تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the manner for the performance of official controls on salmonella and other specific food-borne intoxications

صدر في 2014-12-29 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други одредени алиментарни интоксикации.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
food safety and quality, hygiene/sanitary procedures, inspection, public health

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 1 од 24 20150341024 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 72, став (4) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13 и 43/14), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОФИЦИЈАЛНИ КОНТРОЛИ НА САЛМОНЕЛА И ДРУГИ ОДРЕДЕНИ АЛИМЕНТАРНИ ИНТОКСИКАЦИИ (1) Член 1 Со овој правилник се: 1) пропишува начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други одредени алиментарни инфекции и интоксикации; 2) пропишуваат мерките кои се превземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на зоонози и предизвикувачи на зоонози; 3) пропишуваат општите и посебните барања и услови и активности кои треба да ги исполнат и спроведат операторите со храна за спречување и елиминирање на појавата на зоонози и 4) пропишуваат мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонозите и алиментарните инфекции и интоксикации. Член 2 Одредбите на овој правилник имаат за цел да обезбедат: 1) намалување на преваленца на одредени зоонози кај популациите на животни, и тоа: (а) на ниво на примарно производство и (б) кога е соодветно за зоонозата или предизвикувачите на зоонози за кои станува збор, во други фази на ланецот на исхрана, вклучувајќи храна и храна за животни; 2) примена на мерки за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози од Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: Агенцијата) и операторите со храна и храна за животни; 3) примена на одредени правила за одредени контролни методи за намалување на преваленца на зоонози и предизвикувачи на зоонози и 4) примена на правила при промет со одредени животни и нивни производи во Република Македонија и нивниот увоз од трети земји. (1) Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) Бр. 2160/2003 на Европскиот Парламент и на Советот од 17 ноември 2003 година за контрола на салмонела и други предизвикувачи на зоонози кои се пренесуваат преку храна, (CELEX број 32003R2160); Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 1177/2006 на 1 август 2006 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 2160/2003 на Европскиот парламент и на Советот во врска со барањата за употреба на специфични контролни методи во рамките на националните програми за контрола на салмонела кај живина, (CELEX број 32006R1177); Регулативата на Комисијата (EУ) бр. 1190/2012 од 12 декември 2012 во врска со целите на Унијата за намалјување на Salmonella Enteritidis и Salmonella Typhimurium во јата на мисирки, како што е наведено во Регулативата (EЗ) бр. 2160/2003 на Европскиот Парламент и на Советот (CELEX број 32012R1190) и Регулативата на Комисијата (EУ) бр. 200/2012 од 8 март 2012 во врска со целите на Унијата за намалување на Salmonella Enteritidis и Salmonella Typhimurium во јата на бројлери, како што е наведено во Регулативата (EЗ) бр. 2160/2003 на Европскиот Парламент и на Советот (CELEX број 32012R0200). Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 2 од 24 Член 3 Одредбите на овој правилник се применуваат без оглед на прописите од областа на здравствената заштита на животните, исхрана на животните, хигиена на храна и храна за животни, заразни болести кај луѓето, здравствени услови и безбедност на работното место, технологија на гени и трансмисивни спонгиформни енцефалопатии. Член 4 Одредбите на овој правилник не се применуваат на примарно производство: 1) за приватна домашна употреба или 2) кое резултира во директно снабдување, од страна на производителот, на мали количини примарни производи до крајниот потрошувач или до локални малопродажни објекти кои директно го снабдува крајниот потрошувач со тие примарни производи, освен доколу не е уредено со посебни прописи за директно снабдување на храна до крајниот потрошувач. Член 5 (1) Поимите дефинирани во Законот за безбедност на храната и Правилникот за начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози и листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се редовно предмет на мониторингот1се применуваат и во овој правилник, доколку со овој правилник не е поинаку уредено. (2) Одредени поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) „стадо” е животно или група на животни кои се чуваат на одгледувалиште како епизоотиолошка целина; и 2) „јато” е целата живина со ист здравствен статус која се чува во ист објект или во ист заграден простор и претставуваат иста епизоотиолошка целина, а во случај на живина сместена во затворен објект, ова ги вклучува сите птици кои делат ист воздушен простор. Член 6 Заради спроведување на одредбите од овој правилник Агенцијата: 1) применува мерки за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози од член 8 став (1) на овој правилник и врз основа на добиените податоци и резултати подготвува неопходни измени на мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози ; 2) собира податоци потребни за процена на спроведените мерки за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози и за резултатите добиени при спроведување на мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози од член 8 на овој правилник и изготвува извештај за тие податоци и резултати на годишна основа, вклучувајќи ги и резултатите од сите извршени испитувања, во согласност со член 9 став (1) од Правилникот за начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози и листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се редовно предмет на мониторингот1 и 3) врши редовни проверки на објектите и операторите за храна и ако е потребно, на храната за животни за целите на проверка на усогласеноста со овој правилник. Член 7 (1) Целите за намалување на преваленцата на зоонози и предизвикувачи на зоонози се воспоставуваат за зоонозите и предизвикувачите на зоонози од Прилог 1, колона 1, кој е Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 3 од 24 составен дел на овој правилник кај популацијата на животни од Прилог 1, колона 2 од овој правилник, особено земајќи го предвид: 1) искуството стекнато со постоечките мерки и 2) информациите испратени до Европската Комисијата или до Европскиот Авторитет за Безбедност на Храната (ЕФСА) согласно со постоечките критериуми на Европската унија, особено во однос на критериумите утврдени во член 5 од Правилникот за начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози, листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се редовно предмет на мониторингот1. (2) Целите од став (1) на овој член опфаќаат особено: 1) нумеричко претставување на: а) максималниот процент на епизоотиолошки целини кои и понатаму се позитивни и/или б) минималниот процент на намалување на бројот на епизоотиолошки целини кои и понатаму се позитивни; 2) максималниот временски рок во кој треба да се постигне целта; 3) определување на епизоотиолошки целини од точка 1) подточка а) од овој став; 4) определување на шемите за тестирање потребни за да се потврди постигнувањето на целта и 5) определување, кога е соодветно, на серотипови од значење за јавното здравје или на други серотипови на зоонози и предизвикувачи на зоонози наведени во Прилог 1, колона 1 од овој правилник, во согласност со општите критериуми утврдени во став (6) од овој член и на други специфични критериуми утврдени во Прилог 3 кој е составен дел од овој правилник. (3) При дефинирање на секоја цел, Агенцијата обезбедува анализа на очекувани трошоци и добивки. При анализата се земаат предвид критериумите утврдени во став (6) точка 1) од овој член. (4) По исклучок од став (2) точка 5) и став (3) на овој член, во текот на преоден период од три години, почнувајќи од датумот наведен во Прилог 1 колона 5 од овој правилник за живината се применува следново: 1) утврдената цел на Агенцијата за матични јата на Gallus gallus за овој преоден период ги опфаќа петте најчести серотипови на салмонела при салмонелозата кај луѓето, кои се идентификуваат врз основа на податоците собрани преку системите за следење и 2) целите утврдени за кокошки-несилки, бројлери и мисирки за преодниот период ги опфаќаат Salmonella enteritidis и Salmonella typhimurium. Доколку е неопходно, овие цели може да се прошират на други серотипови врз основа на резултатите од анализата извршена во согласност со став (3) од овој член. Преодниот период се применува на секоја цел за намалување на преваленцата на салмонела кај живината. (5) При измена на обемот на барањата во однос на воспоставување на целите за намалување на преваленцата на зоонози и предизвикувачи на зоонози од Прилог 1 од овој правилник, барањата се менуваат со дополнување, ограничување или изменување на: 1) зоонозите и предизвикувачи на зоонози; 2) фазите во ланецот на исхрана и/или 3) засегнатите популации на животни. (6) Критериумите кои се земаат предвид пред да се изменат зоонозите и предизвикувачите на зоонози од Прилог 1 од овој правилник, вклучуваат: 1) нивна зачестеност - фреквенција кај популациите животни или кај луѓето, во храна и храна за животни; 2) сериозност на последиците од нивниот ефект врз луѓето; Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 4 од 24 3) економски последици врз здравјето на луѓето и животните и врз бизнисите со храна и храна за животни; 4) епидемиолошкит трендови кај луѓето или популациите животни, храната и храната за животни; 5) научни совети; 6) технолошки развој, особено во однос на практичноста на расположивите опции за контрола и 7) барања и трендови во однос на системи за размножување и методи на производство. (7) Критериумите за утврдување на серотиповите на салмонела кои имаат значење за јавното здравје од Прилог 3 од овој правилник се менуваат или дополнуваат за работи кои се однесуваат на безбедност на храната и ветеринарната политика. Агенцијата спроведува ревизија на имплементацијата на мерките за намалување на преваленцата на зоонози и предизвикувачи на зоонози која се зема во предвид при предложување на идни мерки. (8) Мерките преземени за намалување на преваленцата на зоонози и предизвикувачи на зоонози од Прилог 1 од овој правилник се имплементираат согласно одредбите од овој правилник и другите прописи од областа на ветеринарно здравство и безбедноста на храната. Член 8 (1) За да се постигнат целите за спроведување на официјалните контроли утврдени со член 7 од овој правилник Агенцијата ги спроведува мерките од Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози во посебни делови за секоја зооноза и причинител на зооноза наведени во Прилог 1 од овој правилник. При спроведување на мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози се зема предвид географската преваленца на зоонозите и финансиските импликации кои воспоставувањето на ефективни контроли ќе ги предизвикаат врз операторите во примарното производство и врз операторите со храна и храна за животни. (2) Мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози се имплементираат континуирано и треба да опфатат период од најмалку три последователни години. (3) Со мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози треба да се: 1) овозможи откривање на зоонози и