклучиво на �slaw releise� ѓубрива (ѓубрива со продолжено распаѓање), и со забрана за нивно користење од 15 октомври до 15 март за ораници и од 15 ноември до 15 март за зелени површини; Употреба исклучиво на пестициди со време на распаѓање до 30 дена; Забрана за користење на пестицидите: алдрин, хлордан, диелдрин, ди-ди-ти, енрин, хептахлор, мирекс, токсафен, хексахлоробензол; Користење на податоци од постојни климатолошки станици во Јегуновце, Радуша и Рашче за оптимализација на употребата на пестициди; Обработка на земјата со �no tillage� техника (орање без превртување); Спречување на дренажа на води од обработливи површини во реката Вардар; Намалување на површините под ораници, за сметка на зголемувањето на зелени повр шини (ливади, пасишта, затревени трајни насади); Определување на пробни парцели за следење на резултатите од примена на мерките; Мониторинг на квалитет на почва; Следење на азотот, фосфорот и пестицидите на постојните хидрометриски профили. Во сточарството ќе се применуваат следниве мерки: Одгледување на најмногу 3.5 условни грла/ха обработлива површина за индивидуален производител; Пречистување на отпадни води од стаи за добиток со капацитет поголем од нормата 3.5 условни грла/ха; Складирање на отпад од фармите на уредни локации (примена на фолии и друг вид на површински бариери; Забрана за депонирање на пцовисан добиток во зоната; Санирање на локацијата каде што е депониран заболен добиток, југозападно од селото Рашче; Контрола на спроведувањето на мерките. Во областа на водостопанството и комуналното уредување ќе се применуваат следниве мерки: Воспоставување на заштитен коридор за водовите на цевките за водоснабдување на Скопје, Рашче, Бојане и Копаница; Воспоставување на заштитни зони околу изворите за водоснабдување во Првата зона; Реконструкција на регионалниот водовод во сопственост на ХЕК �Југохром�; Решавање на водоснабдувањето на населбите што црпат вода од индивидуалните бу нари; Санација на септиците на локацијата на бегалскиот камп во селото Бојане; Изведба на канализациона мрежа и пречистување на комунални отпадни води за сите населби од Првата зона; Регулација на реката Вардар на делници загрозени од поплавување; Санирање на деградирани површини од експлоатација на песок и чакал на речните брегови; Одржување на крајбрежна вегетација за заштита од ерозивен нанос; Изведба на систем за наводнување �Сиричино� по доведувањето на квалитетот на ре ката Вардар во пропишаните граници. Во областа на експлоатацијата на минерални суровини ќе се применува следново: Решавање на статусот на каменоломот на ХЕК �Југохром� на Жеден, по изработка на физибилити студија за оправданоста на неговото завторање; Забрана за работа на бесправно поставениот каменолом западно од селото Бојане; Експлоатација на песок и чакал од коритата на водотеците (пред се на реката Вардар) по специјално издадени дозволи од Министерството за животна средина и просторно пла нирање; Рекултивација на јаловиштето во Радуша, депонијата и каменоломот на Југохром, според претходно изработени проекти. Во областа на шумарството ќе се применуваат следниве мерки: Ревизија на постојните планови за шумско-стопанските единици Жеден-Орашје и Же ден-Матка согласно со планските решенија на овој план; Изработка на планска документација за уредување на заштитната шума на источните падини на Жеден; 15 Пошумување на заштитните зони на изворите за водоснабдување; Изработка на план за заштита од пожари; Оптимализација на употребата на хемиски средства за заштита од болести и штетници на дрвните видови. Вториот степен на заштита ќе се спроведува во подрачјето на Втората заштитна зона, на делот од котлината во Долен Полог, чии граници се дефинирани со графичкиот прилог. Во доменот на населбите треба да се преземаат следниве мерки: Изработка, односно ревизија на УДНМ за населбите Подбреѓе, Шемшево, Озормиште, Требош и Нераште, согласно со насоките од овој план; Во рамките на урбаните опфати на населените места усвоени со овој план, УДНМ тре ба да ги гради следниве одредби за реализација: изградбата на објекти за домување треба да подлежи на добивање посебни дозволи за градба, при што треба длабочината на земје ниот ископ за