Regulation on the manner of conducting the selection of candidates for employment in the forest police
صدر في 2016-03-28 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот на спроведување на селекцијата на кандидатите за вработување во шумската полиција.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Forestry
- الكلمات المفتاحية
- legal proceedings/administrative proceedings, forest service, forest management/forest conservation
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Стр. 6 - Бр. 83 28 април 2016 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 2262. Врз основа на член 82-ј став 2 од Законот за шуми те („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 и 39/16), министерот за земјо делство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЕЛЕК ЦИЈАТА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на спрове дување на селекција на кандидатите за вработување во шумската полиција. Член 2 Селекцијата за избор на кандидат за вработување во Шумската полиција се врши врз основа на јавен оглас. Член 3 Постапката за селекција за засновање на работен однос во Шумската полиција опфаќа три фази: Административна проверка на поднесената доку ментација, Писмено тестирање и Интервју. Член 4 При спроведување на секоја фаза од постапката за селекција освен за фазата административна проверка се врши бодирање на постигнатите резултати за секој кан дидат. При спроведување на првата фаза од постапката за селекција – административна проверка, се врши утврду вање на навременоста и потполноста на поднесената до кументација, како и исполнетоста на пропишаните ус лови наведени во огласот. При спроведување на втората фаза, писмено тести рање, кандидатот треба да освојат најмалку 51% од бо довите за да премине во следната фаза. При спроведување на третата фаза - интервју, се во ди поединечен устен разговор со кандидатот со кое се оценува: општиот впечаток, комуникациските способ ности, мотивираност да извршува шумско- полициски работи, лични квалитети и сл. Интервјуто се спроведу ва од страна на Комисијата од член 82-к став (1) од За конот за шумите. Член 5 Пред да се започне со писменото тестирање на кан дидатите им се дават јасни упатства за начинот на по полнување и вреднување на тестот. Писменото тестирање се врши на посебно изготве ни тестови со соодветна заштита за анонимност при нивното бодирање. Член 6 По завршувањето на секоја фаза од постапката за се лекција, а врз основа на постигнатите резултати се врши бодирање на секој кандидат посебно и се изгот вува листа со која се утврдува кои кандидати ќе продол жат во следната фаза од постапката од член 4 од овој правилник. Кандидатот кој нема да освои 51% од предвиените бодови во поединечната фаза на селекција, не може да продолжи во следната фаза на селекција. Член 7 Редоследот на полагање на деловите од писмениот тест, местото и времето на полагање, како и времетрае њето на тестирањето за секој дел се определува од стра на на Комисијата од член 82-к став (1) од Законот за шумите. Член 8 По секоја спроведена фаза од постапката за селек ција, резултатите од поминатите фази се приложуваат кон пријавата. Член 9 Врз основа на добиениот збир на бодови од поеди нечните фази во постапките за селекција, Комисијата од член 82-к став (1) од Законот за шумите, изготвува конечна ранг листа. Член 10 Кандидатите кои се избрани се известуваат за вре мето и местото за потпишување на договор за вработу вање во Шумска полиција. Кандидатите кои не се избрани, писмено се известу ваат и им се враќаат сите документи што ги доставиле. Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Републи ка Македонија“. Бр.19-4031/1 Министер за земјоделство, 28 март 2016 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, с.р. СУДСКИ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2263. Врз основа на член 8 од Законот за Судски совет на Ре публика Македонија („Службен весник на Република Ма кедонија“ бр.60/2006, 150/2010,100/2011, 20/2015 и 61/2015), Судскиот совет на Република Македонија, на седницата на Советот одржана на 26.4.2016 година, до несе О Д Л У К А ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. За претседател на Судскиот совет на Република Македонија е избран: Зоран Караџовски - член на Судскиот совет на Ре публика Македонија.