Regulation on the manner and conditions for dealing with PCBs, the manner and conditions to be met by installations and facilities for PCB removal and decontamination, used PCBs and the manner of marking equipment containing PCBs
صدر في 2007-04-04 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за начинот и условите за постапување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталациите и објектите за отстранување и за деконтаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата којашто содржи ПХБ.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Waste and hazardous substances
- الكلمات المفتاحية
- data collection/reporting, processing/handling, hazardous substances, hazardous waste, packaging/labelling, waste management
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
„Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 1 од 13 Врз основа на член 69 став 5 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ бр.68/04), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ПХБ, НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ИНСТАЛАЦИИТЕ И ОБЈЕКТИТЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ И ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА НА ПХБ, ИСКОРИСТЕНИТЕ ПХБ И НАЧИНОТ НА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА КОЈАШТО СОДРЖИ ПХБ I. Општи одредби Член 1 Предмет Со овој правилник се уредува начинот и условите за постапување со ПХБ, начинот и условите што треба да ги исполнуваат инсталациите и објектите за отстранување и за деконтаминација на ПХБ, искористените ПХБ и начинот на означување на опремата којашто содржи ПХБ. Член 2 Дефиниции Одделни изрази употребени во смисла на овој правилник го имаат следното значење: 1. Полихлорирани бифенили (во понатамошниот текст: ПХБ) се подразбира: полихлорирани бифенили, полихлорирани терфенили, монометилтетрахлорoдифенилметан,монометилдихлородифенилметан, монометилдибромодифенилметан и секоја мешавина којашто содржи некоја од гореспоменатите супстанции со вкупно количество повеќе од 0.005 масени проценти на ПХБ. 2. Опрема којашто содржи ПХБ е секоја опрема којашто содржи или содржела ПХБ (на пр. трансформатори, кондензатори, контејнери кои содржат остатоци од ПХБ) која не била деконтаминирана. Типот на опрема која може да содржи ПХБ ќе се третира како да содржи ПХБ, освен ако не постои причина да се претпостави спротивното (во понатамошниот текст: опрема). 3. Искористени ПХБ во смисла на овој правилник се сите искористени ПХБ што поседувачот ги исфрла има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли. 4. Поседувач е физичко или правно лице коешто има ПХБ во свое владение, искористени ПХБ и/или опрема којашто содржи ПХБ. 5. Деконтаминација е низа од операции кои овозможуваат опремата, објектите, материјалите или маслата кои содржат ПХБ да бидат повторно употребени, рециклирани или безбедно отстранети во согласност со овој правилник. Сите операции во кои ПХБ се заменуваат со соодветни масла кои не содржат ПХБ се смета исто така за деконтаминација. 6. Отстранување на ПХБ се операциите утврдени во Законот за управување со отпад, а кои се наведени во член 35, став 1, точка 8, 9, 10 и 12 (само во безбедно длабинско, подземно складирање во суви камени формации и само за опремата којашто содржи ПХБ и искористени ПХБ кои не можат да бидат деконтаминирани) и операцијата утврдена во член 35, став 1, точка 15 (складирање до извршување на некоја од операциите наведени во точките 8, 9, 10 и 12 со исклучок на временото складирање, пред собирање на местото на коешто е создаден отпадот). „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 2 од 13 7. Надлежен орган е органот надлежен за вршење на стручни работи во областа на животната средина согласно Законот за животна средина. II. Евиденција на ПХБ, искористени ПХБ и/или опрема Член 3 (1) Поседувачите треба да спроведат попис на ПХБ, искористени ПХБ и/или опрема со капацитет еднаков или поголем од 5 dm3 на масло коешто содржи повеќе од 0.005 масени проценти, најдоцна до 2010 година. (2) Пописот од став 1 на овој член се спроведува