تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the implementation and traceability of food of animal origin and animal feed

صدر في 2012-04-30 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за начинот на спроведување и обезбедување на следливост на храната од животинско потекло и храната за животни.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Livestock, Food and nutrition
الكلمات المفتاحية
animal feed/feedstuffs, traceability, food safety and quality

أين تقرؤه

    لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. Службен весник на РМ, бр. 59 од 11.5.2012 година 1 од 2 20120591650 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 32 став (5) од Законот за безбедност за храната („Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СЛЕДЛИВОСТ НА ХРАНАТА ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО И ХРАНАТА ЗА ЖИВОТНИ (∗) Член 1 Со овој правилник се прoпишува начинот за спроведување и обезбедување на следливост на храната од животинско потекло и храната за животни. Член 2 (1) Одредбите на овој правилник се применуваат како на непреработената, така и на преработената храна од животинско потекло; (2) Одредбите на овој правилник не се применуваат на храната од неживотинско потекло како и храната која содржи производи од растително потекло и преработени производи од животинско потекло. Член 3 (1) Операторите со храна треба да обезбедат информациите кои се однесуваат на пратки на храна од животинско потекло и храната за животни да се достапни за операторите со храна на кои им се доставуваат пратките, како и по барање на Агенцијата за храна и ветеринарство. (2) Информациите од став (1) на овој член кои треба да бидат достапни се: а) точен опис на храната или храната за животни; б) волумен односно количина на храната или храната за животни; в) име и адреса на операторот од кого е испорачана (примена) со единствен идентификационен број на операторот; г) име и адреса на испраќачот (сопственикот) ако е различен од операторот од кого храната е испорачана со единствен идентификационен број на операторот; д) име и адреса на операторот со храна на кого храната е испорачана со единствен идентификационен број на операторот; ѓ) име и адреса на примателот (сопственикот) ако е различен од операторот од кого храната е испорачана со единствен идентификационен број на операторот; е) соодветна идентификација на лот, партија или пратка како што е соодветно и ж) датум на испорака. (3) Информациите од став (1) од овој член треба да бидат достапни и кон други барања за следливост на храната од животинско потекло утврдени согласно прописите за безбедност на храна од животинско потекло и храна за животни. (4) Информациите од став (1) од овој член треба бидат надополнувани на дневна основа и да се чуваат до претпоставената консумација на храната или храната за животни. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 931/2011 од 19 септември 2011 за барања за следливост утврдени во Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 на Европскиот Парламент и на Советот за храната од животинско потекло, број 32011R0931. Службен весник на РМ, бр. 59 од 11.5.2012 година 2 од 2 (5) На барање на Агенцијата за храна и ветеринарство операторот со храна треба да ги обезбеди бараните информации веднаш, без одлагање. (6) Операторот со храна кој ја испорачува храната односно ја прима, или на некој начин е одговорен за неа, треба да изготвува и води соодветна евиденција во која ќе се евидентираат соодветните информации, се додека информациите од став (1) од овој член се јасни за да може да се изврши повлекување на храната и од операторот на кого храната му е доставена. (7) Доколку информациите од став (1) на овој член се водат електронски, потребно е континуирано да се чуваат печатени форми на записите, заверени и верификувани со потпис на одговорното лице на операторот со храна за наведената активност. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-857/5 30 април 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р.

Regulation on the implementation and traceability of food of animal origin and animal feed · Nelum