Regulation on the list of categorized by-products of animal origin
صدر في 2012-03-07 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Листа на категоризирани нус производи од животинско потекло.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Livestock, Food and nutrition
- الكلمات المفتاحية
- classification/declassification, residues, food safety and quality
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 42 од 28.3.2012 година 1 од 5 20120421191 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 9 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува ЛИСТА НА КАТЕГОРИЗИРАНИ НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО (∗) 1. Нуспроизводи од животинско потекло опфатени со категорија 1 материјал се: 1.1. цели трупови и цели делови од трупови, вклучувајќи сурови кожа и подкожје, од: 1.1.1. животни сомнителни на инфекција со трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (во понатамошниот текст: ТСЕ) во согласност со Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии*1 или кај кои присуството на ТСЕ е официјално потврдено; 1.1.2. животни кои се убиваат при спроведување на мерките за искоренување на ТСЕ; 1.1.3. животни различни од фармски и диви животни, вклучувајќи домашни миленици, животни од зоолошка градина и животни за циркус; 1.1.4. експериментални животни кои се користат во постапка-експеримент како што е дефинирано во Законот за заштита и благосостојба на животните*2, во случаи кога Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека животните или делови од нивните трупови претставуваат сериозен ризик по здравјето на луѓето и другите животни при спороведувањето на тие постапки, без да се во спротивност на член 43 став (6) од Законот за безбедност на храната за животни*3, и 1.1.5. диви животни, за кои постои сомнеж дека се инфицирани со болест која е пренослива на луѓето или на животните; 1.2. следниот материјал: 1.2.1. специфичен ризичен материјал и 1.2.2. цели трупови или делови од мртви животни кои содржат специфичен ризичен материјал кога нештетно се отстрануваат. 1.3. нуспроизводи од животинско потекло кои се добиени од животни кои се предмет на нелегален третман, како што е дефинирано во член 4 став (1) точка 51) од Законот за безбедност на храната*4; 1.4. нуспроизводите од животинско потекло кои содржат резидуи од други супстанции и контаминенти на животната средина наведени во Прилог I Група Б точка 3 од Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции, доколку резидуите го надминуваат нивото кое утврдено во прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија*5. ∗ Со овaa листа се врши усогласување со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Сове тот од 21 октомври 2009 година за утврдување на здравствени правила за нуспроизводи од животинско по текло и изведени производи кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002 (Регулатива за нуспроизводи од животинско потекло) (32009R1069); Службен весник на РМ, бр. 42 од 28.3.2012 година 2 од 5 1.5. нуспроизводите од животинско потекло кои се собираат во текот на третманот на отпадните води : 1.5.1. од објекти кои преработуваат категорија 1 материјал или 1.5.2. од други објекти каде се врши отстранување на специфичен ризичен материјал. 1.6. остатоци од кетеринг во средства за транспорт кои учествуваат во меѓународен сообраќај; 1.7. мешавина од категорија 1 материјал со: 1.7.1. категорија 2 материјал или со категорија 3 материјал или 1.7.2. категорија 2 материјал и категорија 3 материјал. 2. Нуспроизводи од животинско потекло опфатени со категорија 2 материјал се: 2.1. течно шталско ѓубриво, не-минерализиран измет од птици и содржина од дигестивен систем; 2.2. нуспроизводите од животинско потекло кои се собираат во текот на третманот на отпадните води: 2.2.1. од објекти кои преработуваат категорија 2 материјал или 2.2.2. од кланици различни од оние кои се опфатени со точка 1.5 од оваа листа. 2.3. нуспроизводи од животинско потекло кои содржат резидуи на одобрени супстанции или контаминенти кои ги надминуваат дозволените нивоа, согласно член 12 ставови (3) и (4) на Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции*6; 2.4. производи од животинско потекло кои се декларирани како непогодни за исхрана на луѓето, како резултат на присуството на страни тела; 2.5. производи од животинско потекло, различни од категорија 1 материјал, кои се увезени или внесени од трета земја и не ги исполнуваат условите*7, освен кога согласно прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија е дозволен нивен увоз или влез под посебни услови и ограничувања или нивно враќање во третата земја; 2.6. животни и делови од животни, различни од оние кои се наведени во точка 1 или точка 3 од оваа листа: 2.6.1. кои угинале, без да бидат заклани или се усмртени со цел да се користат за исхрана на луѓето, вклучувајќи животни кои се убиени заради контрола на болести; 2.6.2. фетуси; 2.6.3. јајце клетки, ембриони и семе кои не се наменети за приплод и 2.6.4. живина која е угината пред испилување. 