Regulation on the method and procedure for performing phytosanitary inspection of plants, plant products and other objects at points of entry into the Republic of Macedonia
صدر في 2010-08-03 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот и постапката за вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителните производи и други објекти и предмети на места на влез во Република Македонија.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- inspection, international trade, plant protection, hygiene/sanitary procedures, pests/diseases
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 23 став 5 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09 и 57/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ФИТОСАНИТАРНА ИНСПЕКЦИЈА НА РАСТЕНИЈА, РАСТИТЕЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ И ДРУГИ ОБЈЕКТИ И ПРЕДМЕТИ НА МЕСТА НА ВЛЕЗ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА “ “ Со овој правилник се врши усогласување со одребите од Директивата на Комисијата бр.98/22/ЕЗ која се од- несува на минимум услови за спроведување на проверка на здравјето на растенија во Заедницата, на инспекци- ските служби поинакви отколку тие на местата на дестинација на растенија, растителни производи и други об- јекти кои доаѓаат од трети земји, број 219981 0022. Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот и постапката за вршење на фитосанитарна инспекција на растенија, растителните производи и други објекти и предмети на места на влез во Република Македонија (во натамошниот текст: пратки). Член 2 Фитосанитарната инспекција на местото на влез во Република Македонија или во негова непосредна близина, определени за вршење на фитосанитарна инспекција, фитосанитарниот инспектор ја врши во - соодветни простории, со примена на соодветна апаратура и опрема за вршење на административни процедури и за проверка на документација, проверка на идентитет и проверка на здравствена состојба на растенијата. Проверката на здравствената состојба на растенијата се врши со земање и испитување на мостри/примероци кои фитосанитарниот инспектор ги доставува до овластена лабораторија, која врши лабораториски тестови на растенијата, растителните производи и другите објекти и предмети на примероците/мострите за утврдување присуство на штетни организми или дијагностицирање и детерминирање на истите како и биолошко тестирање, испитување на физичко-хемиските својства на производите и анализа на семенскиот и садениот материјал. Фитосанитарниот инспектор ја врши инспекцијата постапувајќи според Прирачникот за определување на насоките за инспекција, препораките на Европската унија за фитосанитарни инспекции, и користи збирки на прописи, програми и соодветни подзаконски акти од областа на здравјето на растенијата. Доколку при вршењето на фитосанитарната инспекција фитосанитарниот инспектор се посомнева на присуство на штетен организам, применува инструкции за соодветна постапка за осигурување на безбедноста на примероците кога се движат до и во лабораторијата утврдени во Прирачникот за здравјето на растенијата. Доколку постои опасност од ризик по здравјето на растенијата или било кои промени во количина/ волумен на растенијата, растителните производи и други објекти и предмети за пратките кои се официјално стопирани и задржани поради сомневање за присуство на штетен организам, треба да се имаат во предвид резултатите од дијагностичките испитувања од овластената лабораторија за превземање на соодветни фитосанитарни мерки од страна на фитосанитарниот инспектор. Член 5 Фитосанитарниот инспектор за ист вид на пратки врши инспекциски надзор на ист начин. Увозниците, превозниците, транспортерите или нивните претставници кои увезуваат пратки во Република Македонија при инспекција на превозните средства и на пратките, треба да овозможат непречен пристап до било кој дел од пратката, да обезбедат персонал за отварање на превозното средство и соодветен пристап до сите делови од пратката. Во случај да постои ризик по здравјето на растенијата во земјата или во случај на било какви промени во бројот на пратките кои треба да бидат предмет на фитосанитарна инспекција, фитосанитарниот инспектор треба да го врши инспекцискиот надзор во пократок временски период и согласно ново настанатите услови и потреби заради отстранувањето на ризикот по здравјето на растенијата. Член 4 Фитосанитарниот инспектор врши фитосанитарна инспекција на отворен простор со осветлување од (500 | их) и на обележан паркинг простор и платформа со покрив за вршење на инспекција. При вршење на фитосанитарна инспекција на место на влез на железница, пратката треба да биде поставена на посебна линија за инспекција или на платформа за вршење на инспекција, и пред инспекцијата возовите треба да бидат заштитени со заштитни катанци (сопирачи) и високонапонската мрежа треба да биде исклучена. Фитосанитарниот инспектор инспекцијата на воздушните пратки и пратките по пошта ги врши на соодветно место за складирање под царински надзор. Фитосанитарната инспекција на пратките на патник кој е индивидуален поединец се вршат на граничен премин, а пратките во контејнери се прегледуваат на местото на влез или на посебен терминал за контејнери, каде контејнерите може да бидат отворени. Член 5 Фитосанитарниот инспектор врши фитосанитарна инспекција во затворено место под осветлување од (500 (| их). Фитосаниот инспектор од став 1 од овој член , фитосанитарна инспекција ја врши преку визуелни прегледи и по земањето и подготовката на официјалните мострите ги испраќа до овластена лабораторија. Мострите/примероците пред да се достават во лабораторијата се затварат, пакуваат и на истите се става печат или жиг за заштита на примероците. Во случај на карантин на пратки фитосанитарниот инспектор треба да изврши дезинфекција на просториите и опремата користени за проверка на здравјето на растенијата. Во случај на карантин на пратки кои се наоѓаат во превозното средство фитосанитарниот инспектор истите ги упатува да се складираат или дислоцираат на соодветно место кое е под надзор или кога тоа е неопходно да се уништат или се спроведува друг соодветен третман на сите или на дел од задржаната пратка. При вршење на фитосанитарна инспекција фитосанитарниот инспектор користи: фотокопир, скенер, принтер, факс и соодветен комуникациски систем кој овозможува брзо поврзување со другите места на влез, со Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управата, Управа за семе и саден материјал, Државната фитосанитарна лабораторија и со други институции кои се надлежни за здравјето на растенијата, царинските служби, Комисијата на Европската Унија и со Земјите членки на Европската Унија. Член 6 Одредбите од член 2 став 3 од овој правилник во врска со пристапот до најновите препораки на Европската Унија во поглед на инспекциите ќе почнат да се применуваат по пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17-55/6 5 август 2010 годинаМинистер, СкопјеЈБупчо Димовски, ср