Regulation on the form, content and manner of keeping the register of natural and legal persons who produce, process and market organic products
صدر في 2007-03-27 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на физички и правни лица кои произведуваат, преработуваат и ставаат во промет органски производи.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- المنظمة
- European Union
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- ecological production/organic production, processing/handling, registration
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Врз основа на член 13 став 2 од Законот за органско земјоделско производство (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 16/2004), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ПРОИЗВЕДУВААТ, ПРЕРАБОТУВААТ И СТАВААТ ВО ПРОМЕТ ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на физички и правни лица кои произведуваат, преработуваат и ставаат во промет органски производи. Член 2 Регистарот на физички и правни лица кои произведуваат, преработуваат и ставаат во промет органски производи (во понатамошен текст: регистар) се води во форма на тврдо укоричена книга со димензии 430 х 300 мм со поврзани и нумерирани страници. Книгата е со бордо корици и на предната страна има натпис со букви со златна боја "Регистар на физички и правни лица кои произведуваат, прерабортуваат и ставаат во промет органски производи." Содржината на регистарот се води на образец даден во прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. Регистарот се состои од три главни дела: Регистар на производители, Регистар на преработувачи и Член 3 Регистар на извозници/ увозници на органски производи. Член 4 Во регистарот од член 5 алинеја 1 на овој правилник се запишуваат физички и правни лица кои произведуваат органски производи и ги содржи следните податоци: реден број/ страна назив на фирмата или име и презиме на физичкото лице, ЕДБС (за правни лица) или ЕМБГ (за физички лица}, седиште и адреса, општина, име и презиме на водителот на производството, вкупна големина и структура на стопанството, регистарски број на производителот, датум на запишување во регистарот, број и датум на Решението за упис во регистарот, број и датум на објавување на Решението за упис во регистарот во „Службен весник на Република Македонија", број и датум на Решение за бришење од регистарот, број и датум на објавување на Решение за бришење од регистарот во „Службен весник на Република Македонија", забелешка, потпис на овластено лице за водење на регистарот. Член 5 Запишување во регистарот од член 3 алинеја 1 на овој правилник се врши по барање на производителот, физичко или правното лице. Во прилог на барањето од став 1 на овој член треба да се достават следните документи: доказ за вршење земјоделска дејност, доказ за сопственост, вкупна големина и структура на производен капацитет или договор за користење на производен капацитет за најмалку 5 години (земјиште, насад, сточарска фарма, рибник, пчелни кошници, договор за собирање самоникнати растенија, и друго), сертификат за органски производител издаден од овластено правно лице за вршење на стручна контрола во органското производство, и име и презиме на одговорното лице за водење на органското производство. Член 6 Во регистарот од член 3 алинеја 2 на овој правилник се запишуваат физички и правни лица кои преработуваат органски производи и ги содржи следните податоци: реден број/ страна назив на фирмата или име и презиме на физичкото лице, ЕДБС (за правни лица) или ЕМБГ (за физички лица), седиште и адреса, општина, име и презиме на водителот на производството, вкупен капацитет на преработка и преработувачки програм, регистарски број на производителот, датум на запишување во регистарот, број и датум на Решението за упис во регистарот, број и датум на објавување на Решението за упис во регистарот во „Службен весник на Република Македонија", број и датум на Решение за бришење од регистарот, број и датум на објавување на Решение за бришење од регистарот во „Службен весник на Република Македонија", забелешка, потпис на овластено лице за водење на регистарот. Член 7 Запишување во регистарот од член 3 алинеја 2 на овој правилник се врши по барање на преработувачот. Во прилог