на обрасци дадени во прилог бр. 1 кој е составен дел на овој правилник. Обрасците се доставуваат до надлежниот орган во пишана или електронска форма. (3) Сите промени поврзани со постапувањето со ПХБ, како и за промените во состојбата на опремата, поседувачите ги ажурираат во обрасците од став 2 на овој член и ги доставуваат до надлежниот орган. (4) Поседувачите, за ПХБ кои се наменети за отстранување треба сите поднесени известувања за ПХБ да ги запишат во Регистар на опремата наменета за отстранување којашто содржи ПХБ (во понатамошниот текст Регистар). (5) Образецот на Регистарот е даден во прилог бр. 2 кој е составен дел на овој правилник. (6) Поседувачот го доставува Регистарот во пишана и/или во електронска форма до надлежниот орган. Регистрите можат да им бидат дадени на увид на органите на единиците на локалната самоуправа и на јавноста на нивно барање. (7) Регистарот од став 4 на овој член е достапен на официјалната WEB страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. III. Мерење на содржина на ПХБ Член 4 (1) При постапување со ПХБ потребно е да се изврши мерење на содржина на ПХБ. (2) Земањето на примероци од маслото заради мерење на содржина на ПХБ се врши во присуство на државниот инспектор за животна средина кој притоа го впишува инвентарниот број на опремата. Земањето на примероци од маслото и мерењето на содржината на ПХБ го вршат акредитирани лаборатории за ПХБ. (3) Земањето на примероци од маслото од став 1 на овој член се врши со стандардите МКС ЕН ИСО 3170:2006, МКС ЕН ИСО 3171:2006 и EN ISO 60475. (4) Утврдување на содржината и деконтаминација на ПХБ се врши со референтните методи опфатени со стандардите ЕN 12766-1, ЕN 12766-2, ЕN 12766-3 и ЕN 61619. (5) Мерењето на содржината на ПХБ во маслата може да се врши и според други експериментални методи доколку резултатите од проверката (валидацијата) на таквите методи се исти со резултатите од валидацијата на методите во стандардите од став 4 на овој член. (6) Без оглед на одредбите од ставовите 3, 4 и 5 на овој член, за одредување на содржината на ПХБ во маслата може да се користат и други експериментални методи што се со осетливост од најмалку 0,001 масен процент ПХБ од маслото, доколку содржината на ПХБ во маслото не надминува 0,003 масени проценти. (7) На трансформаторите треба да се измери содржината на ПХБ, вклучувајќи ги и оние кои се со понов датум на производство, за да не се случи ненамерна контаминација. „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 3 од 13 (8) Ако од технички причини не може да се земе примерок на ПХБ од уредот (на пр. кондензатор), тогаш тој ќе се третира дека содржи ПХБ се до негово отстранување, кога од страна на акредитирана лабораторија за ПХБ ќе се докаже спротивното. Член 5 Означување на опремата (1) Опремата која содржи ПХБ и за која се спроведува пописот има свој инвентарен број. Содржината на етикетата со инвентарниот број е дадена во прилог бр. 3 кој е составен дел на овој правилник. Етикетата е со димензии 4 х 7 cm. (2) Етикетата која се поставува на деконтаминирана опрема е со текст во црна боја на бела основа. Содржината на етикетата со димензии 9.5 х 12.5 cm е дадена прилог бр. 4 кој е составен дел на овој правилник. (3) Етикетата којашто се поставува на опремата којашто содржи ПХБ е со текст во црна боја на црвена основа. Содржината на етикетата со димензии 8.5 х 12.5 cm е дадена прилог бр. 5 кој е составен дел на овој правилник. (4) Етикетата којашто се однесува на опремата за којашто се претпоставува дека содржи ПХБ е со текст во црна боја на жолта основа. Содржината на етикетата со димензии 8.5 х 12.5 cm е дадена во прилог бр. 6 кој е составен дел на овој правилник. (5) Етикетата којашто се однесува на опремата којашто не содржи ПХБ (содржи <0.005 масени проценти ПХБ) е со текст во црна боја на зелена основа. Содржината на етикетата со димензии 7.5 х 9.5 cm е дадена во прилог бр. 7 кој е составен дел на овој правилник. (6) Етикетите од ставовите (1) ,(2), (3), (4) и (5) на овој член се поставуваат на опремата во согласност со упатството дадено на