تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the method and type of flour packaging and the conditions for putting flour into circulation in bulk

صدر في 2014-01-17 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот и видот на пакувањата на брашна и условите за ставање во промет на брашното во рефусна состојба.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
cereals/grains/rice, internal trade, packaging/labelling, food safety and quality, agricultural commodities
الفئات
agriculture

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 16-в став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10, 55/11, 55/12 и 106/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ВИДОТ НА ПАКУВАЊАТА НА БРАШНА И УСЛОВИТЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА БРАШНОТО ВО РЕФУСНА СОСТОЈБА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и видот на пакувањата на брашна и условите за ставање во промет на брашното во рефусна состојба. Член 2 () Амбалажата во која се пакува брашното, односно наменското брашно, треба да се затвора на еден од следните начини: со поврзување со тоа што истовремено се врзува и приврската со декларацијата, така што краиштата на подврската да бидат обезбедени со пломба, или декларацијата да биде втисната на вреќата; со прошивање на отворот на вреќата заедно со приврската на која е втиснато картонче со испечатената декларација или декларацијата да биде испечатена на самата вреќа; со затворање со посебна лента на која е втиснато картонче со испечатената декларација или декларацијата да биде испечатена на самата вреќа; со полнење со автоматски полнилки (оригинално затворена амбалажа) со декларација испечатена на самата вреќа или на етикетатаи со лепење или заварување кај мали пакувања на вреќи, кеси или картонски кутии, со декларација втисната или испечатена на самата амбалажа. (2) Приврската од став (1) алинеја 1 на овој член треба да биде прицврстена така што да не постои можност да отпадне или да биде заменета при ракувањето и превозот. Член 5 () Брашното, односно наменското брашно може да се пакува во вреќи од јута, платно и хартија и во вреќички од хартија, или друг материјал согласно прописите за безбедност на храна. (2) Брашната се пакуваат во следните видови пакувања во зависност од тежината: големи пакувања, односно вреќа со тежина од 25 килограми и поголеми од 25 килограмии мали пакувања, односно вреќа или ќеса со тежина помала од 25 килограми. Член 4 () Брашното во рефусна состојба може да се пушта во промет само ако е придружено со документ согласно член 16-в од Законот за квалитетот на земјоделските производи. (2) Брашното во рефусна состојба може да се пушти во промет само ако се транспортира во превозни средства кои ги исполнуваат условите согласно постоечките прописи за транспорт и со кои се обезбедува заштита од надворешни временски влијанија (дожд, град, снег, ветар, сонце, магла и сл.). Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.02-546/6 Министер за земјоделство, 17 јануари 2014 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср.

Regulation on the method and type of flour packaging and the conditions for putting flour into circulation in bulk · Nelum