Regulation on the manner and procedure for operation, monitoring and control of landfills during operation, as well as monitoring and control of landfills in the phase of closure and further care after landfill closure, as well as the manner and conditions for care of landfills after working stop
صدر في 2007-12-07 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот и постапката за работа, следење, работа и контрола на депонијата за време на работењето, како и следење и контрола на депонијата во фазата на затворање и натамошна грижа за депонијата по затворањето, како и начинот и условите за грижа за депониите откако тие ќе престанат да работат.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Water, Waste and hazardous substances
- الكلمات المفتاحية
- groundwater, monitoring, pollution control, waste disposal, freshwater pollution, meteorology, protection of environment, waste management
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
„Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 1 од 10 Врз основа на членот 91 став 4 и членот 93 став 5 од Законот за управување со отпад (“Службен весник на Република Македонија” бр. 68/04,71/07 и 107/07), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА РАБОТА, СЛЕДЕЊЕ И КОНТРОЛА НА ДЕПОНИЈАТА ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТЕЊЕТО, СЛЕДЕЊЕ И КОНТРОЛА НА ДЕПОНИЈАТА ВО ФАЗАТА НА ЗАТВОРАЊЕ И НАТАМОШНА ГРИЖА ЗА ДЕПОНИЈАТА ПО ЗАТВОРАЊЕТО, КАКО И НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ГРИЖА ЗА ДЕПОНИИТЕ ОТКАКО ТИЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА РАБОТАТ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат начинот и постапката за работа, следење и контрола на депонијата за време на работењето, следење и контрола на депонијата во фазата на затворање и натамошна грижа за депонијата по затворањето, како и начинот и условите за грижа за депониите откако тие ќе престанат да работат. Член 2 Обврските за правното лице за следење и контрола на поединечни класи на депонии треба да бидат дел од интегрираната еколошка дозвола согласно прописите за заштита на животна средина. Член 3 Постапките за следење на депонијата за време на работењето, како и во фазата на затворање и натамошна грижа по затворањето се спроведуваат заради проверка дали: отпадот е прифатен за отстранување во согласност со критериумите утврдени за соодветната класа на депонија; постапките во депонијата се изведуваат според предвиденото и согласно со програмата за управување со отпад; системите за заштита на животната средина во целост функционираат според предвиденото и во согласност со програмата за управување со отпад и се исполнети условите од интегрираната еколошка дозвола за депонија согласно прописите за заштита на животната средина. Член 4 Следењето и контролата на депонијата за време на работењето, како и следењето и контролата на депонијата во фазата на затворање и натамошна грижа за депонијата по нејзиното затворање се врши по пат на: прибирање на метеоролошки податоци од депонијата; следење и контрола на параметрите за емисии во воздухот, водите, исцедокот и контролата на гасот од депонијата; параметрите за промена на составот на подземните води и следењето на состојбата, структурата и составот на локацијата каде што се наоѓа депонијата. Член 5 (1) Методите за прибирање на метеоролошките податоци од подрачјето каде е лоцирана депонијата и периодот на нивното мерење се дадени во Прилог бр. 1 кој е составен дел на овој правилник. „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 2 од 10 (2) Податоците од став 1 на овој член се прибираат од следењата на балансот на водите на самата депонија (односно да се процени дали во депонијата се концентрираат исцедоци или дали тие протекуваат) или од податоците од најблиската метеоролошка станица. Член 6 (1) Следењето на емисиите во воздухот, заради употреба на системите за собирање на гасот од депонијата се врши со утврдени параметри, фреквенција на следење и преку основната опрема дадени во Прилог бр. 2 кој е составен дел на овој правилник. (2) Следењето на емисиите во воздухот од постројка за горење на гасот од депонијата се врши со утврдените параметри, опишаната фреквенција, методите за анализа и техниките утврдени во Прилог бр. 3 кој е составен дел на овој правилник. (3) Референтните емисиони точки треба да ги вклучат горилникот и централната постројка за горење на гасот од депонијата доколку постои. Член 7 (1) Следење на површинските води, доколку се спроведува, се врши на најмалку две точки за следење, една во горниот тек над депонијата, а друга во долниот тек под депонијата во насока на природниот тек на површинските води. (2)Следењето на површинските води се врши со утврдените параметрите и опишаната фреквенцијата дадени во Прилог бр. 4 кој е составен дел на овој правилник. Член 8 (1) Мострите кои што се земаат од исцедоците и од површинските води треба да одговараат на нивниот просечен состав. (2) Мострите од исцедокот и од површинските води, доколку постојат, се земаат од репрезентативни точки претходно утврдени и ги вклучуваат резервоарите за исцедок, шахтите за исцедок и две точки за следење по ќелија. (3) Земањето на мостри, следењето и мерењето на волуменот и составот на процедокот се врши одделно на секоја точка од која што се испушта исцедок од депонијата. Постапката се спроведува согласно општото