темелење да биде ограничена, согласно со претходно извршени геолошки истражувања на конкретната локација. За погоните за индустриското производство и складиштата (складиштето за градежни материјали во Шемшево, погоните за градежни материјали и преработка на дрво во Озор миште) задолжително да се изработат еколошки елаборати и да се изведат соодветни тех нички зафати за пречистување на отпадните води (прописно изведени двокоморни бетон ски септици). Се налага перманентна контрола на постојни бензиски пумпи (контрола на притисок на вентилите во резервоарите и исправност на мрежата); за новопредвидени бензиски пумпи ќе се издаваат посебни дозволи од Министерството за животна средина и просторно пла нирање. Во полјоделството ќе се применуваат следниве мерки: Забрана за користење на ѓубрива од 15 октомври до 15 март за ораници и од 15 ноем ври до 15 март за зелени површини; Употреба исклучиво на пестициди со време на распаѓање до 30 дена; Забрана за користење на пестицидите: алдрин, хлордан, диелдрин, ди-ди-ти, енрин, хептахлор, мирекс, токсафен, хексахлоробензол; Користење на податоци од постојни климатолошки станици во Јегуновце, за оптима лизација на употребата на пестициди; Обработка на земјата со �no tillage� техника; Спречување на дренажа на води од обработливи површини во реката Вардар; Намалување на површините под ораници, за сметка на зголемувањето на зелени повр шини (ливади, пасишта, затревени трајни насади); Определување на пробни парцели за следење на резултатите од примена на мерките; Мониторинг на квалитет на почва; Следење на азотот, фосфорот и пестицидите на постојните хидрометриски профили. Во сточарството ќе се применуваат следниве мерки: Пречистување на отпадни води од стаи за добиток со капацитет поголем од нормата 3.5 условни грла/ха; Складирање на отпад од фармите на уредени локации (примена на фолии и друг вид на површински бариери); Забрана за депонирање на пцовисан добиток во зоната; Контрола на спроведувањето на мерките. Во областа на водостопанството и комунално уредување ќе се применуваат следниве мерки: Воспоставување на заштитни зони околу изворите за водоснабдување на Втората зо на; Решавање на водоснабдувањето на населбите што црпат вода од индивидуални буна ри; Изведба на канализациона мрежа и пречистување на комунални отпадни води за сите населби од Втората зона; Регулација на реката Вардар на делници загрозени од плавење; Санирање на деградирани површини од експлоатација на песок и чакал на речните брегови; Одржување на крајбрежна вегетација за заштита од ерозивен нанос; Реконструкција на постојниот систем за наводнување �Радиовце-Бистрица�. Во областа на експлоатацијата на минерални суровини ќе се применува следново: 16 Експлоатација на песок и чакал од коритата на водотеците (пред се на реката Вардар) по специјално издадени дозволи од Министерството за животна средина и просторно пла нирање. Во областа на шумарството ќе се применуваат следниве мерки: Пошумување на заштитните зони на изворите за водоснабдување; Одржување на шумите во земјоделското земјиште; Пошумување на ветрозаштини појаси; Стабилизирање на речни брегови за заштита од поплави и ерозија. Третиот степен на заштита ќе се спроведува во подрачјето на Втората заштитна зона, чии што граници се дефинирани со графичкиот прилог, за што ќе се применуваат следни ве мерки. Во доменот на населбите треба да се преземаат следниве мерки: Изработка или ревизија на УДНМ за населбите Лешок, Непроштено, Џепчиште и По рој, согласно со насоките од овој план. За погоните за индустриско производство и складиштата (Погон за производство на ПВЦ фолии во Џепчиште, Погон за текстилни производи во Лешок, погон за малтери и преработка на дрво во Непроштено) задолжително да се изработат еколошки елаборати и да се изведат соодветни технички зафати за пречистување на отпадните води (прописно изведени двокоморни бетонски септици). Се налага перманентна контрола на бензиските пумпи. Во полјоделството ќе се приме нуваат следниве мерки: Забрана за користење на ѓубрива од 15 октомври до 15 март за ораници и од 15 ноем ври до 15 март за зелени површини; Употреба исклучиво на пестициди со време на распаѓање до 30 дена; Забрана за