Regulation on the way of functioning of an integrated system for administration and control and the mutual exchange of data, as well as the form, content and way of keeping the relevant registers and databases
صدر في 2012-03-27 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот на функционирање на интегриран систем за администрација и контрола и меѓусебната размена на податоци, како и формата, содржината и начинот на водење на соодветните регистри и бази на податоци.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- agricultural development, data collection/reporting, family farming, farming, subsidy/incentive, registration, rural development
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 48 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И КОНТРОЛА И МЕЃУСЕБНАТА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ, КАКО И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА СООДВЕТНИТЕ РЕГИСТРИ И БАЗИ НА ПОДАТОЦИ* * Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата бр. 73/2009/ЕЗ на Советот за воспоставување на општи правила за шеми за директна поддршка на земјоделците според заедничката земјоделскаполитика и за воспоставување на одредени шеми за поддршка на земјоделците, со која се изменуваат Регулативите (ЕЗ) бр.1290/2005, (ЕЗ) бр. 247 /2006, (ЕЗ) бр. 378/2007 и се укинува Регулативата (ЕЗ) бр.1782/200, Celex бр. 32009R0073 Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на функционирање на интегрираниот систем за администрација и контрола, меѓусебната размена на податоци како и формата, содржината и начинот на водење на соодветните регистри и бази на податоци. Член 2 Интегрираниот систем за администрација и контрола функционира по електронски пат со меѓусебна размена на податоци на воспоставените бази на податоци од елементите на овој систем кој согласно член 48 став 1 од Закон за земјоделство и рурален развој се состои од следните компоненти: компјутерска база на податоци од барањата за директни плаќања на земјоделските стопанства во тековната година и најмалку четири претходни години, систем за идентификација на земјишни парцели, систем за идентификација и регистрација на правото на директни плаќања, систем за идентификација и регистрација на животните кој овозможува податоци за бројната состојба на животните по раси и видови, барања за директни плаќања, единствен систем за проверка на идентитетот на секој носител на земјоделско стопанство кој поднесува барање за директни плаќања. Со компјутерската база на податоци од барањата за директни плаќања на земјоделските стопанства во тековната година и најмалку четири претходни години, што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да се обезбеди идентификација преку генерирање на единствен идентификациски број на носителот на земјоделското стопанство во однос на сите поднесени пријави за исплата од страна на истиот носител на земјоделското стопанство, а со системот за идентификација на земјоделските парцели к~ работи на ниво на референтни парцели треба да се обезбеди единствена идентификација на секоја референтна парцела. Другите компонети од став 1 на овој член се водат во Агенцијата за финансиска подршка во . . земЈоделството и руралниот развоЈ. Член 3 Заради правилно функционирање на интегрираниот систем за администрација и контрола носителите на компонентите од член 2 на овој правилник ги користат податоците за земјоделските парцели што се водат во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, како и податоците за бројната состојба на животните и нивната идентификација што се водат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Член4 Заради единствено функционирање на интегрираниот систем за администрација и контрола, а со цел за меѓусебна размена на податоците меѓу носителите на компонентите на системот од член 2 од овој правилник, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува меморандум за соработка со Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за катастар на недвижностите и Агенцијата за храна и ветеринарство. Член 5 Формата, содржината и начинот на водење на соодветните регистри и бази на податоци за различните компоненти кои го сочинуваат интегрираниот систем за администрација и контрола се пропишани со Пра вилникот за формата, содржината, потребната документација и начинот на водење на единствениот регистар на земјоделски стопанства и Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на базата на податоци за идентификација на земјишни парцели .1 1 Овој правилник е усогласен со Регулативата бр. 73/2009/ЕЗ на Советот за воспоставување на општи правила за шеми за директна поддршка на земјоделците според заедничката земјоделскаполитика и за воспоставување на одредени шеми за поддршка на земјоделците, со која се изменуваат Регулативите (ЕЗ) бр. 1290/2005, (ЕЗ) бр. 247 /2006, (ЕЗ) бр. 378/2007 и се укинува Регулативата (ЕЗ) бр.1782/200, Celex бр. 32009R0073 Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 23-6963/5 27 март 2012 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р