упатство за технологијата за земање на мостри (ISO 5667-2 1991). (4) Општите барања за следење на исцедокот, површинските води и на гасот од депонијата се дадени во Прилог бр. 5 кој е составен дел на овој правилник. (5)Посебните параметри за следење на исцедокот и фреквенцијата на следењето се дадени во Прилог бр. 6 кој е составен дел на овој правилник. (6)Фрекфенцијата на земање мостри може да се адаптира врз основа на морфологијата на отпадот во депонијата (за купови, закопан и тн.) кое се определува со интегрираната еколошка дозвола согласно прописите за животна средина. Член 9 (1) Следењето на гасот од депонијата треба да биде репрезентативно за секој дел од депонијата. (2) Следењето на емисиите на гасот од депонијата се врши врз основа на параметрите, фреквенцијата на земање мостри и методологијата за анализа кои се дадени во Прилог бр. 7 кој е составен дел на овој правилник. (3) Локациите за следење ги вклучуваат и бунарите за депониски гас кои се наоѓаат на периметарот на депонијата и најмалку една точка по ќелија и други избрани локации. „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 3 од 10 Член 10 (1) Мерењата на подземните води треба да бидат такви што ќе обезбедуваат податоци за подземните води на кои веројатно ќе влијае депонирањето на отпадот, со најмалку една мерна точка во влезната зона и две во излезната зона на подземната вода. Бројката може да се зголеми врз основа на посебно хидрогеолошко испитување и врз потреба од рано откривање на инцидентното испуштање на исцедокот во подземните води. (2) Земањето мостри се изведува на најмалку три локации пред операциите за полнење, со цел да се утврдат референтните вредности за следните земања мостри. Постапката се спроведува по упатството за земање мостри на подземни води (ISO 5667- Дел 11, 1993). (3) Во локации за следење на подземните води се вклучени пиезометрите, како и контролните точки на испуштање лоцирани на местото во дренажниот слој на подземната вода, пред да се вклучат во базените за површински води а кои контролни точки се предходно утврдени. Член 11 (1) Параметрите што се анализираат од земените мостри треба да произлегуваат од состав на исцедокот што се очекува и од квалитетот на подземните води во тоа подрачје. (2) При изборот на параметрите за анализа од став 1 на овој член треба да се има во предвид подвижноста во зоната на подземните води. (3) Параметрите од став 1 на овој член треба да вклучуваат индикативни вредности, со цел да се обезбеди навремено препознавање на промената на квалитетот на водата, согласно општите барања дадени во Прилог бр. 8 кој е составен дел на овој правилник. (4) Параметрите и фреквенцијата на земање мостри за подземните води се дадени во Прилог бр. 9 кој е составен дел на овој правилник. Член 12 (1) Кога анализата на мострата од подземните води покажува значителна промена во квалитетот на водата треба да се смета дека постои можност од значителни негативни влијанија врз животната средина. (2) Нивото на активирање се утврдува на начин така што се земаат предвид посебните хидрогеолошки услови на локацијата на депонијата и квалитетот на подзмните води и секогаш кога е потребно во интегрираната еколошка дозвола треба да биде утврдено нивото на алармирање. (3) Набљудувањата на подземните води се оценуваат преку контролни табели со утврдени правила за контрола и со утврдени процедури и нивоа за секој испитен бунар од текот на подземните води под депонијата. Контролните нивоа се определуваат од локалните промени во квалитетот на подземната вода. Член 13 (1) Следењето на состојбата на телото на депонијата (топографијата на локацијата на депонијата) се врши преку следење на состојбата на структурата и составот на депонијата утврдени во Прилог бр. 10 кој е составен дел на овој правилник. (2) Податоци за состојбата на телото на депонија се: обемот и составот на отпадот, технологијата на депонирање,времетраење за експлоатацијата на депонијата и слободниот капацитет на депонијата. (3) Податоците за состојбата на телото на депонија содржат и податоци врз основа на присуство на следните параметри: pH, ТОС, феноли, тешки метали, флуорид, Аs, масла/јаглеводороди. „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 4 од 10 (4) Во депониите за време на нивното работење како и за депониите во фаза на затворање и натамошна грижа. анализите на структурата и составот на телото на депонијата и односот кон околината на депонијата се спроведуваат на годишно ниво. Член 14 Доколку се смета дека депонијата може да предизвика штета врз животната средина, операторот на депонијата треба да врши следење и анализа на депонискиот гас, процедокот од депонијата и движењето на подземните води во близина на депонијата, во согласност со постапката за следење и контрола опишана во овој правилник. Член 15 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 01.01.2009 година. Бр. 07-5717/4 Министер за животна средина 7 декември 2007 година и просторно планирање, Скопје Џелил Бајрами, с.р. „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 5 од 10 „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 6 од 10 „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 7 од 10 „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 8 од 10 „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 9 од 10 „Службен весник на РМ“ бр. 156 од 26.12.2007 година 10 од 10