تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the form, content and way of managing the database for identification of land parcels

صدر في 2012-03-27 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за форма, содржина и начин на водење на базата на податоци за идентификација на земјишни парцели.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Agricultural and rural development
الكلمات المفتاحية
agricultural development, agricultural land, data collection/reporting, rural development

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 48 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развој ("Службен весник на Република Македонија" бр.49/10 и бр.53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМА, СОДРЖИНА И НАЧИН НА ВОДЕЊЕ НА БАЗАТА НА ПОДАТОЦИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ЗЕМЈИШНИ ПАРЦЕЛИ* * Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Европската Комисија (ЕЗ) бр. 1122/2009 од 30 ноември 2009 година за утврдување на детални правила за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 73/2009 на Советот во однос на вкрстена усогласеност, модулација и интегрираниот систем за администрација и контрола, според шемите за директна поддршка на земјоделците предвидени во истата, како и за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр.1234/2007 на Советот во однос на вкрстената усогласеност според шемата за поддршка предвидена за винскиот сектор (CELEX 32009R1122) Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водење на базата на податоци за идентификација на земјишни парцели (во понатамошниот текст: база на податоци) од системот за идентификација на земјишните парцели (во понатамошниот текст: СИЗП). Член 2 Одделни поими употребени овој правилник го имаат следното значење: 1. Географскиот материјал се карти, или други документи за пренесување на податоци од Географскиот информативен систем како авионски ортофото снимки во боја со големина на пиксел од 0,50 m, со хомогена стандардна гарантирана точност во размер 1:5000; 2. Нива е земјоделско земјиште која се обработува минимум еднаш во пет години за производство на едногодишни култури; 3. Овошен насад е земјоделско земјиште засадено со овошни култури со правилна структура на редовите засадени со индивидуални овошни садници со вклучени земјени патеки во и околу парцелите со интензивни овошни насади кои служат за маневрирање на земјоделската механизација; 4. Оранжерија е нива под стаклени или пластични оранжерии со постојана конструкција; 5. Ливада е земјоделско земјиште кое се користи само за производство на кабаста сточна храна преку косење на тревата неколку пати во текот на годината и не се обработува за друга земјоделска намена повеќе од пет години; 6. Матични насади е парцела од земјоделско земјиште со јасно дефинирани граници каде што овошни и лозови садници се одгледуваат до соодветна големина; 7. Насад со јаткесто овошје е земјоделско земјиште засадена со насад одјаткасто овошје: бадем, орев, лешник, фетак и ел . , вклучувајќи ги земјените патеки кои служат за маневрирање на земјоделската механизација; 8. Маслинов насад е земјоделско земјиште засадено со маслинов насад кој се карактеризира со правилна структура на редовите засадени со индивидуални маслинови садници, со вклучени земјени патеки во и околу парцелите со интензивни маслинови насади кои служат за маневрирање на земјоделската механизација; 9. Лозов насад е земјоделско земјиште засадено со интензивен лозов насад кој се карактеризира со правилна структура на редовите, со вклучени земјени патеки во и околу парцелите со интензивни лозови насади кои служат за маневрирање на земјоделската механизација; 10. Мешани долгогодишни насади е лозов насад со расфрлани овошни дрвја каде густината на дрвја е поголема од 40 дрвја по хектар, или повеќе видови долгогодишни култури на една парцела со наизменично засадени редови; 11. Пасиште е земјоделско земјиште кое се користи за испаша на добиток повеќе од деведесет дена во годината; 12. Постојано пасиште е земјоделско земјиште кое се користи за одгледување трева или друга сточна храна и кое не било вклучено во ротацијата на земјоделските култури во период од пет ГОДИНИ ИЛИ ПОДОЛГО И 13. Привремено неупотребувано земјиште е земјоделска површина која може да биде искористена како земјоделско земјиште, но привремено не е обработувана во период од повеќе ОД 2 ГОДИНИ . Член 3 Базата на податоци се води во електронска форма преку: внесување на податоците во базата на податоци на СИЗП; проверка на валидноста на податоците и исправка на неправилности; оценување на квалитетот на податоците; ажурирање на податоците и подготовка на извештаи од базата на податоци на СИЗП. Член4 (1) Во базата на податоци на СИЗП се регистрираат податоци за парцелите на земјоделско земјиште идентификувани