تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the methods of sampling and analysis (superanalysis) of milk

صدر في 2014-06-09 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за методите за земање на примероци и за вршење на анализи, вклучувајќи ги и методите на потврда или рефрентнте методи кои се користат во случај на оспорување (суперанализа) на млекото.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, hygiene/sanitary procedures, milk/dairy products, research, inspection

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 96 од 25.06.2014 година 1 од 2 20140962755 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 81 став (6) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13. 187/13 и 43/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДИТЕ ЗА ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОЦИ И ЗА ВРШЕЊЕ НА АНАЛИЗИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ И МЕТОДИТЕ НА ПОТВРДА ИЛИ РЕФЕРЕНТНИТЕ МЕТОДИ КОИ СЕ КОРИСТАТ ВО СЛУЧАЈ НА ОСПОРУВАЊЕ (СУПЕРАНАЛИЗА) НА МЛЕКОТО (*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат методите за земање на примероци и за вршење на анализи, вклучувајќи ги и методите на потврда или референтните методи кои се користат во случај на оспорување (суперанализа) на млекото. Член 2 (1) Земањето на примероци за вршење на анализи на сурово млеко се врши по редоследот пропишан во член 6 од Правилникот за начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа и суперанализа, содржината, формата и начинот на пополнување на записникот, методите за анализа на суровото млеко, начинот на класирање и метод на вреднување на суровото млеко, како и начинот на вршење на обуката и програмата за вршење на обуката за контролори. (2) По исклучок од став (1) од овој член, земањето на примероци за вршење на анализи на сурово млеко се врши од страна на, или во име на операторите кои произведуваат млеко, операторите кои собираат или преработуваат млеко, група на оператори или во рамка на шема за контрола согласно членовите 18 и 19 од Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи (*1). Член 3 (1) Испитувањата за исполнетоста на барањата за бројот за соматски клетки и бројот на микроорганизми во сурово млеко се врши со референтни методи согласно член 9 точкa г) алинеја 1 и точка д) алинеја 1 од Правилникот за начинот на чување на суровото млеко и земање примероци за анализа и суперанализа, содржината, формата и начинот на пополнување на записникот, методите за анализа на суровото млеко, начинот на класирање и метод на вреднување на суровото млеко, како и начинот на вршење на обуката и програмата за вршење на обуката за контролори. (2) За испитувањата за исполнетоста на барањата за бројот за соматски клетки и бројот на микроорганизми во сурово млеко можат да се употребуваат и алтернативни аналитички методи, како што се: (*)Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 1664/2006 од ноември 2006 година за изменување на Регулативата (ЕЗ) бр. 2074/2005 во однос на мерки за спроведување за одреде ни производи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето со кои се укинуваат одредени мерки за спроведување (CELEX број 32006R1664). Службен весник на РМ, бр. 96 од 25.06.2014 година 2 од 2 1) за број на колонии на 30◦С, кога методите се валидирани во однос на референтниот метод од став (1) точка 1) на овој член во согласност со протоколот пропишан со EN/ISO 16140 или други слични меѓународно признати протоколи. Односот на конверзија помеѓу алтернативниот метод и референтниот метод од став (1) точка 1) на овој член е воспоставен со стандардот ISO 21187:2004 и 2) за бројот на соматски клетки, кога методите се валидирани во однос на референтниот метод од став (1) точка 2) на овој член во согласност со протоколот пропишан со ISO 8196 и кога се работи во согласност со стандардот 13366-2 или други слични меѓународно признати протоколи. Член 4 (1) За одредување на активноста на алкална фосфатаза, како референтен метод треба да се примени стандардот МК/ISO 11816-1. (2) Активноста на алкалната фосфатаза се изразува како милиединици на активност на ензимот во литар (mU/l). Единица на активност на алкална фосфатаза е износот на ензимот алкална фосфатаза кој врши каталитичка трансформација на 1 микромол на супстрат во минута. (3) Тестот на алкална фосфатаза треба да даде негативен резултат доколку мерените активности во кравјо млеко не се повисоки од 350 mU/l. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-2727/8 9 јуни 2014 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. (*1) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) бр. 853/2004 на Европскиот Парламент и Советот од 29 април 2004 година за утврдување на посебни хигиенски барања за храна од животинско потекло (CELEX број 32004R0853).

Regulation on the methods of sampling and analysis (superanalysis) of milk · Nelum