Regulation prohibiting the import of live animals, products and animal by-products for the protection against the introduction of Newcastle disease virus in the Republic of Macedonia originating in the Kingdom of Sweden
صدر في 2017-09-22 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Решение за забрана на увоз на живи животни,производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внес на вирусот на њукастелска болест во Рм по потекло од Кралство Шведска.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock, Food and nutrition, Wild species and ecosystems
- الكلمات المفتاحية
- animal health, pests/diseases, international trade, authorization/permit, hygiene/sanitary procedures, poultry, birds, animal by-products, food safety and quality, game
- الفئات
- *
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 138 од 2.10.2017 година 20171382738 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА ЊУКАСТЕЛСКА БОЛЕСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПОТЕКЛО ОД КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА Член 1 (1) Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест се забранува увозот во Република Македонија на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат од регионот Калмар/Kalmar во Кралството Шведска. (2) Забраната од став (1) на овој член се применува на следните пратки: 1) живина, и тоа кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелници, гулаби, фазани, еребици и ноеви (ratitae) размножувани или чувани во затворен или ограден простор заради одгледување или чување за: размножување, производство на месо или јајца за исхрана или за обновување на популација на дивеч, 2) јајца за ведење, и тоа јајца за инкубација снесени од живина, 3) птици, и тоа животни од класата Aves, освен: живина, птици кои се увезуваат согласно програмите за зачувување на одредени видови птици, домашни миленици во придружба на сопственикот, птици наменети за зоолошки градини, циркуси, забавни паркови или експерименти, птици наменети за научно-истражувачки институти или центри и гулаби-писмоносци внесени на територијата на Република Македонија од соседни трети земји, каде што живеат вообичаено, и веднаш пуштени со очекување дека ќе се вратат во трета земја од каде се внесени, 4) конзумни јајца од живина и пернат дивеч, 5) производи од јајца од живина и пернат дивеч, 6) семе за вештачко осеменување од живина и пернат дивеч, 7) месо, мелено месо, подготовки од месо и механички обескоскено месо од живина и пернат дивеч, 8) производи од месо кои се состојат од или содржат месо од живина и пернат дивеч и 9) нуспроизводи од живина и пернат дивеч. Член 2 (1) По исклучок од член 1 став (2) точка 5) од ова решение, може да се увезуваат производи од јајца од живина и пернат дивеч, и тоа: 1) цело јајце доколку било подложено на еден од следните третмани: 42 минути на температура од 55°C во средината на производот, 27 минути на температура од 57°C во средината на производот или 12 минути на температура од 59°C во средината на производот, Службен весник на РМ, бр. од 138 од 2.10.2017 година 2 од 2 2) течна белка од јајце доколку била подложена на еден од следните третмани: 38 минути на температура од 55°C во средината на производот, 17 минути на температура од 57°C во средината на производот или 5 минути на температура од 59°C во средината на производот, 3) жолчка со 10% сол доколку била подложена 3 минути на температура од 55°C во средината на производот и 4) белка во прав доколку била подложена 50 часа и 24 минути на температура од 57°C во средината на производот. (2) По исклучок од член 1 став (2) точка 8) од ова решение, може да се увезуваат производи од месо кои се состојат од или содржат месо од живина и пернат дивеч, доколку биле подложени на еден од следните третмани: 39,8 секунди на температура од 65°C во средината на производот, 3,6 секунди на температура од 70°C во средината на производот, 0,5 секунди на температура од 74°C во средината на производот или 0,03 секунди на температура од 80°C во средината на производот. (3) По исклучок од член 1 став (2) точка 9) од ова решение, може да се увезуваат одредени нуспроизводи од живина и пернат дивеч, и тоа: 1) нуспроизводи од живина и пернат дивеч различни од брашно од пердуви и брашно од живина, наменети за исхрана на животни, земјоделска или индустриска употреба, доколку биле подложени на еден од следните третмани: влажен термички третман на температура од 65°C во времетраење од 30 минути или друг еквивалентен третман кој ќе го уништи вирусот на Њукастелска болест, 2) пердуви и подпердуви доколку биле подложени на еден од следните третмани: фабрички измиени и третирани со топла пареа на 100°C во период од најмалку 30 минути, фумигација со формалин (10% формалдехид) во период од 8 часа, ирадијација со доза од 20 килогреј (kGy) или друг еквивалентен третман кој ќе го уништи вирусот на Њукастелска болест, 3) брашно од пердуви и брашно од живина доколку биле подложени на еден од следните третмани: влажен термички третман на температура од 118°C во времетраење од најмалку 40 минути, постојан третман под притисок од најмалку 3,79 бара (bar) добиен со заситена пареа од најмалку 122°C во времетраење од најмалку 15 минути или алтернативен процес на топење кој обезбедува температура во внатрешноста на производот од 74°C во времетраење од најмалку 280 секунди и 4) трофеи од пернат дивеч доколку се подложени на третман кој ќе го уништи вирусот на Њукастелска болест. (4) Покрај исклучоците од ставовите (1), (2) и (3) на овој член, при производството на производите треба да се преземат сите неопходни мерки за избегнување на контакт со извор на вирусот на Њукастелска болест. Член 3 Ова решение влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-3176/3 Агенција за храна 22 септември 2017 година и ветеринарство Скопје в.д. Директор, Зоран Атанасов, с.р.