нив. Член 6 Означување на просториите и локацијата (1) Просториите и локацијата каде што е сместена опремата која содржи ПХБ треба од надворешната страна да бидат јасно означени. (2) Означувањето се врши на влезните врати на просториите и локацијата каде што е сместена опремата со поставување на етикета. (3) Етикетата од став 2 на овој член е со текст во црна боја на жолта основа. Содржината на етикетата со димензии 20 х 23 cm е дадена во прилог бр. 8 кој е составен дел на овој правилник. Во етикетата се содржани соодветните графички и текстуални знаци за опасност и предупредување. Член 7 Минимум барања за привремено складирање на самото место Привремено складирање на самото место на опремата којашто содржи ПХБ се врши во согласност со одредени одредби од „Правилникот за начинот и условите за складирање на отпадот, како и условите што треба да ги исполнуваат локациите на коишто се врши складирање на отпад“, како и во согласност со следните минимум барања за нивно безбедно складирање и безбеден транспорт: Кондензаторите треба секогаш да стојат исправено, Кондензаторите и контаминираниот цврст отпад може да се стават во соодветни непропустливи садови. Таквите садови треба да бидат проверени дали се оштетени и дали истекуваат. Во таков случај не треба да се користат за транспорт. По употребата, садовите треба да се третираат како контаминирани и треба да бидат отстранети како опасен отпад, Опремата што истекува треба да биде запечатена и ако е потребно да се додаде апсорбент во металните тацни, „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 4 од 13 Подот на складиштето треба да е изграден од цврст материјал, а ѕидовите да имаат соодветна изолација заради заштита од временските промени, Сите влезови од складиштето треба да бидат обележени со соодветно означување и предупредување согласно член 6 од овој правилник и да биде забранет пристапот за неовластени лица, Во просториите и локацијата на складиштето да се истакнат процедурите во случај на итност и најдобрите работни практики, Складиштето треба да има отвори за постојано проветрување, Да нема опасности и ризици од пожар (дрвена натстрешница, да не се складираат запаливи материи во истиот објект, или во близина на објектот), Средствата за гаснење пожар (прашок) и апсорбентите (струготини) треба да бидат на дофат, Да не се складира храна и да нема погони за преработка на храна во близина на складиштето. IV. Постапување со ПХБ и опрема што содржи ПХБ Член 8 Поседувачите на ПХБ, искористените ПХБ и/или опремата којашто содржи ПХБ опфатена со пописот од член 3 став 1 на овој правилник треба: да ги пренесат ПХБ, искористените ПХБ и/или опремата којашто содржи ПХБ во концентрации од 0.05 масени проценти на ПХБ и повеќе, во најкраток можен рок до инсталациите наменети за деконтаминација и/или отстранување, но најдоцна до крајот на 2015 година. Деконтаминацијата и/или отстранувањето на опремата која содржи помеѓу 0.05 и 0.005 масени проценти на ПХБ ќе се изврши во согласност со условите од член 14 став 1 точка 2 и 3 и став 2 на овој правилник, да преземат мерки на претпазливост за да се избегне било каков ризик од пожар, односно истите да се чуваат подалеку од запаливи производи согласно прописите за заштита од пожари, транспортот и пакувањата на ПХБ, искористени ПХБ и опрема што содржи ПХБ да се во согласност со прописите за превоз на опасни материи. Член 9 До моментот додека електричната опрема којашто содржи ПХБ не биде деконтаминирана, деактивирана и/или отстранета во согласност со овој правилник, нивното одржување може да продолжи само доколку целта е да се обезбеди дека ПХБ маслата што ги содржат се во согласност со техничките стандарди и спецификации за диелектричниот квалитет и под услов електричната опрема да биде во добра работна состојба и да не истекува, а да е утврдено со записник од страна на државниот инспектор за животна средина. Член 10 Електричната опрема и предметите контаминирани со ПХБ кои не се опфатени со пописот од член 3 став 1 на овој правилник треба да се заменат и соберат одделно кога оваа опрема ќе престане