تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the manner of performing quality and safety control on measurements of ingredients, form, content and manner of issuing the certificate, as well as the manner and methods of sampling for analysis of the quality of tobacco products

صدر في 2012-03-09 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

research.laws.repealedOn

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на вршење на контрола на квалитет и безбедност на мерењето на состојките, формата, содржината и начинот на издавање на сертификатот, како и начинот и методите на земање примероци за анализа на квалитет на тутунските производи.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Cultivated plants
الكلمات المفتاحية
tobacco, inspection, procedural matters, agricultural commodities
الفئات
agriculture

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Врз основа на член 58-а став 5 од Законот за тутун и тутунски производи („Службен весник на Република Македонија“ 24/06, 88/08, 31/10, 36/11 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК за начинот на вршење на контрола на квалитет и безбедност на мерењето на состојките, формата, содржината и начинот на издавање на сертификатот, како и начинот и методите на земање примероци за анализа на квалитет на тутунските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42 од 28 март 2012 година) Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на контрола на квалитет и безбедност на мерењето на состојките, формата, содржината и начинот на издавање на сертификатот, како и начинот и методите на земање примероци за анализа на квалитет на тутунските производи. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1.„Контрола“ е вршење на планирани последователни прегледи на квалитетот и безбедноста на мерењето на состојките со цел утврдување на состојбата на усогласеност со наведените информации и слики на пакувањата на тутунските производи, како и декларираните податоци за содржината на катран, никотин и јаглероден моноксид. 2.„Преглед на документи“ е проверка на документите кои ја придружуваат пратката/примерокот (пропратна документација). Член 3 Контролата и земањето на примероци за мерење на состојките во цигарите се врши по барање на домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари кое се доставува до подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство, според местото на производство или според местото на истовар, во рок од 48 часа од производството односно увозот. При контролата и земањето на примероци за мерење на состојките во цигарите на службените лица од подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство треба да им се обезбеди преглед на следните документи: решението за упис во регистарот на производители, извозници и увозници на тутунски производи што се води во Министерството за економија, еднаш во годината, доказот за уплатени средства на име трошоци за Државниот инспекторат за земјоделство за извршена контрола на пратката, за амбалажен материјал (коноп, пломба и етикета), за испраќање на пратката по брза пошта, административни трошоци и за чување и одлагање на примероците, како и на фитосанитарниот сертификат. Член 4 Контролата и земањето примероци се врши во присуство на овластено лице од страна на домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари кое определува лица кои ќе вршат помошни дејствија при земање на примероци за мерење на состојките во цигарите. Овластеното лице од став 1 на овој член се идентификува со полномошно издадено од производителот односно увозникот. Член 5 Примероците на тутунски производи-цигари за анализа се земаат во рок од три дена од поднесувањето на барањето од член 3 на овој правилник и се доставуваат до акредитирана лабораторија најдоцна во рок од 24 часа. Член 6 За земените примероци државниот инспектор за земјоделство составува записник. Записникот се изготвува во три примероци, од кои еден примерок е за домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари, еден за акредитираната лабораторија и еден за државниот инспектор за земјоделство. Врз основа на записникот од став 1 на овој член, државниот инспектор за земјоделство изготвува барање за анализа на квалитет и безбедност на тутунските производи-цигари кое заедно со примерокот за анализа и записникот се доставува до акредитираната лабораторија. Член 7 Барањето од член 6 став 3 на овој правилник особено ги содржи следниве податоци: назив на примерокот; доставена количина на примерокот според МКС ISO 8243; параметри кои треба да се анализираат и назив, адреса, број на жиро сметка, даночен број и депонент банка на домашниот производител и/или увозник на тутунски производи-цигари. Член 8 Сертификатот за квалитет и безбедност на тутунските производи-цигари се издава во печатена форма во три примерока, во рок од седум работни дена од денот на приемот на барањето и примероците за анализа од кои еден примерок останува во акредитираната лабораторија, еден се доставува до Државниот инспекторат за земјоделство и еден примерок до домашниот производител и/или увозник на тутунски производи-цигари. Формата и содржината на сертификатот од став 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 9 Земањето примероци на тутунски производи-цигари за анализа во акредитирана лабораторија се врши според МКС ISO 8243. Примерокот на тутунскиот производ-цигари за анализа го сочинуваат најмалку три исти по состав и обем единици од кои еден примерок останува во Државниот инспекторат за земјоделство, еден примерок се праќа за анализа во акредитирана лабораторија, а еден примерок останува кај домашниот производител и/или увозникот на тутунски производи-цигари. Примероците на тутунските производи-цигари треба да бидат пломбирани и означени со етикета која ги содржи следниве податоци: дата и место на земање на примерокот; назив и адреса на производителот/увозникот; име и количина на тутунскиот производ; ознаки на контролната марка; декларирани количини на катран, никотин и јаглероден моноксид и назив на акредитираната лабораторија во која се испраќа примерокот за анализа. Член 10 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.08-2238/4 Министер, 09.03.2012 година Љупчо Димовски с.р. Скопје

Regulation on the manner of performing quality and safety control on measurements of ingredients, form, content and manner of issuing the certificate, as well as the manner and methods of sampling for analysis of the quality of tobacco products · Nelum