преку лоцирање на референтната парцела на географски материјал и со мерење на нејзината големина. (2) Референтна парцела од став (1) на овој член врз основа на која се врши идентификацијата на земјишните парцели, има географски ограничена површина и единствен број засебен за секоја поединечна парцела наречен Единствен идентификациски број на референтната парцела (во понатамошниот текст ЕИБРП). {3) Референтната парцела која се користи во националниот СИЗП е земјоделска парцела која означува непрекината површина земјоделско земјиште пријавена од страна на еден носител на земјоделско стопанство или член на земјоделското стопанство назначен од негова страна (во понатамошниот текст: носител или овластен член), на која не се одгледува повеќе од една група на истовидни земјоделски култури . (4) Доколку за потребите на земјоделската политика е потребно дополнително пријавување на користењето на површини со одредени култури во рамките на една група на земјоделски култури, површината на земјоделската парцела може дополнително да се ограничи. Член 5 (1) Минимално прифатлива големина на референтната парцела е 0,01 хектар, измерена и регистрирана во хектари со две децимали. (2) Максимална прифатлива површина на секоја референтна парцела се определува согласно критериумите на мерките за финансиска поддршка по површина, измерена и регистрирана во хектари со две децимали. Член 6 (1) При регистрирањето во СИЗП, за секоја референтна парцела се запишуваат следниве податоци: ЕИБРП; максимална прифатлива површина; максимална површина на референтната парцела; ИД на носител или овластен член; употреба на земјоделското земјиште по типови; наклонот на парцелата; наводнување и надморската висина на парцелата. (2) Определувањето на податоците за референтната парцела од став (1) на овој член се врши врз основа на следниве геопросторни и алфанумерички податоци: последни ортофото карти во боја; архивски ортофото карти во боја; архивски црно-бели ортофото карти; топографски карти; дигитален теренски модел (DTM); инфрацрвени ортофото снимки; слој на општински граници; координатна мрежа ТК 25; катастарски карти 1: 5 ООО, 1: 2 500, 1: 1 ООО, и 1: 500; последни просторни податоци од физички блокови /слој; последни просторни податоци од референтни парцели/слој просторни податоци од иницијалните физички блокови /слој; просторни податоци на архивските референтни парцели /слој (најмалку за три последователни години - поради мерките од вториот столб каде што е препорачливо да се имаат податоци од пет последователни години; сателитски ортофото карти кои се користат за Далечински Управувана Контрола; слој на контролирани парцели со методот на Далечински Управувана Контрола {последен и архивски слој); слој со ГПС резултати со мерење на парцели проверени за време на класичната контрола на лице место (последен и архивски слој) и други геопросторни податоци за потребите на земјоделската политика, како податоци за постоечки насади, агроеколошки шеми, подрачја со ограничени услови за производство, органско земјоделство, ГМО и други. Член 7 Употребата на земјоделското земјиште од член 6 став (1) алинеја 5 на овој правилник која се запишува за секоја референтна парцела може да биде од некој од следниве типови: нива; стакленик на обработлива површина; ливада; пасиште; лозов насад; маслинов насад; овошен насад; насад со јаткасто овошје; мешани долгогодишни насади; матични насади и привремено неупотребувано земјиште. Член 8 (1) Внесувањето на податоците за референтните парцели во базата на податоци на СИЗП се врши на барање од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на податоците од Единствениот регистер на земјоделски стопанства во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на територијата на која се наоѓа. (2) Референтните парцели чии граници се идентификуваат на дигиталните ортофото карти од страна на носителот или овластен член на земјоделското стопанство треба да бидат потврдени со доказ за сопственост или доказ за право на користење на земјиштето. {3) По потврдувањето на точноста на податоци за парцелата, на носителот на земјоделското стопанство му се издава "Извештај за идентификација на земјишни парцели" во печатена форма. (4) Извештајот од став {3) на овој член, покрај личните податоци за носителот на земјоделското стопанство, особено ги содржи следните податоци за секоја референтна парцела: ЕИБРП; максимална прифатлива површина во хектари со две децимали; типот на употребата на земјиштето и потврда на носителот или овластениот член дека се сложува со локацијата и означувањето на границите на референтната парцела. Член 9 (1) Во случај кога при проверка на валидноста на податоците се пронајдат неправилности, поголема или помала пријавена површина во однос на фактичката, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го