Regulation supplementing the Regulation on marking of eggs intended for the market and eggs intended for incubation, labelling and use of labels
صدر في 2018-11-22 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за дополнување за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock, Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- poultry, marking/identification, animal reproduction, genetic resources, animal welfare, animal production, birds, poultry products, packaging/labelling
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 239 од 25.12.2018 година 1 од 2 20182394480 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 50, став (9) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15 и 39/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ЈАЈЦАТА НАМЕНЕТИ ЗА ПАЗАР И ЈАЈЦАТА НАМЕНЕТИ ЗА ИНКУБАЦИЈА, ОЗНАКИТЕ И УПОТРЕБАТА НА ОЗНАКИТЕ (*) Член 1 Во Правилникот за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките (*1) („Службен весник на Република Македонија“ број 35/11 и 85/13) по членот 2 се додава нов член 2-а кој гласи: „Член 2-а (1) Јајцата од слободно одгледувани кокошки треба да бидат произведувани во системи за производство кои ги задоволуваат барањата од член 21 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни (*2), како и: 1) кокошките имаат постојан дневен пристап до простор на отворено (отворен испуст). Одгледувачот може да го ограничи пристапот на кокошките во отворен испуст за одредено време од денот во согласност со вообичаената добра земјоделска пракса, вклучувајќи добра сточарска пракса. Во случај на временско ограничен пристап на кокошките до простор на отворено поради заштита на здравјето на јавноста или здравјето на животните, јајцата може да се продаваат како јајца од „слободно одгледувани кокошки“, без оглед на тоа ограничување, под услов пристапот на кокошките до отворено да не е ограничен за континуиран период од повеќе од 16 недели; 2) отворениот испуст до кој имаат пристап кокошките е претежно покриен со вегетација и не е употребуван за други намени освен за овоштарници, дрвореди и пасишта; 3) максималната густина на кокошки на отворен испуст не смее да биде поголема од 2 500 кокошки на хектар од земја која е на располагање на кокошките или една кокошка на 4m2 во секое време. Меѓутоа во случаи каде е обезбедено најмалку 10m2 по кокошка и се практикува ротација, па на кокошките им е даден пристап до целиот простор во текот на животот на јатото, секој ограден дел (прегон) кој се користи за ротација треба да обезбеди најмалку 2.5 m2 по кокошка и 4) отворениот испуст не смее да се протега во радиус поголем од 150 метри од најблискиот отвор на објектот. Меѓутоа дозволено е продолжување на отворениот испуст до 350 метри од најблискиот отвор на објектот доколку се распоредени доволен број на засолништа како што е наведено во член 21 став (1) и став (4) точка 2. од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни (*3) низ целиот отворен простор со најмалку четири засолништа по хектар. (2) Јајца од шталски одгледувани кокошки треба да бидат произведени во системи за производство кои ги задоволуваат најмалку барањата од член 21 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни. (*) Со овој правилник се врши усогласување со Делегирачката Регулатива на Советот (ЕУ) 2017/2168 од 20 септември 2017 година која ја надополнува Регулативата (ЕК) број 589/2008 во однос на маркетинг стандардите за јајца од слободно одгледување каде пристапот на кокошките до слободни испусти е ограничен (CELEX број 32017R2167). Службен весник на РМ, бр. 239 од 25.12.2018 година 2 од 2 (3) Јајцата од кафезно одгледувани кокошки треба да бидат произведени во системи на производство кои ги задоволуваат барем барањата од: 1) член 22 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни (*4) или 2) член 23 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни (*5). (4) За одгледувалишта кои имаат помалку од 350 несилки или одгледуваат репродуктивни јата може да се применат отстапување од ставовите (1) и (2) од овој член во однос на обврските од член 21 став (1) точка 5. втора реченица, став (1) точка6., став (2), став (3) точка 1. и став (4) точка 1. од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни (*6). Член 2 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-11005/3 Министер за земјоделство, 22 ноември 2018 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Николовски, с.р. (*1) Правилникот за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките е усогласен со Регулативата на комисијата (ЕУ) број 589/2008 за утврдување на деталните правила за спроведување на Регулативата на Советот број 1234/2007 во однос на маркетинг стандардите за јајца (CELEX број 32008R0589); (*2) Членот 21 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни е усогласен со членот 4 од Директивата на Советот 1999/74 од 19 јули 1999 која ги пропишува минималните стандарди за заштита на кокошките несилки (CELEX број 31999L0074); (*3) Членот 21 став (1) и став (4) точка 2. од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни е усогласен со членот 4 став (1) и став (3) точка (б) алинеја (ii) од Директивата на Советот 1999/74 од 19 јули 1999 која ги пропишува минималните стандарди за заштита на кокошките несилки (CELEX број 31999L0074); (*4) Членот 22 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни е усогласен со членот 5 од Директивата на Советот 1999/74 од 19 јули 1999 која ги пропишува минималните стандарди за заштита на кокошките несилки (CELEX број 31999L0074); (*5) Членот 23 од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни е усогласен со членот 6 од Директивата на Советот 1999/74 од 19 јули 1999 која ги пропишува минималните стандарди за заштита на кокошките несилки (CELEX број 31999L0074) и (*6) Членот 21 став (1) точка5. втора реченица, став (1) точка6., став (2), став (3) точка 1. и став (4) точка 1. од Правилникот за условите и начините на заштита на фармските животни е усогласен со втората реченица од став (1) точка (г), став (1) точка (г), став (2), став (3) точка (а) алинеја (i) и став (3) точка (б) алинеја (i) од членот 4 од Директивата на Советот 1999/74 од 19 јули 1999 која ги пропишува минималните стандарди за заштита на кокошките несилки (CELEX број 31999L0074).