Regulation on the type, term and method of submission and collection of data for the needs of analyzes of agricultural production, the structure of agricultural holdings and other data from the field of agriculture and rural development
صدر في 2011-07-12 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за видот, рокот и начинот на доставување и собирање на податоците за потребите за анализи на земјоделското производство, структурата на земјоделските стопанства и други податоци од областа на земјоделството и руралниот развој.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development, Fisheries and aquaculture
- الكلمات المفتاحية
- agricultural development, data collection/reporting, rural development, aquaculture, fish products
- الفئات
- agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 9 став {6) од Законот за земјоделство и рурален развој {,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОТ, РОКОТ И НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ И СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ПОТРЕБИТЕ ЗА АНАЛИЗИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО, СТРУКТУРАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА И ДРУГИ ПОДАТОЦИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Член 1 Со овој правилник се пропишува видот, рокот на доставување и собирање на податоците за потребите за анализи на земјоделското производство, структурата на земјоделските стопанства и други податоци од областа на земјоделството и руралниот развој. Член 2 За потребите за изработка на анализи, се собираат збирни податоци од евиденции или регистри кои се водат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за физичкиот обем на примарното земјоделско производство по производи или групи на производи и производството од рибарството и аквакултурата по видови риби, и тоа за: 1. растително производство: житни култури и ориз; индустриски култури и тутун; фуражни култури; грозје и вино; зеленчук; овошје; цвеќе и украсни дрвја; 2. сточарско производство: говедарство и друг крупен добиток; овчарство и козарство; свињарство; живинарство; пчеларство; млеко; месо (говедско, овчо и козјо, свинско, живинско, и друго); јајца; мед; 3. Производство и лов на риби. Покрај податоците од став 1 на овој член, се собираат податоци и за: производствени капацитети и ресурси во примарното земјоделско производство и во аквакултурата; евидентирани и регистрирани економски оператори (учесници) во производството, преработката и трговијата со земјоделски производи; откупни и преработувачки капацитети во земјоделството и рибарството; цените на земјоделските производи на пазарите кои се следат; трговска размена со земјоделски и прехрамбени производи од увоз и извоз; обем и корисници на финансиска поддршка во земјоделството, рибарството и аквакултурата од годишните програми за финасиска поддршка; структура на земјоделските стопанства; земјоделска статистика. Член 3 Податоците од член 2 на овој правилник се водат во електронска форма. Член 4 Во звисност од видот, рокот и начинот на собирање, податоците од регистрите и евиденциите се превземаат како збирни или кумулативни податоци на месечно, квартално, полугодишно и ГОДИШНО НИВО. Збирните податоци се доставуваат во електронска форма до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според следната динамика: на месечно ниво се доставуваат до петтиот ден од тековниот месец за предходниот месец, на квартално ниво се доставуваат до петнаестиот ден од тековниот квартал за предходниот квартал, за полугодишно ниво се доставуваат до дваестиот ден од тековниот полугодишен период за предходното полугодие, за годишно ниво се доставуваат за триесет дена од тековната година за предходната година и тоа како податоците што се доставуваат на месечно, квартал но, полугодишно ниво. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр 23-6668/1 12 јули 2011 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р.