تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the manner of handling asbestos waste and waste from asbestos-containing products

صدر في 2006-06-30 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Waste and hazardous substances
الكلمات المفتاحية
processing/handling, hazardous substances, hazardous waste, packaging/labelling, transport/storage, waste disposal, waste management, waste non-domestic sources

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Врз основа на член 75 став 3 од Законот за управување со отпад („Службен весник на РМ“ бр. 68/04 и 71/04), министерот за животна средина и просторно планирање, пропишува ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД ОД АЗБЕСТ И СО ОТПАД ОД ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ АЗБЕСТ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест. Член 2 Поимите употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. отпад од азбес во смисла на овој правилник е отпаден азбест дефиниран согласно член 6 став 1 точка 22 од Законот за управување со отпад, 2. производи што содржат азбест се: азбестен цемент, или производи од азбестен цемент, производи на азбестна фракција, азбестни филтри, азбестен текстил, азбестна хартија и картон, азбестни спојки, пакувања и материјали за арматура, азбестни прекривки за под, азбестни плочи и слично, 3. отпад со цврсто врзан азбест е отпад од азбест чија густина на материјалот е поголема од 1.000 kg/m3, даден во Прилог 1 и 2 кои се составен дел на овој правилник и 4. отпад со лабаво врзан азбест е отпад од азбест чија густина на материјалот е помала од 1.000 kg/m3, даден во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. 1. Транспортирање на отпад од азбест Член 3 Транспортирањето на отпад со цврсто врзан азбест се врши во затворени садови или вреќи, или во затворени возила за транспортирање на товар така да во најголема можна мерка да се спречи емисија на азбестните влакна во животната средина. Транспортирањето на отпад од азбест и отпад со лабаво врзан азбест се врши ако тој отпад претходно се третира така да се спречи емисија на азбестните влакна во животната средина. Товарењето и растоварењето на отпад од азбест на или од површините за товарење на возилата за транспорт на товар, треба да се врши внимателно така да отпадот не се фрла, туку се положува и да не се растура. Ако за време на транспортирањето на отпад од азбест дојде до растурање на товарот, растурениот отпад треба веднаш повторно да се спакува и однесе на местото за отстранување. 2. Пакување и обележување на отпад од азбест Член 4 Отпадот од азбест треба да се собира и отстранува колку што е можно поскоро во соодветно запечатено пакување и обележано на начин кој укажува дека истото содржи азбест. Член 5 Отпадот од азбест се пакува во непропустливи затворени вреќи при што споевите на ткаенината, односно фолијата мора да бидат целосно заварени или залепени. Отпадот од азбест отпад со лабаво врзан азбест, се пакува во вреќи од ткаенини од вештачки материјали или од еднослојни полиетиленски фолии со дебелина најмалку од 0,4 mm така да се спречи емисија на азбестните влакна во животната средина. Садовите и вреќите во кои се собира или чува отпадот од азбест во времените складишта се означуваат на видливо место со натпис „Азбестен отпад“. 3. Третман на отпад од азбест Член 6 Третманот на отпадот од азбест може да биде со површинска обработка при што во овој процес се врши врзување на азбестните влакна на површината на материјалот со нанесување на врзивно средство кое е исто или еднакво ефикасно како врзивното средство кое ги врзува азбестните влакна во материјалот кај отпадот со цврсто врзан азбест, или со нанесување на врзивно средство кое ефикасно го спречува ослободувањето на азбестните влакна во животната средина кај отпадот со лабаво врзан азбест. Во процесот на зацврстување на азбестот, азбестниот прав, отпадот со слободен азбест, или отпадот со лабаво врзан азбест, тие се мешаат со врзивно средство до потполно хомогенизирање и врзување така да се спречи ослободување на азбестните влакна во животната средина. Процесот на уништување на азбестните влакна е постапка на хемиски, топлински или механички третман при