تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the manner for performing the training program, contents for conducting training and terms for the passing of the exam and the expenses of training for classifiers of carcasses and half-carcasses of cattle, pigs, sheep and goats or lambs

صدر في 2012-01-23 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на вршење на обуката, содржината на програмата за вршење на обуката и полагање на испит и висината на трошоците за изведување на обуката и полагање на испитот за класификатори на труповите и половинките од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
education, classification/declassification, meat, sheep/goats, cattle, swine

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 1 од 2 20120180575 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 83, став (6) од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НА ОБУКАТА, СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ И ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА КЛАСИФИКАТОРИ НА ТРУПОВИТЕ И ПОЛОВИНКИТЕ ОД ГОВЕДА, СВИЊИ, ОВЦИ И КОЗИ ОДНОСНО ЈАГНИЊА И ЈАРИЊА Член 1 Со овој правилник се пропишува начинот на вршење на обуката, содржината на програмата за вршење на обуката и полагање на испит и висината на трошоците за изведување на обуката и полагање на испитот за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња. Член 2 (1) Обуката за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња се изведува врз основа на Програма за обука на класификатори, преку теоретска настава и практична обука со вкупен фонд од 30 школски часа. (2) Теоретската настава се врши во просторииите на овластената институција согласно шлен 83 став 3 од Законот за квалитет на земјоделски производи и трае 15 школски часа. (3) Практичната обука се врши во одгледувалишта на животни за производство на месо, откупни центри за откуп на живи животни, сточни пазари, кланични капацитети, погони за конфекционирање на месо и лаборатории за испитување на квалитетот на месото и трае 15 школски часа. (4) Групата на кандидати за обука за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња треба да е составена од 5 до 20 кандидати. Член 3 (1) Во програмата за обука на класификатори се разработуваат содржините за основната обука за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња, начинот за спроведување на едукација и проверка на знаењата. (2) Основната обука за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња треба да ги содржи следните тематски области : А. Познавање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; Б. Оценување на карактеристиките на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; В. Процедура за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; Г. Процедури на водење на евиденција; и Д. Практичен дел, кој се состои од: Службен весник на РМ, бр. 18 од 8.2.2012 година 2 од 2 Практична обука во одгледувалишта на животни за производство на месо, откупни центри за откуп на живи животни, сточни пазари, кланични капацитети, погони за конфекционирање на месо и лаборатории за испитување на квалитетот на месото, за класирање на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња; и Практична обука за водење на документација. Член 4 (1) По завршената обука, кандидатите полагаат испит пред трочлена испитна комисија. (2) На кандидатите што го положиле испитот, овластената институција им издава лиценца за стекнати основни знаења за класификација на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња. Кандидатот што посетувал настава, а не положил испит, ќе полага на закажани термини, без обврска повторно да посетува настава. (3) Сите обучени класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња, секои тригодини имаат дополнителни обуки од осум часа за запознавање со новите техники. Член 5 Висината на трошоците за обуката и полагање на испитот за класификатори на труповите од говеда, свињи, овци и кози односно јагниња и јариња изнесува 300 Евра во денарска протввредност пресметано според среден курс на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата. Член 7 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 jануари 2013 година. Бр. 08-10178/4 23 јануари 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the manner for performing the training program, contents for conducting training and terms for the passing of the exam and the expenses of training for classifiers of carcasses and half-carcasses of cattle, pigs, sheep and goats or lambs · Nelum