користење на пестицидите: алдрин, хлордан, диелдрин, ди-ди-ти, енрин, хептахлор, мирекс, токсафен, хексахлоробензол; Користење на податоци од постојни климатолошки станици во Теарце и Одри за опти мализација на употребата на пестициди; Намалување на површините под ораници, за сметка на зголемувањето на зелени повр шини (ливади, пасишта, затревени трајни насади); Определување на пробни парцели за следење на резултатите од примена на мерките: Мониторинг на квалитет на почва. Во сточарството ќе се применуваат следниве мерки: Одгледување на најмногу 3,5 условни грла/ха обработлива површина за индивидуален производител; пречистување на отпадни води од стаи за добиток со капацитет поголем од нормата 5 условни грла/ха; Складирање на отпад од фармите на уредени локации (примена на фолии и друг вид на површински бариери); забрана за депонирање на пцовисан добиток во зоната; Контрола на спроведувањето на мерките. Во областа на водостопанството и комуналното уредување ќе се применуваат следниве мерки: Воспоставување на заштитни зони околу изворите за водоснабдување во Втората зо на, трет степен на заштита; Решавање на водоснабдувањето на населбите што црпат вода од индивиду ални бунари; Изведба на канализациона мрежа и пречистување на комунални отпадни води за сите населби; Заштита од порои од Џепчишка река; Одржување на крајбрежна вегетација за заштита од ерозивен нанос; Изведба на систем за наводнување Куново-Вратница. Во областа на експлоатацијата на минерални суровини ќе се применува следново: Експлоатацијата на оникс во регионот на Лешок да се врши под периодичен надзор од страна на инспекциски служби на Министерството за животна средина и просторно пла нирање. Во областа на шумарството ќе се применуваат следниве мерки: Ревизија на постојните планови за шумско-стопанските единици во подножјето на Шара, согласно со планските решенија на овој план; 17 Пошумување на заштитните зони на изворите за водоснабдување; Изработка на план за заштита од пожари; Оптимализација на употребата на хемиски средства за заштита од болести и штетници на дрвните видови. Четвртиот степен на заштита ќе се спроведува во подрачјето на втората заштитна зона, чиишто граници се дефинирани со графичкиот прилог за што ќе се применуваат следниве мерки: Во доменот на населбите треба да се преземаат следниве мерки: Изработка или ревизија на УДНМ за населбите Теарце, Слатино, Пршовце, Глоѓи, Одри и Вратница согласно со насоките од овој план; За погоните за индустриско производство и складиштата (пекари, преработка на дрво, пилани во Теарце, кланица во Слатино, преработка на дрво и пластика во Глоѓи, произ водство на градежни материјали во Пршовце и бетонска галантерија во Вратница), задол жително да се изработат еколошки елаборати и да се изведат соодветни технички зафати за пречистување на отпадните води (прописно изведени двокоморни бетонски септици) и Се налага перманентна контрола на бензинските пумпи. Во полјоделството ќе се при менуваат следниве мерки: Употреба исклучиво на пестициди со време на распаѓање до 30 дена; Забрана за користење на пестицидите: алдрин, хлордан, диелдрин, ди-ди-ти, енрин, хептахлор, мирекс, токсафен, хексахлоробензол; Користење на податоци од постојни климатолошки станици во Теарце и Одри за опти мизација на употребата на пестициди; Намалување на површините под ораници, за сметка на зголемувањето на зелени повр шини (ливади, пасишта, затревени трајни насади); Определување на пробни парцели за следење на резултатите од примена на мерките и Мониторинг на квалитет на почва. Во сточарството ќе се применуваат следните мерки: Пречистување на отпадни води од стаи за добиток со капацитет поголем од нормата десет условни грла/ха; Складирање на отпад од фармите на уредени локации (примена на фолии и друг вид површински бариери); Забрана за депонирање на пцовисан добиток во зоната и Контрола на спроведувањето на мерките. Во областа на водостопанството и комуналното уредување ќе се применуваат следниве мерки: Воспоставување на заштитни зони околу изворите за водоснабдување; Решавање на водоснабдувањето на населбите што црпат вода од индивидуални бу нари; Изведба на канализациона мрежа и пречистување на комунални