تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the methods for determining the effective meat content in carcasses of slaughtered pigs

صدر في 2012-01-23 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за методите за одредување на меснатоста на труповите на закланите свињи.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
swine, food safety and quality, classification/declassification, meat

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 1 од 2 20120140461 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 97, став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДИТЕ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА МЕСНАТОСТА НА ТРУПОВИТЕ НА ЗАКЛАНИТЕ СВИЊИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат методите за одредување на меснатоста на труповите на закланите свињи. Член 2 (1) Процентот на месо (содржината на посно месо) во еден свински труп е односот помеѓу вкупната маса на црвени набраздени мускули кои се делливи со нож и масата на трупот. (2) Одредување на меснатоста на труповите на закланите свињи се врши со статистички докажани методи на оценување на меснатоста (процентот на месо во трупот) со употреба на средства (апарати) за класирање (категоризација) кои базираат на физичко мерење на еден или повеќе анатомски делови од трупот на закланите свињи и обезбедуваат усогласеност во рамките на максималната толерантност за статистичката грешка при оценувањето. (3) Вкупната маса на црвените набраздени мускули се добива со целосно или делумно расекување на трупот како што е наведено во Прилогот кој е составен дел на овој правилник, или со комбинација од целосно или делумно расекување со брз национален метод базиран на докажани статистички методи . (4) Расекувањето од став (3) на овој член може да се замени со оценување на процентот на посно месо користејќи средства за целосно расекување со апарат за компјутерска томографија доколку се обезбедат задоволителни споредливи податоци од расекувањето. (5) Стандардниот статистички метод за оценување на содржината на посно месо на свински трупови одобрен како метод за класификација е обичен метод на најмали квадрати или метод на намалено рангирање, но може да се користат и други статистички докажани методи. Методот се базира на репрезентативен примерок од националното производство на свинско месо, кој се состои од најмалку 120 трупови чија содржина на посно месо е потврдена во согласност со методите на расекување наведени во Прилогот. Ако се користат повеќекратни методи на земање примероци, референтата вредност се мери на најмалку 50 трупови, а прецизноста е најмалку еднаква на онаа која е добиена користејќи го стандардниот статистички метод на 120 трупа кој наведен во Прилогот. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата за утврдување на детални правила за примена на Регулатива (ЕК) бр. 1234/2007 на Комисијата во однос на пазарните стандарди за месо од говеда, свињи, овци и кози, CELEX бр. 32008R1249. Службен весник на РМ, бр. 14 од 30.1.2012 година 2 од 2 Член 4 Со денот на отпочнувањето на примената на овој правилник, престанува да важи Правилникот за квалитетот на закланите свињи и категоризација на свинското месо („Службен весник на Република Македонија “ бр. 25/04). Член 3 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2013 година. Број 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the methods for determining the effective meat content in carcasses of slaughtered pigs · Nelum