повикува носителот или овластениот член во рок од 15 дена да ја утврдат фактичката состојба. (2) Доколку при проверката се утврдени неправилности во однос на процесот на доделување на финансиска поддршка кои се однесуваат на површина на парцелата помала од 50м2, исправката може да се изврши без известување и присуство на носителот или овластен член. {3) Крајниот рок на исправка на неправилностите може да се изврши најдоцна пред почетокот на поднесување на барање за финансиска поддршка. (4) Доколку носителот или овластениот член кој е уредно повикан не се јават во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во пропишаниот рок, регистрацијата на парцелите од став (2) на овој член се сметаат за невалидни, за што носителот или овластениот член е потребно да биде информиран во рок од 15 дена. Член 10 (1) Проценка на квалитетот на податоците во базата на податоци на СИЗП ги опфаќа следниве оценки на: точната површина на максималната прифатлива површина на парцелата; пропорц~ата и распределбата на референтни парцели каде максималната прифатлива површина на парцелата вклучува земјиште кое не е прифатливо или каде што земјоделска површина не се зема во предвид; категоризација на референтни парцели каде максималната прифатлива површина на парцелата вклучува земјиште кое не е прифатливо или каде што земјоделска површина не се зема во предвид; појава на референтна парцела со критични недостатоци; соодносот на пријавената површина во однос на максималната прифатлива површина внатре во референтната парцела; процентот на референтните парцели кои биле предмет на промена акумулирани во текот на годините и стапката на неправилности во процесот на користење на финансиска поддршка утврдени при контроли на лице место. (2) Проценката од став (1) на овој член се прави врз основа на податоци со кои може да се процени моменталната реална состојба, како и преку случаен избор на примерок од сите референтни парцели. {3) Доколку по извршената проценка на квалитетот на податоците се утврдат неправилности во податоците од базата на податоци на СИЗП, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство треба да изврши корекција на податоците. По извршената корекција на податоците, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на носителот или овластениот член на земјоделското стопанство во печатена форма му испраќа усогласен "Извештај за идентификација на земјишни парцели" од член 8 став {3) на овој правилник. Член 11 (1) Реалната состојба која ја прикажуваат податоците во базата на податоци на СИЗП се оценува и ажурира врз основа на: нови ортофото карти добиени при редовното воздушно снимање на најмалку секои пет години; врз основа на изјава од страна на носителот или овластен член кои треба да го информираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за секоја настаната промена на референтната парцела во рок од 15 дена од настанување на промената или најкасно еден ден пред рокот за почеток на кампањата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; други помошни просторни податоци како топографски карти и други релевантни катастарски податоци од јавната книга за недвижности и резултатите добиени со контрола на самото место и контрола со далечински методи. (2) Промената на референтната парцела од став (1) алинеја 2 на овој член се однесува на: површината на референтната парцела; употребата на земјиштето; корисникот на референтната парцела; границите на референтната парцела; поништување на референтната парцела и поништување на корисникот на референтната парцела. {3) Доколку резултатите од контролите од став (1) алинеја 4, на овој член, покажат различна состојба во однос на податоците во базата на податоци на СИЗП , истите ќе се усогласат со податоците од контролата. Член 12 (1) Податоците од базата на податоци се достапни за носителот или овластениот член заради доставување на барање за финансиска поддршка, како и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за автоматска идентификација на барањата со проблеми поврзани со пријавување на поголема површината од површината на референтната парцела и идентификација на двојно пријавени површини и за контрола на самото место. (2) Податоци од базата на податоци на СИЗП достапни само за носителите на земјоделско стопанство се геопросторните податоци од член 6 став (1) и (2) на овој правилник. {3) Освен податоците од став (2) на овој член, сите други податоци се достапни за пошироката јавност во дигитален формат преку интернет. Член 13 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 22-7099/6 Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, 30 ноември 2011 година Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the form, content and way of managing the database for identification of land parcels · Nelum