تخطَّ إلى المحتوى
Nelum
قوانين مقدونيا الشمالية

Regulation on the form and manner for keeping of the Register of Water Utilities

صدر في 2004-03 · النص بتاريخ 2026-10-01

القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.

البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.

عن هذا القانون

العنوان الأصلي
Правилник за образецот и начинот на водење на Регистарот на водостопанствата.
اللغة
Macedonian
النوع
لائحة
المنظمة
European Union
الدولة
مقدونيا الشمالية
الموضوعات
Water
الكلمات المفتاحية
registration, water resources management, water supply

أين تقرؤه

النص

نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА Врз основа на член 95 став 4 од Законот за водостопанства ( Службен весник на РМ бр. 85/2003), министерот за правда, донесе ПРАВИЛНИКЗА ОБРАЗЕЦОТ И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ВОДОСТОПАНСТВАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува образецот и начинот на водење на регистарот на водостопанствата. Член 2 Регистарот на водостопанствата се води според образец бр. 1 кој ги содржи следните рубрики: реден број; назив на водостопанството; седиште (улица, број и место); вид на водостопанството според дејноста и подрачје на делување; кратка содржина на работите и активностите; број и датум на решението за упис и забелешка. Образецот број 1 е составен дел на овој правилник. Член 3 Во образецот број 1 во рубриката реден број се запишува редниот број на уписот; во рубриката назив на водостопанството се запишува целиот назив кој треба да го содржи зборот Водостопанство и ознака за географската локација на подрачјето на дејствување; во рубриката седиште се запишува точниот назив на улицата, бројот и местото каде се наоѓа седиштето; во рубриката вид на водостопанството според дејноста и подрачје на делување се запишува видот на водостопанството според дејноста за која е основано и подрачје на делување; во рубриката кратка содржина на работите и активностите се запишува кратка содржина на работите и активностите на водостопанството; во рубриката број и датум на решението за упис се запишува точниот број и датум на решението со кое е извршен уписот во регистарот и во рубриката забелешка се запишуваат промените што се од значење за уписот. Член 4 Регистарот на водостопанствата се води во укоричена книга со димензии 500 мм Х 400 мм на која на насловната страна во левиот горен агол пишува Република Македонија Основен суд . а во средината Регистар на водостопанствата. Регистарот на водостопанствата може да се води и електронски. Секоја страна од регистарот има број. Пред почетокот на водењето на регистарот на првата страна во десниот долен агол се забележува вкупниот број на страници што ги содржи регистарот и се заверува со печат и со потпис на претседателот на Основниот суд. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот дел од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Министер за правда, март 2004 година Иџет Мемети, ср. Скопје Образен бр. 1 Гра | Назив на ведостенанството | Седиште Виз на Критки содрижна на | Број и датум ЗАБЕЛЕШКА | "Бр. (улици, броји водостовшистното | работите н иа несто) според дејпостан | активностите реиинисто полричје ни за упис ЕВ -. делување “ 1 2 3 4 : 5 Во 7

Regulation on the form and manner for keeping of the Register of Water Utilities · Nelum