Regulation on the form and content of the application form and necessary documentation, the form and content of the permit for collection and transportation of municipal and other types of non-hazardous waste, as well as on minimum technical conditions for performing the activity of collection and transportation of municipal and other types of non-hazardous waste
صدر في 2015-05-15 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата и содржината на образецот на барањето и потребната документација, формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на комунален и другите видови на неопaсен отпад, како и минималните технички услови за вршење на дејноста собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Waste and hazardous substances
- الكلمات المفتاحية
- authorization/permit, processing/handling, transport/storage, waste disposal, waste domestic sources, waste management
أين تقرؤه
لا يوجد رابط مصدر مسجل لهذا القانون.
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 1 од 13 20150872770 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 45 став (9) од Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија” бр. 68/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13 и 51/15) и член 4 став (2) од Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност („Службен весник на Република Македонија" бр.79/13), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ДОЗВОЛАТА ЗА СОБИРАЊЕ И ЗА ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН И ДРУГИТЕ ВИДОВИ НА НЕОПAСЕН ОТПАД, КАКО И МИНИМАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН И ДРУГИ ВИДОВИ НА НЕОПАСЕН ОТПАД Член 1 Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на образецот на барањето и потребната документација, формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на комунален и другите видови на неопaсен отпад, како и минималните технички услови за вршење на дејност собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад. Член 2 (1) Обрaзецот на барањето за издавање на дозвола за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад се издава во А-4 формат на хартија во бела боја. (2) Формата и содржината на образецот на барањето за издавање на дозвола за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (3) Барањето за издавање на дозвола за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад се поднесува во три примерока во писмена форма од кои документацијата кон едниот примерок на барањето за издавање на дозвола треба да биде оригинал или фотокопија на оригиналот заверена од нотар. Член 3 (1) Кон барањето за издавање на дозволата за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад, се приложува следната документација: доказ за правото на сопственост или правото на користење врз основните средства со кои ја врши дејноста; финансиски извештаи изготвени согласно Меѓународните сметководствени стандарди за последните три години, со извештаи од овластен ревизор за извршената ревизија ако обврската за ревизија е утврдена со закон, а за ново формирано претпријатие доказ за извори на финансиски средства потребни за вршење на дејноста; потврда дека не е отворена постапка за стечај и ликвидација; потврда дека против барателот, со правосилна судска одлука не е изречена мерка за безбедност, забрана за вршење на определена дејност или забрана за вршење на професија; Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 2 од 13 доказ за поседување на најмалку едно специјализирано возило за собирање и транспортирање на отпад согласно член 6 од овој правилник; сообраќајна легитимација на возилото издадена од надлежен орган. решение за упис во трговскиот регистар со сите прилози (образец 1 до 7); потврда за бонитет на барателот издадена од страна на Централниот регистар на Република Македонија и записници од последните извршени инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за животна средина. (2) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, по службена должност во име на странката ја прибавува документација од став (1) алинеи 7,8 и 9 на овој член. Член 4 (1) Дозволата за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад се изработува на образец во А4 формат на хартија во бела боја. (2) Формата и содржината на образецот на дозволата од став (1) на овој член се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 (1) Собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад се врши со специјализирани моторни возила наменети за транспорт на отпадот, затворени возила, контејнери или друг вид соодветни возила со кои се спречува растурање, испаѓање на отпадот за време на собирањето, транспортот, утоварот и/или истоварот кои што обезбедуваат сигурен и безбеден транспорт на отпадот од местото на неговото собирање до местото на неговата крајна испорака, односно до инсталациите за третман, преработка, складирање или отстранување на отпад. (2) Правните и физичките лица кои што вршат дејност собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да обезбедат најмалку едно специјализирано возило за собирање и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад согласно став (1) од овој член. Член 6 (1) Моторните и приклучните возила кои се користат како средства за собирање и транспортирање на отпад треба да имаат исправни уреди и опрема и да ги исполнуваат важечките барања и стандарди за димензиите, вкупните маси и односно оптоварување на возилата и за основните услови кои требаат да ги исполнуваат уредите и опремата на возилата во сообраќај на патиштата. (2) Моторните и приклучните возила кои се користат како средства за собирање и транспортирање на отпад треба редовно да се одржуваат во исправна состојба. Член 7 (1) Возилата за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да бидат соодветно обележани за да може јасно да се види нивната намена и вршителот на јавната услуга. (2) На бочните страни на возилата на воочлив начин треба да биде напишан назив на фирмата на правното или физичкото лице вршител на јавните услуги, со контакт адреса и телефон, а под него да стои намената на возилото „ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД“ или „ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА НЕОПАСЕН ОТПАД“ Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 3 од 13 (3) Натписите од став (2) на овој член треба да бидат со димензии најмалку од 20 х 30 цм. Член 8 (1) Возилото за собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад треба да обезбеди и соодветен простор за сместување на работниците кои што вршат собирање и товарење на комуналниот и на другите видови неопасен отпад во возилото. (2) Составен дел на опремата на возилата се и средствата за собирање на расфрлен отпад надвор од садовите за собирање на отпад. Член 9 Работниците коишто вршат собирање на комуналниот и на другите видови на неопасен отпад и/или празнење на садовите за собирање на отпадот во возилото за транспорт треба да носат заштитни средства и опрема согласно прописите за заштита при работа. Член 10 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за формата и содржината на барањето, формата и содржината на дозволата за собирање и за транспортирање на комунален и другите видови на неопaсен отпад, како и минималните технички услови за вршење на дејност собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр. 8/06 и 133/07). Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 13-4576/1 Министер за животна средина 15 мај 2015 година и просторно планирање, Скопје Нурхан Изаири, с.р. Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 4 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 5 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 6 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 7 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 8 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 9 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 10 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 11 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 12 од 13 Службен весник на РМ, бр. 87 од 27.05.2015 година 13 од 13