Regulation on the form and content of the register of authorized verification bodies
صدر في 2011-07-19 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата и содржината на регистарот на овластените верификациски тела.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Agricultural and rural development
- الكلمات المفتاحية
- inspection, registration, legal proceedings/administrative proceedings
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 101 од 26.7.2011 година 20111012415 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 162 став 8 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ОВЛАСТЕНИТЕ ВЕРИФИКАЦИСКИ ТЕЛА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на Регистарот на овластените верификациски тела. Член 2 (1) Регистарот на овластените верификациски тела (во натамошниот текст: Регистар) се води во форма на книга со тврди корици со црвена боја и димензии 30 x 21 на евиденциските листови кои се нумерирани и меѓусебно поврзани. (2) На предната старана на корицата на книгата од ставот 1 на овој член е втиснат грбот на Република Македонија, а под него се впишани со златни букви следните зборови: Република Македонија; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопнаство и Регистар на овластени верификациски тела. (3) Во евиденциските листови се внесуваат следниве податоци: горе лево се отпечатува реден број под кој се евидентира овластеното верификациско тело во средина на листот се отпечатува евиденциски лист Во табелата се отпечатени следните податоци: деловоден број на поднесеното барање за упис во регистарот; датум на поднесување на барањето; назив на овластеното верификациското тело; матичен број на овластеното верификациско тело; адреса, телефон и e-mail на верификациското тело; број, датум и место на издавање на решението за овластување; број, датум и место на издавање на решението за акредитација; забелешки (4) Регистарот се води електронски и во пишана форма. (5) Формата и содржината на Регистарот е дадена во Прилог 1 и Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 08-6562 19 јули 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 101 од 26.7.2011 година 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 101 од 26.7.2011 година 3 од 3