Regulation on the form and content of the list of organisms or agents for purposes of biological protection and control, as well as the technical conditions for obtaining approval for import and use
صدر في 2015-05-21 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата и содржината на листата на организми односно агенси за цели за биолошка заштита и контрола како и техничките услови за добивање на одобрение за увоз и користење.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Cultivated plants
- الكلمات المفتاحية
- pests/diseases, international trade, authorization/permit, pesticides, processing/handling, plant protection, classification/declassification
- الفئات
- *, agriculture
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 52 став 8 од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/15, 43/14 и 158/14), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЛИСТАТА НА ОРГАНИЗМИ ОДНОСНО АГЕНСИ ЗА ЦЕЛИ ЗА БИОЛОШКА ЗАШТИТА И КОНТРОЛА КАКО И ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА УВОЗ И КОРИСТЕЊЕ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на Листата на организми односно агенси за цели за биолошка заштита и контрола, како и техничките услови за добивање на одобрение за увоз и користење во Република Македонија. Член 2 Одделни поими употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Биолошка заштита на растенијата“ е активност за сузбивање на штетните организми во областа на земјоделството и шумарството преку користење на живи природни непријатели, антагонисти или конкуренти или нивни производи и други саморепликантни биотички организми. Организмите односно агенсите кои се употребуваат за биолошка заштита на растенијата се автохтони и егзотични (алохтони) организми. 2. „Автохтон (домороден односно нативен) организам“ е организам кој е природно присутен во даден екосистем на одредено подрачје. 3. „Егзотичен (алохтон) организам“ е внесен органзам од страна на човекот кој пред неговото населување не бил присутен во одреден екосистем. 4. „Биолошка контрола на штетни организми“ е регулација на густината на популацијата на штетни организми со помош на нивните природно присутни или интродуирани природни непријатели. 5. „Биолошката контрола за заштита на растенијата од штетни организми“ е намалување, оджување или целосно уништување на популацијата на штетни организми која се спроведува во три нивоа: незначајно - кога природните непријатели постигаат одредено намалување на популацијата на штетни организми кое е над економскиот праг на штетност; значајно - кога во тек на вегетацијата популацијата на штетниот организам е најчесто под економскиот праг на штетност и целосно - кога природните непријатели ја држат популацијата на штетниот организам под економскиот праг на штетност во текот на целата вегетација. 6. „Средства за биолошка борба“ се живи природни непријатели кои се употребуваат за контрола на популацијата на штетни видови на организми. 7. „Природни непријатели на организми“ се организми кои убиваат, го намалуваат репродуктивниот потенцијал или на друг начин ја намалуваат популацијата на друг вид жив организам. 8. „Начини на делување на природните непријатели на организмите“ се појави на паразитизам, предаторство, компетенција односно конкуренција и антибиоза. 9. „Предатори“ се организми кои напаѓаат, убиваат и се хранат со неколку или повеке жртви (организми) во текот на својот живот. 10. „Паразити“ се организми кои живеат во или на својот домаќин и се хранат со истиот организам. 1. „Компетиција односно конкуренција на организми“ е појава кога два или повеќе живи организми тежнеат да користат ист или ограничен ресурс (храна, вода, светло и простор) кој е неопходен за нивниот развиток. 12. „Антибиоза“ е појава кога организмите лачат материи со кои го успоруваат или оневозможуваат развитокот на другите организми што за нив се конкуренција. 15. „Класична биолошка заштита на растенијата и контрола и биолошката контрола на штетните организми за комерцијални цели“ е користење на организми односно агенси за кои, од страна на Комисијата за одлучување за издавање на одбрение за увоз на организми односно агенси за биолошка заштита и контрола на растенијата, е утврдено дека не претставуваат закана за природниот баланс или биолошката разновидност. 14. „Увоз на организми односно агенси за биолошка заштита и контрола во Република Македонија“ е интродукција, безбедна апликација и примена на организмите односно агенсите за целите на биолошка заштита на растенијата во заштитен простор и на отворено, како и за експериментални, научно истражувачки и развојни цели. 15. „Антагонист (најчесто патоген)“ е организам кој не предизвикува значителна штета врз домаќинот, но колонизирањето на домаќинот го штити самиот домаќин од понатамошна штета предизвикана од штетни организми. 16. „Агенс за биолошка контрола“ е природен непријател (антагонист или конкурент или друг организам) користен за контрола на штетен организам. 