Regulation on the method of registration and deletion from the records of social and economic partners and necessary documentation
صدر في 2011-02-21 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- agricultural development, procedural matters, registration, rural development
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 24 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/2010), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ ЗА УПИС И БРИШЕЊЕ ОД ЕВИДЕНЦИЈАТА НА СОЦИЈАЛНИ И ЕКОНОМСКИ ПАРТНЕРИ И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација. Член 2 Барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери се поднесува на образец даден во прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 За упис во евиденцијата од член 2 на овој правилник социјалните и економските партнери кон барањето ја поднесуваат следната документација: 1.Тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија не постара од 1 месец; 2. Актот за основање 3.Статут 4. Програма за работа. Член4 За упис во евиденцијата од член 2 на овој правилник економските партнери покрај документацијата од член 3 на овој правилник, кон барањето поднесуваат документација дека се исполнети дополнителните услови од член 24 став 3 од Законот за земјоделство и рурален развој и тоа во зависност од видот на економскиот партнер за: А) Здруженија на земјоделски производители: список на членови на Здружението со име и презиме/Назив, ЕМБГ /ЕМБС, улица, број и место на живеење/седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице на здружението; Б) Здруженија на преработувачи или трговци со земјоделски производи: список на правни лица кои имаат пристапница во здружението со Назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице или документ за регистрирана приоритетна дејност на правните лица членови на Здружението издаден од трговскиот регистар; В) Задруги и задружни сојузи од областа на земјоделското производство: доказ за годишен приход од продажба на земјоделски производи издаден од Управа за јавни приходи или извод од сметка за остварениот приход во претходната година од годината на упис список на правни лица кои имаат пристапница во задругата или задружниот сојуз со Назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице и Г) Групации во рамките на стопанските комори од областа на земјоделството: список на правни лица кои имаат пристапница во стопанската комора со назив, ЕМБС, улица, број и седиште на членовите заверен со потпис и печат на одговорното лице; документ за регистрирана дејност на правните лица членови на Групацијата издаден од трговскиот регистар. Член 5 Запишаните субјекти во евиденцијата на социјални и економски партнери секоја промена на адресата, седиштето, претежната дејност и другите податоци врз основа на кои е запишан во евиденцијата треба да ги пријави до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 10 дена од настанатите промени. Член 6 Доколку запишаните социјални и економски партнери се неосновано запишани или престанат да ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделство и рурален развој, истите се бришат од евиденцијата на социјалните и економски партнери. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-1037 /3 21 февруари 2011 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р. Прилог До Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Скопје Предмет: Барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери Врз основа на член 24 од Законот за земјоделство и рурален равој (,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/10) доставувам барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери. 1. Назив на субјектот (здружение/задруга/групација) 2. Адреса и седиште на субјектот (здружение/задруга/групација) 3. ЕМБГ на претседателот на здружението/ЕМБС на правното лице 4. Приоритетна дејност на здружение/задруга/групација 5. Број на членови на субјектот ( зд ружение/задруга/гр уп аци ја) 6. Број на членови на субјектот евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства 7. За задруги и задружни сојузи висина на годишен приход од продажба на земјоделски производи на членовите на задругата Дата мл Подносител