Regulation on the form and content of the Programme for the processing of forest waste/waste after felling and the book for keeping records of wood and wood assortments used for processing in mechanical wood processing plants
صدر في 2015-04-02 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата и содржината на програмата за обработка на шумски отпад/отпад после сеча и книгата за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени на преработка во постројки за механичка преработка на дрвото.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Forestry
- الكلمات المفتاحية
- data collection/reporting, forest management/forest conservation, processing/handling, organic waste, policy/planning, timber
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 70 став {16} од Законот за шумите {,,Службен весник на Република Македонија" бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147 /13, 43/14, 160/14, 33/15 и 44/15}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПРОГРАМАТА ЗА ОБРАБОТКА НА ШУМСКИ ОТПАД/ОТПАД ПОСЛЕ СЕЧА И КНИГАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДРВОТО И ДРВНИТЕ СОРТИМЕНТИ ПРИМЕНИ НА ПРЕРАБОТКА ВО ПОСТРОЈКИ ЗА МЕХАНИЧКА ПРЕРАБОТКА НА ДРВОТО Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на Програмата за обработка за шумски отпад/отпад после сеча и книгата за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени на преработка во постројки за механичка преработка на дрвото. Член 2 {1} Програмата за обработка за шумски отпад/ отпад после сеча содржи: текстуален дел, обрасци и карта. (2) Текстуалниот дел на програмата и обрасците се водат во формат на книга со формат А4, со димензии 21,0 х 29,7 см, кон која се приложува карта со локација. Член 3 {1} Текстуалниот дел на Програмата за обработка на шумски отпад/отпад после сеча особено ги содржи следните елементи: шумскостопанска единица, предвидени активности со посебниот план за стопанисување со шумите, локација, вид на дрво, дрвна маса, количина, технолошка постапка и начин и рокови за извршување на предвидените работи . (2) Формата и содржината на Програмата од став 1 на овој член се дадени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Картата, која е составен дел на Програмата за обработка на шумски отпад/отпад после сеча, се изработува согласно стандардни прописи во размер 1:20000, и содржи податоци за местоположбата на активностите, предвидени и извршени активности и отвореност со шумски комуникации. Член 5 (1) Книгата за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени за преработка во постројката за механичка преработка на дрвото се води во форма на книга со тврд повез во зелена боја во А4 формат со поврзани и нумерирани евиденциски листови на бела хартија . Составен дел на книгата се и испратниците за прием на сортименти. (2) На предната страна на книгата е аплицирано: назив на правното лице, седиште и адреса на правното лице, ,, Книга за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени за преработка во постројката за механичка преработка на дрвото" и година за која се однесува". {3) На евиденциските листови од став (1) на овој член се запишуваат следниве податоци: Реден број: име на добавувачот, број на отпремниот исказ или испратница, работна единица или КО на добавувачот, датум и време на издавање на отпремниот исказ или испратницата, вид на дрво, вкупен број на шумски сортименти, вкупна количина на дрвна маса (m3} и датум на прием во постројката/складот, потпис на работникот овластен за прием во складот и напомена. (4) Формата и содржината на Книгата за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени за преработка во постројката за механичка преработка на дрвото се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Книгата за водење на евиденција на дрвото и дрвните сортименти примени за преработка во постројката за механичка преработка на дрвото се води во пишана и електронска форма. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.09 3599/2 за земјоделство, 2 година и водостопанство, Скопје р Михаил Цветков, с.р . април ПРИЛОГ! Содржина на Програмата за обработка на шумски отпад/ отпад после сеча: Министер 2015 шумарство м 1. Локациски услови : Подружница на ЈП Македонски шуми; Шумско стопанска единица; оддел/пододдел; 2. Состојба на шумата: Опис на месторастење на одделот/пододделот; Опис на насадот; Вид на дрво; 3. Планирани активности во насадот и услови за работа : Вид на сеча; Годи на на извршување на сечата; Количина и вид на добиени сортименти; Количина на предвиден отпад после сеча во m? во Посебниот план за стопанисување со шумите; Количина на реален отпад после сеча; Отвореност на насадот (пододделот) со шумски сообраќајници - главни и споредни шумско камионски патишта и дотурни патишта во км. 4. Прегледна карта на предвидени активности во насадот со планирани и постојни шумски комуникации во размер 1:20000