تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the procedure for the identification and registration of bees

صدر في 2013-12-27 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
marking/identification, apiculture/sericulture, data collection/reporting, animal production

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година 1 од 6 20140040070 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 11 став (7), член 12 став (3), член 13 став (7) и член 19 став (4) од Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија" бр. 95/12) директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ПЧЕЛИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува: 1) содржината и начинот на водење на Електронска база на податоци, податоците кои одгледувачот треба да ги достави до Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата) како и начинот на известување до Електронската база на податоци; 2) изгледот и податоците кои ги содржи средството за идентификација за одгледувалиштата за пчели; 3) формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на одгледувалишта за пчели, начинот, содржината и зачестеноста на правење на попис на пчеларникот како и начинот на пријавување до Агенцијата и 4) начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчеларник. Член 2 Електронската база на податоци, покрај податоците од Прилог 1 од Правилникот за начинот на регистрација, формата и содржината на образецот на барањето за регистрирање на одгледувалишта, формата и содржината на картата за идентификација на одгледувалиштето, начинот на пријавување и евидентирање на промените на одгледувалиштето и одгледувачот како и видовите на други животни(„Службен весник на Република Македонија" бр. 24/13) треба да ги содржи и следните податоци: 1) податоци од извршениот попис на одгледувалиштето од член 5 став (6) од овој правилник, кои одгледувачот ги доставува до овластеното ветеринарно друштво со образецот пропишан во член 5 став (7) од овој правилник и 2) дополнителни податоци во однос на здравствената состојба на пчелите, мерки за ограничување на движењето и други релевантни податоци во однос на пчеларникот. Член 3 (1) На регистрираните пчеларници овластеното ветеринарно друштво му издава идентификациска табла за одгледувалиште на пчели (во понатамошниот текст: идентификациска табла). (2) Идентификациската табла од став (1) на овој член се изготвува во А5 формат на пластичен материјал во жолта боја и истата е дадена во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник. (3) Одгледувачот на пчели идентификациската табла треба да ја постави на видливо место на пчеларникот. (4) Доколку идентификациската табла е нечитлива, оштетена или изгубена, одгледувачот треба да ја замени со нова табла. (5) На заменетата идентификациска табла од став (4) на овој член треба да се наведат истите податоци од оригиналната идентификациска табла. Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година 2 од 6 (6) Трошоците за замената на идентификациската табла се на товар на одгледувачот на пчели. Член 4 (1) Регистарот на одгледувалиште на пчели (во понатамошниот текст: Регистарот) се води рачно од страна на одгледувачот, на образец во А4 формат, а по исклучок може да се води и електронски во формат кој е претходно одобрен од страна на Агенцијата. (2) Формата и содржината на Регистарот од став (1) на овој член е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. (3) Веродостојноста на податоците содржани во Регистарот ги потврдува одгледувачот со ставање на потпис на образецот. (4) Секоја промена во врска со одгледувалиштето, одгледувачот, пчелните семејства и нивните движења, одгледувачот треба да ги внесе во Регистарот веднаш по настанувањето на промената. (5) Секоја година на 1-ви април одгледувачот на пчели треба да изврши попис на пчелните семејства на своето одгледувалиште. (6) Податоците од пописот на одгледувалиштето се впишуваат во образецот за спроведување на попис на пчелните семејства во одгледувалиште (во понатамошниот текст: образецот) во А5 формат на бела хартија. (7) Формата и содржината на образецот од став (6) од овој член се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Образецот се состои од две копии од кои една за овластеното ветеринарното друштво и една за одгледувачот. Копијата за одгледувачот претставува составен дел на Регистерот и треба да се чува најмалку три години од денот на извршување на пописот. (8) Веродостојноста на податоците од став (7) од овој член ги потврдува одгледувачот со ставање на потпис на образецот. Член 5 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/12). Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Број. 02-5767/5 Агенција за храна 27 декември 2013 година и ветеринарство Скопје Директор, Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година 3 од 6 Прилог 1 Идентификациска табла за одгледувалиште на пчели Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година 4 од 6 Прилог 2 Регистар на одгледувалиште на пчели I страна Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година 5 од 6 II страна Службен весник на РМ, бр. 4 од 09.01.2014 година 6 од 6

Regulation on the procedure for the identification and registration of bees · Nelum