на барањето од став 1 на овој член треба да се достават следните документи: доказ за вршење дејност, регистрација на преработувачкиот капацитет, доказ за сопственост, вкупна големина и структура на производен капацитет, или договор за користење на производен капацитет за најмалку 5 години, потекло на органски суровини за преработка, сертификат за органски преработки издаден од овластено правно лице за вршење на стручна контрола во органското производство, име и презиме на одговорното лице за органската преработка. Член 8 Во регистарот од член 3 алинеја 3 на овој правилник се запишуваат правни лица кои извезуваат /увезуваат органски производи и ги содржи следните податоци: реден број/ страна ЕДБС и број на регистрација за извоз/увоз на фирмата, назив на фирмата, седиште и адреса, општина, име и презиме на одговорното лице за извоз/увоз, капацитет на складиштен простор, регистарски број на извозникот /увозникот, датум на запишување во регистарот, број и датум на Решението за упис во регистарот, број и датум на објавување на Решението за упис во регистарот во „Службен весник на Република Македонија", број и датум на Решение за бришење од регистарот, број и датум на објавување на Решение за бришење од регистарот во „Службен весник на Република Македонија", забелешка, потпис на овластено лице за водење на регистарот. Член 9 Запишување во регистарот од член 3 алинеја 3 се врши по барање на правното лице, во прилог на кое треба да се достават следните документи: доказ за вршење дејност извоз/увоз, регистрација на складишен капацитет, доказ за сопственост, вкупна големина и структура на складиштен капацитет, или договор за користење на капацитет за најмалку 5 години, доказ за потеклото на органските производи кои се ставаат во промет, сертификат за органски производи издаден од овластено правно лице за вршење на стручна контрола во органското производство или странско сертификациско тело, име и презиме на одговорното лице за извоз/увоз. Член 10 Регистарот истовремено се води и во електронска форма на македонски и англиски јазик заради потребата од меѓународна размена на податоци. Член 12 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-3164/3 27 март 2007 година Скопје Министер, Ацо Спасеноски, с.р. ,, ~ Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Скопје РЕГИСТАР НА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ПРОИЗВЕДУВААТ, ПРЕРАБОТУВААТ И СТАВААТ ВО ПРОМЕТ ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ I СТРАНА : 1 ПРЕ РЕГИСТАР НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ Наз~е на фирмата И1,1е ·• nоезиме на лиuето Е""" / ЕМБГ Cenvwтe и 2 nnatv.1 OnWiинa Име.,. nре:»1ме на водителот на п:ооизеош:твото Вкупна големина и CтDVKТVIUI на стопанството РЕГИСТАРСКИ БРОЈ НА ПРОИЗВОдИТЕЛОТ Да,у• на ззлишувзње во 1 оеrиотаоот Решение за vnиc во оеn1ст1111"i1"'1Т Бnni : патv1,1: Оојавеt<о во 'Служ()еt< Весник Број: Да,у1,1: на Релvблика макел""иiа' Решение за бришење од Број: Да,у1,1; 1 .--wcт11nnт ()(јјавеt<о во 'Службен Весник Број : Да,ум: на Ре"""лика маке=иiа' За6еnеwка Оеластеио лице : I CTPAHA: ПРЕНОС : РЕГИСТАР НА ПРЕРАБОТУВАЧИ НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ Назив на !bиомата t-11Б Седиште и аповса Општина Име и презиме на водителот на пnnизводството Вкупен капацитет на преработка и преработувачки пооrрам РЕГИСТАРСКИ БРОЈ НА ПРЕРАБОТУВАЧОТ Датум на запишување во овrистарот Решение за vпис во оеr11стаоот Бnni; датvм: Објавено во 'Службен Весник Број: Датум: на Репvблика Македониiа • Решение за бришење од Број: Датум: реrистаоот Објавено во 'Службен Весник Број: Датум: на Реnvблика Македонија· Забелешка Овластено лице : 1 СТРАНА: ПРЕНОС: РЕГИСТАР НА ИЗВОЗНИЦИ/УВОЗНИЦИ НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ Назив ~ фирмата ЕдБС / "ЗВОЗНО· vвозен (jrv>i Свдиште и апоеса Општи~ Име и презиме на водителот на пооизводството Вкупен капацитет на скпапиwтен поостор РЕГИСТАРСКИ БРОЈ НА ИЗВОЗНИКОТ/УВОЗНИКОТ Да,ум на запишување во регистарот Решение за vпис во n<>r11e1·aDoт Бооi: Латvм: Објавено во 'Службен Весник Број: Датум: на Репv5лика Македониiа' Решение за бришење од Број: Датум: регистарот Објавено во 'Службен Весник Број: Датум: на Репv5лика Макелnниiа' :Заоелешка Овластено лице :