отпадни води за сите населби; Одржување на крајбрежна вегетација за заштита од ерозивен нанос и Изведба на систем за наводнување Куново-Равен-Вратница. Во областа на експлоатацијата на минерални суровини ќе се применува следново; Експлоатацијата на оникс во регионот на Теарце да се врши под периодичен надзор од страна на инспекциски служби на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во областа на шумарството ќе се применуваат следниве мерки: Ревизија на постојните планови за шумско-стопанските единици во подножјето на Шара, согласно со планските решенија на овој план; Пошумување на заштитните зони на изворите за водоснабдување; Изработка на план за заштита од пожари и Оптимизација на употребата на хемиски средства за заштита од болести и штетници на дрвните видови. За доследна и организирана примена на дефинираните четири степени на заштита во Првата и Втората заштитна зона на изворот, ќе бидат неопходни широки активности во доменот на создавањето на оптимална законска основа, усогласување на режимот на кори стење на просторот со локалните политики за развој, едукација на техничкиот кадар во ор ганите на управа, локалното население и невладините организации. Во текот на примената на режимот за користење на земјиштето и имплементацијата на Планот, истовремено ќе се вршат систематски истраги, за да се разрешат дилемите во од 18 нос на хидрогеолошките услови и механизмите на загадување на водите. На тој начин до биените сознанија можно е да се одразат на извесни корекции во однос на границите на зоните и мерките дефинирани со овој план. Предлог за измени на границите на заштитните зони Билансот на водите во сливот на изворот битно се менува заради зафаќањето на дел од шарските води нивно префрлање во сливот на Мавровското Езеро. На тој начин се нама луваат количествата на вода во вкупниот биланс што потекнуваат од понирањето на шар ските притоки на контактот на подножјето на Шара и полето на Долен Полог, при што учеството на количествата на реката Пена (која минува надвор од границите на Втората заштитна зона) во однос на преостанатите површински води, станува доминантно. Имајќи предвид дека Пена се влива во Вардар, со значително нарушен квалитет од испуштањето на отпадни води од градот Тетово (и возводните населби), се смета дека границата на Вто рата заштитна зона треба да се прошири опфаќајќи делови од нејзиниот слив. Исто така, населбата Желино, која е надвор од границите на Втората заштитна зона, доживува изра чен стопански подем и може да изврши влијанија на квалитетот на водите во Долен Полог и изворот. Од тие причини, со овој план се предлага проширување на границата на Втора та заштитна зона од селото Порој, над Тетово, Мала Речица, преку автопатот Тетово-Го стивар, по јужната граница на општина Тетово до реката Вардар, опфаќајќи го градежниот реон на село Желино, потоа по јужната катастарска граница на село Желино, до автопатот Тетово-Скопје, каде се спојува со Првата зона. Одржувањето и користењето на просторот на Првата потесна заштитна зона од страна та на Јавното претпријатие "Водовод" во услови строг санитарен надзор дефиниран со Правилникот за начинот на определување и одржување на заштитни зони околу изворите на вода за пиење и Одлуката за утврдување на заштитните зони на изворот Рашче и опре делување на мерките за заштита е отежнато,заради нерешениот статус на сопственоста на земјиштето. Се наложува потребата од интервентно разрешување на имотно-правните не регуларности, за да може строгиот санитарен режим пропишан со закон да се спроведува во целост и на целата површина во границите на Првата потесна заштитна зона на изво рот. Проблеми се одржувањето на строгиот заштитен режим се јавуваат во непосредната близина на оваа зона, на земјоделските парцели покрај коритото на Вардар, како и во на сока покрај водовите за водоснабдување на градот Скопје и селата Рашче, Копаница и Бо јане, каде што на теренот се забележани појави што можат да предизвикаат нарушување на квалитетот на водата (несоодветно депонирање на отпад и слично). Од тие причини се предлага Првата потесна заштитна зона да добие соодветно проширување во насока на трасите на водовите кон потрошувачите. Доколку се усвојат измени на границите, кои со овој план се прецизирани само усогласувајќи ги постојните (дефинирани со Одлуката) со состојби на теренот, тоа ќе треба да се регулира со соодветен законски документ. 