Regulation on the type and method of stamping, the type of forest stamp for stamping cut wood and wood assortments, the method of issuing a consignment note, placing cut wood on the market, the form and content of the register of issued and certified consignment notes, the form and content of consignment notes, the form and content of the request for issuing a consignment note and the amount of fees for issued consignment notes
صدر في 2014-12 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни сортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот за издадени испратници.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Forestry
- الكلمات المفتاحية
- certification, forest management/forest conservation, internal trade, marking/identification, registration, data collection/reporting, timber
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 69 став (13) од Законот за шумите (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147 /13, 43/14 и 160/14), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВИДОТ И НАЧИНОТ НА ЖИГОСУВАЊЕ, ВИДОТ НА ШУМСКИОТ ЖИГ ЗА ЖИГОСУВАЊЕ ЗА ИСЕЧЕНО ДРВО И ДРВНИ СОРТИМЕНТИ, НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА, ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ИСЕЧЕНО ДРВО, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ИЗДАДЕНИ И ЗАВЕРЕНИ ИСПРАТНИЦИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИСПРАТНИЦИТЕ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ИСПРАТНИЦА И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ИЗДАДЕНИ ИСПРАТНИЦИ Член 1 Со овој правилник се пропишува видот и начинот на жигосување, видот на шумскиот жиг за жигосување за исечено дрво и дрвни сортименти, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на регистарот на издадени и заверени испратници, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратници и висината на надоместокот за издадени испратници. Член 2 Одредени поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) Жигосување е втиснување на јасно видлив шумски жиг на посечени дрвни сортименти, кое се врши со цел да се утврди потеклото на дрвната маса чија намена е пуштање во слободен промет, односно користење за сопствени потреби. 2) Техничко обло дрво, се делови од стебло наменети за техничка употреба кои го задржале природниот облик во кој спаѓаат: трупци, обла граѓа и ситно техничко дрво, со должина над 1 метар, од кое најмалку 30% може да се употреби за пиланско производство или други технички цели, чија намена е употреба во градежништвотото и производство на финални производи од дрво. 3) Огревно дрво е дрво наменето за огрев и хемиско користење (облица, техничка облица, цепаница, техничка цепаница, целулозна, танинско и останато дрво помало од 1,05 метри), односно дрво кое технички е неупотребливо и се користи за топлинска енергија и хемиска преработка. Член 3 (1) Жигосувањето на исечено дрво и дрвни сортименти во шуми во државна сопственост се врши со шумски жиг во тркалезен облик со пречник од 32 мм., кој е нумериран со арапски броеви и во кој е испишан називот и седиштето на субјектот кој стопанисува со шумите во државна сопственост. (2) Жигосувањето на исечено дрво и дрвни сортименти во шума во приватна сопственост, се врши со шумски жиг во форма на рамностран триаголник чија страна изнесува 35 мм, кој е нумериран со арапски броеви и во кој е испишан називот и седиштето на субјектот кој стопанисува со шумите во државна сопственост. {3) Жигосувањето на увезеното дрво и дрвни сортименти се врши со шумски жиг во форма на круг со пречник од 42 мм кој е нумериран со арапски броеви и во кој е испишан називот и седиштето на субјектот во горниот дел, во средината арапските броеви и „увоз" во долниот дел. Член 4 Жигосувањето на исечено дрво и дрвни сортименти се врши на следниот начин: 1) кај техничко дрво во обла, цепена или делкана состојба, се втиснува шумски жиг на секое парче, на двете челни страни; 2) кај облица, техничка облица, цепаница, техничка цепаница, целулозна, танинск~ огревно дрво и шумски отпад/отпад после сеча, се втиснува шумски жиг на најмалку 80% од вкупното количество на посечено дрво, на една челна страна и 3) кај шумските сортименти кои поради малите димензии не може поединечно да се втисне шумски жиг, тој се втиснува на најпогодно место на снопот или товарот. Член 5 При втиснување на шумскиот жиг се употребува водоотпорна боја и тоа: 1) за дрво произведено во шума во државна сопственост наизменично: една година сина боја - непарна година и една година зелена боја - парна година. 2) за дрво произведено во шуми во приватна сопственост наизменично: една година црвена боја - непарна година и една година црна боја - парна година. 