تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the quantities, manner of storage and maintenance of reference samples, the manner of operation of gene bank, as well as the amount of fees according to specific conditions of storage and maintenance of reference sample of certain types of agricultural plant

صدر في 2020-03-06 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за количините, начинот на чување и одржување на референтен примерок, начинот на работа на ген банката, како и висината на надоместокот според специфичните услови на чување и одржување на референтен примерок од одделни видови земјоделски растенија.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Cultivated plants
الكلمات المفتاحية
fees/royalties, genetic resources, plant variety, seeds/planting material, transport/storage, plant production
الفئات
agriculture

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. 12 март 2020 Бр. 62 - Стр. 3 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 1067. Врз основа на член 54 став (5) од Законот за семен ски и саден материјал за земјоделски растенија („Служ бен весник на Република Македонија“ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16 и 83/18), министерот за земјоделство, шумарство и во достопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА КОЛИЧИНИТЕ, НАЧИНОТ НА ЧУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНТЕН ПРИМЕРОК, НАЧИНОТ НА РАБОТА НА ГЕН БАНКАТА, КА КО И ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ СПО РЕД СПЕЦИФИЧНИТЕ УСЛОВИ НА ЧУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНТЕН ПРИМЕРОК ОД ОДДЕЛНИ ВИДОВИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ РАСТЕНИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишуваат количините, на чинот на чување и одржување на референтен приме рок, начинот на работа на ген банката, како и висината на надоместокот според специфичните услови на чува ње и одржување на референтен примерок од одделни видови земјоделски растенија. Член 2 (1) Референтен примерок од сорта и автохтона сор та на семенски и саден материјал запишани во нацио налната сортна листа се чува и одржува во ген банка. (2) Количините за чување на референтен примерок се различни во зависност од видот на семенскиот и са ден материјал од земјоделските растенија кои се даде ни во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) По запишување на сортата во националната сорт на листа од страна на Управата за семе и саден матери јал (во понатамошниот текст: Управата) референтниот примерок се доставува за чување во ген банка. (2) Референтен примерок од семенски материјал по приемот во ген банка се означува со бројот под кој е за ведена сортата во националната сортна листа и соодве тен евидентен број кој го издава ген банката. (3) На референтниот примерок од семенски матери јал му се испитува почетната влага и ’ртливост, се паку ва во соодветна амбалажа, а на надворешната страна на амбалажата се става етикета или со водоотпорен мар кер се означуваат броевите од став (2) на овој член. (4) Доколку се забележи механичко оштетување на амбалажата, референтниот примерок веднаш треба да се препакува и да се запишат истите податоци кои биле на претходната етикета или амбалажа. (5) Во случај да се забележат надворешни промени на референтниот примерок, ген банката треба веднаш да ја извести Управата за настанатата состојба. (6) Ген банката треба секоја втора година од денот на приемот, да врши анализа на квалитетните својства на референтниот примерок. (7) Во случај кога отпочнува да опаѓа животоспособ носта на референтниот примерок (помала ’ртливост од 70%) или количините се намалени на половина од про пишаните во Прилог 1 од овој правилник, ген банката треба да ја извести Управата заради обезбедување на нов примерок од снабдувачот. (8) Одржувањето на референтниот примерок преку обнова на семето треба да се врши секоја петта година од денот на приемот, а во зависност од видот на земјо делските растенија може и почесто. (9) Референтниот примерок од саден материјал по приемот во ген банката се означува со бројот под кој е заведена сортата во националната сортна листа и соод ветен евидентен број кој го издава ген банката. (10) Референтниот примерок од саден материјал тре ба да се одржува секоја година преку резидба, обра ботка, наводнување, заштита од штетни организми, ѓуб рење и други агротехнички мерки. (11) Референтниот примерок од саден материјал се чува на поле на соодветна земјоделска површина со ка тастарски број и шема на поставеноста на растенијата, како и број на податоци од одделни видови. (12) Доколку се забележи оштетување на референ тниот примерок од садниот материјал, ген банката тре ба да ја утврди причината за настанатата состојба и вед наш да ја извести Управата. (13) Ген банката треба да го чува и одржува референтни от примерок од семенски и саден материјал во периодот до дека сортата е запишана во националната сортна листа. Член 4 (1) Референтен примерок од семенски материјал се чува во соодветни технички уреди на температура од +4° C и влажност на воздухот во граници од 10 - 30%. (2) Техничките уреди се сместени во просторија из градена од цврст градежен материјал со обезбедено природно или вештачко осветлување, лесно да се чисти, одржува и дезинфицира. (3) Температурата и влажноста во техничките уреди во кои се чуваат референтните примероци од семенски материјал, треба да се евидентираат еднаш на секои два дена на контролен лист од страна на стручно лице. (4) Референтен примерок од саден материјал се чу ва на соодветно земјоделско земјиште при адекватни климатски услови кои се евидентираат два пати месеч но на контролен лист од страна на стручно лице. Член 5 (1) Ген банката работи согласно Стандардите за ген банки за растителни генетски ресурси за храна и земјо делство пропишани од Светската организација за храна и земјоделство (ФАО). (2) Ген банката до Управата доставува Извештај за активности, трошоци за чување и одржување на рефе рентните примероци (во понатамошниот текст: извеш тај), најдоцна до 31 март за тековната година. (3) Ген банката по претходно одобрение од Управа та може да отстапи одредено количество на референтен примерок на научни установи како примерок за пост контролни испитувања на сорта или како стандардна сорта за изведување на DUS - тест (различност, еднооб разност и стабилност) или VCU – тест (производна и употребна вредност). Член 6 (1) Висината на надоместокот според специфичните услови на чување и одржување на референтен приме рок од одделни видови земјоделски растенија е дадена во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. (2) Надоместокот од став (1) на овој член се испла ќа врз основа на доставениот извештај од член 5 став (2) на овој правилник. Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за количините, усло вите и начинот на чување на референтните примероци од видови и сорти на земјоделски растенија како и на чинот на работа на Ген банка („Службен весник на Ре публика Македонија“ бр. 144/11 и 151/13). Член 8 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр. 109-103/1 Министер за земјоделство, 6 март 2020 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р. Стр. 4 - Бр. 62 12 март 2020 www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ц.о. – Скопје бул. „Партизански одреди” бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник – Мартин Костовски телефон: +389-2-55 12 400 телефакс: +389-2-55 12 401 Претплатата за 2020 година изнесува 12.200,00 денари. „Службен весник на Република Северна Македонија“ излегува по потреба. Рок за рекламации: 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД – Скопје. Печат: Печатница ЕВРОПА 92 ДООЕЛ, Кочани.

Regulation on the quantities, manner of storage and maintenance of reference samples, the manner of operation of gene bank, as well as the amount of fees according to specific conditions of storage and maintenance of reference sample of certain types of agricultural plant · Nelum