19 Дефинирање на приоритети и етапност во реализацијата на наредни активности Носител на активноста Име на проектот Цел Период за реализација Научно-истражувачка поддршка и мониторинг Министерсво за животна средина и просторно планирање, Град Скопје Наредни истражувања за дооформувањето на моделот на хранење на изворот Потврдување на предложените зони и режими и нивно додефинирање Краткорочно Министерство за животна средина и просторно планирање, Град Скопје Наредни истражувања за хидролошкиот режим и водниот биланс на изворот Одржување на издашноста на изворот Краткорочно Министерство за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и локалната самоуправа Воспоствување на континуиран мониторинг на површинските и подземните води Следење на хидролошкиот режим и квалитетот на површинските и подземните води Среднорочно Министерство за образование и наука; Министерство за локална самоуправа Изработка на програма за вклучување на сферата на заштита на подземните води во образовните институции Активно учество на субјектите во заштитата на подземните води Среднорочно Водостопанство и комунална опременост Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за економија, локалната власт Доизградба на канализациони мрежи за селата Радуша, Рашче, Бојане и Јегуновце и подобрување на ефектите од пречистителните станици Заштита на квалитет на површинските и подземни води во Првата зона на изворот Краткорочно Министерство за земјоделство, шумарство и зодостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за економија, локалната власт Изградба на канализација и пречистување на отпадни води во селата Орашје,Раотинце, Копанце, Туденце, Сиричино, Подбреѓе, Шемшево, Жилче, Озормиште, Палатица и Требош Заштита на квалитетот на површинските и подземните води во Првата и Втората заштитна зона на изворот Краткорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно пганирање; Министерство за економија, локална власт Изградба на канализација и пречистување на отпадни води во: Порој, Непроштено, Џепчиште, Лешок, Теарце, Слатино, Пршовце, Глоѓи, Одри и Вратница Заштита на квалитетот на површинските и подземните води во Втората заштитна зона Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за локална самоуправа Физибилити студија за доведување на квалитетот на водите на реката Вардар од изворот Вруток до село Рашче во пропишани граници Заштита на површинските и подземните води, земјоделското земјиште и здравјето на населението Среднорочно Министерство за локална самоуправа; Министерство за економија, ХЕК "Југохром" Реконструкција на регионален водовод ХЕК "Југохром" Решавање на водоснабдувањето на населбите што црпат вода од индивидуални бунари Краткорочно Министерство за локална Изградба на регионални Решавање на Краткорочно самоуправа, Министерство за економија; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство водоснабдителни системи водоснабдувањето на населбите што црпат вода од индивидуалните бунари и заштита на здравјето на популацијата 20 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање Регулација на поројни водотеци Заштита на површинските и подземните води, земјоделското земјиште, материјалните добра Краткорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; локалната власт Регулација на реката Вардар во населбите во Првата заштитна зона Заштита на површинските и подземни води, земјоделското земјиште и материјалните добра Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање Заштита од ерозија Заштита на површинските и подземните води, земјоделското земјиште Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; локалната власт Реконструкција на постојните системи за наводнување и изградба на два нови Примена на добра, земјоделска практика за заштита на подземните води и зголемување на економските ефекти Среднорочно Земјоделство Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; земјоделски факултет Примена на нови техники за обработка на почвата Заштита на