Regulation on the form and content of the application for passing hunting examination, the form and content of the certificate for, as well as the form and content of records on passed hunting exams
صدر في 2018-05-16 · النص بتاريخ 2026-10-01
القانون العام والإرشادات الرسمية منشورة بوصفها أبحاثاً. ليست مشورة قانونية أو ضريبية أو مالية.
البحث نفسه مكتوب بالإنجليزية. العناوين والوسوم مترجمة؛ أما النتائج والاقتباسات فغير مترجمة.
عن هذا القانون
- العنوان الأصلي
- Правилник за формата и содржината на барањето за полагање на ловечки испит, формата и содржината на уверението за положен ловечки испит како и формата и содржината на записникот за полагање на ловечки испит.
- اللغة
- Macedonian
- النوع
- لائحة
- الدولة
- مقدونيا الشمالية
- الموضوعات
- Wild species and ecosystems
- الكلمات المفتاحية
- hunting/capture, certification, data collection/reporting, education, hunting authorization/permit, registration
أين تقرؤه
النص
نص القانون نفسه، مادةً مادة، كما هو محفوظ. لكل مادة رابطها.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 58-а став (12) од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија" бр. 26/09, 82/09,136/11,1/12, 69/13,164/15, 187/15, 33/15, 147/15,195/15 и 85/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИ ИСПИТ, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА УВЕРЕНИЕТО ЗА ПОЛОЖЕН ЛОВЕЧКИ ИСПИТ КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЗАПИСНИКОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИ ИСПИТ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за полагање на ловечки испит, формата и содржината на уверението за положен ловечки испит како и формата и содржината на записникот за полагање на ловечки испит. Член 2 Барањето за полагање на ловечки испит се поднесува на образец, во А-4 формат, на хартија во бела боја. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член се дадени во Прилогт1 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Уверението за положен ловечки испит се издава на образец, во А-4 формат, на хартија во светло жолта боја на која е отпечатена слика од дивеч-елени во позадина на текстот. Образецот на Уверението од став 1 на овој член содржи: во горниот дел стои грбот на Република Македонија, под него има назив: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО СКОПЈЕ, во централниот дел стои називот: „УВЕРЕНИЕ ЗА ПОЛОЖЕН ЛОВЕЧКИ ИСПИТ“, под него се впишува име, татково име и презиме, датум и место на раѓање, место на живеење на лицето кое го положило испитот, во долниот лев агол се впишува евидентен број на уверението, датумот на издавање на уверението, во долниот среден дел има место за печат а во долниот десен агол се наоѓа место за потпис на овластено лице. Уверението од став 1 на овој член е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Записникот за полагање на ловечкиот испит се отпечатува во образец, во А-4 формат, на хартија во бела боја. Формата и содржината на записникот од став 1 на овој член, се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.19-5949/2 Министер за земјоделство, 16 мај 2018 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Николовски, ср. ПРИЛОГ 1 ДО: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Комисија за полагање ловечки испит Ул.“Аминта Трети“ бр.2 СКОПЈЕ ПРЕДМЕТ: Барање за полагање ловечки испит Од : ( Име, татково име и презиме) роден-а на година во , живее (ден, месец и година ) ( место на раѓање ) во на ул. , бр. : ( место на живеење ) (адреса на живеење ) (број) лична карта бр. СВР (регистарски број ) (име на органот ) Член на ЛД или ЗЛ (име на ловечкото друштво или здружението на ловци) Контакт тел. Го молам насловот да ми овозможи да полагам ловечки испит согласно одредбите на Законот за ловството. Барател Напомена : . Барањето да се пополни со печатни букви .. Задолжителен прилог на барањето е оригинална уплатница образец ПП50 во износ од 1.000 денари . Прилог уплатница за платена административна такса во износ од 50 денари Овластено лице Потпис ПРИЛОГ 3 ЗАПИСНИК од полагање на ловечки испит На ден 20 год. кандидатот роден-а во со место на живеење полагаше ловечки испит. На практичниот дел од испитот на кандидатот му беа поставени следните прашања: Тр а. 3, Кандидатот положи практичниот дел од испитот. На теоретскиот дел од испитот на кандидатот му беа поставени следните прашања: 1, 8. 3. Кандидатот положи теоретскиот дел од испитот. Кандидатот положи ловечкиот испит. Членови на стручна комисија за полагање на ловечки испит 1. член, 2. член, 3. член, 4. член,