3) За увезено дрво и дрвни сортименти се употребува водоотпорна темно жолта боја . Член 6 (1) Кај трупци {техничкото обло дрво) од шуми во државна сопственост, на една челна страна се втиснува пластична плочка со класа на сортиментот која се одредува според бојата и тоа: квалитетна класа : F и L со сина боја; квалитетна класа: 1 со жолта боја; квалитетна класа : 11 со зелена боја и квалитетна класа: 111 со црвена боја. (2) За трупци од шуми во приватна сопственост, на една челна страна се втиснува плочка со црна боја, без оглед на квалитетот на класата. {3) Плочките од ставовите (1) и (2) на овој член се во правоаголна форма, со димензии 42х26мм и се нумерирани со единствен сериски број. Член 7 (1) Жигосувањето на шумските сортименти се врши по приемот на произведените дрвни сортименти, односно непосредно пред утоварот во сечиштето. (2) Жигосувањето на увезеното дрво и дрвни сортименти се врши по приемот на увезеното дрво и дрвни сортименти на самиот склад, односно пред да се пушти во промет. Член 8 (1) Испратница се издава за секое преносно, односно превозно средство на местото на утовар и важи само за еден пренос односно превоз за денот и времето (час и минута) потребно да се изврши преносот односно превозот од местото на утовар до местото на истовар на следните дрвни сортименти: 1) трупци (сите класи); 2) обла граѓа; 3) ситно техничко дрво; 4) огревно дрво; 5) облица; 6) техничка облица; 7) цепаница; 8) техничка цепаница; 9) целулозна; 10) танинско; 11) шумски отпад/отпад после сеча; 12) рачки; 13) колци; 14) снопови од прачки; 15) конфекционирано дрво за огрев; 16) дрвна биомаса (односно дробено дрво}; 17} дрвен јаглен и 18} увезено дрво и дрвни сортименти. (2) Испратница се издава само доколку е целосно пополнета, без корекции и допишувања, а внесените податоци треба да се совпаѓаат со товарот и средството со кое се врши преносот, односно превозот и доколку дрвото и дрвните сортименти се жигосани. (3) Во случај кога при пополнување на испратницата се направени грешки, сите четири сета со истиот сериски број од испратницата се поништуваат, не се кинат и остануваат во кочанот. Член 9 (1) Доколку испратницата од оправдани причини (дефект на превозното средство, несреќен случај, сообраќајна незгода, временски непогоди и слично), не е искористена за денот и часот, односно времето утврдено со испратницата, ќе се замени со нова, само во случај кога причините се пријавени во шумската полиција и Државен испекторат за шумарство и ловство. (2) Во новата испратница се внесува единствениот сериски број од неискористената испратница, а на кочанот остануваат сите четири сета со истиот сериски број од неискористената испратница. Член 10 Исеченото дрво и дрвни сортименти се пуштаат во промет со испратница на начин утврден согласно член 69 став (4) од Законот за шумите. Член 11 (1) Регистарот на издадени и заверени испратници се води во форма на книга со тврди корици во А4 формат кој е составен од евиденциски листови кои се меѓусебно поврзани и нумерирани. (2) Предната страна на регистарот од став (1) од овој член ги содржи следните елементи: Грбот на Република Македонија и текст: Република Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Регистар на издадени и заверени испратници и датум и година. {3) Евиденциските листови од став (1) на овој член ги содржат следните податоци: 1) реден број; 2) сериски број на испратницата (од-до); 3) име и презиме (барател-субјект); 4) примил {потпис и датум); 5) предал (потпис и датум); 6) забелешка; 7) број, датум и година и 8) овластено лице (цело име и презиме и потпис). (4) Регистарот од став (1) од овој член се води во електронска и пишана форма. (5) Формата и содржината на регистарот од став (1) на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 12 (1) Испратницата за исечено дрво и дрвни сортименти се издава на бела подлога во ен цер {NCR) со специфичен елемент на заштита во А5 формат и се состои од четири еднообразни примероци и тоа: 1) првиот примерок е со букви испишани со црна боја - за купувачот; 2) вториот примерок е со букви испишани со зелена боја - за сметководството; 3) третиот примерок е со букви испишани со жолта боја - за превозникот за фактурирање и 4) четвртиот примерок е со букви испишани со црвена боја - останува во кочанот. (2) Испратницата од став (1) на овој член ги содржи следните податоци: 1) во горниот лев агол: приемен штембил на субјектот кој ја дава испратницата (со архивски број, датум, месец и година); 2) во горниот средишен дел назив на органот кој ја издава испратницата: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; 3) во горниот десен агол: скратен назив на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство {МЗШВ); место за воден печат и потпис на овластеното лице; 4) испратница бр. 000000 (со шест цифри); 5) име и презиме и точна адреса на лицето што го врши преносот односно превозот; 6) за сметка на правно или физичко лице со: договор, одобрение, фактура, фискална е- ка со број и датум; 7) име и презиме на купувачот и точна адреса; 8) пренесува-превезува од место: ШСЕ (шумскостопанска единица), оддел/пододдел, к.