Regulation on the introduction and maintenance of forest order
صدر في 2010-05-27 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за воведување и одржување на шумски ред.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Forestry
- الكلمات المفتاحية
- hazards, pests/diseases, forest management/forest conservation, fire management, forestry protection measures, processing/handling, data collection/reporting, timber, timber extraction/logging
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 58 став {3) од Законот за шумите {,,Службен весник на Република Македонија" бр. 64/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ШУМСКИ РЕД Членl Со овој правилник се пропишува начинот на воведување и одржување на шумски ред. Член 2 Шумскиот ред се воведува и одржува заради: 1) спречување вршење на сечи при кои доаѓа до оштетување на околните стебла, на подмладокот, на знаците (жиг број) од извршената ознака за сеча и слично; 2) обработка на соборените стебла, расфрлени гранки и необработени делови од стеблата; 3) изнесување на шумските сортименти од сечиштето; 4) неизвршување на одгледувачки мерки (чистење и прореди) во млади шуми, шумски култури и подмладокот; 5) отстранување на последици од елементарни непогоди и штетни последици предизвикани од ветер, снег, мраз (виткање, откорнување, кршење на цели стебла или нивни делови), потоа, суша, гром, шумски пожар и 6) појава и ширење на растителни болести и штетници, сушење на стебла и слично. Член 3 Воведувањето на шумскиот ред опфаќа преземање и спроведување на мерки и активности за отстранување на последиците што довело до негово нарушување и тоа: 1) по извршената сеча и обработка на посечените стебла, се врши преглед на сечиштето и дополнително се означуваат за сеча стеблата што се оштетени при сечата во толкава мера што им претстои сушење и можат да претставуваат легло на растителни болести и штетни инсекти, како и стебла на кои се закачени исечени но несоборени стебла. 2) на површини каде поголем број на стебла се оштетени од елементарни непогоди, сечата и обработката на стеблата и воведувањето на шумскиот ред се врши веднаш по претходно извршената ознака за сеча по настанување на оштетувањето, што се однесува и на редовните сечишта; 3) се отстрануваат од шумата суви, исечени или паднати стебла, а на иглолисните видови им се олупува кората на пенушките и на неискористените делови од стеблата со дебелина над 7 см што остануваат во шумата, а потоа кората и гранките се собираат и контролирано се горат или се третираат со хемиски средства и 4) по завршување на сечата односно на мелиоративно одгледните мерки и обработката на исечените стебла во шумски сортименти, кората и гранките се сместуваат на помали купишта, што нема да му пречат на подмладокот и обновата на шумата. Воведувањето на шумскиот ред започнува веднаш по неговото нарушување, а крајниот рок за негово целосно воведување е еден месец по завршувањето на работите со кои е нарушен, кои можат да траат најдолго еден месец. Член 4 Висината на пењушката на исечените стебла, при спроведувањето на мерките од член 3 став 1 точки 1 и 4 на овој правилник, мерена од страна, не може да биде поголема од 1/3 од дебелината на истата. Знакот на ознаката што е втиснат на дното од стеблото треба по сечата да остане неоштетен на пењушката. Член 5 Одржување на шумски ред опфаќа преземање превентивни мерки и активности за одржување на шумскиот ред и тоа: 1) соборување на стебла при сеча се врши во правец и на начин на кој исеченото стебло со паѓањето најмалку ќе ги оштети околните стебла, подмладокот и земјиштето, а и самото најмалку ќе се оштети; 2) при вршење на стеблимична сеча во високостеблени шуми на стрмни терени (освен кај одгледните сечи), соборувањето на стеблата не треба да се врши во правец на падината, туку нагоре, на страна и во согласност со изведбениот годишен план; 3) знакот на ознаката за сеча што е втиснат на дното од стеблото односно на една од неговите подебели коренови жили треба по сечата да остане неоштетен; 4) обработка на исечените стебла треба да се врши по правило на просторот на сечи штето каде што има најмалку подмладок и од каде постои можност за најлесно изнесување на производите од шумата, а при тоа најмалку да се оштети подмладокот, шумското земјиште и произведениот шумски сортимент; 5) изнесувањето на шумските сортименти од шума до времено стовариште или извозен пат (дотур) треба да се врши по претходно утврдени дотурни патишта и правци по кои ќе има најмалку оштетувања; 6) одржување на дотурните патишта и правци утврдени со годишниот изведбен план; 7) дотур на шумските сортименти на терени подложни на ерозија и лизгање на земјишта што лесно се оштетуваат односно соголуваат, може да се врши само со жичари или други технички средства и помагала, кои го заштитуваат земјиштето; 8) на пенушките и на сортиментите добиени при сеча на иглолисни видови дрвја, паралелно со вршење на сечата им се олупува кората; 9) кората се олупува и на отпадокот и дрвната маса од иглолисни видови дрвја со дебелина над 7 см што останува во сечиштето по завршување на сечата; 10) оставање на шумски сортименти и гранки, не треба да се врши во поројни и речни корита, на шумски патишта и патеки; 11) во шуми загрозени од пожар редовно се отстрануваат сувите стебла, лежечкото дрво, гранките и друг запалив материјал и 12} други шумски производи {плодови и семе, трева, сува шума, мов и др.}, се собираат на начин со кој не се прават штети на подмладокот, садниците, шумските стебла, гранките, уредувачките и другите знаци, како и на други шумски објекти. Член 6 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за воведување и одржување на шумски ред (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 23/98}. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 09-5991/3 за земјоделство, 27 мај 2010 година и водостопанство, Скопје Димовски, с.р. Корисник/ Сопственик Оддел/ Издвоен шумски комплекс ко Број на Број на катастарски Катарска план парцела Министер шумарство Љупчо ОБРАЗЕЦ Катастарска Шумско Површина куmура стопанска ха единица ха ар м2