تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the method and procedure for taking and storing samples for the purpose of issuing decisions to put wine on the market and for issuance of accompanying documents

صدر في 2013-05-16 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот и постапката за земање и чување на мостри заради издавање на решение за ставање на вино во промет и за издавање на придружен документ.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
certification, food safety and quality, internal trade, viticulture/oenological practices, authorization/permit, processing/handling, hygiene/sanitary procedures

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 32 став (4) од Законот за виното (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 50/10, 53/11, 6/12 и 23/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ЗЕМАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА МОСТРИ ЗАРАДИ ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА СТАВАЊЕ НА ВИНО ВО ПРОМЕТ И ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПРИДРУЖЕН ДОКУМЕНТ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот и постапката за земање и чување на мостри заради издавање на решение за ставање на вино во промет и за издавање на придружен документ. Член 2 (1) Садот во кој се зема и чува мострата од вино треба да биде чист и празен. (2) Секој примерок на мострата од вино се пакува во истоветен стаклен сад со зафатнина од 0,75 1 литар. (3) Пакувањето во кое се става мострата од вино треба да биде такво што мострата нема да претрпи хемиски промени, физички оштетувања и расипувања. Член 3 (1) Од виното кое се наоѓа во сад во количина поголема од количината на потребната мостра, се зема хомогенизирана мостра. (2) Мострите кои не се во оригинално пакување се пакуваат, затвораат и запечатуваат така да не може да се дојде до содржината на мострата без оштетување на пакувањето. (3) Ако виното се наоѓа во пакување со оригинален затворач во количина од приближно еден литар, како примерок на мострата се зема целиот сад. Член4 (1) Земената мостра од вино се означува со етикета која не може да се отстрани без оштетување на печатот односно пломбата. (2) Етикетата на мострата треба да ги содржи следните податоци: сериски број на етикетата; назив или опис на производот од КОЈ е земена мострата; назив на правното лице односно името и презимето на физичкото лице од кое е земена мострата; местото и објектот каде е земена мострата; името и презимето на инспекторот кој ја земал мострата; бројот на записникот со кој е земена мострата и датум на земањето на мострата. (3) Податоците на етикетата треба да бидат испишани на начин и со средства, така да не можат да се менуваат или бришат. Член 5 (1) Виното складирано во еден ист сад од кој е земена мострата се смета дека има исти својства со мострата земена од ТОЈ сад. (2) Доколку виното е спакувано во шишиња или во други садови со ориги нален затворач кои носат иста ознака на етикетата и имаат ист број на серијата се смета дека содржината на виното во сите така означени шишиња или садови има еднакви својства со мострата од вино земена од едно или повеќе исто означени шишиња или садови. (3) Ако виното е скnадирано во повеќе садови, а производителот на виното изјави дека во садовите се наоѓа ист производ, државниот инспектор за земјоделство треба да земе една просечна мостра од сите садови. Член 6 (1) При земање на мострата од вино се составува записник. Во записникот се внесуваат следниве податоци: називот на производителот на виното; адреса на објектот во кој се наоѓа виното од кое е земена мострата; опис на производот и садовите во кој се наоѓа производот; опис на мострата (пакување, ознака на мострата и ознака на садовите од кои е земена мострата) и други важни податоци. (2) При земањето на мострата од вино државниот инспектор за земјоделство треба да состави записник во четири примероци од кои еден се врачува на баратеnот на Решение за ставање на виното во промет, еден се приложува со мострата за физичко-хемиска анализа, еден се користи во постапката за издавање на Решение за ставање на виното во промет и еден примерок останува во блокот на државниот инспектор за земјоделство. (3) Пред потпишувањето на записникот, истиот се чита на глас пред присутните со напомена дека имаат право лично да го прегледаат записникот и да дадат свои забелешки. (4) На крајот во записникот се наведува дека записникот е прочитан и дека не се ставени забелешки, а доколку има забелешки, истите ќе се запишат накусо. (5) Записникот треба да се потпише од државниот инспектор за земјоделство и барателот на Решение за ставање на виното во промет од кое е земена мострата. Член 7 (1) Земените мостри од вино кои не се доставени на физичко-хемиска анализа се чуваат во суви и темни простории. (2} Мострите од вино се чуваат на константна температура од 15 до 18 ОС. (3} Мострите од вино се чуваат во посебни етажери, прегради или рафтови во исправена положба. (4) Мострите од вино се редат по датумот на земање на мострата. (Ѕ} Државниот инспекторат за земјоделство ги чува мострите во период од три месеци по истекот на кој ги отстранува комисиски или ги доставува за научни истражувања. Член 8 (1} На постапката за земање и чување на мостри заради издавање на придружен документ за извоз на вино, производи од винско грозје и производи од вино се применуваат начинот и постапката за земање и чување на мостри уредени со одредбите од членовите 2, 3, 4, 5 и 7 ставови (1), (2), (3) и (4) од овој правилник. (2} Мострата од став (1} на овој член се зема во два еднакви примероци. (3) Мострите од став (1) на овој член се чуваат за контрола на физичко-хемиските својства на виното и/или производот од винско грозје и/или производот од вино во период од шест месеци по истекот на КОЈ се отстрануваат комисиски или се доставуваат за научни истражувања. Член 9 (1} При земање на мострата од член 8 на овој правилник се составува записник. Во записникот се внесуваат следниве податоци: називот на производителот; адреса на објектот во кој се наоѓа производот од кој е земена мострата; опис на производот и садовите во кој се наоѓа производот; опис на мострата (пакување, ознака на мострата и ознака на садовите од кои е земена мострата) и други важни податоци. (2) При земањето на мострата од член 8 на овој правилник државниот инспектор за земјоделство треба да состави записник во три примероци од кои еден се врачува на барателот на придружниот документ, еден се користи во постапката за издавање на придружниот документ и еден примерок останува во блокот на државниот инспектор за земјоделство. (3) Пред потпишувањето на записникот, истиот се чита на глас пред присутните со напомена дека имаат право лично да го прегледаат записникот и да дадат свои забелешки. (4) На крајот во записникот се наведува дека записникот е прочитан и дека не се ставени забелешки, а доколку има забелешки, истите ќе се запишат накусо. (5) Записникот треба да се потпише од државниот инспектор за земјоделство и барателот на придружниот документ за извоз на виното, производот од винско грозје и/или производот од вино од кое е земена мострата. Член 10 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за начинот и постапката за земање и чување на мостри заради издавање на решение за ставање на вино во промет (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 94/10). Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 29-14065/1 16 мај 2013 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the method and procedure for taking and storing samples for the purpose of issuing decisions to put wine on the market and for issuance of accompanying documents · Nelum