да се употребува, односно ќе биде наменета за рециклирање или отстранување. Член 11 (1) Ако опремата содржи ПХБ помеѓу 0,05 и 0,005 масени проценти и претставува дел од друга опрема, треба да се собере и издвои од постојната опрема кога истата ќе престане да се употребува, односно ќе биде наменета за рециклирање или отстранување. „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 5 од 13 (2) Поседувачите во случајот наведен во став 1 на овој член, треба да приложат доказ за содржината на ПХБ во маслото. Член 12 Инсталацијата во која ќе се врши деконтаминација и/или отстранување од страна на лице коешто има дозвола за преземање на оваа активност, со дозволата треба да се утврдат и следните услови: да се утврди видот на опремата со којашто се врши деконтаминацијата, да се пропишат процедурите за деконтаминација, и/или отстранување, методот на работа и постапување со остатоците од отпад откако деконтаминацијата е завршена. Член 13 (1) Сите лица кои вршат деконтаминација и/или отстранување на ПХБ треба да имаат интегрирана еколошка дозвола согласно прописите за заштита на животната средина. (2) Методите за отстранување на ПХБ, искористени ПХБ, и/или опрема којашто содржи ПХБ можат да бидат прифатени доколку со нив се постигнуваат стандардите за безбедност на животната средина и ги исполнуваат техничките барања наведени како најдобри расположливи техники. Член 14 (1) Електричната опрема што содржи повеќе од 0,05 масени проценти ПХБ во трансформаторското масло се деконтаминира така што: 1. уделот на ПХБ во трансформаторското масло се намалува на дел којшто изнесува помалку од 0,05 масени проценти од трансформаторското масло, а доколку е можно и до не повеќе од 0,005%, 2. маслото за замена којашто не содржи ПХБ треба да подразбира помалку опасни својства од опасните својства на трансформаторското масло коешто содржи ПХБ, 3. замената на трансформаторското масло се врши така што не се доведува во опасност претстојното отстранување на ПХБ од отпадното трансформаторско масло, (2) Етикетата на електричната опрема по нејзината деконтаминација треба да биде заменета со етикетата утврдена во прилогот бр. 4. (3) Сопственикот на трансформаторот на кој е извршена деконтаминација треба да изврши дополнително испитување на концентрацијата на ПХБ во работната течност по шестмесечна и двогодишна работа на трансформаторот, сметано од датата на деконтаминација. Доколку при дополнителното испитување уделот на ПХБ во трансформаторското масло изнесува повеќе од 0,05 масени проценти од трансформаторското масло, тогаш процесот на деконтаминација треба да се повтори. (4) По исклучок од став 1 на овој член опремата во којашто маслата содржат помеѓу 0,05 и 0,005 масени проценти ПХБ треба да ги земат предвид одредбите од точките 2 и 3 од став 1 и став 2 на овој член при вршењето деконтаминација на електричната опрема, или се отстрануваат на крајот на рокот на употреба, но не подоцна од 2025 година. Член 15 План за управување со ПХБ (1) Поседувачот на опрема која содржи ПХБ треба до 2010 година да подготви план за управување со ПХБ. Планот треба да го опфати целиот циклус на овие производи и тоа: употреба, ракување, складирање, деконтаминација и отстранување. „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 6 од 13 (2) Согласно резултатите од пописот и утврдувањето на опремата, како и оценката на расположливите национални капацитети, планот треба да биде повеќефазен термински план и технички изводлив за отстранување на ПХБ. Член 16 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 01.01.2008 година. Бр. 07- 2245 4 април 2007 година Министер, Скопје Џелил Бајрами, с.р. „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 7 од 13 „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 8 од 13 „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 9 од 13 „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 10 од 13 „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 11 од 13 „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 12 од 13 „Службен весник на РМ“ бр. 48 од 16.04.2007 година 13 од 13