تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the method of drawing up recognition plans

صدر في 2011-11-26 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на изготвување на планот за признавање.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, authorization/permit, cooperative/producer organization, procedural matters, rural development

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 124, став (4) од Законот за земјоделство и рурален развој {,,Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10 и бр.53/11}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на изготвување на планот за признавање. Член 2 Планот за признавање содржи мерки и активности за исполнување на услови за стекнување на статус на организација на производители и тоа најмалку следново: опис на првобитната состојба во врска со бројот на членови на организацијата на производители со податоци за членовите, производството, податоци за вредноста на пазарното производство, маркетингот и инфраструктурата, вклучувајќи ја и инфраструктурата во сопственост на членовите на задругата која се користи од задругата; предложениот датум за започнување на реализација на планот и периодот на реализација од најмалку две, но не повеќе од пет години и мерки и активности кои треба да се преземаат за да се стекне статус на организација на производители. Член 3 За членовите на организацијата на производители во планот за признавање се внесуваат податоци за: име на членот, физичко односно правно лице; адреса на членот, физичко односно правно лице; матичен број на физичко односно правно лице, ЕМБГ /ЕМБС; е - пошта и телефон/ факс. Член 4 За производството во планот за признавање се внесуваат податоци за: обработлива површина (ха) на која се врши производството; основна култура и други култури кои се произведуваат и просечен годишен принос (тони/ха). Член 5 За вредноста на пазарното производство во планот за признавање се внесуваат податоци за : пазарна вредност на производството од минатата година, изразена во МКД и начинот на продажба на производите. Член 6 За маркетинг и инфраструктура во планот за признавање се внесуваат податоци за: земјоделско земјиште, земјоделски објекти, земјоделска опрема, земјоделска механизација, производствени капацитети и вид на сопственост. Член 7 Во планот за признавање се внесува датум за отпочнување на реализација на планот за признавање и периодот на реализација на истиот, најмалку е две, но не повеќе од пет години. Член 8 Во планот за признавање се наведуваат и мерките и активностите кои треба да се преземаат, за да се стекне статус на организација на производители. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.11-4272 26 ноември 2011 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the method of drawing up recognition plans · Nelum