تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the method of cultivation and circulation of indigenous breeds and/or species, the form and content of the request for recognition of new indigenous breeds and/or lines and the form, content and method of keeping the register

صدر في 2010-11-12 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на одгледување и прометот на автохтони раси и/или линии, формата и содржината на барањето за признавање на нови автохтони раси и/или линии и формата, содржината и начинот на водење на регистарот.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock
الكلمات المفتاحية
animal production, authorization/permit, registration, data collection/reporting

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 54 став б од Законот за сточарството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008 и 116/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОДГЛЕДУВАЊЕ И ПРОМЕТОТ НА АВТОХТОНИ РАСИ И/ИЛИ ЛИНИИ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА НОВИ АВТОХТОНИ РАСИ И/ИЛИ ЛИНИИ И ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на одгледување и прометот на автохтони раси и/или линии, формата и содржината на барањето за признавање на нови автохтони раси и/или линии и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на автохтони раси и/или линии. Член 2 Сите автохтони раси и/или линии како и оние видови и раси кои согласно Законот за сточарството се признаваат за автохтони, првенствено се зачувуваат во нивната изворна (природна) средина. Начинот на одгледување треба да се врши согласно со традиционалната технологија на одгледување. Приоритет им се дава на производните системи со низок инпут. Одгледувањето на автохтоните раси и/или линии кое се разликува од традиционалните системи на одгледување се врши кај групи или стада на автохтони раси и/или линии кај кои се применува селекција односно кај групи или стада кои се вклучени во одредени експерименти при што се обезбедува поефикасна селекција како и посигурна конзервација на одредена раса. Член 5 Одгледувањето на автохтони раси и/или линии на домашни животни се врши согласно посебната одгледувачка програма од член 18 од Законот за сточарството. Член 4 Доколку во геномот на автохтона популација од било кои причини е внесен туѓ генетски материјал и доколку животните сеуште ги покажуваат карактеристиките на оригиналната раса и/или линија, иницијална група на животни треба да биде селектирана и треба понатаму да се размножува (одгледува). Од популацијата која се размножува се селектираат животните со особините на старата раса додека грлата кои поседуваат особини на туѓата (внесената) раса се отстрануваат. Во малите популации селекцијата особено треба да биде насочена кон машките грла при што посебно внимание треба да се посвети во спречувањето на инбридингот. Програмата треба да содржи план на парење и повторно воспоставување на расата и/или линијата. Во планираното освежување на расата и/или линијата со помош на сродни раси и/или линии се применуваат одредбите од ставовите Ти 2 од овој член. Се додека популацијата значително не се зголеми, фреквенцијата на гените од оригиналната популација ќе се зголемува со планирано парење. Член 5 Посебните одгледувачки програми за мали популации треба да овозможат за најмал временски период да се постигне ефективна големина на популацијата кај малите популации од 50 индивидуи за дадена раса. Оваа големина на популацијата потоа треба да биде одржлива. Посебните одгледувачки програми за мали популации треба да вклучат план кој ќе обезбеди одржување на соодветна големина на популацијата и методи кои ќе ја спречат појавата на инбридинг како и методи кои ќе ја зголемат и одржат застапеност на оригиналните линии. Член 6 Посебната одгледувачка програма за одгледување на автохтони раси и/или линии на домашни животни ги утврдува процедурите за следење на приплодниот материјал во случај на продажба на приплоден материјал на автохтони раси. Во посебната одгледувачка програма треба да се дефинира и максимално дозволениот годишен опсег на продажба на приплоден материјал за специфична раса и/или линија од ген банката. Слободен промет со автохтони раси и/или линии на домашни животни е дозволен по постигнување на бројна состојба кај чисто расните женски грла од секој засебен вид колку што е запишано во колоната "ранлива", согласно Правилникот за обемот на генетските резерви, како и начинот и постапката на обезбедување и одржување на резервите. Член 7 Барањето за признавање на нови автохтони раси/или линии се поднесува во образец во А4 формат во бела боја. Барањето за признавање на нови автохтони раси и/или линии ги содржи следните податоци: Назив на барателот; Седиште на барателот; Адреса; Телефон; Факс; Вид; Име на раса; Изработен стручен елаборат, и Дата на поднесување. Формата и содржината на образецот на барањето за признавање на нови автохтони раси/или линии е дадена во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник. Член 8 Регистар на автохтони раси и/или линии на домашни животни со зоотехничка оцена, во (понатамошен текст: Регистар) е составен дел на Регистерот на раси во Република Македонија. Член 9 Регистарот на автохтони раси и/или линии на домашни животни се води во форма на книга со тврд повез во зелена боја во А4 формат со поврзани и нумерирани евиденциски листови на бела хартија. Формата и содржината на евиденцискиот лист на автохтони раси и/или линии со зоотехничка оцена е даден во Прилог 2 кој е составен дел од овој правилник. На предната страна на книгата е аплициран грбот на Република Македонија и под него стои натпис “Република Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство", на средината стои натпис “Регистар на автохтони раси и/или линии на домашни животни ", а во долниот десен агол стои натпис “Во овој регистер се вклучени редните броеви од заклучно со ". Натписите се со златна боја, освен натписот во долниот десен агол кој е со црна боја. Член 10 Регистарот се води во пишана и електронска форма. Пополнувањето на Регистарот се врши секоја година во месец декември. Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-10316/1 Министер за земјоделство, 12 ноември 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. ПРИЛОГ 1 БАРАЊЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА НОВИ АВТОХТОНИ РАСИ И/ИЛИ ЛИНИИ НА АВТОХТОНИ РАСИ Назив на барателот Седиште на барателот Адреса Телефон Факс Вид на домашно животно Име на раса Изработен стручен Да Не епаборат (изработен и приложен при поднесување на барањето) и нивната Подносител Име и презиме нивиницицинин ина ниви нивна виа н навниа нивн начини ПРИЛОГ 2 ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ НА АВТОХТОНИ РАСИ И ИЛИ ЛИНИИ СО ЗООТЕХНИЧКА ОЦЕНА ВИДАЈ|| | | Н.Н ЦА иАивА Ан ИКИ КАА ТАА АА АА Аа Ја РАСА! | | 4. ЛЕ ТЕНИ ЧЕНИМНИАИИИ АНИ КАНИ и АЦА ВОЈ Година Објаснувања и симболи Име на расата (договорено и Ниси прифатено) Основни податоци 1-автохтона 4 | Група на раси 2-традиционална 3-туѓа 5 | Расата постои надвор од Македонија ми На (во која земја) Оцена за состојбата на популацијата Број во Декември 7 Број на чисто расни женски грла запишани Број во Декември во матичната книга 8 Број на чисто расни машки грла запишани . Број во Декември во матичната книга 1- критична 2- загрозена 9 | Степен на загрозеност 2- ранлива 4- во ризик 5- не е загрозена 1- широко употребена 10 | Степен на употреба 2- локална 2- друга 4 Основна податоци (морфологија. основна . Значајни морфолошки и биологија) биолошки особини Молекуларно биолошка 12 | Генетската дистанца оцена на генеалогијата на расата Резултати од употребата на 43 Оцена на чисто расно одгледување и расата како чиста раса или вкрстување при крстосување (соодветна употреба на расата) 14 | Ген банка 15 | Пп 5Ии 16 | Број на чисто расни женски грла Број во Декември 17 | Број на чисто расни машки грла Број во Декември 18 | Ех 5Ци 19 | Број на чисто расни женски грпа Број во Декември 20 | Број на чисто расни машки грла Број во Декември 21 | Број на замрзнати дози на семе Број во Декември 22 | Број најајце клетки Број во Декември 23 | Број на ембриони Број во Декември Податоци во меѓународните бази на 24 | податоци за анималните генетски ресурси кај домашните животни 25 | бдрче 1- запишана 2- не запишана 1- запишана 26 | ЕААР-АСВО зе зетацана 27 | ОК АНОМА ВВЕЕр5 ран ана 2- не запишана 28 | Одгледувачка програма 29 Одобрена и прифатена Датум на одобрување и прифаќање од страна на Советот 30 Одгледувачки цели Главни одгледувачки цели од одгледувачката програма 31 Индивидуална идентификација 1-идентификација за селекција 2-без идентификација 32 Мерење на производните особини 1-да 2-не Доколку да тогаш: плодност П. раст и конформација на тело - РКТ, млечност - М, несливост - Н-. работна способност -РС-, други особини -ДО 33 Оцена на екстериер 1-оценет 2-не оценет 24 Тест на производството / перформансите 1- перформанс тест во станица 2- перформанс тест на фарма 3- прогенотестирање во станица 4- прогено тестирање на фарма 5- перфоманс тест на основа на информации добиени од кланица 6- биолошки и генетски тестови 7- тестови во лабораторија 35 Одгпедувачка вредност 1- пресметана 2- нее пресметана доколку е 1 тогаш внеси ги особините кои се вклучени 36 Сепекција на животните 1-врз основа на предвидување на одгледувачката вредност 2-без предвидување на одгледувачката вредност 37 Молекупарно оценување Особини вклучени во молекуларната оцена 38 Репродукција Степен на чисто расно парење 39 Осеменување 1-се применува 2- не се применува 40 Генетски резерви ех 5/и 1- да (внеси го методот , опиши го обликот и кој е вкупниот број на машки грла) 2- не 41 Трансфер на ембриони 1- практична примена 2- нема практична примена 42 Оцена на посебна генетска вредност за зачувување/конзервација на анималните генетски ресурси 43 Посебни карактеристики Особини значајни за расата (раса со голема генетска дистанца, квалитет на производството, производство на функционална храна...) Посебна адаптибилност Способност за одгледување на расата во специфични услови (дефинирај ги специфичните услови) 45 Оцена на загрозеност Дополнителна оцена на загрозеност земајќи ги во предвид бројот на чисто расни грла, степен ан употреба и група на животни 46 Зоотехничка карактеризација и мерки за конзервација 47 Краткорочни Поддршка, активност, која мора итно да биде преземена со цел да се зачува, конзервира, расата предлог за годишна програма за конзервација на анималните генетски ресурси на домашните животни 48 Долгорочни Предлог за долгорочна програма за конзервација, зачувување на расата и биолошката разновидност кај домашните животни

Regulation on the method of cultivation and circulation of indigenous breeds and/or species, the form and content of the request for recognition of new indigenous breeds and/or lines and the form, content and method of keeping the register · Nelum