Regulation on the method for implementation of subsidization of interest rates in agriculture and rural development
صدر في 2016-09-20 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот на спроведување на субвенционирање на каматни стапки во земјоделството и руралниот развој.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- agricultural development, financial agricultural measures, procedural matters, rural development, taxes, fiscal and market measures
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Врз основа на член 98-а став 6 од Законот за земјоделство и рурален развој {,,Службен весник на Република Македонија" бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177 /14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120 /16 и 163/16}, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КАМАТНИ СТАПКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на спроведување на субвенционирање на каматни стапки во земјоделството и руралниот развој. Член 2 (1) Барањето за субвенционирање на каматни стапки, се доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенцијата}, по објавување на јавен повик од страна на Агенцијата. {2} Барањето од став {1} на овој член се доставува во електронска форма преку регистрација на електронски партал на Агенцијата. Член 3 {1} Барателите за субвенционирање на каматни стапки потребно е кон барањето во електронска форма да приложат и соодветна документација со која се докажува исполнетоста на условите за користење на помошта од член 98-а од Законот за земјоделство и рурален развој и тоа: договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментот за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и детален амортизационен план кој е прилог на договорот за кредит. (2) По приемот на барањето од став (1) на овој член се проверува исполнетоста на условите за субвенционирање на каматните стапки од член 98-а став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој. Член 4 (1) По административната проверка доколку барателот ги исполнува условите за субвенционирање на каматни стапки, барателот и Агенцијата склучуваат договор со кој се регулираат меѓусебните права и обврски. (2) Барателот треба да ја извести Агенцијата за секоја промена во однос на договорот за склучен кредит со банката и штедилницата за инвестицијата финансирана од Инструментот за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија, како и во случај на предвремено враќање на дел или целиот износ на користениот кредит одобрен од банката или штедилницата. Член 5 Субвенционирањето на каматни стапки се исплаќа по доставено барање за исплата и доставени изводи за подмирени обврски за исплатени ануитети во согласност со амортизациониот план и тоа на полугодишно или годишно ниво согласно договорот од член 4 став (1) на овој правилник. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 01-3266/1 20 септември 2016 година Скопје Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, в.д. Директор, Билјана Вуковиќ, с.р.