предизвикувачи на зоонози во согласност со критериумите и минималните правила за земање примероци утврдени во Прилог 2 од овој правилник; 2) разграничи одговорноста на Агенцијата и операторите со храна и храна за животни; 3) опишат контролните мерки кои треба да се преземат по откривањето на зоонози и предизвикувачи на зоонози, особено за заштита на јавното здравје, вклучувајќи имплементација на посебните мерките утврдени во Прилог 2 од овој правилник и 4) овозможи напредокот во рамките на нивните одредби да биде проценет и ревидиран, особено во однос на резултатите добиени од откривањето на зоонози и предизвикувачи на зоонози. (4) Мерките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози се применуваат во најмалку следниве фази од ланецот на исхрана: 1) производство на храна за животни; 2) примарно производство на животни и 3) преработка и подготовка на храна од животинско потекло. Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 5 од 24 (5) Мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози можат да содржат одредби за методите на тестирање и критериумите за тестирање во однос на кои се проценуваат резултатите од тестовите за тестирање животни и јајца за ведење дистрибуирани на територија на Република Македонија, како дел од официјалните контроли утврдени во Прилог 2, дел А од овој правилник. (6) Барањата за земање примероци и минимален број на примероци утврдени во Прилог 2 од овој правилник, ќе се изменат откако ќе се земат предвид критериумите наведени во член 7 став (6) од овој правилник за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Член 9 Најдоцна почнувајќи од датумите наведени во Прилог 1, колона 5 од овој правилник, јатата и стадата по потекло од видовите наведени во Прилог 1, колона 2 од овој правилник се тестираат на присуство на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се утврдени во Прилог 1, колона 1 од овој правилник пред испраќање живи животни или јајца за ведење од објектот на потекло. Датумот и резултатите од тестирањето се вклучуваат во ветеринарно здравствен сертификат утврден со прописите од ветеринарно здравство. Член 10 (1) Увозот на животни или јајца за ведење опфатени со овој правилник се врши само од трети земји кои се наоѓаат на листата одобрени земји за увоз за соодветниот вид или категорија. (2) Јата и стада по потекло од видовите наведени во Прилог 1, колона 2 од овој правилник се тестираат пред испраќање на живи животни или јајца за ведење од објектот оператор на потекло. Јатата и стадата се тестираат на зоонози и предизвикувачи на зоонози од Прилог 1, колона 1 од овој правилник. Датумот и резултатите од тестирањето се вклучени во релевантниот сертификат за увоз и ги исполнуваат барањата од Прилог 2 од овој правилник. Член 11 Националната референтна лабораторија при вршењето на тестирањата за утврдување на зоонози и предизвикувачи на зоонози од Прилог 1, колона 1 од овој правилник соработува со референтна лабораторија на Европската Унија. Член 12 (1) За целите на анализа на примероци со кои се тестира присуство на зоонози и предизвикувачи на зоонози наведени во Прилог 1, колона 1 од овој правилник, лабораториите кои учествуваат во спроведувањето на мерките за превентива, контрола и ерадикација на зоонози и предизвикувачи на зоонози согласно со членовите 8 и 10 од овој правилник и член 68 од Законот за безбедност на храната3 применуваат системи за гаранција на квалитетот кои се усогласени со критериумите на тековните МК/ISO стандарди. (2) Лабораториите редовно учествуваат во заеднички тестирања кои ги организира или координира националната референтна лабораторија. (3) Тестирањето за присуство на зоонози и предизвикувачи на зоонози наведени во Прилог 1, колона 1 од овој правилник се врши со примена на методи и протоколи препорачани од меѓународни тела за стандардизација, како референтни методи. Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 6 од 24 (4) Ако се валидирани во согласност со меѓународно признати правила и ако со нив се добиваат резултати еднакви на оние добиени со релевантниот референтен метод може да се користат и алтернативни методи, доколку под услов алтернативните методи се акредитирани. Член 13 Овој правилник престанува да важи со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Член 14 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела (“Службен весник на Република Македонија” број 97/11). Член 15 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Број. 02-2728/7 Агенција за храна и ветеринарство 29 декември 2014 година Директор, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 7 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 8 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 9 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 10 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 11 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 12 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 13 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 14 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 15 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 16 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 17 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 18 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 19 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 20 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 21 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 22 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 23 од 24 Службен весник на РМ, бр. 34 од 06.03.2015 година 24 од 24

Regulation on the manner for the performance of official controls on salmonella and other specific food-borne intoxications · Nelum