подземните води Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Примена на системи за наводнување капка по капка и спринклери Заштеди на вода и заштита на подземни води Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Оптимизација на примена на ѓубрива и пестициди Заштита на површинските и подземни водите и економските ефекти Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; локалната самоуправа Систем за управување со органски ѓубрива од сточарството Заштита на површинските и подземните води и економските ефекти Среднорочно Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; Министерство за животна средина и просторно планирање; локалната самоуправа Примена на современи технолошки решенија за добивање на енергенти од органското ѓубриво и отпадоците од земјоделските производи Заштеди на енергенти, заштита на воздухот, подземните води и економските ефекти Долгорочно Стопанство Министерство за економија; Министерство за животна средина и просторно планирање; Министерство за транспорт и врски Физибилити студија за утврдување на две економски зони Насочување на инвестициите во индустријата во концентрирани просторни и позитивни економски ефекти Среднорочно Министерство за економија Физибилити студија за економските мерки при управувањето со просторот во зоните Стимулација на локалното население за почитување на режимите на заштита Среднорочно Министерство за економија; Министерство за локална самоуправа; Министерство за животна средина и просторно планирање, локална власт Физибилити студија за ревитализација на постојните стопански објекти Заштита на подземните води и економските ефекти Среднорочно Министерство за економија, Физибилити студија за Заштита на подземните води и Краткорочно Министерство за животна средина и просторно планирање оправданоста од натамошно користење на доломитетот на Жеден од страна на ХЕК "Југохром" економски ефекти Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање Физибилити студија за еколошката и економската оправданост за користењето на тресетот во Јанчиште Заштита на водните живеалишта, заштита на површински и подземни води и економски ефекти Краткорочно 21 Министерство за економија, Завод за заштита на кутурното наследство, Министерство за животна средина и поосторно планирање Физибилити студија природните и културните вредности на населбите Лешок и Непроштено за добивање на статусот "Еколошко село" Заштита на природните и културните вредности и економски ефекти Среднорочно Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање Физибилити студија за развој на туризмот во населените места во подножјето на Шара Заштита на природните и културните вредности и економски ефекти Среднорочно Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Електростопанство на Македонија Физибилити студија за користење на отпадни гасови од електропечката во ХЕК "Југохром" Заштита на биодиверзитетот Министерство за животна средина и просторно планирање, локална самоуправа Равитализација на водните живеалишта покрај Вардар Заштита на биодиверзитетот, површинските и подземните води Среднорочно Министерство за животна средина и просторно планирање, локална самоуправа Физибилити студија за одржување на еколошките коридори на шарските реки Заштита на биодиверзитетот, површинските и подземните води Среднорочно Министерство за животна средина и просторно планирање Прогласување на предложените природни резервати Заштита на биодиверзитетот и природните вредности на подрачјето Среднорочно ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Составен дел на овој просторен план се табеларните прикази и соодветни графички прилози, кои не се објавуваат, a ce наоѓаат во Министерството за животна средина и про сторно планирање. За спроведување на просторниот план на регионот на заштитните зони на изворот Рашче, ќе се грижи Министерството за животна средина и просторно планирање. Сe овластува министерот за животна средина и просторно планирање да ги завери графичките прилози на планот. Просторниот план влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Број 07-4778/1 Претседател 24 декември 2002 година на Собранието на Република Скопје Македонија, м-р Никола Поповски, с.р. 22