17. „Организам конкурент“ е организам што се натпреварува со штетни организми за основни елементи (храна, засолниште) во животната средина. 18. „Контрола на штетен организам“ е спречување, задржување или отсранување на популацијата на штетен организам. 19. „Опсег на домакини“ се видови на организми способни во природни услови да одржуваат одреден штетен организам или друг организам. 20. „Масовно одгледување на организми“ е ослободување на отворен простор или во затворен простор на голем број масовно произведени корисни организми или агенси за биолошка контрола за да се постигне брз ефект на биолошка заштита. 21. „Природен непријател на организам“ е организам кој живее на сметка на друг организам во своето подрачје на потекло и може да помогне во ограничување на популацијата на тој организам кој може да биде предатор, паразитоид, паразити или патоген. 22. „Организам“ е секој субјект способен за репродукција, размножување или намножување во својата природна средина. 23. „Пакување или пратка на организмот“ е материјал кој се користи за зацврстување, заштита медиум или носење на организмот како производ. 24. „Паразитоид“ е организам кој паразитира во ран стадиум, убивајќи го својот домаќин во процесот на развој и слободно живее како возрасен организам (вклучувајки и имаго доколку е инсект). 25. „Патоген организам“ е организам кој може да предизвикува болест кај друг организам, а како биолошко средство за заштита на растенијата се користи за контрола на популацијата на поедини видови на штетни организми. 26. „Карантин на организам“ е официјално/службено задржување на организам во карантинска станица или лабораторија заради набњудување, истражување или понатамошен преглед, тестирање и/или третман. 27. „Карантин на организам по увоз“ е карантин на организмот во катрантинска станица или лабораторија по внесување во Република Македонија. 28. „Практично ослободување на пакување или пратка на организмот“ е внесување односно ослободување на организам/и на поле или на место на производство во кое нема штетен/и организам/и во бројки или количини кои ќе ја надминуваат очекуваната и доследноста на квалитетни активности на култивирање и раководење во производството и пласманот на производот. 29. „Претходно ослободување (увоз) на пакување или пратка на организмот“ е вклучување на фитосанитарна спецификација и/или ослободување во државата на потекло, изведено со или под редовен надзор на овластената Националната организација за заштита на растенија. 50. „Референтен примерок“ е организам или популација на конкретен организам кој е зачуван и на располагање за да се користи за идентификација, потврда или споредба. 51. „Анализа на ризик од штетен организам“ е процес на процена на економски, биолошки или други научни податоци од областа на заштита на растенијата за да се одреди дали одреден организам е штетен организам, дали и како треба да се регулира, како и интензитетот на сите фитосанитарни мерки што треба да се превземаат. 52. „Европската медитеранска организација за заштита на растенијата“ (во понатамошниот текст ЕППО) е меѓународна организација која утврдува организми односно агенси за целите за биолошка заштита на растенијата и контрола врз основа на експерстка проценка, а кои се применуват во ЕППО регионот и во Република Македонија како нејзина членка. 55. ЕППО регион е подрачјето што ги опфаќа земјите членки на Европската медитеранска организација. Член 5 Листата на организми односно агенси за цели за биолошка заштита и контрола се објавува на хартија во бела боја во А4 формат. Листата на организми односно агенси за цели за биолошка заштита и контрола содржи: 1. Дел |- Организми односно агенси за биолошка контрола наменети за комерцијална употреба; 2. Дел 1- Организми односно агенси за класична биолошка заштита и котрола и 5. Дел Ш.- Органими односно агенси за биолошка заштита и контрола кои претходно се препорачани од Европската медитеранска организација за заштита на растенијата, составена од: секција 1 - Организми односно агенси кои претходно се препорачани од Европско медитеранската организација за заштита на растенијата и секција 2- Агенси односно организми за заштита на растенијата. Формата и содржината на Листата од став 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Техничките услови кои треба да ги исполнуваат правните лица за добивање на одобрение за увоз и користење на организми односно агенси за цели за биолошка заштита и контрола се: превозни средства (најмалку едно патничко и/или теренско возило во зависност од количината на пратката); теренска лабораторија (сушница, микроскоп, рачен фрижидер и сл.) и опрема за изведување на станадардни оперативни постапки на стручно оспособеното лице (лупа, ламба, пинцета, пипета, петриевка, пластични или стаклени садови, клопки, прецизни апликатори, ентомолошка мрежа, ракавици, скалпел, ножици, калемарски нож, детектори, кечери, сонди и сл.); уреди за сладирање и опрема за уништување. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.