تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the methodology for the calculation of standard output coefficients, as well as the method of collecting data and information from the network, the methodology for determining the typology of agricultural holdings, the classification of agricultural holdings by type of agricultural production and the classes of economic size of agricultural holdings, the maximum number of accounting holdings and the minimum economic size of accounting holdings and the form and content of the single form for determining the income of agricultural holdings and analysis of part the operation of agricultural holdings

صدر في 2020-05-21 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за методологијата за пресметка на стандард аутпут коефициентите, како и начинот за прибирање на податоците и информациите од мрежата, методологијата за утврдување на типологија на земјоделски стопанства, класификација на земјоделски стопанства по тип на земјоделско производство и класите на економска големина на земјоделските стопанства, максималниот број на сметководствени стопанства и минималната економска големина на сметководствените стопанства и формата и содржината на единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделските стопанства.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, classification/declassification, procedural matters, data collection/reporting, research

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 7 став 4, член 8 став 4, член 10 став 4 и член 11 став 4 од Законот за воспоставување мрежа за прибирање на сметководствени податоци од земјоделски стопанства („Службен весник на Република Македонија“ бр.110/07 и 55/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА ПРЕСМЕТКА НА СТАНДАРД АУТПУТ КОЕФИЦИЕНТИТЕ, КАКО И НАЧИНОТ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕИ ИНФОРМАЦИИТЕ ОД МРЕЖАТА, МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ТИПОЛОГИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА, КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА ПО ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО И КЛАСИТЕ НА ЕКОНОМСКА ГОЛЕМИНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА, МАКСИМАЛНИОТ БРОЈ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ СТОПАНСТВА И МИНИМАЛНАТА ЕКОНОМСКА ГОЛЕМИНА НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ СТОПАНСТВА И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕДИНСТВЕНИОТ ОБРАЗЕЦ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОХОДОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА И АНАЛИЗА НА ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА (“) (“) Со овој правилник се врши усогласување со Имплементирачката Регулатива на Комисијата (ЕЗ) бр. 2015/220 од 03 февруари 2015 година за утврдување на правила за примена на Регулативата на Советот (ЕК) бр.1217/2009 за воспоставување на мрежата на сметководствени податоци за приходите и деловното работење на земјоделските стопанства на Европската унија (СЕГЕХ бр.52015ВО220). Член 1 Со овој правилник се пропишува: методологијата за пресметка, Стандард Аутпут коефициентите, како и начинот за прибирање на податоците и информациите од мрежата; . методологијата за утврдување на типологија на земјоделски стопанства, како и класификацијата на земјоделски стопанства по тип на земјоделско производство и класите на економска големина на земјоделските стопанства; . максималниот број на сметководствени стопанства, како и минималната економска големина на сметководствените стопанства и формата и содржината на Единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделските стопанства. Член 2 Стандард Аутпут Коефициентот (во понатамошен текст: Стандард Аутпут) кој претставува стандардна вредност на бруто производството се определува на ниво на регион и за најзначајните видови на растително и сточарско производство кои се опфатени во Единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделски стопанства. Методологијата за пресметување на Стандард Аутпутот за видовите на производство од став 1 на овој член се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Вкупниот Стандард Аутпут на земјоделското стопанство треба да одговара на збирот од вредностите добиени од секој вид на производство со множење на Стандард Аутпутите пресметани по единица со бројот на кореспондентните единици. За пресметка на Стандард Аутпутот за мрежата на сметководствени податоци од земјоделските стопанства за годината п, "референтен период" значи годината п-3 што опфаќа пет последователни години од годината п-5 до годината п-1. Стандард Аутпутите се определуваат со користење на просечни основни податоци кои се пресметани за референтен период за видовите на производство од став 1 на овој член. Стандард Аутпутите од став 1 на овој член се ажурираат секогаш кога се вршат структурни истражувања на земјоделски стопанства за да се земат во предвид економските трендови. Член 5 Типологијата на земјоделски стопанства се утврдува според земјоделското производство и економската големина, како и значењето на другите профитабилни активности кои се директно поврзани со земјоделското стопанство. Член 4 Типот на земјоделско производство на едно земјоделско стопанство