п. (катастарска парцела) од кое и до кое место се врши преносот, односно превозот; 9) реден број; 10) вид на дрво; 11) вид на сортиментот на исеченото дрво; 12) единечна мера; 13) количина; 14) жигосувањето е извршено со жиг број; 15) забелешка; 16) количина (со зборови); 17) пренос/превоз на дрво се врши со (вид на средство, регистарска ознака и ел.); 18) ден и време утврдено за извршување на преносот/ превозот со арапски двоцифрени броеви и со зборови; 19) издадена на ден, месец и година; 20) примил возач (цело име и презиме и потпис}; 21} примил купувач (цело име и презиме и потпис}; 22} одговорно лице (цело име и презиме и потпис}; 23} место за воден печат на субјектот што ја дава испратницата и 24) место за сув жиг на субјектот што ја издава испратницата (МЗШВ). (3) При превозот на техничка дрвна маса, составен дел на испратницата од став (1) на овој член е спецификација на испорачана техничка дрвна маса. (4) Формата и содржината на испратницата од став (1) на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 13 (1) За издавање на испратница од член 12 на овој правилник се поднесува барање за издавање на испратница во А4 формат на бела хартија. (2) Барањето од став (1) на овој член ги содржи следните податоци: 1) органот до кој се поднесува барањето; 2} во средишниот дел називот на барањето; 3} подносител; 4) адреса (улица, број, град, општина}; 5} име и презиме на управител/раководител (само за правните лица}; 6} шифра на дејност; 7) контакт телефон и е-маил адреса; 8) број на побарани кочани- испратници 9) потребните прилози кон барањето и 10) датум и потпис на барателот. {3} Формата и содржината на барањето од став {1} на овој член се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 14 За издадена испратница од член 13 на овој правилник се плаќа надоместок во износ од 300,00 денари по издаден кочан. Член 15 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за видот и начинот на жигосување, начинот на издавање на испратница, пуштање во промет на исечено дрво, формата и содржината на Регистарот на здадени и заверени испратници, формата и содржината на Регистарот на заверени испратници од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, формата и содржината на испратниците, формата и содржината на барањето за издавање на испратница и висината на надоместокот на издадени испратници (,,Службен весник на Република Македонија" бр.168/13 година). Член 16 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.09 11050/3 Министер за земјоделство, декември година и водостопанство, 2014 шумарство Скопјем-р Михаил Цветков, с.р. ПРИЛОГ1 '1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО РЕГИСТАР НА ИЗДДДЕНИ И ЗАВЕРЕНИ ИСПРА ТНИЦИ Датум . .20 година МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Ред број 1 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 20 30 РЕГИСТАР На издадени и заверени испратници во МЗШ Сериски број на Барател ПРИМИЛ испратницата Потпис Датум (од-до) 2 3 4 5 БРОЈ: Датум: - -20 ПРЕ IАЛ ЗАБЕЛЕШКА Потпис Датум 6 7 ОВЛАСТЕНО ЛИЦЕ (цело име и презиме) (потпис) 8 ПРИЛОГ 2 * За МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО мзшв м.п. Приемен штембил на субјектот Потпис на овластено лице ИСПРАТНIП..Ј;А бр. 000000 одсело/град ул. бр. (пренесува-превезува, име и презиме) За сметка на со: договор, одобрение, фактура, фискална с-ка со број и датум: на (правно/физичко лице) (име и презиме на купувачот) Од село/град ул. бр. Пренесува/превезува од место: ШСЕ оддел/пододдел К.Парцела до место следните производи: Ред Вид на дрво Вид на сортимент на исечено дрво Едннечна Бр. мера 1 2 3 4 Количина : (с о з б о р о в и) Пренос/превоз на дрво се вpnrn со (вид на преносно/превозно средство, реmстарска ознака и ел.) Оваа испратница важи само за еден пренос/превоз, што треба да се изврши на ден .20 rод. (со з б о р о в и) Важи за време од до часот - : (е оз б о р о в и) Издадена на ден .20 rод. Примил возач: Примил купувач: Количина 5 мп (цело име и презиме) Пoтrrnc : (цело име и презиме) Пoтrrnc : Жигосување со жиг број 6 Забелешка 7 ОДГОВОРНО ЛИЦЕ: (цело име и презиме) (потпис ) (сув жиг) мзшв ll~!,"(11,,'ТflN.11-atfl t.uпиai.1 ( 111m'll8tvmlf(!I l]t; IКIIJIIПlll!III!! (ip,,. ! .,, с., 111" на ,, , ' i 1 ~ ... ~ • 1!: " " 1:)'КЈI ., - ,::. .. ., g: :.,,. ~. :!'Ј 1 1Р Ј i. il 4 .Ј lal.'\JIJIJТEТEШ К.11\CII 00 м.• ~ 1: ., ~ i f 1, 1 n m ! [Ј ш 1 п m 1 п m м• ..:. 11 <'ti 1, 1 з ~ .ѕ 1 6 7 1 8 9' LO 11 ]l Ј3 [4 1:5 ]f li 1 18 19 20 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 l!li)'l 11111. 1 1 1 1 1 ·1 1ра,;у m a{t'ffl ПРИЛОГЗ До: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство БАРАЊЕ за издавање испратница Подносител: (Правното лице кое стопанисува и управува со шумите во државна сопственост, сопственик на приватна шума или правното и физичкото лице кое врши промет со дрво) Адреса (улица, број, град, општина) : Име и презиме на управителот/раководител (само за правните лица): Шифра на дејност: Контакт телефон и е-адреса: Од горенаведениот наслов барам да ми се издадат број на кочани испратници Во прилог на барањето ги доставувам потребните документи: копија од регистрација на правното и физичкото лице од Централен регистер доказ за платен надоместокот за испратниците овластување од управителот/раководителот (само за правни лица) Датум: Барател: