Regulation prescribing the criteria for determining the nitrate sensitive zones
صدر في 2011-08-03 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за пропишување на критериумите за определување на зоните чувствителни на нитрати.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Water
- الكلمات المفتاحية
- fertilizers/nutrients, pollution control, protection of environment, water conservation zone, water quality standards, zoning, freshwater pollution, standards, water resources management
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Стр. 94 - Бр. 131 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 28 септември 2011 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 2909. Врз основа на член 102, став (2) од Законот за во дите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10 и 51/11), министерот за жи вотна средина и просторно планирање во согласност со министерот за здравство и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесe П Р А В И Л Н И К ЗА ПРОПИШУВАЊЕ НА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗОНИТЕ ЧУВСТВИТЕЛНИ НА НИТРАТИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат критериумите за определување на зоните чувствителни на нитрати. Член 2 Целта на овој правилник е да се спречи загадувањето на водите, предизвикано од земјоделски извори и/или да спречи понатамошно загадување од овие извори. Член 3 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. "Азотни соединенија" се сите материи кои содр жат азот, со исклучок на гасовити молекуларен азот; 2. "Загадување од нитрати" е непосредно или по средно внесување во водите на азотни соединенија од земјоделски извори, како резултат на што се појавува опасност за човековото здравје, се предизвикува штета врз природните ресурси и на водните екосистеми и се спречува нормалната употреба на водата и на друго за конски стекнато право на користење на водите и на водните објекти; 3. "Земјоделски извор" значи секој извор што по текнува од вршење на земјоделска дејност, како резул тат на кој водата се загадува со нитрати или други зага дувачки материи и супстанции, доколку не се спрове дуваат програми мерки за ограничување и спречување на загадувањето; 4. „Чуствителни зони“ се сите зони кои се категори зирани како чуствителни согласно прописите од обла ста на управувањето со водите; и 5. "Загадени води" се води кои содржат нитрати над 50 mg/l. Член 4 Определувањето на заштитни зони кои се чувстви телни на нитрати се врши врз основа на следните кри териуми: 1) физичко-хемиските и природните карактеристи ки на водите и почвата; 2) современото знаење за дејството на азотните сое диненија во водите и почвата; и 3) очекуваните резултати од исполнувањето на Оперативениот план за заштита на водите од загадува ње предизвикано од нитрати од земјоделски извори до несен согласно Законот за водите. Член 5 За да се определат заштитените зони кои се чустви телни на нитрати, согласно критериумите од член 4 на овој правилник, потребно е: (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 91/676/ЕЕЦ на Советот за заштита на водите од загадувањето предизвикано од нитратите од земјоделските извори (Celex бр. 31991L0676) 1) да се следи концентрацијата на нитрати во опре делените водни тела за период од една година и тоа: најмалку еднаш месечно или повеќе пати во пери од на поплави на определени мерни места од површин ски водни тела или на други репрезентативни мерни места од површинските води тела; и во редовни интервали на мерни места кои се репре зетнативни за оценка на кавалитетот на подземните води согласно прописите за мониторинг на подземните води. 2) повторување на следењето на концентрацијата на нитрати од точка 1 алинеја 1 на овој став во период од четири годни на сите определени мерни места, освен на оние каде концентрацијата на нитрати била помала од 25 mg/l и каде не се покажало постење на земјоделски или друг извор кој може да предизвика зголемување на концентрациајта на нитрати во кој слу чај следењето се повторува во период од 8 години; и 3) анализирање на состојбата на еутрофичност на слатките води на секои четири години. Член 6 (1) Зоните чуствителни на нитрати се ревидираат според критериумите утврдени во член 4 и резултатите од следењето од член 5 на овој правилник. (2) Ревидирањето од став (1) на овој член се врши по завршувањето на четиригодишното следење од член 5 на овој правилник, врз основа на извештај. (3) Извештајот од став (2) на овој член содржи: 1) преглед на мерките што се спроведени во соглас ност со програмите за добра земјоделска пракса, 2) мапа која ги содржи: водите во водните тела кои се идентфикувани во соглaсност со член 4 на овој правилник; локацијата на чуствителните зони на нитрати и разликата помеѓу зоните што постојат во извештајот и зоните што постоеле во предходното известување сог ласно четиригодишното следење од член 5 на овој пра вилник, 3) извештај од извршеното следење од став 2 на овој член и мониторингот на водите, вклучувајќи и кратко објаснување на причините поради кои е одлуче но за определување на чуствителните зони или поради кое е извршено ревидирање на чуствителните зони, 4) извештај од спроведувањето на Оперативениот план за заштита на водите од загадување предизвикана од нитрати од земјоделски извори, кој содржи инфор мации и за: за спроведувањето на заштитните мерки кои се предвидени или не предвидени во соодветни програми или акциони планови; дополнителните мерки кои се преземени во случај кога спроведувањето на определените мерки од алниеја 1 од овој став не дале задоволувачки резултати; резултатите од мониторинг програмата на водите спроведена согласно Законот за водите; и предвидување за временскиот период во кој по стои веројатност состојбата во чуствителните зони да се подобри како резултат на спроведените мерки, вклу чувајќи го и степенот на несигурност за дадените пред видувања. Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-5685/6 Министер за животна средина 3 август 2011 година и просторно планирање, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. Министер за здравство, Министер за земјоделство, Никола Тодоров, с.р. шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р.