што од азбестот настануваат други материи, односно минерали или азбестот ја губи својата влакнеста структура. Член 7 Отпадот од азбест и отпад со лабаво врзан азбест пред отстранувањето треба да биде: површински третиран или подложен на постапки на зацврстување или уништување на азбестните влакна или- спакуван во садови или вреќи така да се спречи ослободување на азбестните влакна во животната средина. Член 8 Отпадот од азбест и отпад со лабаво врзан азбест се третира со постапките на зацврстувањето веќе на местото каде се создава, ако е тоа можно, така да се спречат ослободување на азбестните влакна во животната средина за време на транспортот, при товарењето или растоварењето и при отстранувањето. При употреба на цемент или други врзивни средства, со постапка за зацврстување треба да се постигне цврстина на притисок поголема од 10 N/mm2. Отпадот од азбест може да се зацврсти со употреба на други врзивни средства, доколку резултатите од испитувањата на нивната сообразност во поглед на ослободување на азбестните влакна не се полоши од оние кога отпадот би се зацврстил со цемент. 5. Преработка на отпад од азбест Член 9 Повторната употреба на отпадот од азбест е дозволена само ако отпадот претходно се подложи на процеси за уништување на азбестните влакна. Рециклирање на азбестноцементниот градежен отпад во кој има отпадни азбестноцементни градежни материјали не се врши. 6. Складирање на отпад од азбест Член 10 Ако отпадот од азбест пред отстранување времено се складира, временото складирање треба да е такво за да се спречи прекумерно оптоварување на животната средина заради емисии на азбестот. 7. Отстранување на отпад од азбест Член 11 На депонија, отпадот од азбест се отстранува на однапред утврден простор за депонирање на азбест кој мора да биде видливо означен и наменет само за депонирање на отпадот од азбест. Пристапот до просторот за депонирање на отпадот од азбест мора да биде така уреден да може отпадот да се положува непосредно од товарното возило во јама или ископ наменет за депонирање на отпадот од азбест. Ако отпадот од азбест се истура во јама или ископ од нивниот раб, треба да се обезбеди отпадот да не се растура. Веднаш по истоварувањето отпадот треба да се покрие. Товарни возила и работни машини не смеат да поминуваат врз истоварен отпад од азбест кој не е покриен со земја или со сличен инертен материјал. Член 12 Отпадот од азбест и обработените лабаво врзани азбестни отпади се отстрануваат на депонија за опасен отпад. Претходно третиран отпад од азбест од став 1 на овој член, кој содржи претежно органски материи, може да се отстранува и со горење во инсталации за горење на отпад. Отпадот од став 1 на овој член може да се отстранува и на депонија за неопасен отпад, доколку претходно е третиран заради зацврстување или уништување на азбестните влакна. Член 13 Отпад со цврсто врзан азбест се отстранува на депонија за неопасен отпад. Отпад со цврсто врзан азбест кој содржи претежно органски материи, може да се отстранува и со горење во инсталации за горење на отпад. Азбестноцементен градежен отпад со цврсто врзан азбест може да се отстранува и на депонија за инертен отпад ако е од таков состав или е третиран така да е спречено ослободувањето на азбестните влакна во животната средина. 8. Постапување со отпад од отфрлена опрема што содржи слободен азбест. Член 14 Отпадот од отфрлена опрема што содржи азбест, или нејзини составни делови кои содржат азбест пред отстранувањето треба да се расклопат и од нив да се отстрани азбестниот материјал и слободниот азбест. Нерасклопена опрема што содржи азбест не треба да се расфрла на депонии, освен ако се работи за помали делови кои не може да се расклопат и кои во целина може да се спакуваат во полиетиленски вреќи така, да при транспортот и при депонирањето не се оштетат. Отфрлената опрема што содржи азбест е дадена во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. 9. Завршна одредба Член 15 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 01.01.2007 година. Бр. 07-3264/1 Министер, 30 јуни 2006 година д-р Зоран Шапуриќ, с.р. Скопје

Regulation on the manner of handling asbestos waste and waste from asbestos-containing products · Nelum