2.7. мешавина од категорија 2 материјал и категорија 3 материјал и 2.8. нуспроизводи од животинско потекло, различни од категорија 1 и категорија 3 материјал. 3. Нуспроизводи од животинско потекло опфатени со категорија 3 материјал се: 3.1. трупови и делови од заклани животни или, во случај на дивеч, трупови или делови од убиени животни, кои се погодни за исхрана на луѓето во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија, но не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини; 3.2. трупови и делови кои потекнуваат од животни кои се заклани во кланица и се сметаат за погодни за исхрана на луѓето по извршениот ante-mortem преглед или труп и делови од дивеч кој е убиен за исхрана на луѓето во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија: Службен весник на РМ, бр. 42 од 28.3.2012 година 3 од 5 3.2.1. трупови или делови од животни кои се непогодни за исхрана на луѓето во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија и кои не покажуваат знаци на болест пренослива на луѓето или животните; 3.2.2. глави од живина; 3.2.3. кожа и поткожје, вклучувајќи нивни отсечоци и остатоци, рогови и долни делови од телото кои вклучуваат прсти и коски на карпалниот, метакарпалниот, тарзалниот и метатарзалниот зглоб: 3.2.3.1. животни различни од преживари за кои е потребно испитување за ТСЕ и 3.2.3.2. преживари кои се испитани согласно член 8 став (1) на Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии*8 при што е добиен негативен резултат; 3.2.4. свински четини и 3.2.5. пердуви; 3.3. нуспроизводи од животинско потекло добиени од живина и лагоморфи кои се заклани на фарма согласно член 60 став (3) точка 4) од Законот за безбедност на храната*9, при што истите не покажуваат знаци на болест пренослива на луѓето или животните; 3.4. крв од животни кои не покажуваат знаци на болест пренослива на луѓето или животните преку крв, која е добиена од животни кои се заклани во кланица, откако по извршениот ante-mortem преглед е утврдено дека се погодни за исхрана на луѓето во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија, и тоа: 3.4.1. животни различни од преживари за кои е потребно испитување на ТСЕ и 3.4.2. преживари кои се испитани во согласност со член 8 став (1) на Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии*5 при што е добиен негативен резултат; 3.5. нуспроизводи од животинско потекло добиени при производство на производи наменети за исхрана на луѓето, вклучувајќи обезмастени коски, џимиринки и талог добиен со центрифугирање или сепарирање при преработка на млеко; 3.6. производи од животинско потекло или храна кои содржат производи од животинско потекло, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини или како резултат на проблеми при производството, како резултат на дефекти при пакувањето или други дефекти кои не предизвикуваат ризик по здравјето на луѓето или животните; 3.7. храна за домашни миленици и храна за животни од животинско потекло, или храна за животни која содржи нуспроизводи од животинско потекло или деривати на нуспроизводи кои повеќе не се наменети за исхрана на животни од комерцијални причини или како резултат на проблеми при производството, како резултат на дефекти при пакувањето или други дефекти кои не предивикуваат ризик по здравјето на луѓето или животните; 3.8. крв, плацента, волна, пердуви, влакна, рогови, делови од копита и сирово млеко кои потекнуваат од живи животни кои не покажуваат знаци на болест која преку овие производи се пренесува на луѓето или животните; 3.9. водни животни и нивни делови, со исклучок на морски цицачи, кои не покажуваат знаци на болест пренослива на луѓето или животните; 3.10. нуспроизводи од водни животни кои потекнуваат од објекти кои се наменети за производство на производи за исхрана на луѓето; 3.11. материјал кој потекнува од животни кои не покажуваат знаци на болест, која преку тој материјал се пренесува на луѓето или животните: 3.11.1. оклопи од школки со меко ткиво или месо; Службен весник на РМ, бр. 42 од 28.3.2012 година 4 од 5 3.11.2. материјали од копнени животни: 3.11.2.1. нуспроизводи од инкубаторски станици; 3.11.2.2. јајца и 3.11.2.3. нуспроизводи од јајца, вклучувајќи лушпи од јајца. 