Regulation on the program for suppression and eradication of brucellosis in sheep and goats
صدر في 2010-03-30 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Програма за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овците и козите.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock
- الكلمات المفتاحية
- animal health, pests/diseases, policy/planning, data collection/reporting, sheep/goats
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 46 од 7.04.2010 година 1 од 5 2010046877 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 57 став 2 од Закон за ветеринарното здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/207), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 30.03.2010 година, донесе ПРОГРАМА ЗА СУЗБИВАЊЕ И ИСКОРЕНУВАЊЕ НА БРУЦЕЛОЗА КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ Член 1 Предмет и цели на Програмата за сузбивање и искоренување на Бруцелоза кај овците и козите Целта на оваа програма e заштита на здравјето на животните и луѓето преку намалување на бројот на заболени одгледувалишта и бројот на заболени овци и кози и обезбедување основни предуслови за непречена трговија со живи животни и производи од животинско потекло и извоз за период од 2010-2015 година. Член 2 Мерки за контрола и сузбивање на Бруцелозата кај овците и козите (1) Мерките за контрола и сузбивање на Бруцелозата кај овци и кози се применуваат во сите одгледувалишта за овци и кози (во натамошниот текст: одгледувалишта) на територијата на Република Македонија. (2) Во зависност од присутноста на Бруцелозата кај овците и козите како и ризикот за проширување на болест се спроведуваат заштитни мерки во одредени епизоотиолошки целини определени од страна на директорот на Управата за ветеринарство согласно член 55 став (5) од Закон за ветеринарното здравство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07). (3) Во епизоотиолошките целини во кои присутноста на болеста на ниво на стадо е од 0-2% и/или каде ризикот за проширување на болеста во одгледувалиштата е низок, на годишно ниво ќе се спроведува тестирање на сите животни постари од 6 месеци со дијагностичките тестови утврдени во Прилог бр. 1 кој е составен дел на оваа програма. (4) Во епизоотиолошките целини во кои присутноста на болеста на ниво на стадо е од 2-10% и/или каде ризикот за проширување на болеста во одгледувалиштата е низок, на годишно ниво ќе се спроведуваат следните мерки: 1. Вакцинација на животните наменети за одгледување со старост од три до шест месеци со Rev 1 вакцина аплицирана коњуктивално. Вакцинацијата треба да се изврши што е можно порано во временската рамка дадена во оваа точка. Животни постари од шест месеци не се вакцинираат. 2. Вакцинираните животни се обележуваат со ушни маркици кои се означени со знак за вакцинација и годината на вакцинација. 3. Прометот со вакцинирани животни не се врши четири недели по вакцинацијата. 4. Вакцинираните животни не се колат три месеци по вакцинацијата. Доколку се колат животните треба да се заколат одвоено од другите животни и задолжително се прегледуваат пред колењето. При колењето на ваквите животни треба да се преземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените. Вимето, генителниот тракт и крвта се прогласуваат за негодни за човечка исхрана и треба нештетно да се отстранат. Службен весник на РМ, бр. 46 од 7.04.2010 година 2 од 5 5. Сите невакцинирани животни и животни кои биле вакцинирани до најмногу шест месечна возраст кои се постари од 18 месеци, се испитуваат серолошки со дијагностичките тестови утврдени во Прилог бр. 1 кој е составен дел на оваа програма. Јагнињата и јарињата со старост помала од три месеци ќе се вакцинираат кога ќе ги исполнат условите од точка 1 од овој став. 6. Вакцинацијата на овци и кози кои не се опфатени со точка 1 од овој став не се врши. (5) Во епизоотиолошките целини во кои присутноста на болеста на ниво на стадо е поголема од 10% и/или каде ризикот за проширување на болеста во одгледувалиштата е висок, ќе се спроведува следново: 1. Масовна вакцинација на сите овци и кози постари од три месеци со Rev 1 вакцина аплицирана коњуктивално. Вакцинацијата на возрасните животни треба да се врши во период после јагнењето до пред припустот или во последните две недели од гравидитетот. 2. Вакцинирањето на животните кои не ги исполнуваат условите пропишани во точка 1 од овој став не смее да се врши. Вакцинираните животни се обележуваат со ушни маркици кои се означени со знак за вакцинација и годината на вакцинација. 