Regulation on the processing and on the manner and method of determining the quality and categorization of cattle and classification of carcasses and half-carcasses (cattle)
صدر في 2012-01-23 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот на обработка на трупот за оцена како и начинот и методите на одредување на квалитетот со категоризација на говедата и класирањето на труповите и половинките на говедата.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- food safety and quality, cattle, classification/declassification, processing/handling
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 1 од 3 20120140460 Врз основа на член 75, став (4) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБРАБОТКА НА ТРУПОТ ЗА ОЦЕНА КАКО И НАЧИНОТ И МЕТОДИТЕ НА ОДРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ СО КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ГОВЕДАТА И КЛАСИРАЊЕТО НА ТРУПОВИТЕ И ПОЛOВИНКИТЕ НА ГОВЕДАТА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на обработка на трупот за оцена како и начинот и методите на одредување на квалитетот со категоризација на говедата и класирањето на труповите и половинките на говедата. Член 2 (1) За оцена на квалитетот и класирање, труповите или половинките од говеда примарно се обработуваат по искрвавувањето, вадењето на внатрешните органи евисцерацијата и дерењето. (2) Примарно обработениот труп или половинка од говедо е труп или половинка без глава и нозе, без органите од торакалната и стомачната празнина, без сексуалните органи и за нив врзаните мускули и без вимето и мамарната маст. Главата треба да е одвоена од трупот или полутката во атлоидо-окципиталниот зглоб, а нозете треба да се отстранети во карпо-метакарпалниот или тарзо-метатарзалниот зглоб. (3) Примарно обработениот труп или половинка од говедо може да биде со или без бубрезите, бубрежната и пелвичната маст. Член 3 (1) Одредување на квалитетот со категоризација на говеда и класирањето на труповите и половинките од говеда се врши со оценување на меснатоста (конформација) и покриеноста на трупот со масно ткиво (степен на масна обвивка). (2) Одредувањето на квалитетот со категоризација на говеда и класирањето на труповите и половинките во соодветните класи со оценување на меснатоста (конформација) и покриеноста на трупот со масно ткиво (степен на масна обвивка) се врши врз основа на меснатоста и степенот на масна обвивка на профилите на труповите дадени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Дополнително одредување на квалитетот со категоризација на говеда и класирање на труповите и половинките во соодветните класи со оценување на меснатоста (конформација) и покриеноста со масно ткиво (степен на масна обвивка) се врши врз основа на меснатоста на есенцијалните (основните делови) на трупот или половинката (бутот, грбот и рамената) и степенот на масна обвивка на надворешната страна на трупот и во градниот кош, дадени во Прилогoт кој е составен дел на овој правилник. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 2 од 3 Член 5 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник престанува да се применува Правилникот за квалитетот на месото од добиток за колење, од живина и од дивеч („Службен лист на СФРЈ “ бр. 34/74, 26/75 и 13/78). Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ а ќе отпочне да се применува од 1 jануари 2013 година. Број 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 3 од 3