се определува преку релативниот придонес на Стандард Аутпутот на различните видови на производство на даденото земјоделско стопанство во вкупниот Стандард Аутпут на земјоделското стопанство. Во зависност од степенот на точност на типот на земјоделско производство, типовите на земјоделско производство од став 1 на овој член се поделени на: основни типови на земјоделско производство, главни типови на земјоделско производствои посебни типови на земјоделско производство. Класификацијата на земјоделските стопанства по тип на земјоделско производство е дадена во Прилог 1 табела А, кој е составен дел на овој правилник. За потребите за класификација на земјоделските стопанства по тип на земјоделско производство се користат еквивалентни наслови кај структурните истражувања на земјоделските стопанства и Единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделски стопанства за потребите на мрежата и кодови за прегрупирање за неколку видови на производство кои се вклучени во структурните истражувања на земјоделските стопанства. Коресподенцијата помеѓу насловите за структурни истражувања на земјоделски стопанства и Единствениот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловното работење на земјоделски стопанства и кодовите за прегрупирање за неколку видови на производство кои се вклучени во структурните истражувања на земјоделските стопанства се дадени во Прилог 1 табела Б од овој правилник. Дефиниција за типот на земјоделското производство од став 1 на овој член е дадена во Прилог 1 табела В од овој правилник. Член 5 Економската големина на земјоделското стопанство се определува врз основа на вкупниот Стандард Аутпут на земјоделското стопанство. Вкупниот Стандард Аутпут од став 1 на овој член се изразува во евра. Начинот за пресметување на економската големина на земјоделското стопанство и класите на економската големина се наведени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Значењето на другите профитабилни активности кои се директно поврзани со земјоделското стопанство, а не се земјоделски активности на стопанството се определува врз основа на процентот на другите профитабилни активности во финалниот аутпут на земјоделското стопанство. Односот на другите профитабилни активности во финалниот аутпут на земјоделското стопанство се изразува како процентуален опсег. Процентуалниот опсег од став 2 на овој член е даден во Прилог 3 дел В кој е составен дел на овој правилник. Дефиницијата на другите профитабилни активности од став 1 на овој член и начинот за проценување на опсегот од став 2 на овој член се наведени во Прилог 5 делови Аи Б на овој правилник. Член 7 Сметководствените податоци кои се обезбедуваат преку мрежата и кои се неопходни за годишно определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на нивното деловно работење се претставени во Единственот образец за определување на доходот на земјоделските стопанства и анализа на деловно работење на земјоделските стопанства. Формата и содржината на образецот од став 1 на овој член, како и дефинициите и инструкциите кои се однесуваат на став 1 на овој член се дадени во Прилог 5 кој е составен дел на овој правилник. Член 8 Со анализата на деловното работење се опфаќаат земјоделските стопанства кои имаат економска големина која е еднаква, или поголема од прагот кој е изразен во евра и кој одговара со еден од најниските лимити на класите на економска големина на земјоделски стопанства од член 5 на овој правилник, утврдени според типологијата на земјоделските стопанства. За потребите на мрежата за сметководствени податоци, сметководственото стопанство треба да има економска големина која е еднаква, или поголема од 2 000 евра. Максималниот број на сметководствени стопанства за потребите на мрежата изнесува 1200 земјоделски стопанства. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за методологијата за пресметка на Стандард Аутпутот како и начинот за прибирање на податоците и информациите од мрежата, методологијата за утврдување на типологија на земјоделски стопанства, класификација на земјоделски стопанства по тип на земјоделско производство и класите на економска големина на земјоделските стопанства, максималниот број и минималната економска големина на сметководствените стопанства и формата и содржината на Единствениот образец за определување на доходот и анализа на деловното работење на земјоделските стопанства (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 175/11). Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр.27-517/1 Министер за земјоделство, 21 мај 2020 година шумарство и водостопанство Скопје Трајан Димковски, с.р.

Regulation on the methodology for the calculation of standard output coefficients, as well as the method of collecting data and information from the network, the methodology for determining the typology of agricultural holdings, the classification of agricultural holdings by type of agricultural production and the classes of economic size of agricultural holdings, the maximum number of accounting holdings and the minimum economic size of accounting holdings and the form and content of the single form for determining the income of agricultural holdings and analysis of part the operation of agricultural holdings · Nelum