3. Ново внесените животни кои не се вакцинирани треба да се вакцинираат кога ќе ги исполнат условите од овој став. 4. Прометот на вакцинирани животни четири недели по вакцинацијата несмее да се врши. Вакцинираните животни не треба да се колат три месеци по вакцинацијата. Доколку се колат животните треба да се заколат одвоено од другите животни и задолжително се прегледуваат пред колењето. При колењето на ваквите животни треба да се превземат сите неопходни мерки на претпазливост за да се избегне контаминацијата на другите трупови, линијата на колење и вработените. Вимето, генителниот тракт и крвта се прогласуваат за негодни за човечка исхрана и треба нештетно да се отстранат. Доколку при пост-морталниот преглед се откриени лезии кои укажуваат на акутна инфекција, трупот се прогласува за негоден за човечка исхрана. 5. Јагнињата и јарињата со старост помала од три месеци ќе се вакцинираат кога ќе наполнат 3 месечна возраст; и 6. Во наредните години после спроведената масовна вакцинација во одгледувалиштето ќе се врши вакцинација на животните наменети за одгледување со старост од три до шест месеци со Rev 1 вакцина аплицирана коњуктивално. (6) Подетални упатства за спроведувањето на одредбите од оваа програма се даваат од страна на Управата за ветеринарство. (7) Проценка на ефикасноста во спроведувањето на оваа програма се дава на Управата за ветеринарство најмалку еднаш годишно. (8) Дијагностичките тестови за потврдување на Бруцелоза кај овци и кози се дадени во Прилог бр. 1 од оваа програма. Член 3 Мерки кои се применуваат во одгледувалиштата при поставувањето на сомнеж на присуство на болеста (1) Секоја овца или коза која покажува знаци за можно присуство на Бруцелоза кај овци и кози или за кое постои потврдена епидемиолошка врска со потврден извор на инфекција а за кое немало официјално испитување кое го потврдува или отфрла присуството на болеста се прогласува како сомнителен случај. (2) Сомнителниот случај треба да биде пријавен на ветеринарниот инспектор од страна на лицето од кое потекнува ова сомневање. (3) Ветеринарниот инспектор веднаш превзема службена истрага со цел потврдување или отфрлање на присуството на болеста во сите одгледувалишта во кои има сомнителни животни на Бруцелоза кај овците и козите. Службен весник на РМ, бр. 46 од 7.04.2010 година 3 од 5 (4) До добивање на резултатите од службената истрага во одгледувалиштето се превземаат следните мерки: 1. Одгледувалиштето се става под службен надзор. 2. Внесување и изнесување на животни од одгледувалиштето не смее да се врши, освен доколку се испраќаат директно на колење. 3. Сомнителните животни се изолираат во самото одгледувалиште и 4. Млекото од сомнителните животни може да служи само за исхрана на животните од истото одгледувалиште по соодветното термичко третирање и не може да се користи за човечка исхрана. Член 4 Потврден случај на Бруцелоза кај овци и кози (1) Како позитивни ќе се сметаат животни чиј серум тестиран со тестот на врзување на реакција на врзување на комплементот (РВК) содржи 20 или повеќе ИЕ во 1 мл (милилитар), животно кое ќе даде позитивен резултат согласно критериумите на користениот ЕЛИСА тест (Enzyme Immunosorbent Assay) односно животно каде ќе се докаже присуство на предизвикувачот на болеста. (2) Доколку во одгледувалиште со (РВК) реакција на врзување на комплементот се добиени позитивни резултати кај повеќе од 20% од животните во одгледувалиштето, од страна на комисија формирана од директорот на Управата за ветеринарство се врши проценка на епидемиолошката состојба. Член 5 Мерки кои се применуваат на одгледувалишта со позитивни животни По официјалното потврдување на Бруцелозата кај овци и кози во заболеното одгледувалиште се применуваат следните мерки: 1. Одгледувалиштето се става под службен надзор. 2. Внесување и изнесување на сите приемчиви животни во и од одгледувалиштето несмее да се врши. 3. Oвците и козите кај кои Бруцелозата официјално е потврдена како и сите животни кои согласно оваа програма може да се прогласат за заболени се изолираат, а позитивните животни видливо се означуваат. 4. Животните кај кои Бруцелозата кај овците и козите е официјално потврдена како и сите животни кои согласно оваа програма може да се прогласат за заболени се колат под службен надзор во што е можно пократок временски рок, најдоцна за 30 дена од денот на кој сопственикот на животното или одговорното лице е известено за присуството на болеста и обврската за задолжително колење согласно програмата. 5. По исклучок од точка 2 од овој член, приемчивите животни кои дале негативен резултат на дијагностичките тестови може да се испратат директно на колење по претходно одобрување од ветеринарниот инспектор. 6. Млекото од позитивните животни треба нештетно да се одстрани или може да служи за исхрана на животните од истото одгледувалиште по соодветното термичко третирање. Млекото од позитивните животни не се користи за човечка исхрана. Млекото од животните кои дале негативен резултат и млекото од вакцинирани животни согласно оваа програма може да се користи за човечка исхрана согласно одредбите од ветеринарното законодавство. 