3.11.3. еднодневни пилиња кои се убиваат од комерцијални причини; 3.12. водни или копнени без`рбетници, различни од видовите кои се патогени за луѓето или животните; 3.13. животни и делови од нив кои припаѓаат на зоолошките родови Rodentia и Lagomorfa, освен категорија 1 материјал, како што е наведено во точките 1.1.3., 1.1.4., и 1.1.5. од оваа листа, и категорија 2 материјал, како што е наведено во точките 2.1., 2.2., 2.3., 2.4., 2.5., 2.6. и 2.7. од оваа листа; 3.14. кожи и поткожја, копита, пердуви, волна, рогови, влакна и крзно од мртви животни кои не покажуваат знаци на болест која преку овие производи се пренесува на луѓето или животните, освен оние кои се наведени во точка 3.2. од оваа листа. 3.15. масно ткиво од животни кои не покажале знаци на болест која преку овој материјал се пренесува на луѓето или животните, и кои биле заклани во кланица и по извршениот ante-mortem преглед е утврдено дека се погодни за исхрана на луѓето во согласност со прописите од областа на ветеринарното здравство на Република Македонија; 3.16. остатоци од кетеринг, со исклучок на оние наведени во точка 1.6. од оваа листа. 4. Деривати на нуспроизводи се категоризираат согласно одредбите од оваа листа, кои се однесуваат на посебната категорија на нуспроизводи од животинско потекло од кои истите се добиени, освен доколку не е поинаку утврдено во Законот за нуспроизводи од животинско потекло и прописите донесени врз основа на тој закон. 5. Со објавувањето на оваа листа, престанува да важи Листата на категоризирани нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр. 53/08). 6. Оваа листа се објавува во „Службен весник на Република Македонија“ Бр. 11-1060/3 7 март 2012 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. *1 Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии е усогласен со Регулативата бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот од 22 мај 2001 година за превенција, контрола и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (32001R0999). *2 Законот за заштита и благосостојба на животните е усогласен со Директивата 2010/63/ЕУ на Европскиот Парламент и на Советот од 22 Септември 2010 година за заштита на животните наменети за експериментални цели (32010L0063). *3 Член 43 став (6) од Законот за безбедност на храната за животни е усогласен со член 3 став (2) на Регулативата (ЕЦ) Бр. 1831/2003 на Европскиот Парламент и на Советот од 22 Септември 2003 година за адитиви наменети за исхрана на животни(32003R1831). *4 Член 4 параграф (1) точка 51) од Законот за бебедност на храна е усогласен со член 1 параграф (2) точка (г) од Директивата на Советот бр. 96/22/EЗ of 29 Април 1996 година за забрана на употребата во одгледувалиштата на одредени супстанции кои имаат хормонално и тиреостатско дејство и на бета агонисти, и за повлекување на Директивите 81/602/ЕЕЗ, 88/146/EEЗ и 88/299/EEЗ (31996L0022) или Директива 96/23/ЕЗ НА СОВЕТОТ од 29 април 1996 за мерки за следење на определени супстанции и остатоци од нив кај живи животни и производи од животинско потекло и за укинување на Директивите 85/358/ЕЕЗ и 86/469/ЕЕЗ и Одлуките 89/187/ЕЕЗ и 91/664/ЕЕЗ (31996L0023). *5 Група Б точка 3 од Прилог I на Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени Службен весник на РМ, бр. 42 од 28.3.2012 година 5 од 5 супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции, доколку резидуите го надминуваат нивото кое утврдено во националното законодавство е усогласен со Анекс I Група B точка 3 од Директивата 96/23/ЕЗ НА СОВЕТОТ од 29 април 1996 за мерки за следење на определени супстанции и остатоци од нив кај живи животни и производи од животинско потекло и за укинување на Директивите 85/358/ЕЕЗ и 86/469/ЕЕЗ и Одлуките 89/187/ЕЕЗ и 91/664/ЕЕЗ (31996L0023). *6 Ставовите (3) и (4) од член 12 на Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции e е усогласен со став (3) од член 15 од Директивата 96/23/ЕЗ НА СОВЕТОТ од 29 април 1996 за мерки за следење на определени супстанции и остатоци од нив кај живи животни и производи од животинско потекло и за укинување на Директивите 85/358/ЕЕЗ и 86/469/ЕЕЗ и Одлуките 89/187/ЕЕЗ и 91/664/ЕЕЗ (31996L0023). *7 Условите за увоз и влез во Република Македонија се усогласени со Европското законодавство. *8 Став (1) од член 8 на Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии е усогласен со став (1) од член 6 на Регулативата бр. 999/2001 на Европскиот Парламент и на Советот од 22 мај 2001 година за превенција, контрола и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (32001R0999). *9 член 60 став (3) точка 4) од Законот за безбедност на храната е усогласен со Член 1 став (3) точка (г) од Регулативата бр. 853/2004 од 29 април 2004 година за хигиена на храна од животинско потекло