Regulation on the form and content of the request, the necessary documentation for fulfillment of the conditions, the content and the way of keeping records
صدر في 2019-01-17 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата и содржината на барањето, потребната документација за исполнетост на условите, содржината и начинот на водење на евиденцијата.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- certification, data collection/reporting, ecological production/organic production, enforcement/compliance, inspection
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 50 став (10) од Законот за органско земјоделско производство (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 146/09, 53/11, 149/15, 39/16 и 132/16), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за информатичко општество и администрација, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИСПОЛНЕТОСТ НА УСЛОВИТЕ, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА Член 1 (1) Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето, потребната документација за исполнетост на условите, содржината и начинот на водење на евиденцијата на контролни/сертификациски тела за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство. Член 2 (1) Барањето од член 1 на овој правилник се поднесува на образец во А-4 формат на хартија во бела боја. (2) Барањето од ставот (1) на овој член ги содржи следните податоци: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел податоци за подносителот на барањето и тоа : полн назив на правниот субјект, адреса и седиште, општина, контакт телефон и електронска адреса, ЕДБ на правниот субјект, шифра на дејност, име и презиме на управителот на правното лице, податоци за контакт, датум на поднесување и потпис и печат на одговорното лице. (3) Формата и содржина на барањето од ставот (1) на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Евиденцијата на контролни/сертификациски тела се води во електронска форма и се објавува на интернет страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (2) Евиденцијата од став (1) на овој член се води врз основа на издадено решение за овластување од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство. Член 4 (1) Евиденцијата од член 3 став (1) на овој правилник ги содржи следните податоци: назив на овластеното контролно/сертификациско тело; седиште и адреса; контакт телефон и електронска адреса; име и презиме на управителот на правното лице; ЕДБ на правниот субјект; жиро сметка ; број на сертификат за акредитација и датум на издавање на сертификатот за акредитација. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, с.р. Бр.08/1-361/1 17 јануари 2019 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, с.р. Бр.02-1230/2 5 февруари 2019 година Скопје До МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО БАРАЊЕ за добивање на Решение за овластување на контролно /сертификациско тело за вршење на стручна контрола во органското земјоделско производство 1. Податоци за подносителот на барањето Полн назив на правниот субјект: Адреса на седиштето: Општина: Тел/Факс: Е - пошта: ЕДБ на правниот субјект: 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 Шифра на дејност: ........................................................................... Име и презиме на Управител: Податоци за контакт Датум на поднесување: Потпис ПРИЛОГ 1 1 и печат на одговорното лице 1