7. Нештетно одстранување на абортирани фетуси, мртво родени јагниња и јариња и плаценти. Службен весник на РМ, бр. 46 од 7.04.2010 година 4 од 5 8. Секојдневно собирање на ѓубрето и постелката и нивно закопување или дезинфицирање. Ѓубрето и постелката не се изнесуваат најмалку три недели од нивното собирање. 9. Сеното, постилката и сите други предмети кои биле во контакт со позитивните животни, фетуси или плацента се закопуваат со претходно натопување со дезинфициенс. 10. Објектите и просторот во кој престојувале животните треба темелно да се исчистат и потоа да се дезинфицираат со дезинфициенс кој е регистриран за употреба во Република Македонија. Концентрацијата на дезинфициенсот треба да биде соодветна за површините кои се дезинфицираат. 11. Предметите кои биле во контакт со заболените животни темелно се чистат и дезинфицираат. Доколку тоа не е возможно, истите се уништуваат. 12. Во случај на целосна депопулизција на одгледувалиштето, повторното населување може да се изврши по поминати четири недели по извршената дезинфекција. 13. Спроведување на епидемиолошко испитување со цел одредување на изворот, времето и начинот на инфекцијата и претходното и понатамошното ширење на инфекцијата и 14. Повторно тестирање на животните најмалку 15 а најдоцна 30 дена по изнесувањето на заболените животни и извршената дезинфекција. Доколку животните дадат негативен резултат, истите се испитуваат уште два пати со негативен резултат, така што првото испитување треба да биде еден месец по последниот негативен резултат, а второто три месеци подоцна. Член 6 Внесување на животни во одгледувалишта негативни на Бруцелоза кај овци и кози (1) Во одгледувалиште каде за време на редовното годишното тестирање сите животни дале негативен резултат може да се внесат овци и кози само доколку: 1. Животните доаѓаат од одгледувалишта со ист здравствен статус; и 2. Животните се индивидуално обележани; и 3. Потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на Бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци; и 4. Животните не се вакцинирани. (2) По исклучок од претходниот став, животни кои се вакцинирани може да се внесат во одгледувалиштето од став (1) од овој член доколку потекнуваат од одгледувалиште со ист здравствен статус и се исполнети следните услови: 1. Животните се индивидуално обележани; и 2. Потекнуваат од одгледувалишта каде сите животни приемчиви на Бруцелоза (B.melitensis) не покажале клинички или други знаци на болеста во последните 12 месеци; и 3. Животните биле изолирани на одгледувалиштето од кое потекнуваат под ветеринарна контрола во кој период во интервал од најмалку шест недели биле тестирани два пати со негативен резултат со тестовите во согласност со Прилог број 1 од оваа програма. 4. Доколку животните не биле вакцинирани, истите ќе бидат вакцинирани во согласност со член 2 став (5) од оваа програма. Член 7 Внесување на животни во одгледувалишта каде е извршена масовна вакцинација на животните Во одгледувалиште во кое е извршено масовна вакцинација на животните може да се внесат животни само доколку ги исполнуваат условите пропишани во член 6 став (2) од од оваа програма. Службен весник на РМ, бр. 46 од 7.04.2010 година 5 од 5 Член 8 Финансиски средства Финансиските средства за спроведување на оваа програма се обезбедуваат со Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните. Член 9 Престанок на важење Со денот на влегување во сила на оваа програма престанува да важи „Програма за сузбивање и искоренување на Бруцелоза кај овците и козите” („Службен весник на Република Македонија “ бр. 59/2008). Член 10 Влегување во сила Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.51-1878/1 Претседател на Владата 30 март 2010 година на Република Македонија, Скопје м-р Никола Груевски, с.р. Прилог бр. 1 Дијагностички тестови (1) Дијагностичкото испитување на Бруцелоза кај овците и козите се врши со серолошко испитување со примена на тестот брза аглутинација-Розе бенгал тест (РБТ). Доколку сите животни на одгледувалиштето дадат негативен резултат на овој тест, негативниот резултат се смета како конечен. Доколку со серолошкото испитување на крвта на животните со РБТ се добие позитивен резултат кај помалку од 5% од животните во одгледувалиштето, позитивните проби се испитауваат со тестот на врзување на комплемент (РВК). Доколку со РВК тестот се потврдат позитивните резултати, во тој случај сите животни од одгледувалиштето треба да бидат испитани со истиот тест. Доколку со серолошкото испитување на крвта на животните со РБТ се добие позитивен резултат кај повеќе од 5% од животните во одгледувалиштето, во тој случај крвта од сите животни од одгледувалиштето треба да се испита со тестот РВК. Само доколку крвта донесена на серолошко испитување е некомплементарна за испитување со РВК тестот истата ќе биде испитана со ЕЛИСА тестот. (2) Антигенот кој се употребува треба да биде стандардизиран согласно меѓународниот стандарден серум на Светската организација за здравствена заштита на животните-OIE (OIEISS).